Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со стручната јавност да се продискутираат предложените измени и дополнувања, велат од министерството. Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да го поттикнат развојот на туризмот, енергетскиот и ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Рита Колумбија, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. На средбата беше разговарано за унапредување на соработката во рамки на Рамката за соработка меѓу Северна Македонија и Обединетите нации за одржлив развој 2026–2030, со посебен фокус на приоритетите поврзани со енергетската транзиција, климатската акција, ...
Филипче за патарините да не глуми социјалдемократ од Тему, за истите цени кога беа СДС на власт им викаа на граѓаните дека беа ниски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Филипче од опозиција глуми социјалдемократ, а на власт се богати од тендери и не му текнува на народот. Замислете Филипче дури сега дознал дека во Македонија се плаќале патарини, ама не му текна дека се истите цени од времето кога тој беше ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени 40 тони запленета марихуана и најавија детална истрага за случајот. „Денес, заедно со претседателот на владата, со директорот на Бирото за јавна безбедност и остатокот од тимот од МВР, имаме прилика да ги видиме овие 40 тони марихуана запленети во првата фаза од истрагата. Марихуаната е произведувана, ...
Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“. Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со ...
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од заменик-шефот на Мисијата, Атила Фодор. Во разговорот беа потенцирани одличните билатерални односи на нашата земја со Унгарија, засновани на меѓусебна доверба, почит и соработка. Посебен акцент беше ставен на економската и политичката соработка помеѓу државите, како и реализацијата на заеднички проекти. ...
Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители. Овој закон, како што е соопштено, претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем. „Клучни измени во Предлог-законот: Детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, вели дека денешниот протест на ССМ има политичка заднина и дека со договорот кој го направиле со синдикатите, Владата ги исполнила своите обврски. „Па овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, дека во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 до април 2028, околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе ...
Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за минимална плата, откако минатата недела беше вратен од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за некои технички недостатоци наводно. Меѓутоа нема да навлезам во причините за враќањето и насоките за тоа како треба да се средат некои работи, повторно ќе кажам од технички аспект во законот, ...
Гласен молк на власта за најголемиот нарко-скандал во регионот – заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа додава дека и после десет дена од објавувањето на овој скандал нема одговори како 5 тони дрога, со неколку камиони, ја преминале македонската граница и кој ќе одговара? „Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и ...
Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените „бомби’’ од страна на СДС и Заев, вака вели во своето сведоштво на телевизиско гостување поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека пред да почне со работа СЈО, биле одбрани 7 од ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и безбедна дигитална инфраструктура во услови на зголемени глобални предизвици. Настанот започна со воведно обраќање на министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто, ...
Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок во борбата против корупцијата, туку има константа како почетна точка од која работите треба да тргнат на подобро, велат од Транспаренси интернешнл. „Формално сме позиционирани четири места подобро на ранг-листата од минатата година 84 позиција. Ова подобрување покажува дека минатата година во борбата против ...
Наместо канабис за медицински цели, Заев и Филипче ја направија Македонија – Колумбија на Балканот за шверц на марихуана на црниот пазар, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Каде е менторот Зоран Заев, таму е и чиракот Венко Филипче кој дословно го учи занаетот. Каде има криминал, корупција, па и производство и шверц на дрога, таму е и Заев. Бизнисот со марихуана, кој наместо за медицински цели, очигледно, завршувал на црниот ...
Никица Корубин Уставот (kushtetutë) е основата на секој правен систем, темелот на кој почива државата. Тој е “основниот закон” за секој граѓанин, и особено за оние кои врз негова основа се избрани и именувани да “владеат” според неговите постулати. Во него се наоѓаат сите правила и сета правда. И тој е еднаков за сите, бидејќи е одраз на внатрешното и меѓународното постоење на државата. Зошто тогаш “битката” за него е селективна? А, примената ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки на денешната седница на Владата, изјави: „Па да, јас тоа го најавив дека во периодот којшто следи ќе се направи проверка и во други објекти. Денеска на Влада ќе се донесе тоа задолжение. Јас поради други активности нема да ја водам денешната седница, ќе ја води потпретседателот Димовски. Но, ...
Посебен режим на сообраќај денеска ќе биде воведен во Скопје поради посета на премиерот на Косово, Албин Курти. „Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје“, соопшти МВР. Од таму апелираат до сите ...
Експозицијата „Кирилица во везови: Везаната азбука“ беше претставена во рамки на отворањето на деветтото издание на изложбата „Мојата бугарска везена кошула“ во Галеријата „Бугарија“ при Бугарски културен институт. Настанот се одржа на 7 февруари во организација на БНУ Азбуки во Рим и Колеферо, јавува БТА. Проектот „Везаната азбука“ е реализиран под раководство на Даниела Георгиева со учество на родители, членови на АИБИА Бугари во Абруцо и ...
