Моментот на земјотресот во Истанбул со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше снимен во емисија во живо. На видеото се гледа како новинарката ја фаќа паника и го прекинува разговорот со гостите кои се приклучени преку видео врска. CNN Turk’s broadcast during the 6.2 earthquake in Istanbul, Türkiye. pic.twitter.com/sm0l7TB1zz — Clash Report (@clashreport) April 23, 2025 Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата ...

Сегашната ситуација во културата говори за целосно погазување на Колективниот договор и погазивање на правата на културните работници, вели Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ. „И во интервју на министерот Љутков го слушнавме како кажа без срам за колективниот договор за Култура дека е незаконски а тоа е напад на достоинството и правата на сите културни работници во државата. Колективниот договор не е проблем туку потреба за работниците и ...

Мировните преговори за Украина, кои беа закажани за денеска во Лондон, а требаше да ги води британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, се одложени, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се наведува дека состанокот за мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи закажан за денеска (среда) е одложен. Во исто време, се додава дека разговорите на официјално ниво ќе продолжат зад ...

Нема да има подобар договор ниту нови условувања, да донесеме одлука со која сите ќе се гордееме, кажа Димитар Ковачевски на 06.08.2023 година. Ова е извадок од соопштение од СДС од нивната официјална страница. Од овде се гледа дека СДС свесно лажеше, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Денес 23.04.2025 година, нецели две години потоа, министерот за надворешни работи на Бугарија лично кажа дека со промената на Уставот, нема да ...

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, изјави дека САД понудиле „многу експлицитен предлог“ до Русија и Украина на патот кон мировен договор и истакна дека „е време тие или да кажат „да“ или САД да се повлечат од процесот“, објави денес Блумберг. „Мислам дека ќе се повлечат нови линии на конфликт таму каде што се моментално постоечките или во непосредна близина“, рече Венс за време на обраќањето пред новинарите во ...

„И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи и на кој начин ја стекнале истата. Дали Зоран Заев како инвеститор доби златна виза во Дубаи а со тоа и долгогодишен престој? Дали Заев има отворено фирма во Дубаи и дали тоа е начинот на кој за себе и фамилијата си обезбеди живот во Дубаи? Дали додека Заев гради згради од 50 спрата во Дубаи, Венко Филипче му ја чува фотелјата во СДС“, прашуваат од ...

Општина Илинден постојано работи на реконструкција и урбанизација на сите населени места со цел задоволување на потребите на сите граѓани. Деновиве е започната реконструкција на спортско игралиште во населеното место Кадино, поточно во дворот на основното училиште „Ристо Крле“. Со оваа реконструкција е предвидено поставување на нова заштитна ограда, осветлување со нови столбови и рефлектори, како и изработка на подна бетонска плоча. На ова ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио нема да учествува на разговорите во Лондон со цел да се стави крај на војната во Украина, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус. По разговорот со својот британски колега, на социјалната мрежа Икс Рубио најави дека ќе го одложи патувањето и ќе го посети Обединетото Кралство во наредните месеци. Разговорите ќе продолжат, а на нив ќе присуствува и пратеникот на претседателот Доналд Трамп за ...

Телото на папата Франциско утрово ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар. Церемонијата започнува во 9 часот, соопшти Ватикан. Телото на папата моментално е положено во ковчег во капелата на Домот Света Марта, каде што живеел за време на неговото папство. Ватикан вчера соопшти дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот на плоштадот Свети Петар. Тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим. На ...

Илјадници католици присуствуваа на молитвата за папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан во знак на почит на поглаварот на Римокатоличката црква кој почина во понеделникот. Голем број новинари се собраа во близина на плоштадот, кампуваа да ги следат случувањата околу погребот на папата. Thousands pray for Pope Francis in St. Peter’s Square pic.twitter.com/wm6VVNCC51 — Catholic Arena (@CatholicArena) April 21, 2025 Папата Франциско ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. „Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите“, велат од МВР. Секторот за ...

Изминуваат 37 дена од трагедијата во Кочани, а наместо вистинска правда и одговорност сведоци сме на селективна истрага и молк за одговорноста на актуелните функционери од ДПМНЕ и началниците кои ги има поставено Тошковски, истакнуваат од СДСМ. Како е можно истрагата целосно да ги игнорира службениците, началниците, раководителите на различни позиции во СВР Штип и ОВР Кочани кои на 16 март 2025 година – на денот на пожарот – имале директна ...

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно ги обединуваме сите капацитети и нема пречка што не можеме да ја совладаме, оцени денеска Венко Филипче, претседателот на СДСМ на дебатата на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027. Тој во своето обраќање на отворањето на дебатата истакна дека ...

Годинава католиците и православните христиjaни го слават Велигден на ист датум. Во текот на изминатите десет години, неколкупати заедно го прославивме Воскресението Христово. Екипа на БГНЕС го посети селото Б’рдарски Геран, основано на крајот на 19 век од Бугари католици од Банат. Тие се враќаат во својата историска татковина по речиси 200 години живот во Австриската империја. Тие со себе го донеле и својот начин на живот и култура во кои имало ...

