Американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц повторно ќе отпатуваат во Саудиска Арабија на разговори со руската делегација за прекин на огнот во руската војна против Украина, а разговорите ќе започнат в недела во Џеда, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф, неколку часа по телефонскиот разговор меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин. ...

„Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста. Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни ...

„Во овие тажни часови за сите нас, страшна вест ми стигна од Куманово. Животот на еден млад човек беше скратен на својот врв. 32-годишниот се викал Ведат Адеми“, објави на социјалните мрежи, министерот за здравство, Арбен Таравари. „Јас сум на првата линија на кочанската трагедија и срцето ми е скршено деновиве, а за Ведат беше уште еден удар… Изразувам сочувство до семејството! Ја чувствувам болката на неговиот татко, кој со свои нозе го однел ...

Facebook статус на Ивон Величковски Затоа што не можете да ги контролирате нивните информации? Приведувајќи дописници глумите “суверена држава”? Држава на која половина пациенти од Кочани и се лечат во странство не е суверена држава. Глумите дека ја имате состојбата под контрола? Вие сте под контрола на корупцијата и олигархијата. АНБ испрашува странски новинари? Не се зборува на англиски со фалсификувани сертификати. Не ја срамете веќе земјата ...

Ажурирана листата на контакти за 24/7 поддршка на граѓаните и семејствата на македонските граѓани кои се испратени на лекување во странство, објави на Фејсбук страницата министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Дежурни телефонски броеви во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се: 075/273-732 и 075/268-736. Во продолжение се телефонските броеви на дежурните контакти во странство, каде што се ...

Над 500 граѓани во Бугарија дарувале крв за повредените Кочани од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Ова го соопшти бугарскиот Црвен крст за агенцијата БТА. Сепак, многумина се прашуваат дали собраната крв ќе биде доволна за сите повредени. Затоа, организаторите апелираат до граѓаните да продолжат со дарувањето до крајот на неделата. Инаку, секоја капка крв може да направи разлика за нечиј живот. Крводарувањето се одржува во две клучни ...

Министерството за здравство информира дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. На Клиника за пластична хирургија во моментот се хоспитализирани – 10 пациенти, На Клиника за токсикологија – 10, На Торакална – 4, на трауматологија – 2, на Детска хирургија – 4, на КАРИЛ – 13, На Клиника за пулмологија – 2, Во ГОБ 8 септември -17, Во Хируршка ...

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а преку транспарентите кои ги држеа во рацете, упатија и пораки против корупцијата. „Лесно запалива држава“; Немаше да има крв ако се е по закон“; „Нивниот единствен грев е што беа родени во коруптивен систем“, гласеа дел од пораките. Собирот почна со 16 минутен молк за трагедијата што ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на дронови дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со нив на територијата на градовите Кочани и Штип. „Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја“, велат ...

Со едноминутно молчење и држејќи ги телефоните со вклучени батериски ламби, толпата го оддаде споменот на загинатите. Луѓето носат плакати на кои пишува: „Корупцијата пали, невините горат“, „Нашата младина изгоре во котелот на корупцијата“, „Криминалци има во секоја земја, само кај нас криминалците имаат своја земја“ итн. Протестот е спонтан и не е организиран од партии. Протестот продолжува и повеќе луѓе се приклучуваат. Во исто време протест ...

Со 16 минути молк, солзи во очите, наведнати глави и огромна тага почна собирот во Скопје, по трагедијата со настраданите во пожарот во Кочани. Молкот од 16 минути, симболично го означи 16 март – датум кој со црни букви ќе остане врежан во колективната меморија, кога се случи пожарот кој однесе 59 животи, а со поврди се здобија 190 луѓе од кои 20 деца. Собраните носеа транспаренти на кои пишуваше „Не сте сами“, „Лесно запалива држава“, „Немаше ...

„Изминатиов ден лично се сретнав со роднините на пациентите примени во Пирогов“, соопшти директорот на болницата д-р Валентин Димитров, јавува БГНЕС. „Деветтиот пациент примен во болницата Пирогов е сестра на еден од интубираните пациенти – 15-годишно девојче со тешки расекотини на подлактицата. Видовме дека детето има проблем, го испративме во тимот на проф. Маја Ѓурова каде е примена со длабоки изгореници и останува на лекување во Пирогов“, ...

На територија на државата извршени се околу 50 контроли во текот на 16 и 17.03. 2025 година во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор. Согласно овие контроли на увид се приложени лиценци за вршење на угостителска дејност коишто се со важност и тие се 22 на број на цела територија на државата, но има и 15 лиценци коишто се со истечена важност. ...

Две од настраданите лица во пожарот во Кочани, кои се примени во бугарските болници, се екстубаирани и имаат големи шанси за закрепнување. Ова го изјави министерот за здравство на Северна Македонија, Арбен Таравари, јавува БГНЕС. Министерот Таравари заедно со неговиот бугарски колега доц. д-р Силви Кирилов и министрите за надворешни работи Георг Георгиев и Тимчо Муцунски денеска ја посетија болницата Пирогов каде се згрижени вкупно девет жртви ...

