Најавената реконструкција на Владата предизвика реакции од опозицијата. Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми, изјави дека ВЛЕН нема политичка моќ во извршната власт и тврди дека имињата на министрите Албанци ги диктира ВМРО-ДПМНЕ, при што го спомена и името на Јетон Шасивари. „Со или без реконструкција, ВЛЕН нема сила во Владата. Тие немаат моќ, немаат потенција – тоа и самите го кажуваат и го промовираат. Немаат поддршка од народот, туку ...

Собранието го усвои Законот за регулирање на употребата на електричните тротинети, со кој се воведуваат построги правила за нивното учество во сообраќајот. Според новиот закон, електрични тротинети ќе можат да управуваат само лица постари од 18 години. Исто така, се предвидуваат ограничувања за движењето на максимални 20 километри на час и јасно утврдени правила за начинот на нивната употреба, со цел да се намали бројот на сообраќајни ...

Со предлогот на ребаланс на Буџет предвидени се дополнителни над 1,4 милијарди денари за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и околу 100 милиони денари за капитални инвестиции во водостопанство. Со одговорни политики обезбедуваме поголема конкурентност и подобри услови за секој земјоделец. Со вистинска поддршка на земјоделците придонесуваме за одржливо земјоделство. Со предлогот на ребаланс на Буџет предвидени се ...

На 29/30.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Г.(29) и В.Б.(30), двајцата од Скопје, 16-годишник од скопско и С.А.(25) од Турција, со престој во Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана и нож. На 29.06.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека при претрес на осуденикот М.А.(53) ...

На територијата на државата до денеска до 12 часот се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор. Од нив, пет сè уште се активни, додека два се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од активните пожари, првиот е на територијата на Општина Шуто Оризари, во близина на „Џиди Комерц“, каде што гори отпад и сува трева. Вториот е во Општина Старо Нагоричане, кај селото Ругинце, каде што се зафатени ниска ...

Министерството за здравство информира дека во моментов сите хируршки сали во клиничкиот центар се во целосна функција. Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ информираат дека непречено ги третираат сите пациенти, вклучително и пациентите предвидени за елективни оперативни зафати. Во овие клиники нема одложување на оперативната програма. На Клиниката за ...

Обилните дождови што ја зафатија Австрија предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот, а еден автобус со четири лица заврши надвор од патот откако беше зафатен од одрон и порој во долината Штанцертал. Инцидентот се случил во понеделникот вечерта околу 20:20 часот, кога поради силните врнежи се активирале неколку одрони. Камења, кал и надојдена вода затрупале повеќе патни правци, меѓу кои и државните патишта Б171 и Л68. Според австриските ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Три лица во Битола, две лица во Прилеп (еден малолетник), две лица во Скопје и по едно лице во Ропотово, Кичево, гостиварско, Гостивар и Ресен. На возачот во Ресен му биле измерени и 0,92 промили алкохол во ...

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во Шуто Оризари е пријавен пожар во сува трева, кој, како што наведуваат, се шири кон куќите. За случајот е известена и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. „Преку Единствениот повикувачки број 112 е примена пријава за пожар во сува трева. Огнот се шири кон куќите, во близина на „Џиди Комерц“ во Шуто Оризари. За настанот се известени екипите на Бригадата за противпожарна ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествува на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), кое на 30 јуни и 1 јули се одржува во Тбилиси, Грузија. Во своето обраќање пред делегациите од земјите членки, тој ја истакна важноста на регионалната соработка, економското поврзување и евроатлантските интеграции. Гаши на свеченото отворање им се заблагодари на домаќините и ...

Брајчино и годинава ќе биде центар на културните, гастрономските и музичките случувања во Преспа. Од 3 до 5 јули ќе се одржи осмото издание на фестивалот „Запознај ја Преспа“, кој преку богата тридневна програма има за цел да ги поврзе луѓето и традициите од трите крајбрежја на Преспанското Езеро – во Македонија, Грција и Албанија. Фестивалот ќе започне на 3 јули во дворот на училиштето во Брајчино со настап на ресенската група „Персиди“, ...

Професорка на универзитетот во Штип е лишена од слобода откако полицијата ја затекнала при примање пари кои, според сомнежите, ги побарала од студент за да му овозможи да положи испит. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 29 јуни околу 11:45 часот, полициски службеници од СВР Штип ја привеле Т.А. (39) од Штип, поради сомнение дека го сторила кривичното дело „примање поткуп“. Според пријавата, на 22 јуни К.Б. (26), ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на денешната прес-конференција по повод две години од работата на Министерството за економија и труд ги презентираше клучните резултати, реализираните реформи и политиките што во изминатиот период беа насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните, зголемување на вработеноста, подобрување на деловната клима и поддршка на инвестициите. „Денес не сум тука да зборувам за политички оценки. ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за краткотрајно невреме со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 39 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Просечните каматни стапки на депозитите и кредитите во банкарскиот сектор продолжиле да се намалуваат и во мај, покажуваат најновите податоци објавени од Народната банка. Според информациите на НБРМ, просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишно ниво е намалена за 0,04 процентни поени и во мај изнесувала 2,17 проценти. Во исто време, просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи поизразено намалување. На годишна основа таа ...

Секој полнолетен граѓанин ќе може лично да се изјасни дали по смртта сака да биде дарител на органи – преку изјава кај својот матичен лекар. Со ова решение, Собранието со 58 гласа „за“ и 6 „против“, ги усвои измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се менува пристапот кон органодарителството и трансплантацијата во земјата. Новото законско решение предвидува изјавата да се евидентира преку ...

