
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Две лица од Македонија кои беа повредени во пожарот во „Пулс“ во Кочани рано утринава по 4 часот пристигнаа на лекување во Хрватска. Тие се лекуваат на Клиниката за трауматологија на болничкиот центар „Сестра на милосрдието“ во Загреб. Заедно со Грција, Бугарија, Србија и Турција, рака на помош им подава и Хрватска на настраданите во големата трагедија во Македонија, каде што 59 лица загинаа во пожар во дискотека, објавуваат хрватските медиуми. ...
Министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и за здравство Арбен Таравари од Скопје пред кратко време пристигнаа во болницата „Папаниколау“ во Солун за да се информираат за состојбата и здравјето на тројцата пациенти кои здобија со сериозни изгореници по големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На влезот двајцата владини функционери ги прими заменик министерот за надворешни работи Тасос Хацивасилеиу а потоа влегоа во болницата за да се ...
Претседателот Румен Радев изрази сочувство до роднините на загинатите во Кочани, јавува БГНЕС. Претседателот на државата се потпиша во Книгата на жалост во амбасадата на Република Северна Македонија. Тој најави дека Бугарија може да прифати повеќе жртви доколку на Скопје му треба поголема медицинска помош. Бугарија е подготвена и ќе продолжи да помага со се што е потребно. Во моментов чекаме македонската страна да одлучи дали има потреба да се ...
Фотографиите на српскиот претседател Александар Вучиќ со повредените од пожарот во дискотеката во Кочани предизвикаа бран негодувања на социјалните мрежи, како во Србија, така и во Македонија. Вучиќ на своите лични профили на социјалните мрежи објави фотографии од тоа како ги посетил пациентите повредени во пожарот во дискотека во Кочани, кои се испратени на лекување во Белград. „За нас трагедијата во Кочани е како да се случила некаде во ...
„Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам. Онемев. Ослепев. Оглувев. Оглупавев. Андрејчук, малкумина има како тебе. Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе“, стои во дел од објавата на Игор Џамбазов за својот колега и пријател, Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани. „Пријателе… Немам зборови. Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам. Уште помалку да пеам. Онемев. Ослепев. Оглувев. Оглупавев. Снеможев. ...
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -8 степени, -4 било во Крушево и Маврови Анови, -1 во Берово, 0 во Крива Паланка, Прилеп, Охрид, Битола, Тетово, Куманово и Претор, 1 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во Штип, Виница, Велес и Струмица, 3 во Скопје-Петровец, 4 во Кавадарци, 5 во Демир Капија, 6 во Гевгелија. Наврнат воден талог во изминатите 24 часа (во l/m2) 9 Охрид, Маврови Анови, 6 Крушево, 5 Крива Паланка, Берово, Пожаране, 4 ...
Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во спомен на жртвите кои загинаа под трагични околности во градот Кочани, Македонија. Владата на Бугарија изрази сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен, во вторник на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции. Во бугарските болници се згрижени 14 повредени во пожарот, а подготвени ...
Израелската војска соопшти дека рано утринава нападнала цели низ Газа, завршувајќи го повеќенеделниот застој околу продолжувањето на примирјето што ги прекина борбите во јануари, при што палестинското Министерство за здравство извести за најмалку 220 загинати. Нападите беа пријавени на повеќе локации, вклучително и северна Газа и градовите Газа, Деир ал-Балах и Кан Јунис и Рафа во централниот и јужниот дел на Појасот Газа. Официјални лица од ...
Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15 часот, по бугарско време, извести БГНЕС. Министерот ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои беа примени на лекување во главниот град на Бугарија. „Да бидеме внимателни и да им пружиме максимална медицинска помош. Она што зависи од нас е направено целосно. Се надевам дека и земјите кои се наши пријатели и сакаат да ни ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пред телефонскиот разговор со Владимир Путин изјави дека „многу елементи“ од мировниот договор во Украина се веќе договорени со неговиот руски колега. Трамп на платформата Truth Social најави дека утрово ќе разговара со Путин. Тој рече дека иако се постигнати договори за некои прашања, „се уште треба да се договорат многу работи“. Tomorrow morning I will be speaking to President Putin concerning the War in ...
59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16 март околу 3 часот по полноќ, поради што српската влада го прогласи 18 март за Ден на жалост. Државните органи и организации, како и другите правни лица кои го истакнуваат знамето, се должни да го спуштат знамето на Република Србија на половина копје, со соодветно осветлување ноќе. Радиодифузните организации за информирање на јавноста на ...
Лидерот на Хамас рече дека новите израелски воздушни напади врз Газа претставуваат смртна казна за преостанатите израелски заложници. „Одлуката на Нетанјаху да се врати во војна е одлука за жртвување на затворениците од окупацијата и смртна казна за нив“, рече Езат ал Ришк, лидер на Хамас и член на политичкото биро на палестинската група. Како што додаде, „непријателот нема да го постигне со војна она што не успеа да го постигне со преговори“. ...
Во Босна и Херцеговина денеска е ден на жалост поради трагедијата во Северна Македонија, каде минатиот викенд загинаа 59 лица. Одлуката за денот на жалост беше донесена вчера. Владата на БиХ оваа одлука ја донесе вчера на итна седница. Одлуката е донесена да се изрази сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата што се случи на 15 март во градот Кочани, кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар. Денот на жалост се одбележува со ...
