Деница Китанова/Актуално Неспорно е дека во последните недели односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија ескалираат поради говорот на омраза против македонските Бугари и Бугарија, палењето на бугарските дипломатски автомобили и неподготвеноста на Скопје да ги исполни критериумите за Европската унија и да ги внесе нашите сонародници таму во македонскиот устав. Сосема е нормално тоа да предизвикува емоции кај секој Бугарин, бидејќи, ...

Бугарската влада го одобри преземање на следниот чекор за реализација на проектот „Набавка на нови трикоординатни радари“, јавува пресцентарот на бугарското Mинистерство за одбрана. Со решението се дава мандат за преговори и потпишување на проектот за набавка според рамковниот договор меѓу Министерството за одбрана на Република Бугарија и Министерството на вооружените сили на Француската Република преку Генералната дирекција за вооружување ...

Министерот за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, кој ќе се одржи на 18 јуни во Брисел, Белгија. За време на форумот ќе се разговара за спроведувањето на најважните одлуки поврзани со одбранбениот и одвраќачкиот потенцијал на НАТО, вклучително и во контекст на подготовките за претстојниот Самит на Алијансата во Анкара, Турција. Во рамките на работните сесии, ...

Бугарското национално радио ги објави новите носители на титулата „Бугарски амбасадор на културата“ за 2025 година на церемонија во Националниот археолошки музеј во Софија. Кампањата се одржува петта година по ред, јавува БГНЕС. Меѓу наградените оваа година се пејачката DARA, историчарката на уметноста д-р Надежда Џакова, главниот диригент на Бугарската армија и раководител на Гардискиот репрезентативен дувачки оркестар, потполковник Ради ...

Во тоа лудило, има ред… William Shakespeare, Hamlet, Polonie, act 2, sc.2. Владимир Перев 1. Во Северна Македонија никој не остана изненаден од информацијата дека 44-годишниот пироман кој ги запали двата автомобила на Бугарската амбасада во Скопје ќе биде испратен на психијатриско вештачење. За некои од поранешните учесници во насилијата пред таа амбасада, одамна требаше да бидат преземени слични мерки. Така барем ќе се спасеа животите на ...

Елисавета Белобрадова Денеска Европскиот парламент го одобри годишниот Извештај за напредокот на Република Северна Македонија, при што целосно застана зад позициите на Бугарија. Можеби за првпат толку непоколебливо. За тоа придонесе и единствената позиција на сите бугарски пратеници во Европскиот парламент, како и интензивното објаснување на нашата позиција во последните години, што, за жал, не се случи навреме и не се случи како што требаше. ...

Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија остро го осуди палењето на возилата на бугарската амбасада во Скопје. „ЕУ остро го осудува палењето на возилата на бугарската амбасада во Скопјe. Го поздравуваме брзото апсење на осомничениот и очекуваме одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. Конструктивната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да продолжи“, стои во пораката објавена на социјалната мрежа X од ...

Иво Иванов Нападите врз бугарската амбасада во Скопје — претходно стакло на официјален влез, сега запалени автомобили, нападот врз доајенот новинар Владимир Перев — почнуваат да потсетуваат на една советска класика на бесмртните Иљја Илф и Евгениј Петров. Во свој расказ сатиричарите опишуваат цело село крај Москва, кое просперирало од инсценирање провокации пред амбасадата на една од прибалтичките републики во советската престолнина. Секој ...

Европратеникот од групата на Европските конзервативци и реформисти, Ивајло В’лчев, изјави за БНР дека сите сакаат Република Северна Македонија наскоро да стане членка на Европската унија, но дека земјата мора да ги исполни преземените обврски. „Ако 20 години се обидувате да добиете возачка дозвола и постојано паѓате на испитите, најверојатно не е виновен тој што ги издава дозволите“, рече В’лчев по повод писмото на бугарските европратеници ...

