Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Светското првенство денеска продолжува со три шеснаесетфинални натпревари, во кои настапуваат Бразил, Германија и Холандија – селекции со богата мундијалска традиција и амбиции за пласман меѓу шеснаесетте најдобри. Први на терен ќе излезат Бразил и Јапонија во Хјустон. Бразилците ја завршија групната фаза како првопласирани благодарение на победите над Хаити и Шкотска, додека ремизираа со Мароко. Јапонија, пак, обезбеди место во нокаут-фазата ...
Прашање ТВ21: Ова порано беше „Коста Абрашевиќ“? Жител: Да, ова беше „Коста Абрашевиќ“, а сега е „ЛПК“. Го имам и во личната карта. И другата улица е сменета – од „Панче Неделковски“ во „5 Мај“. Дебатата околу именувањето на улиците продолжи со различни ставови од претставници на ДУИ и ВЛЕН. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, говореше од Серава, истакнувајќи дека улиците во оваа населба ги носат имињата на значајни личности и настани од ...
Семејното насилство бележи пораст во тетовскиот регион. За помалку од шест месеци, во Основното јавно обвинителство во Тетово се евидентирани 38 вакви случаи. Во најголем дел од нив, пријавителите се самите жртви, но не изостануваат ниту сведоци или други лица кои биле очевидци на насилството и го пријавиле. „За помалку од шест месеци, од почетокот на оваа година, во Основното јавно обвинителство во Тетово се примени кривични пријави против ...
Утревечер по 20 часот по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и официјално ќе се соопшти реконструкцијата на Владата. Иако неофицијално се вртат и имињата и ресорите кои ќе бидат опфатени со промената на владиниот кабинет, сепак премиерот Мицкоски одби да соопшти кои ќе бидат тие. Само рече дека има принципиелен договор со коалициските партнери во Владата -Ние не сме разговарале за персонални решенија, за имиња, принципиелно имаме ...
Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ја повика претседателката Гордана Силјановска Давкова да не го потпишува указот за стапување во сила на Законот за игри на среќа и забавни игри. Од здружението велат дека се разочарани што нивните предупредувања и апели не биле прифатени од пратениците и оценуваат дека со изгласувањето на законот се испраќа негативна порака до илјадници вработени во секторот. „Мнозинството ...
Пет лица загинаа, а повеќе други се повредени во вооружен инцидент што се случи во германскиот град Штаде, соопшти локалната полиција. Според официјалните информации, жртвите се возрасни лица, а бројот на повредени сè уште не е прецизиран. Полицијата потврди дека се уапсени двајца осомничени, меѓу кои и лицето за кое се верува дека го извршило пукањето. Инцидентот се случил во објект за грижа и поддршка на млади лица во градот, а германските ...
Последен ден од амандманската расправа за предлог законот за соодветна и правична застапеност. Во дебатата, пратениците на опозициските партии на Албанците преку амандманите бараа корегирање на предлог – законот, но ниту денеска вицепремиерот Беким Сали не им прифати ниту еден. Во еден момент, на седницата на Комисијата беше дадена пауза по барање на вицепремиерот Сали кој, како што рече, требал да оди во Влада на средба со делегацијата од ...
Нов дипломатски чекор меѓу Вашингтон и Техеран е најавен откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека претставници на САД утре ќе одржат разговори со ирански претставници во Доха. Трамп информацијата ја објави преку својата платформа „Truth Social“, наведувајќи дека состанокот бил побаран од иранска страна. „Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, напиша американскиот претседател. Претходно, извор запознаен со ...
Предлог-измените на Изборниот законик ќе бидат доставени до Собранието со сите усогласени измени согласно препораките на ОДИХР, но без измените на членот 76-д, кој се однесува на средствата за изборно рекламирање. Ова денеска го соопшти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е член на работната група за реформа на изборното законодавство. Причината за ова, според Милошоски е во партијата Левица, чии претставници во работната група ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Пет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници, а еден возел со активна забрана за управување на патничко возило. По едно лице во Скопје (малолетник), Гостивар (малолетник), Куманово, Кавадарци и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, едно лице на Граничен премин ...
Владата започнува сеопфатна анализа на цените на стотици производи што ја сочинуваат статистичката потрошувачка кошница, со цел да се утврди каде настануваат најголемите поскапувања и да се преземат мерки за нивно намалување, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека процесот лично го координира и дека фокусот е ставен на околу 600 до 700 производи кои имаат најголемо влијание врз трошоците на граѓаните. „Лично јас се занимавам со ...
Македонија во среда ќе му оддаде последна почит на еден од своите најзначајни музички автори и изведувачи. Семејството на Владо Јаневски ги објави деталите за последното испраќање, а информацијата до јавноста ја пренесе „Авалон“ продукција. Од продукцијата соопштија дека известувањето го добиле од семејството на починатиот пејач и кантавтор и, по нивно барање, го споделуваат со јавноста. „Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека екстремно високите температури можеби се одговорни за стотици дополнителни смртни случаи во Европа. „Од 21 јуни се регистрирани повеќе од 1.300 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури во Европа“, напиша Тедрос на социјалната мрежа X. „Европа е континентот кој се затоплува најбрзо во светот, со темпо двојно поголемо ...
Во услови на растечки безбедносни предизвици и геополитички тензии, претседателот на Собранието Африм Гаши порача дека НАТО мора да остане обединет, силен и способен брзо да одговори на современите закани. Тој се обрати на Парламентарниот самит на Парламентарното собрание на НАТО, кој се одржува во Истанбул, Турција, во пресрет на Самитот на Алијансата. Гаши ја предводи македонската делегација, во која се и пратеникот Драган Ковачки, шеф на ...
