Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје сончево и топло со ...

Животот на Марлен Дитрих (1901-1992) ќе биде прикажан во друг филм. „Берлинве“ (Тега за Берлин) ќе биде биографски филм за една од „најбрилијантните и најконтроверзни икони на 20 век“, објави во вторник продуцентската куќа X Filme Creative Pool. Агнешка Холанд, која неодамна сними филм за Франц Кафка, ќе ја преземе режијата. „Марлен Дитрих беше комплекс од противречности“, рече Холанд. Таа беше гламурозна ѕвезда и исклучителна актерка, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се обрати на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата. За неа, Струга е град што живее во ритамот на поезијата и место каде што со децении се среќаваат светските поетски гласови и љубителите на убавата реч, нарекувајќи го „најпоетскиот град на планетата“, каде песните создаваат култура и трајни духовни вредности. Во своето обраќање, ...

Општопознато правило во вселената е дека ништо не може да побегне од незаситната гравитација на црната дупка. Сепак, моќните гравитациски бранови настанати од масивен судар на две суперџиновски црни дупки нè доведоа до самиот раб на научното сознание — носејќи го со себе првиот досега забележан „потпис“ на хоризонтот на настани. Научниците долго теоретизираа дека специфичен тип гравитациски бран, познат како „директен бран“, може да содржи ...

Европа се наоѓа под влијание на жесток топлотен бран, кој деновиве го достигнува својот врв на Балканот. Метеоролошките служби ги подигнаа алармите на највисоко (црвено) ниво, а до крајот на јуни се очекува температурите на воздухот да достигнат и до 40°C. Дополнителен проблем се екстремно топлите ноќи, каде што на приморските делови, поради ефектот на фенски ветрови, термометрите не паѓаат под 30°C ниту во текот на ноќта. Познатиот ...

Германските власти спроведоа рации во Берлин и Франкфурт во среда, како дел од истрагата за сомнителна саботажа на германските испораки на гас. Истрагата се фокусира на продажбата на подружницата на Газпром во Берлин, Газпром Германија, која се случи околу еден месец по почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, објави „Еуроњуз“. Федералните обвинители потврдија дека полицијата ги претресла просториите на осомничен руски ...

Околу 20 милиони барели сурова нафта поминаа низ Ормускиот теснец во изминатите 24 часа, додека танкерите продолжуваат да се движат по клучна рута за снабдување на Блискиот Исток, изјави денес американскиот министер за енергетика Крис Рајт. „Имаше 72 брода кои превезуваа околу 20 милиони барели нафта“, изјави Рајт на Глобалниот енергетски форум на Ројтерс во Њујорк. „Иран нема да има можност да го затвори Ормускиот теснец во иднина. Тоа е ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата вети дека САД нема да сторат ништо што би ја поткопало безбедноста на американските сојузници во регионот на Персискиот Залив кога станува збор за односите на Вашингтон со Иран. „Ќе бидеме целосно усогласени со нашите партнери во Заливот. Затоа сум тука“, рече Рубио во Кувајт пред да замине за Бахреин. „Нема да направиме ништо што би ја поткопало безбедноста на нашите долгогодишни ...

Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година. На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден ...

Екстремно високите температури и сè почестите топлотни бранови стануваат секојдневие ширум светот. Поради климатските промени, овие појави денес се многу почести и подолготрајни во споредба со средината на 20 век. Научните студии покажуваат дека во изминатите неколку децении, просечната фреквенција на топлотните бранови е триплирана, а „сезоната на високи температури“ се продолжила за речиси 50 дена. Расте бројот на смртни случаи поврзани со ...

ДЕНЕС околу 15 часот избувна пожар на отворен простор во областа Дворница во близина на Рогозница. На местото на настанот реагираа 35 пожарникари со 12 возила, а два хеликоптери помогнаа од воздух. Пожарот беше локализиран во 17:45 часот, соопшти полицијата. Пожар предизвикан од 55-годишен маж кој работел со пила Полицијата спроведе увид на лице место и утврди дека пожарот го предизвикал 55-годишен маж. Пожарот бил предизвикан од искра што се ...

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19 ја поддржаа интерпелацијата. Образложувајќи ја иницијативата, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, оцени дека безбедносната состојба во државата е незадоволителна и го обвини Министерството за внатрешни работи дека не спроведува ...

Државните институции отсега ќе ја имаат на располагање и Националната платформа за вештачка интелигенција наречена „Везилка“. Со овој проект, Македонија станува дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција и добива пристап до најсовремената инфраструктура за развој на вештачка интелигенција, европските суперкомпјутери и нови можности за истражување и иновации. „Како Универзитет имаме јасна одговорност да создадеме услови за ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На свеченото потпишување, министерот Алиу истакна дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство и потврда дека ...

И покрај тоа што учебната година заврши со голем недостиг на учебници, министерката за образование Весна Јаневска ги оценува како успешни двете години од нејзиниот мандат, истакнувајќи дека се реализирани бројни реформи во образованието и дека учебниците биле обезбедени и дистрибуирани на време. Две недели по почетокот на учебната 2025/2026 година, учениците се жалеа дека учат со земање белешки од табла и фотографирање на наставата. „Јас сум ...

