Овен Денот ви носи многу енергија и можност да завршите важни обврски. На работа ќе бидете забележани по вашата иницијатива, а во љубовта следува искрен разговор што ќе ги подобри односите. Бик Време е да обрнете повеќе внимание на финансиските прашања. Избегнувајте импулсивни трошоци и посветете се на плановите што долго ги одложувате. Близнаци Комуникацијата ќе ви биде најсилен адут. Можно е да добиете интересна понуда или корисна ...

По повеќедецениска кариера исполнета со хитови и настапи, вечерва почина македонскиот пејач Владо Јаневски. Тој починал по кратко боледување на една од скопските клиники, на 66-годишна возраст. Јаневски беше еден од најпознатите македонски поп-изведувачи, кој зад себе остави богата музичка кариера и бројни хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“. Роден е на 27 ноември 1960 година во ...

Актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската унија беше главниот фокус на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на обраќањето на панел дискусијата што се одржа во Дубровник „ЕУ и Западен Балкан, заедничко решавање на недовршените работи“ на покана на хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман. Тој оцени дека ваквите иницијативи можат да бидат значајна алатка доколку претставуваат мост кон полноправно ...

Топлотниот бран продолжува да ја зафаќа Македонија, а високите температури и во следните денови ќе останат главна карактеристика на времето. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска најтопло беше во Велес, каде што беа измерени 39 степени, додека во повеќе градови температурите достигнаа 37 и 38 степени. Највисока температура од 39 степени беше измерена во Велес, 38 степени во Скопје-Петровец и Кавадарци, а 37 степени во ...

Европската Унија ќе обезбеди итна хуманитарна помош во вредност од пет милиони евра за заедниците погодени од катастрофалните земјотреси во Венецуела, соопшти високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас. Калас на платформата Икс информираше дека разговарала со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, за да ја изрази солидарноста на Европската Унија со венецуелскиот народ по разорната природна ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, седуммина ( по двајца во Скопје, Росоман и Куманово и еден во кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени од слобода се петмина возачи ( во Кавадарци, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и на автопатот Велес-Градско), а двајца возачи ...

Надеждата сè уште не згаснува во Венецуела, каде спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани по разорните земјотреси што ја погодија земјата. И покрај огромните последици и повеќе од 1.400 загинати, спасувачите сè уште веруваат дека под урнатините може да има луѓе кои го преживеале катастрофалниот удар. Еден од најголемите моменти на надеж се случи кога спасувачите извлекоа живи 9-месечно бебе и неговата мајка. Двајцата биле ...

ВЛЕН ќе раководи со две нови министерства – за правда и за култура, но за овие два ресора ги отстапува Министерството за здравство и Министерството за социјална политика. За овие позиции веќе неколку дена се зборуваше, а денеска ги потврди генералниот секретар на ВЛЕН, Беким Сали. „Во пакетот во кој ВЛЕН продолжува со управување како дел од владејачкото мнозинство остануваат животната средина, Министерството за економија, евроинтеграциите, ...

На 28.06.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(25) од село во Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека на 27.06.2026 околу 18:30 часот физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 27.06.2026 во 19:40 часот во скопско полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ј.(61), ...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања околу состојбата во пензискиот систем и државниот буџет. Додека опозициската партија тврди дека Владата го загрозува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и вториот пензиски столб, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат ваквите наводи како невистинити и оценуваат дека станува збор за обид за ширење страв кај граѓаните. На прес-конференција, Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, ...

Украина соопшти дека во текот на ноќта извршила напад со долг дострел врз воено-индустриски објект во рускиот град Волгоград, додека Русија повторно изведе масовен напад со беспилотни летала врз украинска територија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските ракети ФП-5 „Фламинго“ ја погодиле фабриката „Титан-Барикади“. „Секој руски одбранбен објект што работи за војната против Украина е легитимна цел за нашите напади ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска и утре ќе престојува во Истанбул, каде ќе учествува на Парламентарниот самит на Парламентарното собрание на НАТО. На собирот, на кој ќе присуствуваат претседатели на парламенти и шефови на парламентарни делегации од земјите-членки на Алијансата, Гаши ќе има и свое обраќање. Самитот на Парламентарното собрание на НАТО се одржува на 28 и 29 јуни во Истанбул, Република Турција, како вовед во ...

На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен ...

Младиот музичар Давид Јанг Дади во интервју за ТВ21 откри дека музиката за него отсекогаш била единствениот избор и порача дека упорноста, вербата во себе и истрајноста се клучни за успех на младите артисти на македонската музичка сцена. Тој зборуваше и за хитот „Лидија“, откри како настанала идејата за песната и истакна дека неговите најемотивни песни допрва доаѓаат. Јанг Дади неодамна најави и голем концерт, кој ќе се одржи на 12 септември, ...

Српски државјанин е уапсен на автопатот Скопје – Гевгелија откако возел со брзина од 221 километар на час, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полицијата информира дека случајот бил регистриран во близина на селото Милетково, каде што радарот евидентирал дека возачот, идентификуван како М.С. (60), управувал патничко возило „БМВ“ со српски регистарски таблички со брзина од 221 километар на час, на делница каде што максимално ...

