Заврши распитот на кочанскиот градоначалник, Љупчо Папазов, кој претходно денес поднесе оставка поради трагедијата во која загинаа 59 млади луѓе во нелегалната дискотека на концертот на групата ДНК. „Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката“, информираа ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари, упати апел до медиумите да не објавуваат фотогрфаии и снимки од повредените во нивните најранливи моменти. „Во овие тешки моменти, наш најголем приоритет е грижата за повредените и поддршката за нивните семејства. Длабоко ја цениме вашата посветеност во информирањето на јавноста и ви благодариме за покажаната солидарност и одговорност. Сепак, во духот на емпатијата и етичките стандарди, ве молам за ...

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а пlнатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки. Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа: Клинички центар – 52 ...

Петмина штипјани загинаа, а четворица се борат за живот во болниците во земјава и странство по страшниот пожар во дискотеката во Кочани, информираше на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. „За моите пријатели, соработници, познаници… За Филип, Александар, Дамјан, Александар и Филип. Прерано го напуштивте овој свет, во кој што творевте, создававте и летавте низ убавините на животот“, напиша градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. „Нашиот град ...

Вкупно 12 пациенти попладнево пристигнаа во Белград од Македонија. Сите се тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Авион со пациенти од Северна Македонија слета на аеродромот во Батајница попладнево, по што следеше трка со времето. Пациентите со амбулантни возила биле превезувани во болниците. На влезот во Ургентниот центар медицинскиот персонал беше подготвен да ги прими пациентите. Лекарскиот тим веднаш реагирал, ...

Студентското собрание на УКИМ се извини за говорите на ректорката и министерката за образование на денешниот протест, што предизвика незадоволство кај дел од собраните студенти. „Универзитетското студентско собрание при УКИМ испраќа јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан. Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој ...

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво и мака за тие што не можев тие да ги спасам. Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата на починатите. Голем дел од нив се мои пријатели и другари кои на сопствени раце ги извадив. Не знаете на мене како ми е, ама тоа е“, кажа Боев. Тој одговори дека гневот во Кочани не е кон нив. „Луѓето што ...

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски вечерва се донесени во судот во Кочани каде што ќе дадат исказ пред судија на претходна постапка во врска со трагедијата во дискотека „Пулс“. Во судот покрај нив влезе уште едно лице, а во исто време излезе друго, со лисици на рацете и со покриено лице. Распитот на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани кој си поднесе ...

Здружението „Кој е следен“ повика на протести утре во 18 часот, на плоштадите низ триторијата на целата држава поради жртвите од пожарот во дискотеката која нелегално работела. Од „Кој е следен“ велат дека во овие траорни денови, Македoнија повторно треба да биде заедно и да си даде утеха. „Ги повикуваме сите луѓе низ цела Македонија, утре во 18 часот да се соберат на плоштадите во своите градови и да не поминуваат низ овва сами. Повикуваме во ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кои се разговараше за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн. Од неговиот кабинет информираат дека во текот на утрешниот ден започнува ...

Гробиштата во Кочани се прошируваат поради големиот број починати во пожарот од дискотеката „Пулс”. Жртвите ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта. „Ројтерс“ објави видео од багерите кои веќе се на терен и ги копаат гробните места. Претходно, од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските ...

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот го загубија вкупно педесет и девет млади луѓе, а повеќе од 100 лица се повредени. Низ улиците се слуша плач, тага, но и гнев кон системот кој повторно потфрли, дозволувајќи со години, без лиценца, младите луѓе да се забавуваат во руиниран објект кој нема никакви безбедносни гаранции. На денешниот протест се бараше ...

Граѓаните кои протестираа во Кочани неколку часа за смртта на 59 лица во дискотеката „Пулс“ фрлаа јајца кон куќата на градоначалникот Љупчо Папазов. Тој пак преку социјалните мрежи претходно објави дека поднесува неотповиклива оставка и побара надлежните да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани во случајот. Граѓаните пак на денешните протести револтирани бараа одговорност за смртта на невините луѓе а полицијата се обидуваше да ги смири ...

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, со лисици на рацете, придружван од полицајци од полициската станица во Карпош ќе биде превезен во Кочани, каде ќе треба да даде исказ пред судија на претходна постапка. Претходно државниот обвинител, Љупчо Коцевски, информираше дека за Бектеши и уште 13 лица ќе се бара краткотраен притвор. Издавањето на лиценца за дискотека е под надлежност на Министерството за економија. Дискотеката „Пулс“ ...

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија, Крешник Бектеши. Државниот обвинител, Љупчо Коцевски информираше дека во моментов и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка, е во зградата на Обвинителството и дава исказ. Тој рече дека обвинителскиот тим е проширен на 9 јавни обвинители, кои интензивно постапуваат со обезбедување ...

Денеска на Клиниката за пластична хирургија во посета на повредените пациенти од пожарот во Кочани беа министерот за здравство, Арбен Таравари заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претставници на кризниот штаб. „Денеска ги посетив повредените од трагичниот пожар во Кочани и присуствував на состанокот на кризниот штаб на Министерството за здравство. Им изразувам огромна благодарност на здравствените работници за нивната ...