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, го поздрави усвоениот од Европскиот парламент извештај за напредокот на Република Северна Македонија за 2025 година, изјавувајќи дека европратениците испратиле јасна порака во поддршка на почитувањето на преземените обврски на европскиот пат на Скопје. Според него, одлуката на ЕП потврдува дека нема да бидат дозволени обиди за заобиколување на договореното меѓу Бугарија и Северна Македонија, јавува БГНЕС. „Со ...

Денешната позиција на Европскиот парламент е важна победа за вистината, правдата и правата на Бугарите во Република Северна Македонија. Оваа порака преку социјалната мрежа Facebook ја испрати Љупчо Ѓорѓиевски, прв човек на забранетиот бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола. „Европа повторно потврди дека патот кон Европската Унија минува преку исполнување на преземените обврски, а не преку говор на омраза, дискриминација и историски ...

Во РС Македонија се очекуваше дека Вајц како известувач, ќе направи нешто преку кое ќе се надминат недоразбирањата, изјави публицистот Владимир Перев во утринската програма на бугарската телевизија Bulgaria Оn Аir. ,,Тоа беше толкувано на начин што Вајц ќе и помогне на Македонија за да се заглуши гласот на Бугарија и да се отфрлат политичките и историските позиции на бугарската држава”, изјави Перев. Во однос на историската комисија која ...

Храбрите политики ја внесоа РС Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче потенцираше дека Преспанскиот договор затворил едно крупно, повеќедецениско прашање – спорот за името со Грција и отвори перспектива за државата, безбедноста и економскиот развој. „Преспанскиот договор затвори едно прашање, повеќедецениски спор за името со Грција. Ние ...

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Општата болница во Струмица, по повод комплетно реализирање на проектот за реконструкција и адаптација на оваа установа. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 279.3 милиони денари, а проектот опфати обемни градежни, инфраструктурни и технички зафати за модернизација на болничките капацитети. „Со оваа инвестиција Општата болница ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Босилово, имаше средба со земјоделци од струмичкиот регион, на која разговраа за моменталната состојба во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Филипче порача дека Владата на ВМРО наместо да биде потпора и да им даде поддршка земјоделците, тие го доведоа земјоделството до изумирање. „Едноставно наместо да се даде поддршка на луѓето кои што ја хранат земјата, наместо да ...

Македонија со ВМРО единствено забрзува кон пропаст, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во Босилово. Филипче посочи дека е лицемерно ВМРО да зборува за некакво забрзување кога цела држава, вклучително и земјоделството, оди надолу, во пропаст. „Каков врв на лицемерие токму денеска во Струмица, во овој регион, ВМРО, организирана криминална група, слави роденден. Гледам дека се фалат со некој слоган ...

Бугарската поетеса и предавач на Универзитетот за библиотекaрство и информациски технологии (УНИБИТ) во Софија, Поли Муканова, на 15 и 16 јуни учествуваше на 63-то издание на поетскиот фестивал „Рацинови средби 2026“ во Велес, јавува Бугарскиот културно информативен центар во Скопје. Синоќа, по повод свеченото затворање на „Рацинови средби 2026“, поетесата беше дел од Меѓународното поетско читање, кое се одржа во Амфитеатарот на „Младинскиот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Даблин оствари средба со министерката за надворешни работи, трговија и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји. Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската интеграција, во пресрет на ...

Нацрт-извештајот на ЕП ја потврди вистината – нема реформи, нема напредок, а Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ, сметаат од СДСМ. Од партијата велат дека нацрт-извештајот на Европскиот парламент нотира недостаток на напредок во реформите, особено во однос на владеењето на правото, на што, како што велат од СДСМ, алармирале цело време. „Нацр извештајот изразува загриженост дека судскиот систем, независноста на судовите и обвинителството, ...

