Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Коалицијата ВЛЕН ги презема министерствата за правда, за кулутира и туризам и за односи меѓу заедниците со најавената реконструкција на Владата. На ВЛЕН и остануваат и секторите животна средина, европски прашања и економија и труд. Беким Сали се очекува да остане прв вицепремиер и министер за европски прашања. Функцијата вицепремиер за добро владеење која ја изврушваше Арбен Фетаи, се укинува. ВЛЕН ќе ги преземе Министерството за правда, ...
Сотир Лукровски се врати на работа после неколкумесечно боледување. Тој од денеска се врати во кабинетот на Општина Карпош. Се заблогодари на сите за поддршката. „Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни. Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен предизвик кој ме натера да сфатам дека ...
Зборувајќи за барањата на опозицијата за измени во Изборниот законик, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе ги прифатат сите барања, освен укинувањето на електронското гласање на дијаспората. Мицкоски изјави дека нема да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година. „Гледам дека во јавноста се шпекулира дека мојот предлог за вклучување на дијаспората во електронското гласање, почнувајќи од претседателските избори во ...
Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии има исполнето осум чекори, од вкупно 22 чекори коишто ги исполни ...
Шведскиот производител на одбранбена опрема „Сааб“ вчера потпиша договор за испорака на 16 борбени авиони „Грипен Е“ на Украина, во вредност од околу 24,6 милијарди шведски круни, или 2,54 милијарди долари. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на Телеграм дека постигнатиот договор со шведскиот премиер Улф Кристерсон вклучува купување на 16 авиони „Грипен Е“, како и техничка поддршка. „Сааб“ објави дека испораките на моделот авион ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пријавил повеќе од 1,4 милијарди долари приход од инвестициите на неговото семејство во криптовалути во текот на изминатата година, објавија британските медиуми . Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до Канцеларијата за владина етика на САД покажуваат дека неговите компании профитирале речиси 800 милиони долари од крипто-проектот World Liberty Financial , кој го основал со своите синови. Тој ...
Селекциите на Норвешка, Франција и Мексико се пласираа во 1/8 финалето на Светското првенство, откако победија во регуларните делови на натпреварите против Брегот на Слоновата Коска, Шведска и против Еквадор. Норвежаните победија со 2-1, со гол во 86. минута на гол-машината Ерлинг Халанд, откако претходно беше 1-1 со головите на Нуса за Норвешка, и Диало на Брегот на Слоновата Коска. Французите демонстрира сила и со 3-0 ја прегазија Шведска, ...
Во Македонија, вкупно 911 бесправно изградени објекти се регистрирани во текот на 2025 година, според податоците објавени од Државниот завод за статистика. Според статистиката, најголемиот број згради изградени без дозволи се станбени згради, со 169 случаи или 18,6 проценти од вкупниот број. Од нив, 128 се исклучиво станбени згради, 24 се главно станбени, додека 17 се објекти за слободно време и рекреација. Покрај нив, идентификувани се и 164 ...
Шпанија го заврши јуни со втори највисоки температури досега, а националната метеоролошка агенција Аемет го опиша месецот како „исклучително жежок“. Екстремната топлина, исто така однесе стотици животи, при што се проценува дека 900 смртни случаи се поврзани со високите температури регистрирани во јуни, објави Euronews. Просечната температура во континентална Шпанија била за 3,2 °C над просекот за периодот од 1991 до 2020 година. Само јуни ...
Во првиот квартал од 2026 година, плаќањата со платни налози на граѓаните бележат раст од 10,3% кај бројот и 14,6% кај вредноста на извршените платежни трансакции. Значителен е растот на електронските плаќања, и тоа за 21,9% кај трансакциите и за 23% кај вредноста, во споредба со истиот период од 2025 година. Најголемиот број од платежните трансакции иницирани по електронски пат во анализираниот период се извршени преку мобилни апликации ...
Овен Јули ви носи можности за напредок, но и обврска да бидете потрпеливи. На професионален план ќе се отворат нови перспективи, особено во втората половина од месецот. Финансиската состојба постепено се подобрува, но избегнувајте ризични инвестиции. Во љубовта, слободните Овни може да започнат интересна врска, додека оние кои се во партнерство ќе имаат можност да ги зацврстат односите преку искрени разговори. Посветете повеќе внимание на ...
Овен Денес ќе бидете исполнети со енергија и желба да ги завршите обврските што подолго време ги одложувавте. На работното место е можно да добиете признание за вашиот труд. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Некој близок ќе ви понуди корисен совет. Во емотивниот живот ве очекува пријатно изненадување. Близнаци Ќе бидете во центарот на ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на ...
Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се зголеми на 1.943, изјави денеска претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додавајќи дека бројот на повредени речиси двојно се зголемил на 10.571. НАСА проценува дека околу 58.870 згради се оштетени или уништени во погодената област, врз основа на сателитски снимки. Во најтешко погодените области – главниот град Каракас и покраината Ла Гваира – ...
Шест дена по земјотресот во Венецуела, повеќе од 43.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Спасувачките операции се во тек, но бројот на луѓе извлечени живи од урнатините се намалува. Во понеделник, 12-годишно момче беше спасено во најтешко погодената населба Ла Гваира. Екипите го извлекоа и 21-годишниот Арон Кантиљо од урнатините. „Јас не сум ништо. Јас сум само млад човек кој помина пет дена заробен под зграда. Но, денес сум тука и сум ...
Делегација на Хамас одржа разговори со шефовите на разузнавачките служби на Египет и Турција за спроведување на втората фаза од прекинот на огнот во Газа, објави египетскиот државен медиум Ал-Ахрам. Шефот на Генералната разузнавачка служба на Египет, Хасан Рашад, и шефот на турската Национална разузнавачка организација, Ибрахим Калин, се сретнаа со високите лидери на Хамас, Халед Мешал, Калил ал-Хаја и Мохамед Хасан во Каиро во вторник, се ...
