„Сонувајте мирисни полиња со вртипоп од кои пчелите ги товараат своите бисаги со полен. Сонувајте сончеви утра во кои росата ја пои тревата. Сонувајте мирно езеро како тепсија во кое се одразува вашата личотија. Сонувајте ги најубавите бои и птици, сонувајте птици кои се враќаат во ланските гнезда“, напиша актерот Драган Спасов Дац на својот фејсбук-профил. „Сонувајте виножито по кое ситниот дождец создава ноти. Сонувајте како љубовта владее со ...

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов. Црквата „Успение на Пресвета Богородица во штипско Ново Село, Црквата „Света Троица“ на Гробиштата во Штип и Соборниот храм „Свети Никола“ се трите локации каде граѓаните се простуваа од своите млади сограѓани. Загинатите беа ...

Првиот вицепремиер Изет Меџити вети дека ќе има правда не само за трагедијата со пожарот во Кочани, каде што загинаа 59 лица, а над 100 беа повредени, туку и за другите тешки случаи што ја потресоа земјата, како несреќата со „Беса транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово и трагичната несреќа во Ласкарци. Тој нагласи дека Северна Македонија доживеала многу трагедии со тешки последици, но правдата недостигала, а државата повеќе нема да ...

Муслиманите од Скопје ги поканија семејствата на повредените од трагедијата во Кочани, кои се наоѓаат во Скопје, да им се придружат на ифтарска вечера во паркот во Чаир, пренесе ТРТ Балкан. „Ги покануваме и семејствата на сите лица кои беа погодени од трагедијата што се случи во Кочани да ни се придружат на ифтарската софра во паркот на Чаир, доколку се наоѓаат во болниците во Скопје“, напиша Нусрет Куртиши на својот Фејсбук профил. Денеска е ...

ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани. И покрај сите предупредувања и договорениот Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани денес е забележано нарушување на основниот кодекс за почитување на приватноста на погодените, што беше опфатено и во протоколот кој со направија Владата на РСМ, ССНМ и ЗНМ. Главнината од ...

Владата апелира медиумите да се придржуваат до етичките принципи. „Во овие тешки моменти, уште еднаш го повторуваме упатениот апел до медиумските екипи кои присуствуваат на денешниот погреб на жртвите од трагичниот пожар кој настана во кочанската дискотека да се придржуваат до етичките принципи. Најголем дел од медиумите не емитуваат и шират фотографии и видеоматеријали од семејствата на настраданите, а оние кои објавиле такви содржини уште ...

Благодарение на огромниот бран на сочувство за жртвите од трагичниот инцидент во градот Кочани, Република Северна Македонија, во оваа фаза се обезбедени потребните количини крв и крвни продукти, извести БГНЕС. Во моментов, достапните залихи се на оптимално ниво, а капацитетот за обработка и складирање е привремено исполнет. Бугарските медиуми пренесоа дека само во вторникот над 600 луѓе дарувале крв во центрите низ земјата. Во Бугарија се ...

Тажни сцени вчера на првиот собир на ФК Шкупи, по смртта на 25-годишниот фудбалер од клубот, Андреј Лазаров. Од „Шкупи“ велат дека се обиделе да се вратат на тренинзите, но на барање на играчите, тренингот бил откажан. „Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денес се обидовме да се вратиме на тренинзите на тимот. Сепак, денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите! Продолжението на сезоната ќе ни биде ...

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани“, велат од Министертсвото. 1-Алексова Стефанија 2004 2-Џамов Јорданчо 1993 3-Трајчев Иван 2000 4-Ѓоргиев Џоко 2000 5-Коларов Александар 1981 6-Величков Иван 1998 7-Стојанов Андреј 2000 8-Антова ...

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања собрал 34.200 евра, објавија „Пловдив24.бг“. Во петок, заедно со својот соработник Чило, планира да отпатува во Кочани, каде ќе се сретне со локалното население и ќе ги координира следните чекори за распределба на собраните средства. Дополнително, во текот на неделата ќе се обиде да оствари средба со амбасадорот на Македонија во Софија, за да изрази сочувство и да ...

Пишува: Димитар Русков/БГНЕС Тоа не е тага, ниту страдање. Тоа е чиста, искрена човечка болка. И ноќта и денот се тивки и мирни, но во исто време тагата е заглушувачка. На секој чекор те пречекуваат некролози, црна облека и измачените лица на локалците. Сурово е да се сфати дека иднината на новите генерации испари поради хендикепот на старите. Секое семејство изгубило близок, старецот тагува по младиот човек, мајката го испраќа синот или ...

Поворката од роднини, пријатели, граѓани и погребалните возила полека се приближуваат кон градските гробишта. Луѓето пристигнуваат во групи. Приоѓаат полека, во тишина, бришејќи ги солзите од нивните лица. Голем број млади носат црни маици со натпис: „Почивајте во мир ангели наши“. Ретко кој е без солзи во очите. Има и голем број лекари и медицински техничари за да помогнат. „Се збогуваме со нашата иднина“, велат жителите. Граѓани од цела држава ...

Четврти ден по трагедијата во Кочани со 59 починати и 196 повредени министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека сите пациенти сместени во сомашните и во странските болници се во стабилна состојба. Во нашите болници се лекуваат 72 повредени во пожарот, а 101 се во странство. Од дваесет пациенти кои од земјава во критична состојба беа испратени на лекување во неколку странски клиники, денес има само десетмина пациенти кои се во потешка ...

Преку социјалните мрежи се апелира до медиумите и новинарите да не се прави настан за гледаност од трагедијата во Кочани. „Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме? Дали и по оваа трагедија, повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ. Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. Веќе кружат видеа пред куќите на починатите, од нивните пријатели, што со солзи ги ...