Вчеравечер во скопско Визбегово, припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.Ш.(29) од Скопје, Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото, соопштија од МВР. „Набргу, по преземени мерки, возилото е запрено, лицето е лишено од слобода и кај него е пронајден и одземен нож. При преземање ...

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа реагираше на донесувањето на новиот Закон за игри на среќа од Собранието. Според АПИС, новиот изгласан Закон за игри на среќа и забавни игрисодржи одредби кои се во спротивност со темелните вредности, но и со членот 55 од македонскиот Устав со кој уставотворците предвиделе гаранции за слободата на пазарот и претприемништвото. „Доколку предлагачите на законот навистина сметаа дека игрите на среќа ...

Пожар во петрохемиска фабрика во источна Индија повреди најмалку 20 лица, од кои петмина се во критична состојба, соопшти полицијата. Пожарот избувнал во вторникот на нафтовод од постројка управувана од компанијата Haldia Petrochemicals, а потоа брзо се проширил и кон блиските домови во округот Пурба Мединипур во индиската сојузна држава Западен Бенгал, јавува Асошиејтед прес. Пожарникарите интервенирале со 12 противпожарни возила за да го ...

Има една иронија што не може да се сокрие, велат од Влен во денешното соопштение, во кое посочуваат дека во 24 години власт, Али Ахмети не успеал да обезбеди канализација ниту за своето родно место, Зајас. „Имаше власт, министри, директори, општини и милиони евра на располагање. Канализација немаше.Денес, кога документите излегуваат на виделина, станува појасно и зошто. Секој нов факт што излегува во јавноста сè повеќе ја руши маската на ...

Овен Утрешниот ден носи нови можности на работното место. Можно е да добиете интересен предлог или да започнете проект што ќе ви донесе успех. Во љубовта бидете потрпеливи и избегнувајте избрзани реакции. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Во приватниот живот ве очекува пријатен разговор со блиска личност кој ќе расчисти недоразбирања. Близнаци Ќе бидете полни со енергија и идеи. Искористете го денот ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури, со цел да се намали ризикот од здравствени компликации за време на топлото време. Од ИЈЗ препорачуваат да се избегнува директно изложување на сонце и физички активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, кога температурите се највисоки. Доколку престојот на отворено е неопходен, граѓаните треба да прават почести ...

Попладнево во Шуто Оризари избувна пожар. Од ЦУК велат дека густ чад и непријатна миризба и понатаму се шират од пожарот кој е во близина на „Џиди Комерц“ и дека истиот сè уште не е целосно локализиран. Според информациите од ЦУК, на локацијата гори ѓубриште и пластичен отпад, поради што пожарот и понатаму чади и предизвикува загадување на воздухот во околината. На терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град ...

Собранието даде зелено светло измените на Изборниот законик да се разгледуваат по скратена постапка. Предлогот беше усвоен со 59 гласа „за“, три „против“ и без воздржани пратеници. По донесената одлука, потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, ги задолжи матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија да го разгледаат предлог-законот. Предлагачи на измените се група пратеници – Антонио ...

Пилот на авиокомпанијата „JetBlue Airways“ пријавил можен судир со дрон за време на приближувањето кон меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк. Федералната управа за воздухопловство (FAA) соопшти дека авионот безбедно слетал и дека при последователниот преглед не било откриено никакво оштетување. Агенцијата започнала истрага за инцидентот, пишува Би-Би-Си. Ова е последен во низата опасни средби меѓу беспилотни летала и комерцијални ...

Премиерот Мицкоски во објава на социјалните мрежи реагираше на најавените блокади на измените на Изборниот законик од страна на опозицијата. Според Мицкоски, мотивот зад ваквите блокади на неговите политички опоненти и нивните коалициони партнери е страхот од позитивните резултати што Владата ги постигнува на меѓународен план. „Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на ...

Шест лица загинаа во пукање во дом за згрижување млади во центарот на градот Штаде, во германската сојузна покраина Долна Саксонија, пренесоа денеска германските медиуми. Пет од жртвите починале на местото на нападот, додека едно лице им подлегнало на тешките повреди во болница, јавува „Билд“. Полицијата соопшти дека сите жртви се наоѓале во зградата на домот за згрижување млади. На местото на настанот загинале четири жени и еден маж, едно ...

Енди Барнам, кој се смета за иден британски премиер, во понеделникот вети радикални промени во политичкиот систем на Велика Британија преку пренесување поголеми овластувања на регионите и поттикнување соработка наместо политички конфликти, како дел од десетгодишна мисија за поттикнување на „добар“ економски раст. Во говорот одржан во Музејот на народната историја во Манчестер, кој го нарече „едно од неговите омилени места на светот“, Барнам ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека неговата партија ќе го блокира донесувањето на Изборниот законик во Собранието, бидејќи, како што рече, законот не е ниту европски ниту демократски. Филипче изнесе три главни забелешки: електронското гласање на дијаспората без можност за контрола, нарушувањето на тајноста на гласањето и ограничувањето на приговорите само на оние што се евидентирани во записникот. Според него, вистинската цел ...

Пацови

1 час - Frontline
weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.06
29%
1018
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
5.14
35%
1022
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
5.14
27%
1023
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
29%
1020
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
3.65
30%
1017
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
36%
1023
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
8.49
30%
1013
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
18%
1014
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
3.6
19%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 30ᴼ
7.2
41%
1020
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
33%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
8.75
80%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Бакар

13.39

Кобалт

56.29

Сребро

2099.49

Паладиум

43596.41

Родиум

278907.73

Калај

55.56

Цинк

0.00

Платина

56263.81

Злато

141562.95

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.36

Иридиум

252383.36