На денешниот собир пред платото на УКИМ, на кој присуствуваа илјадници студенти со цел да оддадат почит за жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочевме на груба злоупотреба на болката и тагата на граѓаните од страна на институциите, реагираат од Студентскиот отпор. „Наместо 7-минутен молк и достоинствено оддавање на почит, како што бараа студентите, ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, и министерката за образование и ...

Службата за општи и заеднички работи изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани и изразува поддршка за истрајност и верба за поскоро опоравување на хоспитализираните. Ги повикуваaт семејствата на жртвите кои се лекуваат во странство и имаат потреба од превоз или сместување, да се обратат на бројот 070-270-370. Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт ...

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел од групата упадна и во кафулето „Класик“ кое е во истата сопственост на нелегалната дискотека и го демолира. Претходно, пред општинската зграда, голем број граѓани на Кочани се собраа и побараа правда за жртвите. Го повикуваа градоначалникот, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка да излезе од зградата, а дел од присутните маваа со ...

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел од групата упадна и во кафулето „Класик“ кое е во истата сопственост на нелегалната дискотека и го демолира. Претходно, пред општинската зграда, голем број граѓани на Кочани се собраа и побараа правда за жртвите. Го повикуваа градоначалникот, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка да излезе од зградата, а дел од присутните маваа со ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипле, изјави дека трагедијата во Кочани не смее да се користи за политички пресметки кога народот треба да е обединет. Тој уверува дека како опозициска партија нема да дозволат некој што е одговорен да биде поштеден, и ќе следат процесот да се движи во праведна насока. „Никој не смее да биде поштеден. Трагедијата е преголема, и ако постои најмала индиција дека некој се штити тоа ќе биде удар за целото општетство“, ...

Денеска се одржа Вонредна седница на Совет на општина Куманово со една точка на дневен ред – “Предлог – Одлука за доделување на парична помош од буџетот на општина Куманово по трагичниот настан предизвикан од пожарот во дискотеката во Кочани кој се случи на 16.03.2025 година”. По едноминутно молчење, во знак на почит кон настраданите во дискотека во Кочани, едногласно беше усвоена Предлог – Одлуката за доделување на парична помош од буџетот на ...

Собранието од 18 март во 10 часот ќе отвори Книга на жалост за загинатите во огромната несреќа во Кочани. Книгата на жалост е отворена за сите граѓани во следните 6 дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот. Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез – од страната на АРМ. Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои ...

Владата на Босна и Херцеговина на денешната итна седница донесе одлука со која 18 март 2025 година го прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Северна Македонија. Оваа одлука е донесена за да се изрази сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата што се случи на 15 март 2025 година во градот Кочани, Северна Македонија, кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар. Денот на жалост се ...

Голем број граѓани на Кочани се собраа денес општинската зграда и побараа правда за жртвите од смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“. Граѓаните извикуваа „Убијци“ и носеа транспаренти со натписи: „Луѓето што имаа задача да не’ чуваат не’ убија“, „Убиството на младината е убиство на иднината“, „Бараме одговорност“. На протестот, граѓаните носеа и фотографии од своите роднини и пријатели кои ги загубија животите на концертот на групата ДНК. Тие ...

Со седумминутен молк точно напладне почна собирот на студентите и учениците од средните скопски училишта пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде денеска се одржа заеднички час во знак на почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани. Тие на платото пред УКИМ палеа свеќи и се потпишуваа во кинагата на жалост. Подоцна заедничкиот час беше прекинат откако на неколку студенти им се слоши и беше побарана ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле Гоцевски кој почина по тешкиот работен ден, превезувајќи ги жртвите од пожарот. „Утрово нè напушти уште едно срце, возачот на Итната медицинска помош од Кочани, Иле Гоцевски, човек кој беше на првата линија на оваа страшна трагедија, човек кој одговори на повикот за спасување, но неговото сопствено срце не издржа. Некои ...

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите млади луѓе во несреќата што се случи во Кочани. Истовремено, информира дека целосно се става на располагање на семејствата на настраданите кои имаат потреба од добивање на правни совети и помош. „За таа цел можат да ни се обратат на телефонскиот број +389 2 3119 073. Во периодот што следува Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ја следи истрагата и ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку многу клубови работат во државата. Како што рече, сите кои се без лиценци ќе бидаат затворени и ниту еден клуб нема да работи нелегално. „Состојбата е шокантана. Не’ очекува многу работа. Очигледно некој не си ја вршел работата и сега се обидува под политизација да ја покрие криминалната работа. Нема да има милост, од која ...

На барање на Владата на Република Северна Македонија, денеска продолжува помошта и евакуацијата на повредените во пожарот во Кочани, соопшти српското министерството за одбрана. „За целите на медицинска евакуација, уште еден авион на српската армија CASA C-295 со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Северна Македонија. Планирано е 12 пациенти да бидат евакуирани со авион. Потсетуваме дека синоќа 12 пациенти кои беа лекувани ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
45%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
8.23
56%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
3.6
54%
1024
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
64%
1019
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
6.54
62%
1015
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
2.06
66%
1024
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
6.17
42%
1010
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
48%
1013
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
6.69
35%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
3.6
70%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
48%
1021
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
61%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74