Министерството за култура и туризам информира дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно со Закон и Колективниот договор. Причините за доцнењето, според соопштението е заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии. Претходно денеска Синдикатот реагираше дека се оставени без плата за големиот ...

Украинската државна служба за вонредни ситуации објави дека бројот на повредени во утринскиот руски ракетен напад врз Харков се зголемил на 82, вклучувајќи шест деца, додека едно лице е убиено, пренесува Укринформ. Градоначалникот на тој украински град, Игор Терехов, претходно напиша на Телеграм дека 54 лица се ранети во рускиот ракетен напад врз Харков утрово, а дека подоцна тој број се зголемил на 74, додека едно лице е убиено. Исто така, ...

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат. Замената на мерките, како што е појаснeто во информацијата е побарана врз основа на проценка на законските основи за обезбедување ...

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките. Ажурирањето на цените треба да се врши секој ден до 10 часот, а во случај на ненамерна техничка грешка, трговецот е должен да ја корегира грешката во рок од 24 часа. Со ваквиот начин на објавување на продажните цени како што оценуваат ...

Деновите поминуваат но од СДС и Венко Филипче, молк. Иако изминатите неколку дена ги прашуваме да одговорат, дали по примерот на Зоран Заев и неговиот чувар на партиското претседателско столче, Венко Филипче поседува златна виза за Дубаи, одговор нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Или, пак, молчењето и на СДС и на Филипче е потврда за овие дилеми? Јавно познато е дека човек со таков документ, златна виза, може се стекне со инвестиција која достигнува ...

Соединетите Американски Држави ќе престанат да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина во наредните денови доколку нема јасни сигнали дека може да се постигне мировен договор, изјави денес американскиот државен секретар Марко Рубио. Тој посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп е сè уште заинтересиран за постигнување договор, но дека е подготвен да се справи со „други светски проблеми“ ако тоа не биде можно. „Треба да ...

Дрво попладнево падна на улицата Анкарска кај популано именуваниот реон „Млечен ресторан“. Паднатото дрво има оштетено три автомобили. Од Центарот за управување со кризи, информираа дека полицијата е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата. Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера. Известени се надлежните институции за санација на скинатите и откачени ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и италијанскaта премиерка Џорџа Мелони се сретнаа денеска во Вашингтон, каде што ја истакнаа важноста од зајакнување на односите меѓу САД и Италија и најавија склучување на нов трговски договор пред средбата, пишува Би-Би-Си. Трамп нагласи дека „сто проценти ќе има трговски договор“ и ја пофали Мелони како „одличен премиер и вистински светски лидер“. Мелони изрази уверување дека е можно да се постигне ...

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на средбата со европската комесарка за проширување Марта Кос ја истакна потребата процесот на проширување на Европската унија да биде одржлив и неповратен, заснован на реалното исполнување на Копенхагенските критериуми за членство, пренесува БГНЕС. „Дури и кога новите геополитички динамики го нагласуваат значењето на проширувањето на ЕУ, принципот на сопствените заслуги мора да остане водечки во ...

Црвениот крст денеска соопшти дека на апелот за помош на повредените и за семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, а во кој загинаа 62 лица, а повеќе од 100 беа повредени, се собрани над два милиони евра. „Во апелот на Црвениот крст на РСМ, заклучно со 17.04.2025 година собрани се 128.011.651,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани“, соопштија од таму. Денес Црвенот крст изврши ...

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. ...

Полицаецот по кој се трагаше, утрово сам се пријавил во Обвинителството. Тој е меѓу 10-те полициски службеници кои од завчера се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка“, информираат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека во истрагата за пожарот се опфатени 10 полициски ...

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација, соопштија од Јавното обвинителство, по наводите на ДУИ дека еден јавен обвинител се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата. Од Обвинителството наведуваат дека обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и ...

Израелскиот министер за одбрана изјави дека и по завршувањето на војната армијата ќе остане во таканаречените „безбедносни зони“ кои беа воспоставени со окупирање на големи области на Газа, пренесува Би-би-си. Израел Кац рече дека тоа ќе бидат „тампон зони“ кои ќе служат за заштита на израелските заедници „во секоја привремена или трајна ситуација“. Тој додаде дека „десетици проценти“ од палестинската територија биле додадени откако израелската ...

На 16 април, среда, во 21:00 часот на БНТ 1, документарната портретна серија „БНТ претставува“ го прикажа филмот „FORZA MAESTRO“, посветен на прочуениот бугарски композитор и пијанист Виктор Чучков. Овој филм го опфаќа животот и неверојатната кариера на уметникот кој настапувал на најголемите сцени низ светот. „Музиката извира од секоја негова клетка!“ – оваа инспиративна изјава на Енио Мориконе го опишува неспоредливиот талент на Виктор Чучков. ...

Продолжува целосната реконструкција на граничниот премин „Станке Лисичково“ на границата со Република Северна Македонија, информира Главна дирекција „Гранична полиција“ на Бугарија. Од таму додаваат дека транзитот преку преминот се врши преку ограничен број траси поради тековните градежни активности. Трафикот на останатите гранични контролно-пропусни пунктови со Република Северна Македонија е нормален, велат од бугарската гранична полиција. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја продолжува работната посета на Обединетите Арапски Емирати, како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во текот на денешниот ден, беа остварени повеќе средби со претставници на стопанските комори, инвестициски фондови, како и со поединечни претставници на големи корпорации кои изразија интерес за потенцијални инвестиции во ...