Повеќе од десетина луѓе загинаа во поплавите во Брегот на Слоновата Коска, предизвикани од деновите на обилни дождови во регионот. Повеќето од жртвите се во главниот град Абиџан, изјави министерката за национална кохезија, г-ѓа Белмонд Дого. Локалните медиуми објавија дека најмалку девет лица се закопани под урнатините во населбата Мосикро откако дождовите започнаа во саботата. Обилните дождови предизвикаа поплави и во соседна Гана, каде што ...
Најмалку 14 деца загинаа кога се урна покривот на наставен центар во изградба во источниот пакистански град Лахор, соопштија полицијата и спасувачките екипи. Уште осум деца се повредени и однесени во болница. Сопственикот на наставниот центар и уште едно лице се уапсени. Полицијата соопшти дека спасувачите сè уште ги пребаруваат урнатините откако добиле информации дека уште деца може да бидат заробени под урнатините. Центарот се наоѓал во ...
Четирикатна станбена зграда во атинската населба Петралона се урна денес, а спасувачите пронајдоа четири лица заробени во урнатините, но продолжуваат да ја пребаруваат областа. Четири лица заробени во урнатините се лоцирани и се безбедни, но операцијата за пребарување продолжува, објавува Ројтерс. Има испратени кучиња за да се бараат можни дополнителни жртви од уривањето на зградата. Причината за уривањето на зградата, во која имало седум ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција по седницата на Извршниот комитет ги претстави кадровските решенија во рамки на реконструкцијата на Владата. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, додека Министерството за здравство ќе го преземе Сашо Клековски. Досегашниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, е ...
Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа. За неа, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО кон зачувувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и единството на регионот. Елаборирајќи ја подготвеноста на македонските вооружени сили за справување со безбедносните ...
Ова е секојдневната бучава што жителите на селото Мерово, во Општина Желино, се принудени да ја трпат. Ова е единствениот начин да обезбедат една капка вода за пиење. Иако селото има само околу 50 населени куќи, недостигот на вода останува долгогодишен предизбик, кој уште повеќе се влошува во летниот период со доаѓањето на иселениците. – Во 1998 година ископав еден бунар. За канализација го направија овој канал наваму и така остана. Го ...
Една од најголемите ери во историјата на Лос Анџелес Лејкерс официјално заврши. Леброн Џејмс ќе ја продолжи својата НБА кариера во сезоната 2026/27, но повеќе нема да го носи дресот на познатата калифорниска франшиза, откако му кажа на раководството на клубот дека сака да ја продолжи кариерата во друга средина. Според ESPN, информацијата ја потврди супер агентот Рич Пол, кој откри дека Леброн го информирал претседателот на клубот, Роб ...
Здравствените работници се свесни дека постои корупција во нивните редови и дури 84 проценти од нив сметаат дека таа е делумно или многу распространета меѓу нивните редови покажува истражувањето. Сепак само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле во коруптивни чинови во нивната установа. Од пациентите најчесто се бараат пари, но постојат и други посуптилни форми со кои се соочуваат веќе многу често. „Не се работи ...
Власта и опозицијата во отворен политички судир околу донесувањето на новиот Изборен законик, кој влезе во собраниска процедура по скратена постапка. Во обид да се деблокира, координаторите на пратеничките групи денеска на заедничка маса во обид да ги надминат несогласувањата. Од СДСМ и денеска отворено најавија дека ќе го блокираат Изборниот законик при што најавија дека ќе поднесат 10 илјади амандмани. -Мицкоски вели дека Владата ги ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, на денешната прес-конференција ги соопшти кадровските решенија на партијата во рамки на владината реконструкција, истакнувајќи дека ЗНАМ ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За нов министер е предложен досегашниот државен секретар во ресорното министерство, Борче Серафимовски. Димитриевски најави и дека во септември ЗНАМ ќе добие уште едно ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека оваа недела ќе се одржи состанок и со добавувачите и производителите, на кој ќе се разговара за намалување на цените на основните прехранбени производи – што беше и целта на минатонеделната средба со трговците.Дурмиши истакна дека ќе се анализира фактура по фактура, секоја цена од 74-те групи со 600 до 700 основни прехранбени производи, кои се дел од потрошувачката кошничка. ...
Вечерва, по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, официјално ќе биде објавена реконструкцијата на Владата. Веќе е познато дека ВЛЕН ќе раководи со три нови министерства – Министерството за правда, Министерството за култура и Министерството за односи меѓу заедниците. Но, кои ќе бидат новите министри? ТВ21 неофицијално дознава дека Јетон Шасивари ќе биде предложен за министер за правда. Запрашан за ова име, копретседателот на ВЛЕН, Изет ...
Светското првенство продолжува со натпревари од шеснаесетфиналната фаза, а љубителите на фудбалот вечерва и по полноќ ќе можат да проследат три интересни пресметки. Програмата започнува во 19:00 часот со дуелот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Норвешка. Двете репрезентации ќе се борат за продолжување на патот кон завршницата, а победникот ќе обезбеди место меѓу најдобрите селекции на турнирот. Во 23:00 часот следува една од поинтересните ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го запиша својот прв настап во главната фаза на еден Гренд Слем турнир, откако денеска излезе на терените на Вимблдон – неофицијалното светско првенство во тенис. Ѓорческа во првото коло се соочи со фаворизираната Американка Аманда Анисимова, но не успеа да направи изненадување и загуби со 2:0 во сетови (6:3, 6:2). И покрај поразот, македонската тенисерка остави силен впечаток со историскиот ...