
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина веќе недела дена како го покренавме прашањето за златната виза за Дубаи на Венко Филипче, по примерот на неговиот надреден и духовен водач, Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нашите дилеми и прашања, по однос на златната виза, јавно ги покренавме и прашуваме дали е точно дека Филипче ја поседува и ако да, на кој начин ја ...
„На протестот што го организираа семејствата на трагично загинатите млади во Кочани, пред два дена, беа изнесени шокантни информации кои досега не беа демантирани, ниту објаснети од надлежните институции. Родителите на жртвите јавно поставуваа прашања за улогата на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ и МВР. Овие прашања го поставуват Министерството за внатрешни работи во центарот на одговорноста“, велат од ДУИ. „Затоа, Демократската унија за ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја напушта коалицијата Вреди. Тој истакна дека останува член на партијата Алтернатива и дел од коалицијата Вреди, истовремено потенцирајќи дека како собраниски спикер ќе продолжи да ги извршува своите обврски согласно уставните надлежности. „Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме ...
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на денешната изјава на СДСМ, оценувајќи ја како „дрзок обид за дефокусирање на јавноста“ токму на големиот христијански празник Велигден. „СДС денес, кога се слави Велигден, повторно се обидува дрско да го пренасочи вниманието од катастрофалното наследство што ѝ го остави на Македонија во културата. Јавноста добро памети кој ја газеше културата, кој ја претвори во мрежа на партиски вработувања и кој го ...
Последниот број на списанието на Македонската младинска организација „Јордан Ѓурков“ во Горна Џумаја излегува само 2 дена пред пучот на 19 мај. Македонската младинска организација „Јордан Ѓурков“ е михајловистичка легална организација на македонските Бугари, основана во Горна Џумаја, округ Петрич, Пиринска Македонија во 30-тите години на минатиот век. Го носи името на големиот македонски револуционер, окружен полномошник на ЦК на ВМРО за ...
Д-р Милен Врабевски, основач и прв човек на Фондацијата „Бугарска памет“, гостуваше во емисијата „На кафе“ на Нова телевизија, каде што со водителката Гала разговараше за бројните активности на фондацијата. Тој ja нагласи важноста на заедничките чествувања и сослужувања на двете цркви во Бугарија и РС Македонија со цел зајакнување на соработката меѓу двете земји. Особен акцент беше ставен на иницијативите со децата од Мал Монмартар Битола и ...
Бугарската државна агенција „Архиви“ синоќа отвори изложба посветена на стогодишнината од атентатот во храмот „Св. Неделя“, кој се случил на 16 април 1925 година. Експозицијата е поставена во Централниот државен архив во Софија и содржи архивски документи, фотографии и материјали поврзани со овој трагичен историски настан, јавува БГНЕС. Целта на изложбата е да ги осветли историските околности околу атентатот, организиран од Бугарската ...
Две лица загинаа во престрелка што се случи на Велика сабота во Бад Наухајм, Германија. Страшно злосторство се случило во мирен дел од градот, пред станбена зграда. Според полицијата, двајца мажи се убиени, а убиецот е во бегство. Според очевидци, прво се слушнале истрели, а потоа непрекинато се слушале врисоци – набрзо потоа двајца мажи лежеле мртви. Еден човек кој бил во посета на своите родители ги раскажал за Билд драматичните моменти веднаш ...
Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје, на крстосницата кај улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 19 април околу 21:15 часот, кога патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од 18-годишниот А.Н. од Скопје, се судрило со ...
Полициски службеници од ОВР Крива Паланка вчера го привеле 47-годишниот Т.М. од Крива Паланка, откако бил фатен како управува со „БМВ“ со дупло повисока брзина од дозволената на патот кон селото Гиновце. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, возачот бил застанат во 11:30 часот, откако полициска патрола регистрирала дека се движел со 142 километри на час, на дел од патот каде максималната дозволена брзина е 70 километри на ...
Педесет и деветгодишен возач од струшкото село Ливада бил лишен од слобода откако со своето возило извршил опасно престигнување на магистралниот пат Гостивар–Кичево, во близина на каменоломот. Како што информира МВР, на 19 април 2025 година околу 12:10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го запреле и привеле лицето Ф.С. (59), кој управувал патничко моторно возило „фолксваген“ со струшки регистарски таблици. „Возачот ...
Дваесет и осумгодишен жител на Неготино бил лишен од слобода откако украл автомобил од свој сограѓанин, а потоа, возејќи под дејство на алкохол, излетал од коловозот на локалниот пат кон селото Курија. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 20 април 2025 година околу 04:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го уапсиле С.Д. (28), кој неовластено присвоил патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ...
Опозициската СДСМ остро ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за, како што велат, „груб и срамен удар врз културните работници“, токму во пресрет на големиот христијански празник Велигден. Според партијата, наместо со зголемени плати како што било договорено во Колективниот договор од 2021 година, вработените во културата велигденските празници ги дочекаа без ниту денар на сметка. „Од мартовската плата требаше да започне корекција на ...
Од платформата Вреди наскоро ќе произлезе нова политичка партија, која ќе настапи обединето на претстојните локални избори. Како што најави вицепремиерот и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, процедурите за формирање на новиот политички субјект ќе започнат веќе следната недела. „Граѓаните испраќаат јасна порака – сакаат единствена, организирана и координирана понуда. Јавно велам: не е важно кој ќе биде претседател, важно е идејата да ...