Денес ќе бидат погребани членовите на бендот ДНК кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пејачот на бендот Андреј Ѓоргиески ќе почива на градските гробишта Бутел во 10 часот, а професорката на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска, која беше придружен вокл на бендот, ќе биде погребана на гробиштата Лисиче во 12 часот. Погребот на тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе се одржи на градските гробишта во Струмица. ...

Возачот Иле Гоцевски кој почина откако единаесет пати го мина патот од Кочани до Скопје со пациенти, ќе биде постхумно одликуван. Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека следната недела ќе го повика неговото семејство и ќе го одликува. „Јас немам информација колку часови работел меѓутоа дека направил огромна работа за превоз на пациентите, тоа е неспорно. Јас планирам како Министерство за здравство постхумно неговото семејство да го ...

„Не може да се најдат вистинските зборови со кои ќе се опишат траорот и тагата од трагедијата која се случи во Кочани и нашите мисли и молитви во овие тешки моменти се со семејствата и најблиските на погодените во оваа несреќна катастрофа. Додека не е повторно предоцна, како партија бараме зголемување на степенот на безбедност во повеќе места“, велат од ЛДП. „Строга и итна контрола во детските градинки, основни и средни училишта, но и факултети ...

Погребните церемонии за починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип, Облешево и Скопје. Триесетте жртви од Кочани ќе бидат погребани во 12 часот. На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, Г. Г. Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот. Погребот на загинатите од Штип ќе биде во 11 часот, а меѓу нив се и членовите на ДНК, Филип Стевановски и на Александар ...

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани Тие се собраа пред Судската палата, пренесе БГНЕС. Кочани денеска им кажува последно збогум на своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката Пулс на 16 март. 59 млади луѓе, повеќето на возраст од 14 до 25 години, загинаа во најголемата трагедија во градот Најголемиот дел од починатите се од Кочани, а останатите од ...

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде остварија средба со директорот, Проф. Д-р Перишиќ, и медицинскиот тим. При посетата, претставниците беа запознаени со здравствената состојба на трите пациенти хоспитализирани во оваа установа. Според информациите добиени од медицинскиот персонал, двајца пациентите се во стабилна ...

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната погребна церемонија, туку тоа да го напрват отпосле. Ангелов упати молба денес јавноста да ги остави ужалените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чедам да им оддадат почит, да постојат до нив пред да бидат положени во гроб. „Да го оставиме Синодот на МПЦ предводен од ...

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија, кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, а повеќе од 160 беа повредени. Во Србија моментално се лекуваат 29 повредени лица од Македонија. – На ВМА има 10 пациенти, од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка и сериозна состојба. Единствен позитивен развој е што еден пациент го напуштил одделението за интензивна нега и бил префрлен на ...

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност. „Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот ...

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата сигурност, а во врска со издавањето на согласности за функционирање на диско клубот „Пулс“ во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди. Од Кривичниот суд попладнево информираа дека притворот е определен поради опасност од бегство, околности кои ...

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите вработени на подрачјето на Кочани во текот на утрешниот ден, кога ќе се случува погребот на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Истовремено, здравствените објекти, образовните институции и градинките да организираат вршење услуги согласно потребите, се наведува во заклучоците од владината седница. МВР се ...

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, ги посетија Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и Клиничкиот центар во Белград. Во рамки на посетите, тие остварија средба со директорите и медицинските тимови, при што одблиску се запознаа со здравствената состојба на пациентите и условите во кои се лекуваат. Во ВМЦ се хоспитализирани 10 пациенти, од кои 6 се на одделот за интензивна нега, а 4 на ...

Нема значителна промена во општата состојба на пациентите од Македонија примени на лекување во Пирогов, Воено-медицинската академија во Варна и болницата „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив. Но, бранот на емпатија што Бугарите го изразуваат кон пациентите од трагичниот инцидент во Кочани не стивнува ниту во овој момент. Само вчера – вторник над 600 волонтери даруваа крв за повредените кои се лекуваат во Бугарија, објави БГНЕС. Најголем број крводарители ...

Република Бугарија се понудила да ги покрие трошоците за транспорт и сместување на семејствата на 15те повредени од трагичниот настан во Кочани кои се лекуваат таму – потврдуваат за Радио Лидер од Бугарското МНР. Од таму велат дека Бугарија веќе им помага на семејствата кои се во Софија, Пловдив и Варна, градовите во чии болници се лекуваат повредените. Оваа великодушна понуда на нашиот источен сосед се надоврзува на она што го нуди владата на ...

Претставниците на коалицијата „Влен“ одржаа почит во чест на трагично изгубените животи во Кочани. „Во општините каде што раководиме, со длабока болка и голема почит, со молчење се поклонивме да ја изразиме нашата солидарност со семејствата на жртвите и со сите погодени од оваа трагедија. Оваа катастрофа го потресе секое срце и го допре секое семејство, без разлика на нашата етничка припадност или на јазикот што го зборуваме. Денеска сме ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изрази голема благодарност до граѓаните низ целата држава за достоинствено оддавање почит на жртвите, на протестите кои се одржаа во голем број градови во државата. „Ова покажа дека како општество знаеме да ја споделиме болката со почит и солидарност. Во вакви трагични моменти, гневот и болката се оправдани, но морам да напоменам да внимаваме тие да не бидат инструментализирани. Одговорноста ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
6.17
39%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
7.72
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
49%
1023
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
42%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.28
33%
1014
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
54%
1023
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.81
40%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
28%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
12.35
29%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
55%
1014
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
5.14
40%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
100%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74