Како влада нашата задача е да ги испорачаме сите оние обврски коишто сме ги зеле пред граѓаните, многу проекти, секојдневно проекти или почнуваме или завршуваме, сакаме да го завршиме сето она коешто е почнато, тоа што го почнавме исто така да го завршиме да поставиме линија за да знаеме потоа во која насока да се движиме и како општини и како држава, она коешто е за нас поважно, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој денеска беше во ...

Кој ќе биде сменет, а кој министер од коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ ќе остане на функцијата ќе се преговара викендов. Премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека средбите се договорени. „Во петок и во сабота се закажани средбите со коалициските партнери од Вреди и од ЗНАМ“, рече премиерот Мицкоски денес при посетата на општата болница во Струмица. Одговарајќи на новинарски прашања тој кажа дека ВРЕДИ останува коалициски партнер на ...

Иницијативите за блокирање на бугарско-македонската граница се контрапродуктивни и можат да ѝ наштетат на бугарската позиција во односите со Северна Македонија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова во одговор на прашање на БГНЕС за најавени протестни активности. „Во сите случаи ваков тип дејствија ќе бидат контрапродуктивни“, рече министерката. Според неа, ваквите иницијативи не се поврзани со дејствијата ...

Европскиот парламент денес го усвои извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската унија, пренесе репортер на БГНЕС. Гласањето дојде по жестока дебата околу текстови поврзани со исполнувањето на обврските на Скопје според преговарачката рамка со ЕУ. Амандманот 3, предложен од известувачот Томас Вајц, со кој требаше да се избрише Параграф 73 од идната резолуција, беше отфрлен. Против отстранувањето на текстот гласаа 338 ...

Вчера во 13:00 часот, од Јавната здравствена установа Крива Паланка во полиција било пријавено дека на место викано „Пољана“ во село Огут, кривопаланечко, има починато лице. Според информациите на МВР, по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј.(52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека извршувал работни задачи. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска ...

Денес СДСМ со уште една срамна прес конференција се обидува да го попречи развојот на државата. Имено на денешната прес конференција на СДСМ во која опозициската партија се противи на потенцијалната изградба на дата центри слушнавме само небулози и обид за манипулација на граѓаните, реагираат од Министерството за транспорт и врски, на прес – конференцијата на Кристијан Дојчиновски од СДСМ кој обвини дека власта ќе гради дата центри. „За ...

На денешен ден, 17 јуни, 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји. Потпишувањето беше организирано во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро. Договорот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во ...

„Вистина е дека денес најтешко живеат граѓаните на кои државата треба да им биде најголема поддршка. Социјално-ранливите граѓани, самохраните родители, лицата со инвалидетет и со ретки болести, работникот со најниска минимална плата – тие ја водат сами битка за достоинствен живот. Битката за своите деца, за покрив над глава, за сметки, за градинка, за училиште -за гола егзистенција“, кажа Маја Борозан – форум на жени на СДСМ. „Вистина е дека ...

„Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат водата и струјата на граѓаните за интереси на странски дата центри и сопствени тендерски профити. Мицкоски и ВМРО-ОКГ инсистираат на големи комерцијални дата центри во Македонија, и покрај сериозните ризици кои ги носат овие проекти и и покрај примерите од светот каде градовите и државите се откажуваат од нив“, рече Кристијан Дојчиновски, СДСМ. „Мицкоски повторно гледа за себеси во големите тендери ...

Сопственик на угостителски објект и еден холандски државјанин физички нападнале татко, мајка и ќерка во охридското село Трпејца. Според информациите на СВР Охрид, вчера во 23:10 часот А.К.(37) од селото Пештани, охридско, пријавил во полиција дека околу 21:50 часот во угостителски објект во селото Трпејца, охридско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице од Холандија и С.И. од Пештани, охридско, сопственик на објектот. ...

На граничниот премин Богородица, царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари, откако открија двајца косовски државјани во обид да го криумчарат. Златниот накит, четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката, соопшти Царинската управа. Случајот е предаден на Одделението за истраги кое против ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87