Европскиот комесар за проширување Марта Кос утре, на 17 април, ќе биде во официјална посета на Бугарија, јавува БНР. Кос ќе одржи говор на форумот „ЕУ ги среќава Балканите“, кој ќе се одржи во Софија и ќе собере европски лидери, министри за надворешни работи, политичари, претставници на невладиниот сектор и младинци, кои ќе дискутираат за регионалната соработка, интеграцијата на регионот и проширувањето на ЕУ. Марта Кос ќе се сретне со ...

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок со стручни лица од повеќе области со цел планирање и координација на следните активности за обезбедување докази. Иако увидот на лице место формално е завршен, вештите лица кои вршат испитувања и анализи за потребите на постапката, по наредба на јавен обвинител, на лице место преземаат и дополнителни ...

„Многумина пред нас – некои површно, други намерно – пишувале за бугарскиот просветител Климент. Ако ние се зафаќаме да пишуваме за него, тоа го правиме не затоа што располагаме со нови документи, туку затоа што нејасностите во сега познатите извори даваат повод за различни претпоставки и поттикнуваат да се направи обид за барање на историската вистина…“ Академик Иван Снегаров, роден во Охрид, е еден од најзначајните бугарски црковни историчари ...

Последните објавени информации дека се приведени поранешни полициски службеници од кои 5 лица се веќе и пензионирани е уште еден доказ за селективноста на истрагата за Кочани, велат од СДСМ. „Наместо правда, јавноста сведочи дека под палката на Тошковски, истрагата за најголемата трагедија во Македонија станува срамна и недозволива фарса. Како е можно после 30 дена од трагедијата да се бара вина само кај оние полициски службеници за периодот од ...

Незаконските притвори за трагедијата во Кочани се срам за правосудниот систем и уште еден доказ за селективната правда која станува алатка на политичка пресметка, велат од ДУИ. „Станува збор за лица кои, според сите стручни и академски мислења, немаат никаква врска со трагедијата, но сепак се држат во притвор – додека вистинските одговорни, заштитени од владејачката структура, остануваат недопирливи. Со право граѓаните реагираат дека доколку на ...

Од 47 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, само еден е во критична состојба. Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека од двајцата критични пациенти, кај едниот има мало подобрување. Тој додаде дека за утре е најавено враќање на уште еден пациент што се лекува во странство. Министерот информира дека експерти од Велика Британија направиле евалуација за тоа колку време ќе им биде потребно за рехабилитација на ...

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“, по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата за Албанците на Арбан Таравари. Првиот вицепремиер кој е дел од коалицијата, Изет Меџити, одговарајќи на новинарско прашање рече дека по завршувањето на средбата јавноста ќе биде известена за ставот на „Влен“. Ова се случува откако претходно, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, соопшти дека неговата партија ...

„Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи. Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви? Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Колку милиони чини и на кој начин се стекнати? Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека планира да воведе нова програма која ќе им нуди на имигрантите пари за доброволно да си заминат од САД. Трамп изјави дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучува финансиска помош и можност за легален влез во земјата подоцна. „Ќе им дадеме малку пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив. Ако се добри, ако ги сакаме назад, ние ќе работиме со нив за да ги вратиме што е можно ...

Студенти и граѓани во Белград трет ден по ред ги блокираат зградите на Радио Телевизија Србија (РТС) во улицата Таковска и на Кошутњак. Како што објавија студентите на социјалните мрежи, полицијата успеала да ги донесе вработените во зградата на јавниот сервис ова утро. Медиумите објавија и фотографии и видеа од судир односно буткање на насобраните граѓани и полицијата која ја обезбедува зградата. Студентите кои го блокираат РТС тврдат дека ...

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници. Ова беше одлучено доцна синоќа на состанокот на партиското раководство. „Не излегуваме од коалицијата, излегуваме со наши листи за советници. АА одлучи дека во сите општини каде што Албанците се кандидираат, ќе настапи со посебни листи за општински советници. Не може 4-5 луѓе од Влен да одлучуваат за кандидати за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша меморандум кој има за цел да ги спречи недокументираните имигранти и другите неподобни лица да добиваат бенефиции од Законот за социјално осигурување, објави Белата куќа. Некои работници без документи добиваат работа користејќи лажни или позајмени броеви за социјално осигурување и плаќаат во социјалното осигурување, но немаат право да добиваат бенефиции за социјално осигурување според ...

Денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, заедно ја посетија Одеса. Руте ја објави посетата преку својот профил на платформата X, истакнувајќи ја непоколебливата поддршка на НАТО за Украина, јавува Фактор. Тој го осуди неодамнешниот руски напад врз Суми за време на Цветница и нагласи дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзината одбрана и во спречувањето на идни агресии, со цел да ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
22%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
5.14
30%
1015
weather icon

Загреб

33ᴼ / 31ᴼ
3.6
33%
1014
weather icon

Софија

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
30%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.44
21%
1015
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 23ᴼ
2.57
83%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
6.17
48%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
65%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
24%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
5.14
29%
1017
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
1.03
30%
1016
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
11.32
57%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088