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари. „Враќањето на „Скопски саем“ во сопствен објект ...

Светските државници го најавуваат своето присуство на погребот на папата Франциско, а американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата мрежа Truth Social објави дека планира да патува во Ватикан со сопругата Меланија на погребот на папата Франциско. „Меланија и јас ќе присуствуваме на погребот на папата Франциско во Рим. Со нетрпение очекуваме да бидеме таму“, рече Трамп, пренесува лондонски Гардијан. Францускиот претседател Емануел ...

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на Телеграм градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази. „Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението. Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа ...

Висок палестински функционер вклучен во разговорите за прекин на огнот изјави за Би-Би-Си дека Катар и Египет предложиле нов план за ставање крај на војната во Газа. Според изворот, предлогот предвидува прекин на огнот за период од пет до седум години, ослободување на сите израелски заложници во замена за палестинските затвореници, официјален крај на војната и целосно повлекување на израелските сили од Газа. Наскоро се очекува во Каиро да ...

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер. Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза. Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со ...

Украина стои зад својот предлог да не се напаѓа барем цивилната инфраструктура и очекува јасен одговор од Москва, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој истакна дека Русија го отфрлила не само американскиот предлог за целосно и безусловно примирје, туку и вчерашниот предлог – „предлогот за продолжување на активностите насочени кон мир по Велигден“. Тој истакна дека руските напади продолжиле и денес по целата фронтова ...

Кина погуби маж за убиство на 10-годишно јапонско момче во септември минатата година, соопшти јапонската амбасада во Пекинг, пренесува Би-би-си. Жонг Чангчун беше осуден на смрт во јануари откако избоде момче кое одеше кон јапонско училиште во градот Шенжен, во југоисточна Кина. Тој случај ги потресе двете земји и дополнително ги подигна дипломатските тензии, со сомневање дека станува збор за ксенофобичен напад. „Јапонската влада го смета ...

Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени, додека останатите 16 не стигнаа до целите. Регионите на Одеса и Киев беа нападнати во текот на ноќта, а во утринските часови започнаа нова непријателска акција, соопшти денеска Авијацијата на вооружените сили на Украина, пренесува УНН. Според извештајот на Авијацијата на вооружените сили на Украина, Русите синоќа нападнале со 54 нападни беспилотни летала (UAV), а ...

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со бројаница во рацете, митра на главата и облечен во црвена литургиска одежда, ден откако почина од последиците од мозочен удар во неговиот дом. Телото на папата Франциско се уште се наоѓа во неговиот дом Санта Марта, каде што тој се опоравуваше откако помина повеќе од еден месец во римската болница Гемели поради ...

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Британскиот премиер Кир Стармер и неговиот колега од Нов Зеланд Кристофер Луксон се очекува да се договорат за продлабочување на одбранбените и безбедносните врски, вклучително и зајакнување на поддршката за Украина, кога ќе се сретнат утре, соопшти канцеларијата на Стармер. Лидерите ќе можат да ја видат работата на војските на двете земји кои ги обучуваат украинските сили во југозападна Англија, соопшти канцеларијата на Стармер, а Луксон се ...

Патниците биле принудени да го напуштат авионот на Делта откако се запалил мотор додека авионот бил паркиран на асфалтот на меѓународниот аеродром Орландо во Флорида, јавува Би-би-си. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа чад и пламен кои доаѓаат од десниот мотор и патниците кои излегуваат од авионот на надуени тобогани за евакуација. Летот 1213 на Делта требаше да тргне од Орландо, познат по Дизни Ворлд, за Атланта, со речиси 300 ...

Папата Франциско вчера, на Велигден, за последен пат се појави пред верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан и на собирот накратко им посака: „Драги браќа и сестри, среќен Велигден“. Излезе во инвалидска количка и од балконот на базиликата Свети Петар им мавташе на илјадниците насобрани верници кои го поздравија со голем аплауз. “Good morning and happy Easter.” The moment Pope Francis appears at the balcony overlooking St. Peter’s Square ...

„Одењето со глава во ѕид од страна на СДС, веќе можеме да го приметиме по коментарите од бугарските власти дека уставните измени не се последно нивно барање. Иако секојдневно, од СДС како да не пратат вести и коментари од Бугарија, продолжуваат со нивниот безобразен ПР каде што велат дека со спроведување на уставните измени, влегуваме во ЕУ, а знаеме дека не е воопшто така“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Министерот за надворешни работи на Бугарија, ...

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија. Ова е дното, ова е институционалната негрижа за културата, за културните работници и за нашето културно наследство“, велат од СДСМ. „Сака ли ДПМНЕ македонските свети места да завршат во туѓи портфолија само за некој лично да ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
22%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
5.14
30%
1015
weather icon

Загреб

33ᴼ / 31ᴼ
3.6
33%
1014
weather icon

Софија

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
30%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.44
21%
1015
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 23ᴼ
2.57
83%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
6.17
48%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
65%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
24%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
5.14
29%
1017
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
1.03
30%
1016
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
11.32
57%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088