На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден починат М.Ј.(58) од Скопје, велат од МВР. „Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција“, додаваат од МВР. На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е ...
По неколкудневното стабилно и топло време, Македонија од утре влегува во период на атмосферска нестабилност. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, грмежи и услови за локално невреме кое ќе трае до сабота. Според прогнозата, нестабилноста ќе биде најизразена во попладневните часови и во текот на ноќта, кога на одделни места се очекуваат поинтензивни процеси проследени со ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 22.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,243%, кај дизелот ...
Македонската театарска сцена загуби едно од своите најзначајни имиња. На 62-годишна возраст во Скопје почина режисерот Сашо Миленковски, чиј богат творечки опус остави длабока трага во домашниот и регионалниот театар. Само пред неколку недели, на јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, тој беше одликуван со престижната награда за животно дело. Миленковски е роден на 28 ноември 1963 година во Битола, а во текот на ...
Владејачката ВЛЕН и опозициската ДУИ изнесоа дијаметрално различни ставови по повод двете години на актуелната Влада. Под мотото „Транспарентност и отчетност“, ВЛЕН одбележа 24 месеци владеење за кои, како што велат, докажале дека промената е можна и дека во овие две години биле реализирани проекти и закони кои со години биле само ветувања. Меѓу другото, од ВЛЕН истакнаа дека е унапредено претставувањето и улогата на Албанците во ...
Секторот за санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 земал 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје, соопштија од ова јавно претпријатие. „Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, ...
Македонската музичка сцена денес е обвиена во тишина и тага по заминувањето на Владо Јаневски – автор, пејач и симбол на една ера на поп музиката која обележа генерации. Неговите колеги, пријатели и соработници се простуваат преку социјалните мрежи со зборови кои тешко ја носат тежината на загубата, но ја пренесуваат љубовта и почитта што ја чувствуваа кон него. Игор Џамбазов, еден од неговите најблиски колеги од сцената, напиша: „Збогум ...
Иран и САД се согласиле да ги прекинат неодамнешните непријателства во Заливот и повторно да ги започнат разговорите околу спорот за Ормускиот теснец, изјави американски функционер во неделата, што ги зголеми надежите за спасување на привремениот мировен договор, кој беше под притисок по неколкудневните меѓусебни напади. „Техничките разговори треба да продолжат за сите точки од меморандумот за разбирање. Двете страни засега ќе се повлечат, а ...
Неколку минути по полноќ, жителите во делови од Гостиварско и Тетовско почувствуваа краток земјотрес, кој според официјалните податоци не предизвикал посилни ефекти врз населението. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека потресот е регистриран во 00:06 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово–Гостивар. Измерената локална магнитуда изнесува 3.0 степени според ...
Во текот на целиот месец јули, во Кинотеката на Македонија, публиката ќе има можност да проследи разновидна програма составена од класични и современи остварувања, авторски омажи и специјални проекции кои отвораат простор за ново читање на македонската филмска историја. Програмата претставува внимателно осмислена филмска целина која ги обединува највредните аспекти на македонската кинематографија: почитта кон авторите што оставиле длабока ...
Мал авион кој припаѓал на училиште за падобранство се урнал во неделата во градот Томблен, во североисточниот дел на Франција, при што загинале сите 11 лица кои се наоѓале во леталото, пренесе Гардијан. Според локалните власти, меѓу жртвите се пилотот, пет инструктори и пет ученици од школата за падобранство. Регионалниот префект, Ив Сеги изјавил дека постои сомневање авионот да претрпел технички дефект пред да падне речиси вертикално. ...
Овен Денот ви носи многу енергија и можност да завршите важни обврски. На работа ќе бидете забележани по вашата иницијатива, а во љубовта следува искрен разговор што ќе ги подобри односите. Бик Време е да обрнете повеќе внимание на финансиските прашања. Избегнувајте импулсивни трошоци и посветете се на плановите што долго ги одложувате. Близнаци Комуникацијата ќе ви биде најсилен адут. Можно е да добиете интересна понуда или корисна ...
По повеќедецениска кариера исполнета со хитови и настапи, вечерва почина македонскиот пејач Владо Јаневски. Тој починал по кратко боледување на една од скопските клиники, на 66-годишна возраст. Јаневски беше еден од најпознатите македонски поп-изведувачи, кој зад себе остави богата музичка кариера и бројни хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“. Роден е на 27 ноември 1960 година во ...
Актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската унија беше главниот фокус на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на обраќањето на панел дискусијата што се одржа во Дубровник „ЕУ и Западен Балкан, заедничко решавање на недовршените работи“ на покана на хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман. Тој оцени дека ваквите иницијативи можат да бидат значајна алатка доколку претставуваат мост кон полноправно ...
Топлотниот бран продолжува да ја зафаќа Македонија, а високите температури и во следните денови ќе останат главна карактеристика на времето. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска најтопло беше во Велес, каде што беа измерени 39 степени, додека во повеќе градови температурите достигнаа 37 и 38 степени. Највисока температура од 39 степени беше измерена во Велес, 38 степени во Скопје-Петровец и Кавадарци, а 37 степени во ...
Европската Унија ќе обезбеди итна хуманитарна помош во вредност од пет милиони евра за заедниците погодени од катастрофалните земјотреси во Венецуела, соопшти високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас. Калас на платформата Икс информираше дека разговарала со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, за да ја изрази солидарноста на Европската Унија со венецуелскиот народ по разорната природна ...