Во бесарабското бугарско село Камчик во Одеската област денеска ќе биде отворен јазичен кабинет со мултимедијална опрема за изучување на бугарски јазик и литература, соопшти за рубриката „БГ Свет“ на БТА Иван Стојанов, претседател на бугарската општествена организација „Камчик“. Кабинетот е сместен во бугарското неделно училиште, кое функционира во локалниот дом на културата. Проектот е финансиран преку програмата на Министерството за ...
Папата Лав XIV испрати 80 генератори за електрична енергија и илјадници медицински материјали во Украина за да им помогне на цивилите да се справат со ниските зимски температури и континуираните напади, објави вчера Ватикан. Помошта е организирана како одговор на апелите од бискупите, кои предупредија на растечките тешкотии предизвикани од руските напади врз енергетската инфраструктура и температурите под нулата низ целата земја. Три камиони ...
Бугарската новинарка Милена Милотинова го претстави својот документарен филм „Магијата на бугарското оро“ во Лондон. Проекцијата се одржа на 7 февруари во Bolder Academy School во населбата Isleworth и беше организирана од Асоцијацијата „Бугарско наследство“ во британската престолнина, јавува БТА. Филмот е посветен на бугарскиот фолклор во странство и ги прикажува песните, ората, носиите и везовите преку сведоштва на Бугари и странци кои ...
Министерот за европски прашања и прв заменик претседател на Владата, Беким Сали, учествуваше на седницата на Комитетот за стабилизација и асоцијација (КСА), со која претседаваше заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков. На седницата беше направен пресек на постигнатиот напредок во европската интеграција и беа утврдени приоритетите за наредниот период. „На состанокот беше потврдена посветеноста на Владата на сигурен напредок ...
Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на денешниот протест за 600 евра минимална плата и зголемување за најмалку 100 евра на останатите плати. Објасни дека не им посакува добро утро на пратениците оти две години го блокираат предлогот на Сојузот на синдикати за зголемување на работничките плати. Како што најавија, работниците ги блокираа ...
Со свечена церемонија во Самоков беа одбележани 113 години од Булаирската епопеја. Почесниот вод на Бугарската армија го прими министерот за одбрана Атанас Запрјанов. На настанот присуствуваа и градоначалникот на Самоков Ангел Џоргов, претставници на државната и локалната власт, пратеници и јавни институции. Програмата започна со дефиле на Националната гарда и продолжи со свечена проверка и почесна стрелба. Во своето обраќање, министерот ...
Додека над 200 илјади работници едвај врзуваат крај со крај со плати под 30.000 денари, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Мицкоски планира купување нов авион, истакнуваат од СДСМ. За зголемување на минималната плата и за поддршка на приватните компании, како што велат, се потребни околу 200 милиони евра. „Пари во буџетот има само владата треба да се откаже од луксузот и парите да ги пренамени ...
Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски во времето на СЈО се однесувале како авторитети а денес се претставуваат како жртви, додека Кaтица Јанева предметите ги распоредувала по насока на Зоран Заев и СДС, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Според сведочењето на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу на почетокот на работата на СЈО биле избрани само 7 од предвидените 12 обвинители, а останатите 5 биле приклучени за многу кратко време исклучиво само и ...
Според СДСМ, повеќе од една недела нема одговори за најголемиот нарко-скандал во регионот, заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија. Прашуваат како 5 тони дрога, во неколку камиони ја преминале границата. „Кој ќе одговара? Фактите упатуваат дека без поддршка од структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции, ваква масовна шверцерска операција е невозможна. Според неофицијални информации објавени во ...
Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините во 2024 и 2025 година. „Од октомври 2024 до октомври 2025 година, Владата испланира 250 милиони евра за инфраструктурни проекти на општините, и од тие пари им одобри 112 милиони евра преку шест министерства. Со првата одлука од октомври 2024 се распределени 71,1 милиони евра за 288 општински ...
Безвременската опера „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 20 февруари 2026 година, со почеток во 19.30 часот. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. Диригент е гостинот од Италија, Лоренцо Бицари, режијата е на ...
Македонска филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените и виното, насловен „Бакнеж во Париз“ на кој ќе биде изведена француска музика. Како солисти ќе настапат Фелисиен Брут, хармоника и Ексел Сан Сирел, мецосопран од Франција, а диригент е Тимоти Редмонд. „Кога зборуваме за љубовта и романтичната страна на животот, често пред очи ни излегува Париз. Не случајно – градот на ...