Промената во РС Македонија е неизбежна. Општеството сака да го исчисти системот и да бара одговорност. Ова го истакна амбасадорот на Република Северна Македонија во Р. Бугарија Н.Е. Агнеза Руси Поповска, јавува БГНЕС. „Ова не е прв трагичен случај во РСМ, имало и други, но не од такви размери. Македонското општество сака расчистување. Сака промена во работата на институциите“, изјави амбасадорот за bTV. Таа нагласи дека граѓаните бараат ...
Само во првите два часа повеќе од 120 луѓе дарувале крв за настраданите во трагедијата во градот Кочани, јавува БГНЕС. До крајот на неделата на паркингот на болницата „Пирогов“ ќе има шатор на Бугарски Црвен крст (БЦК) каде лекари од „Пирогов“ и волонтери на БЦК ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените млади луѓе. Роднините на жртвите ќе добијат психосоцијална поддршка доколку е потребно и друга помош, врз основа на новите ...
Заврши распитот на кочанскиот градоначалник, Љупчо Папазов, кој претходно денес поднесе оставка поради трагедијата во која загинаа 59 млади луѓе во нелегалната дискотека на концертот на групата ДНК. „Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката“, информираа ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари, упати апел до медиумите да не објавуваат фотогрфаии и снимки од повредените во нивните најранливи моменти. „Во овие тешки моменти, наш најголем приоритет е грижата за повредените и поддршката за нивните семејства. Длабоко ја цениме вашата посветеност во информирањето на јавноста и ви благодариме за покажаната солидарност и одговорност. Сепак, во духот на емпатијата и етичките стандарди, ве молам за ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а пlнатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки. Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа: Клинички центар – 52 ...
Петмина штипјани загинаа, а четворица се борат за живот во болниците во земјава и странство по страшниот пожар во дискотеката во Кочани, информираше на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. „За моите пријатели, соработници, познаници… За Филип, Александар, Дамјан, Александар и Филип. Прерано го напуштивте овој свет, во кој што творевте, создававте и летавте низ убавините на животот“, напиша градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. „Нашиот град ...
Вкупно 12 пациенти попладнево пристигнаа во Белград од Македонија. Сите се тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Авион со пациенти од Северна Македонија слета на аеродромот во Батајница попладнево, по што следеше трка со времето. Пациентите со амбулантни возила биле превезувани во болниците. На влезот во Ургентниот центар медицинскиот персонал беше подготвен да ги прими пациентите. Лекарскиот тим веднаш реагирал, ...
Студентското собрание на УКИМ се извини за говорите на ректорката и министерката за образование на денешниот протест, што предизвика незадоволство кај дел од собраните студенти. „Универзитетското студентско собрание при УКИМ испраќа јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан. Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој ...
Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво и мака за тие што не можев тие да ги спасам. Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата на починатите. Голем дел од нив се мои пријатели и другари кои на сопствени раце ги извадив. Не знаете на мене како ми е, ама тоа е“, кажа Боев. Тој одговори дека гневот во Кочани не е кон нив. „Луѓето што ...
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски вечерва се донесени во судот во Кочани каде што ќе дадат исказ пред судија на претходна постапка во врска со трагедијата во дискотека „Пулс“. Во судот покрај нив влезе уште едно лице, а во исто време излезе друго, со лисици на рацете и со покриено лице. Распитот на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани кој си поднесе ...
Здружението „Кој е следен“ повика на протести утре во 18 часот, на плоштадите низ триторијата на целата држава поради жртвите од пожарот во дискотеката која нелегално работела. Од „Кој е следен“ велат дека во овие траорни денови, Македoнија повторно треба да биде заедно и да си даде утеха. „Ги повикуваме сите луѓе низ цела Македонија, утре во 18 часот да се соберат на плоштадите во своите градови и да не поминуваат низ овва сами. Повикуваме во ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кои се разговараше за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн. Од неговиот кабинет информираат дека во текот на утрешниот ден започнува ...
Гробиштата во Кочани се прошируваат поради големиот број починати во пожарот од дискотеката „Пулс”. Жртвите ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта. „Ројтерс“ објави видео од багерите кои веќе се на терен и ги копаат гробните места. Претходно, од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските ...
Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот го загубија вкупно педесет и девет млади луѓе, а повеќе од 100 лица се повредени. Низ улиците се слуша плач, тага, но и гнев кон системот кој повторно потфрли, дозволувајќи со години, без лиценца, младите луѓе да се забавуваат во руиниран објект кој нема никакви безбедносни гаранции. На денешниот протест се бараше ...
Граѓаните кои протестираа во Кочани неколку часа за смртта на 59 лица во дискотеката „Пулс“ фрлаа јајца кон куќата на градоначалникот Љупчо Папазов. Тој пак преку социјалните мрежи претходно објави дека поднесува неотповиклива оставка и побара надлежните да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани во случајот. Граѓаните пак на денешните протести револтирани бараа одговорност за смртта на невините луѓе а полицијата се обидуваше да ги смири ...
Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, со лисици на рацете, придружван од полицајци од полициската станица во Карпош ќе биде превезен во Кочани, каде ќе треба да даде исказ пред судија на претходна постапка. Претходно државниот обвинител, Љупчо Коцевски, информираше дека за Бектеши и уште 13 лица ќе се бара краткотраен притвор. Издавањето на лиценца за дискотека е под надлежност на Министерството за економија. Дискотеката „Пулс“ ...