Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Министрите на владата на Европската Унија кои се собраа денес на долготрајна дебата за климатската политика беа изненадени од нов учесник на преговарачката маса: тримесечно бебе. Шведската министерка за клима и животна средина, Ромина Пурмохтари, го донесе својот син Адам на состанокот на Советот на ЕУ во Луксембург за да ги истакне придобивките од политиките за родителско отсуство кои не ги принудуваат жените да избираат помеѓу работата и ...
Зошто се уште и по 36 години независност има имиња на улици уште од време на поранешна Југославија. Ова беше прашањето на Халил Снопче од Европскиот фронт на седницата за пратенички прашања, кој рече дека во многу општини се уште опстојуваат и се глорификуваат имиња од југословенскиот систем. Тој го запраша премиерот дали се планира да се преземат мерки за преименување на овие улици и некои објекти од општествена важност. „Во мојот град, ...
Државниот завод за ревизија констатирал низа неправилности во функционирањето на АД МЕПСО за 2024 година. Проблеми со сопственоста на преносните линии, инвестиции без соодветна документација, како и неправилни вработувања, директно влијаат врз ефикасноста на системот за пренос на електрична енергија во земјава. Иако компанијата во текот на таа година остварила раст на приходите од својата основна дејност, во извештајот се наведува дека биле ...
Една од најтешко погодените земји во Латинска Америка, Венецуела, се соочува со катастрофални последици по двата силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала кои ја погодија земјата. Според последните официјални информации, најмалку 164 лица загинале, а 971 се повредени, додека бројот на исчезнати постојано расте. Властите прогласија вонредна состојба, а претседателката на Венецуела, Делси Родригез, упати итен ...
„И желка да беше, од 9 до 31 декември ќе ги донесеше документите, а ако не биле подготвени како што треба, ќе биле вратени“, велат тие. Работниците од Детската клиника кои останаа без работа, затоа што Министерството за финансии не дало согласност за нивно вработување, во знак на протест повторно излегоа пред Министерството, но овојпат со документи да ја докажат официјалната комуникација меѓу институциите – кога Клиниката го поднела барањето ...
Официјална Софија реагираше по барањето на Скопје бугарските власти да се извинат за објавувањето на податоци поврзани со семејството на премиерот Христијан Мицкоски. Министерството за надворешни работи на Бугарија негира вмешаност во објавувањето на дипломатска нота поврзана со патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово, наведувајќи дека документот не се однесува на актуелна закана и дека станува збор за прашања од минатото. ...
„Ние излеговме да го одбраниме нашето училиште! Со сопствен придонес го изградивме, не ни помогна ниту Министерството за образование ниту Општината, туку само приватно! Нормално е дека не сакаме учениците од прво до петто одделение да се отстранат од селото, инаку од шесто одделение одат во Основното училиште ‘Бајрам Шабани’ во Куманово. Колку е далеку од тука? Излегува некаде околу 8 километри далеку“, вели Ќахил Ќаили, поранешен претседател ...
Построга регулација на користењето на електричните тротинети. Ќе бидат дозволени само за лица над 18 години и со максимална брзина до 20 километри на час, кацигата ќе биде задолжителна, додека прекршувањата ќе се казнуваат построго, вклучително и парични казни и привремено одземање до 30 дена. Ова се клучните измени предвидени во Законот за безбедност во сообраќајот. Според предлогот, тротинетите треба да се движат главно по велосипедски ...
Граѓаните кои имаат утврден износ за доплата по Годишната даночна пријава за 2025 година имаат уште краток рок за исполнување на обврската. Управата за јавни приходи потсетува дека последниот ден за плаќање на данокот е 30 јуни 2026 година. Од УЈП информираат дека сите даночни обврзници кај кои во пријавата е прикажан износ за доплата треба навремено да ја извршат уплатата, со цел да избегнат дополнителни трошоци и пресметка на камата. За ...