Во раните утрински часови во саботата, 25-годишниот В.С. од Росоман бил лишен од слобода откако со автомобил излетал од патот и удрил во бандера на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Како што соопшти МВР, инцидентот се случил околу 02 часот по полноќ, кога В.С. управувал патничко возило марка „мерцедес“ со кавадаречки регистарски таблички. Возилото излетало од коловозот, при што завршило во улична бандера. По преземените мерки од страна на ...
На Велигден имало пукање пред хотелот Хилтон во Берлин. Според првичните информации, најмалку едно лице е повредено. Пукањето се случило околу пет часот наутро, а засега не се знае кој бил мотивот за пукањето и колку точно истрели биле испукани. Според медиумите, најмалку едно машко лице е повредено. Првите податоци од истрагата покажуваат дека во престрелката учествувале најмалку двајца напаѓачи. Портпаролот на берлинскиот полициски оперативен ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, упати велигденска честитка до граѓаните од христијанска вероисповед, со порака за надеж, обнова и заедништво. „Во овие светли денови на радост и духовна обновеност, дозволете ми од свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија да Ви ги честитам Велигденските празници. Велигденската порака е порака на надеж и обнова“, се наведува во пораката. Гаши ...
Пет лица се удавија, а две се водат за исчезнати откако огромни бранови погодија делови од Австралија на почетокот на велигденскиот викенд, јави денеска Би-би-си. Во водата кај Татра во јужниот дел на Нов Јужен Велс денеска е пронајдено машко тело, а вчера маж (58) и уште двајца мажи беа пронајдени мртви во одвоени инциденти во таа австралиска држава. Спасувачите трагаат по маж кој беше однесен во морето во близина на Сиднеј. Жена се удави ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во рамки на својата посета на Рим оствари кратка средба со папата Франциск во папската резиденција Каза Санта Марта, објавија американските медиуми. Според извештаите, средбата се одржала во период на затегнати односи меѓу Ватикан и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пред сè поради контроверзните антиимиграциски мерки и драстичното намалување на меѓународната помош. Венс, кој ...
По нестабилностите од претходните денови, денес ќе има стабилизација на времето во целата држава. Ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, што нема значително да влијае на пријатниот временски амбиент. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, што дополнително ќе придонесе за благи и пријатни температури низ земјава. Временските услови ќе бидат погодни за активности на отворено, прошетки и патувања. Минималните утрински ...
Православните верници денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник – Велигден, денот на Христовото воскресение, кога, според верата, Исус Христос ја покажал својата божествена сила победувајќи ја смртта. Воскресението Христово беше објавено на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, а денеска продолжуваат воскресенските литургии низ целата земја. Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, ...
Периодот од 9 до 11 мај ќе донесе вистинска магија на плоштадот „Македонија“ во Благоевград. Мајстори од 12 бугарски градови ќе ги покажат своите вештини на традиционалниот фестивал „Занает фест“ во најголемиот град во југозападна Бугарија. Предвидена е богата програма, што ќе ја прикаже убавината на танцот, приближувајќи ги традиционалните ритми до срцата на публиката. Во програмата на фестивалот ќе биде прикажана изложбата „Родова памет“ на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на СВР Охрид и Полициската станица за граничен премин „Св. Апостол Павле“ на која се наоѓа Аеродромот во Охрид. Како што информираат од МВР, Тошковски од посетата констатирал дека има зголемување на патниците на овој граничен премин, како и на сите гранични премини во рамки на Регионалниот центар – Запад. За разлика од лани, има за околу 20 проценти зголемен број на ...
Оригиналниот напис со спомените на револуционерoт од ВМРО Пане Попкоцев од село Ваташа, Кавадаречко за неговото учество во Тиквешкото востание од 1913 година. “По повод писаното в брой втори от Иван Ил. Манев, считам за мой дълг да дам по-обширно пояснение за това силно и славно по дух възстание, както и моралното му политическо значение в историята на македонския българин, специално за бунтовническия дух на тиквешкия българин. Датата юний 1913 ...
Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е ...
Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април. Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица од кои тројца за време на ...
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени. Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените. – По насоки на ...
Оваа година и православните и католичките верници го слават Велигден на ист ден – 20 април. Ваквото поклопување не се случува често, бидејќи источната и западната црква користат различни календари (јулијански и грегоријански), но годинава датумите се совпаѓаат. Двата најважни празници во христијанството се Божиќ и Велигден, денот на раѓањето и денот на воскресението на Исус Христос. Датумот на Божиќ е утврден – тоа е 25 декември, и во ...
Платите на наставниците и директорите во основното и средното образование од овој месец се зголемени за 7% и ова е второ зголемување во мандатот на актуелната Влада, откако претходно во октомври 2024 година беа зголемени за 5%. Повеќе никој не зема плата под минималната, како што беше тоа случај во минатото со техничкиот персонал, соопшти Министерството за образование и наука. Реакција на МОН како што велат е поттикната од лагите кои денеска ги ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Дојран и Богородица време на чекање за излез е 10 – 15 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е 20 – 30 минути. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...