Во МНР вчера бил повикан бугарскиот амбасадор од кого било побарано објаснување и темелна истрага за објавувањето на дипломатската нота во јавноста за патување во Пампорово на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски. Ова го потврди министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски. -Очекуваме, не само објаснување, туку една темелна истрага како е дојдено до оваа ситуација, бидејќи и согласно меѓународното право вакво нешто е ...

Злоупотреби на функцијата, партиски вработувања, селективни апсења и истраги, ова е само дел од образложението за поднесената интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во текот на денот жестоки напади на негова адреса во законодавниот дом, од страна на опозициските пратеници, пред се оние од Левица, кои се подносители на интерпелацијата. -Баџанакот ваш, значи на жената, сестра, мажот, стана доцент на факултетот за ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите ...

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека голем дел од корисниците на вториот пензиски столб ќе бидат разочарани и нема да бидат задоволни од тоа што ќе го видат на своите сметки, исплашила и разочарала многу граѓани кои реагирале до опозициската СДСМ. Лидерот на партијата, Венко Филипче прашува- што точно се крие зад изјавата на премиерот, кој кажал и дека жал му било што вториот столб воопшто бил воведен. -Се поставува прашањето дали ...

Пожарникарските служби и надлежните институции и денеска интервенираат на повеќе локации низ државата поради пожари на отворен простор. Според последните информации, заклучно со 14:30 часот биле регистрирани вкупно шест пожари, од кои три сè уште се активни. Активни пожари во моментов има во Општина Демир Хисар, кај селото Обедник, каде што гори ниска вегетација, во Куманово во населбата Перо Чучо, каде што огнот зафатил бандери и дрвја, како ...

Министерството за европски прашања беше домаќин на состанокот на високо ниво со кој започна Мониторинг мисијата на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во Македонија, со учество на претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, меѓународните финансиски институции, ресорните министерства и институциите задолжени за спроведување на проектите. Во своето воведно обраќање, Првиот заменик-претседател на Владата и ...

Струга денеска го отвора патот на стихот и поетската мисла со почетокот на јубилејното 65-то издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Традиционалниот фестивал и оваа година ќе собере поети, писатели и љубители на литературата од Македонија и од целиот свет. Програмата започнува во 10 часот во Паркот на поезијата, каде што ќе се одржи традиционалното садење дрвце и поетско читање посветено на годинашната ...

Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска го претстави напредокот во реализацијата на клучни проекти од областа на животната средина, пред членовите на мониторинг мисијата на WBIF (Инвестициската рамка за Западен Балкан). Во секторот води, министерот ја истакна изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје, како најголем еколошки инфраструктурен проект во државата, поддржан од Европската ...

Надворешната задолженост на Македонија бележи значителен раст во првите три месеци од годинава. Новите податоци покажуваат дека обврските кон странство се зголемиле за повеќе од 740 милиони евра, при што клучен фактор за зголемувањето е државното задолжување преку издавањето на нова еврообврзница. Според статистиката на Народната банка, бруто надворешниот долг на крајот од март достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува 70,5 проценти од ...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска разменија остри обвинувања, отворајќи две различни теми поврзани со односите со Бугарија и транспарентноста на носителите на јавни функции. Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека е подготвен на нови отстапки во однос на бугарските барања со цел да дојде на власт. Според партијата, Филипче не реагира доволно остро на пораките што, како што наведуваат, доаѓаат од официјална Софија и се ...

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ) уверува дека пензионерите немаат причина за загриженост по објавувањето на конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на институцијата во 2024 година. Од Фондот порачуваат дека исплатата на пензиите продолжува редовно, а здравствените права на пензионерите остануваат целосно обезбедени. Во реакцијата се нагласува дека финансиската стабилност на Фондот не е ...

Групната фаза на Светското првенство влегува во својата завршница, а третото коло ќе ги даде одговорите на сите дилеми околу пласманот во нокаут-фазата. На програмата се шест натпревари во групите А, Б и Ц, по кои ќе бидат познати сите учесници во шеснаесетфиналето и конечниот распоред на елиминациските дуели. Особено возбудливо се очекува да биде во групата Б, каде што репрезентацијата на Босна и Херцеговина ќе мора да атакува на победа ...

На 23.06.2026 во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против пет физички лица: Б.Г., Г.Ф. во својство на надзорни инженери, и Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и управители на две правни лица, како и против самите правни лица, за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 од КЗ на РСМ, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период. „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
4.63
23%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
30%
1021
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
5.14
25%
1022
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
5.66
24%
1020
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
4.1
27%
1017
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 30ᴼ
1.79
32%
1022
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
9.26
29%
1013
weather icon

Тирана

40ᴼ / 39ᴼ
2.57
21%
1013
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
3.6
22%
1015
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 31ᴼ
7.72
39%
1020
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
27%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
6.99
82%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Калај

55.56

Родиум

278907.73

Алуминиум

3.36

Паладиум

43596.41

Бакар

13.39

Рутениум

53852.50

Злато

141562.95

Цинк

0.00

Платина

56263.81

Сребро

2099.49