Работната група за реформи во изборното законодавство влегува во завршна фаза со подготовката на измените на Изборниот законик. На денешната седница беа разгледани последните отворени прашања и предлози со цел усогласување на изборните правила со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Членовите на работната група дискутираа за доставените предлози од политичките партии, при што било констатирано дека голем дел од решенијата се веќе усогласени и постои ...
Македонија во моментов има најниски цени на горивата во споредба со земјите од регионот, оцени премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. Тој посочи дека начинот на кој државата реагирала во периодот на енергетската криза овозможил граѓаните да не го почувствуваат целосниот удар од растот на цените на светските пазари. Според Мицкоски, Владата не создавала паника, туку презела мерки со кои, како што рече, ...
Фестивалот за критичка култура КРИК и годинава носи програма што ги поврзува современата теорија, уметност и општествени прашања, отворајќи простор за јавна дебата за предизвиците на денешницата. Изданието за 2026 година ќе биде отворено на 26 јуни во КСП Центар Јадро со промоцијата на книгата „Пиратска грижа: акти против криминализацијата на солидарноста“ на Валерија Грацијано, Марсел Марс и Томислав Медак. Настанот ќе вклучува разговор со ...
Најновите физичко-хемиски испитувања на Охридското Езеро потврдуваат дека водата на речиси сите популарни локации е со висок квалитет и безбедна за капење. Во текот на првите десет дена од овој месец, стручните тимови од ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ зедоа примероци и извршија детална анализа на вкупно 11 мерни места, на потегот кој се протега од авто-кампот „Андон Дуков“ па сè до хотелот „Ројал“. Според добиените резултати од терен, ...
На 24 јуни 2026 година, околу 11:30 часот, во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Н.Д. (45) од Скопје, осомничен за обид за кривично дело „измама“. Според информациите од полицијата, постара жена од Крива Паланка добила телефонски повик од лице кое се претставило како лекар од Италија. Тој ја информирал дека нејзината ќерка имала сообраќајна несреќа во Италија, при што се здобила со тешки повреди и ...
На 24/25.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ч.Ј.(47), А.Т.(19), Е.Р.(48), Б.Х.(27), Д.А.(18), Ж.Е.(48), Е.Е.(39) и Д.Д.(53), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и шишиња со течна материја. На 24.06.2026 во 15:25 часот во Градскиот парк во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната ...
Цената на нафтата падна на нивоа какви што не беа забележани уште од периодот пред војната со Иран, додека сообраќајот низ стратешки важниот Ормутски Теснец постепено се враќа во нормала. Суровата нафта „Брент“, која служи како глобален репер, привремено падна под 72,48 долари за барел, што е нивото на кое се наоѓаше еден ден пред САД и Израел да започнат напади врз Иран на 28 февруари. Подоцна цената повторно благо порасна на 72,63 долари за ...
Од следниот месец пациентите ќе имаат пристап до нови лекови преку позитивната листа, откако Фондот за здравствено осигурување најави вклучување на дополнителни антикоагулантни терапии кои досега за многумина претставуваа значителен финансиски товар. Директорот на Фондот, Сашо Клековски, информираше дека од јули на позитивната листа ќе се најдат Клексан, Фраксипарин и други лекови кои се користат за спречување на згрутчување на крвта кај ...
Најмалку 164 лица загинаа, а речиси 1.000 се повредени во силните земјотреси што ја погодија Венецуела, соопшти денеска привремената претседателка на земјата, Делси Родригез. Родригез изјави дека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани во најтешко погодените подрачја и дека властите ја проценуваат штетата врз инфраструктурата, станбените објекти и јавните установи, пренесува Ројтерс. За да се забрза санирањето на последиците од ...
Борбата за место во нокаут-фазата на Светското првенство 2026 продолжува со нова серија натпревари кои би можеле да донесат драматични пресврти во групите Е и Ф. Дел од репрезентациите веќе го обезбедија пласманот во следната рунда, додека други вечерва ќе играат за опстанок на турнирот. Во групата Е, вниманието е насочено кон дуелите Курасао – Брегот на Слоновата Коска и Германија – Еквадор, кои започнуваат во 22 часот. Африканската ...