Министерот за транспорт, Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави видео од изградбата на автопатот Прилеп – Битола. „Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија! На терен се работи се поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој. Со овој автопат патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа. Тоа значи ...

На покана на министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на панел-дискусијата „ЕУ и Западен Балкан: Заедничко пазрешување на недовршените работи“, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување од како дел од Дубровник форумот. Како што соопштија од службата за односи со ...

Патот кон грчките плажи и овој викенд за многумина започна со чекање наместо со одмор. На граничниот премин Богородица кон Грција повторно се формираат долги колони возила, а дел од патниците пријавија задржувања што достигнувале и до четири часа за преминување на границата. Зголемениот број туристи, почетокот на летната сезона и засилената фреквенција на возила од Македонија и регионот создадоа сериозен притисок врз преминот ...

Македонија влегува во период на високи температури, со најави за изразен топлотен бран што во делови од земјата ќе го подигне живиниот столб над 40 степени. Според прогнозите, следните денови ќе преовладува сончево и многу топло време, со засилен ефект на жештина особено во урбаните средини и котлините. Метеоролошките најави укажуваат дека најтоплиот период ќе биде на почетокот на неделата, а потоа се очекува постепена промена на временските ...

Со вечерашниот дуел меѓу Јужна Африка и Канада во 21 часот, започнува нокаут-фазата на Светското првенство во фудбал. По вчерашните натпревари, познати се сите 32 репрезентации кои обезбедија место во шеснаесетфиналето на Светското првенство 2026. Од групата А понатаму продолжуваат Мексико и Јужна Африка, од групата Б Швајцарија, Канада и Босна и Херцеговина, од групата Ц репрезентациите на Бразил и Мароко, а од групата Д екипите на САД, ...

Иран и САД ги продолжија нападите во Персискиот Залив, при што меѓусебно се обвинуваат за прекршување на сè покревкиот привремен договор потпишан пред помалку од две недели, чија цел е да се стави крај на четиримесечната војна. Кратко откако претседателот Доналд Трамп предупреди дека САД би можеле „воено да ја довршат работата“, Иран рано во неделата лансираше ракети и дронови кон американски воени позиции во Кувајт и Бахреин, продолжувајќи ...

Овен Ќе имате доволно енергија да ги завршите обврските што подолго време ги одложувате. Во љубовта, искрен разговор ќе помогне да се расчистат недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Некој близок ќе ви даде корисен совет што ќе ви помогне во важна одлука. Близнаци Неделата ви носи можност за нови познанства и интересни разговори. Можно е да добиете повик или порака што ќе ви ги промени ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. Под влијание на топла воздушна маса од ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а на одделни места ќе достигне и до 39 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Промена на времето се очекува од среда, кога е ...

Со силно темпо се работи на Вардариште. Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека, но, сигурно, заминува во историјата, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата фејсбук-страница. – Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од ...

Централната изборна комисија ги објави конечните резултати од изборите. Членовите на Комисијата ги усвоија листите на кандидати на сите политички партии. Претседателот на Централната изборна комисија, Крешник Радониќи, соопшти дека по оваа одлука, кандидатите имаат право да поднесат жалба на објавените резултати во рок од 48 часа, почнувајќи од денес во 12:00 часот, а рокот истекува во понеделник во 12:00 часот. Според конечните резултати, ...

Во изминатите 5 месеци откако стартуваше Сејф сити системот камерите регистрирале 120 илјади сообраќајни прекршоци. Ова министерот Панче Тошковски го изјави во отчетот за неговото двегодишно работење како прв човек на полицијата, кој додаде дека благодарение на функционирањето на овој систем има намалување на загинати лица и сообраќајни несреќи. Воедно тој истакна дека до крајот на годинава се планира проширување на Сејф сити и во другите ...

На 26.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош бил пронајден починат Т.Ф.(65) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција. На 26.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на ...

Град Скопје соопшти дека утре, во раните утрински часови, ќе се спроведе воздушна дезинсекција против возрасните форми на комарци на целата територија на главниот град. Надлежните информираат дека, доколку временските услови не дозволат спроведување на прскањето, акцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со соодветни временски услови, во истиот термин. Воедно, Град Скопје ги повика пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за ...

Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски остава да види што ќе се случи во вторник кога, како што најави и премиерот Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ на Извршен комитет ќе одлучува за имињата кои ќе бидат опфатени со реконструкцијата. Димитриевски, кој на денешниот настан на партијата дојде со двајцата министри, за јавна администрација Горан Минчев и за правда Игор Филков, рече дека е задоволен од нивната работа. Сепак не рече ништо што ќе се ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
24%
1017
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
5.14
29%
1022
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
5.14
29%
1023
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.97
25%
1017
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
3.94
28%
1017
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
3.6
33%
1022
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
7.15
30%
1013
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
18%
1014
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
4.69
22%
1015
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
2.68
39%
1019
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
2.06
29%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
8.23
74%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Рутениум

53852.50

Злато

141562.95

Бакар

13.39

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Родиум

278907.73

Калај

55.56

Паладиум

43596.41

Сребро

2099.49

Иридиум

252383.36

Платина

56263.81

Алуминиум

3.36