Направивме навистина една навремена евакуација на настраданите, би рекол повеќето деца, и тие беа сместени во бугарски медицински установи пред да почне евакуацијата на другите повредени, изјави министерот за здравство на Бугарија, Силви Кирилов. – Никогаш не размислувавме дали ќе помогнеме или не. Првата и единствена реакција и мисла беше како и како што побрзо да се организира евакуацијата и да се создадат идеални услови за транспорт на вакви ...

Обвинителството ја продолжува истрагата за пожарот во Кочани. Во притвор се 16 осомничени, а ќе се бара притвор за уште едно. „И во текот на денешниот ден, со цел координација на активностите, во Кочани е и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски. Врз основа на обезбедените докази, се испитува улогата на 16 лица за кои обвинителството побара и обезбеди мерка 48-часовен притвор. Претрес денеска беше извршен и во ...

Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекти за кабаре со лиценца од вкупно 13 објекти, 8 со истечена, 3 немаат никаква лиценца, посочи на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева. „Во Куманово 3 објекти со важечка лиценца. Во Струмица има 4 лиценци од кои еден објект со истечена лиценца. Во Прилеп два објекти , и двата со истечена лиценца за кабаре или ноќен ...

Погребите на 59 настрадани во пожарот во Кочани ќе биде во четврток, 20 март, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион. „На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен ...

Разрешувањето на раководните лица во Кочани и Штип и нивна замена со службеници во Скопје, е со цел процесот да се одвива без притисоци, сомнежи или влијанија, објасни министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција. Тошковски претходно во текот на денот донесе одлука за разрешување на пет началници, еден помошник-началник и еден командир од полицијата во Кочани и Штип. „Во моменти како овие, клучно е инситуциите да работат ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели дека тој е целосно празен и немало никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката. Претходно се појавија информации дека постоела опасност од разорна експлозија поради резервоарот кој се наоѓал блиску до местото на трагедијата. Од Обвинителството во текот на денот објавија дека ...

Досега за случајот со пожрот во Кочани се приведени 18 лица во СВР Штип и СВР Скопје, а задржани се 16 лица, од кои последното се товари за тешки дела против општата сигурност во врска со предизвикување на општа опасност. Лицето е потписник на основен проект за издавање на кабаре клуб – еден од документите потребни за да биде ставена дискотеката во функција. Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција. Тој ...

Македонската православна црква упати повик по ужасната трагедија која се случи во Кочани. “Возљубени во Господа, Минува третиот ден од ужасната трагедија во која животите ги загубија 59 невини наши млади чеда, а над стотина се здобија со тешки повреди. Оттогаш, Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви за исцеление на повредените, како и за ...

Како што истакнуваат од српскиот Завод за трансфузија на крв во Белград, резервите на крв во моментот се стабилни и доколку има потреба од трансфузија кај пациентите што беа повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а кои беа пренесени во Белград и моменно се на Ургентниот центар на КЦС, ќе бидат згрижени. „Кога станува збор за повредените во пожарот во Кочани, што се однесува до крвта, тие се згрижени. Би сакала да забележам дека за такви ...

Лекувањето на повредните во пожарот во Кочани не е битка од 72 часа туку процес кој ќе трае со недели или месеци, рече денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Здравствените власти почнуваат подготовки за следните фази неопходни за лекување на сите повредени. „Денеска ќе пристигне тим од Британија кој ќе треба да ни помогне да се подготвиме за следната фаза, рехабилитација на пациентите. Веќе мора да размислуваме ...

Погребите на 59 настрадани во пожарот во Кочани ќе биде во четврток, 20 март, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион, јавува МКД.мк. „На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени ...

Лекарската комора ја поздравува „навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани“. Овој начин на организација, според нив е клучeн зa пациентите да добијат вистинска шанса со соодветна и високо стручна медицинска помош да ја надминат тешката здравствена состојба во која се наоѓаат. Оценуваат дека ...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, денеска оствари комуникација со министерот за надворешни работи на Белгија, Максим Прево, во врска со трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица. Министерот Прево изрази искрено сочувство и ја истакна посветеноста на Белгија да помогне во надминувањето на ситуацијата, нагласувајќи дека тимовите за брза интервенција B-FAST, вклучувајќи медицински персонал, веќе ...

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Оваа информација денеска ја потврдија и од Обвинителството. „При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат, информираа од Обвинителството. Од таму соопштија и дека до овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 ...

Министерот за правда, Игор Филков се потпиша во книгата на жалост, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод трагичниот настан во Кочани. ,,Изразувам длабоко сочувство за трагично загубените млади животи во Кочани. Оваа несреќа нè потресе сите, оставајќи неизмерна болка и тага. На повредените, кои се згрижени во болниците во земјата и надвор од неа, им посакувам брзо и целосно закрепнување. До граѓаните ...

Министерството за внатрешни работи со известување до граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда. Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
6.17
39%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
7.72
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
49%
1023
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
42%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.28
33%
1014
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
54%
1023
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.81
40%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
28%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
12.35
29%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
55%
1014
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
5.14
40%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
100%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74