Седницата за пратенички прашања во Собранието помина во знакот на остра политичка пресметка меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Додека Филипче ја обвини Владата дека по две години не исполнила ниту едно од клучните ветувања дадени пред граѓаните, Мицкоски возврати дека разочараноста кај граѓаните произлегува од недостигот на правда и неказнивоста на поранешните функционери. Во своето обраќање, Филипче потсети ...
Медицинската сестра, Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), во видео обраќање, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација, уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите. -Како медицинска сестра-анестетичар и дел од тимот за трансплантација ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има ...
Регулаторната комисија за енергетика размислува за значајни измени во начинот на кој граѓаните ја плаќаат електричната енергија, со цел сметките да бидат пониски и подобро усогласени со новите услови на енергетскиот пазар. Една од опциите што се разгледуваат е проширување на периодот на евтина тарифа, па дури и нејзино воведување во сабота. Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во интервју за МИА изјави дека блок тарифите биле воведени во екот на ...
Бугарските власти демантираат дека била споделена или испратена дипломатска нота во врска со престојот на семејството на македонскиот премиер Христијан Мицкоски во зимскиот центар Пампорово. Според официјална Софија, информациите што се појавија во дел од медиумите за постоење на таква дипломатска комуникација се неточни. „Бугарското Министерство за надворешни работи не откри дипломатска нота или друга формална кореспонденција поврзана со ...
Во текот на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур и на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, во својство на заменик-шеф и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, меѓу темите кои предизвикаа големо внимание беше заштитата на демократијата од нарушувањата предизвикани од вештачката интелигенција, соопштија од прес службата на Собранието. Во обраќањето на оваа дебата, ...
Пратениичката Илире Даути во „Клик Плус“ изјави дека ВЛЕН прифатиле да помине законот за правична и соодветна застапеност, само за да започнат разговорите за реконструкција на Владата, што според неа било направено единствено за да продолжат да бидат дел од Владата. Даути рече дека ВЛЕН биле соочени со закана за предвремени избори и дека во оваа ситуација се води борба за власт. Пратениичката Илире Даути во „Клик Плус“ изјави дека ВЛЕН ...
„Многу сум благодарна“, вака изјави во „Клик Плус“ пратеничката Илире Даути прашана за епитетот „лавица“ што ѝ го дале граѓаните, за кој рече дека претставува начин на кој тие ги поддржуваат нивните политики и ја покажуваат својата поддршка. Во текот на емисијата, Даути упати критики кон власта за одредени прашања, а во врска со тоа реагираше пратеничката на ВЛЕН, Саранда Имери, која рече дека Даути станала пратеничка благодарение на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп во средата упати пофалби за Володимир Зеленски, нарекувајќи го својот украински колега „храбар“ и изјавувајќи дека тој „се снаоѓа прилично добро“ во војната против Русија. Говорејќи пред новинарите од Белата куќа заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп рече: „Тој се снаоѓа прилично добро, без разлика како гледате на тоа“. „Барем се држи. Многу луѓе умираат на двете страни, но мислам дека се ...
Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на околу 160 километри западно од Каракас, а помалку од една минута подоцна следел уште еден потрес со јачина од 7,5 степени, според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS). USGS соопшти дека постои можност бројот на жртви да надмине 10.000 лица, иако официјалните податоци за загинати пристигнуваат бавно. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, ...
♈ Овен Денот носи нова енергија и можност за напредок на работното место. Бидете внимателни со финансиските одлуки и не влегувајте во непотребни расправии. Во љубовта, искрен разговор ќе расчисти недоразбирање. ♉ Бик Ќе чувствувате потреба за стабилност и мир. Некој близок ќе ви побара совет или поддршка. На љубовен план, партнерот ќе ја цени вашата посветеност, додека слободните Бикови може да запознаат интересна личност. ♊ Близнаци ...