Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
„По 2 март, животот ми застана“ , со овие зборови го започна сведочењето Мартин Саздов, другар на обвинетиот Стојанче Јовановски на кој му се суди за нанесување на телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и за кривичното дело „Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“. Иако биле блиски, Саздов рече дека со текот на годините се оддалечиле, се додека Ивана не му се јавила во август ...
Полицијата поднесе кривична пријава против 53 годишна струмичанка за „лихварство“. Таа во период од две години позајмувала пари на лица од Струмица, за што наплатувала големи камати. Кога еден од нив повеќе не можел да ја плаќа каматата, почнала да му се заканува нему и на неговото семејство. Од полицијата соопштија дека „пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица и во период од 2023 до 2025 година им давала ...
Денеска е 1-ви април – денот кога смеата традиционално е на прво место. Но, дали сè уште знаеме вистински да се насмееме? Во време на брзо темпо, стрес и секојдневни предизвици, хуморот како да станува луксуз наместо навика. Заборавивме дека смеата не е само реакција, таа е лек за сè. Може ли едноставна шега да ни го подобри денот, да нè зближи и да ни помогне полесно да ги поминеме тешките моменти? Хуморот е дел од нашето секојдневие, но ...
Синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие траговите од делото, при што телото на починатиот го измил и подготвувал за погреб, информираат од ОЈО. –Настанот бил откриен по пријава од анонимен граѓанин, кој повикал од странски телефонски број. На местото на настанот веднаш излегле полициски службеници, а увид извршиле јавен обвинител и тим од судска медицина, по што веднаш била наредена обдукција, наведува Јавното ...
Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари по барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека американската војска би можела да ги заврши своите воени акции во Иран во рок од две до три недели. Трамп, ќе му се обрати на американскиот народ по повод војната на Блискиот Исток, денеска во три часот наутро по средноевропско време, пренесе Си-Ен-Би-СИ. Според податоците од ...
Агенцијата за трговија и развој на Обединетите нации издаде предупредување за влијанието на војната во Иран врз глобалната економија. Нападите врз комерцијални бродови и заканите за понатамошни напади ги спречија речиси сите танкери да превезуваат нафта, гас и друга стока низ преминот. Тоа, исто така, доведе до намалувања на производството од некои од најголемите светски производители, бидејќи нивната сурова нафта нема каде да оди. –Тоа ...
Азиските земји се свртуваат кон јагленот, бидејќи војната со Иран ги попречува испораките на нафта и гас. Континентот е изложен бидејќи се потпира на увезено гориво, од кое голем дел минува низ Ормускиот теснец – пречка за околу една петтина од глобалната трговија со нафта и природен гас. Јагленот е краткорочно решение, велат експертите, додека обновливите извори на енергија се долгорочно решение. Јагленот е составен дел од плановите за итна ...
Зголемувањето на цените на ѓубривата и потенцијалните недостатоци од прекините во испораката поради војната во Иран ги натераа земјоделците и американските земјоделски групи да се подготвуваат за пролетната сезона на садење, зголемувајќи ги трошоците за земјоделците и потенцијално отфрлајќи некои од нив. Водачите во земјоделството велат дека ситуацијата е резултат на веќе лошата земјоделска економија. Експертите предупредуваат на сериозни ...
Поранешна вработена со помош на друго лице уценувала сопственик на угостителски објект во Куманово. СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 7 февруари 2026 година, првопријавената, која била поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала ...
Европските министри за надворешни работи ја посетија Украина за да ја одбележат четвртата годишнина од злосторствата во близина на Киев, додека фокусот на САД е насочен кон Блискиот Исток. Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави видео-средба со американски претставници и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, посветена на можностите за завршување на руската инвазија. Зеленски нагласи дека Русија не смее да излезе од конфликтот во ...
Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026-2027 година. Со конкурсот се предвидени над 25 000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив повеќе од 17 000 се во стручното образование, речиси 6000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование. Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повика гласачите да му дадат нов четиригодишен мандат на митинг во близина на Будимпешта, во пресрет на изборите закажани за 12 април. Тој предупреди дека постои обид да се формира „проукраинска влада“ во земјата, додавајќи дека Унгарија има потреба од националистичко раководство. Во своето обраќање, Орбан ја обвини Украина за наводно влијание врз изборниот процес и повторно упати критики кон ЕУ, ...
Црвени чевли беа поставени на скалите пред концертната сала „Романски Атенеум“ во Букурешт, во чест на жените кои ги загубиле животите како жртви на семејно насилство. Акцијата има за цел да ја подигне свеста за сериозноста на проблемот, кој според статистиките зема најмалку една жртва неделно од почетокот на 2026 година. Организаторката Александра Стоическу оцени дека податоците се загрижувачки, нагласувајќи дека домот сè почесто не е ...
Цените на нафтата и гасот во Европа нема да се вратат на нормално ниво во скоро време, дури и ако војната со Иран заврши веднаш, предупреди европскиот комесар за енергетика Ден Јоргенсен. Тој посочи дека иако нема непосреден недостиг, постои притисок врз снабдувањето со дизел и авионско гориво, како и зголемени ограничувања на глобалниот пазар на гас, што ги крева цените на електричната енергија. По состанокот во Брисел, Јоргенсен изјави дека ...
Салмонела е причината за труењето со храна кај 191 вработен во РЕК Битола, кои на 24 март консумираа лазањи со сос во работничката менза. Центарот за јавно здравје ги соопшти резултатите од анализите на земените брисеви од вработените и од работните површини. Кај 24 пациенти лабораториски е потврдено присуство на салмонела од групата Д, кај еден од вработените во кујната е утврдена стафилококна бактерија, а отстапувања има и кај брисевите од ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека обезбедувањето на Ормутскиот Теснец „не е за нив“, бидејќи проценил дека САД ќе завршат со нападот врз Иран за 2 до 3 недели. Во разговор со новинарите во овалната соба, Трамп рече дека САД „нема да имаат никаква врска“ со она што се случува во Ормутскиот теснец, наместо тоа им кажа на новинарите дека одговорноста за одржување, да биде отворен овој витален воден пат ќе им припаѓа на земјите што ...
Денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, откако на претходното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје судот не го прифати неговото делумно признавање вина, оценувајќи дека изјавата не била дадена доброволно. Обвинетиот првично призна вина за дел од делата, но негираше одговорност за најтешкото обвинение поврзано со наведување и помагање во самоубиство. Паралелно со судскиот процес, Основно јавно обвинителство за гонење ...
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека воената кампања на Израел и САД го остави Иран ослабен, а и неговите воени капацитети исто така ослабени. Одбележувајќи го едномесечниот јубилеј од заедничката операција, тој рече дека израелските сили „систематски го уништуваат“ режимот во Техеран. Нетанјаху изјави и дека Иран сè уште има ограничен капацитет за лансирање ракети да го загрози Израел, но повеќе не може да го загрози неговото ...
Босна и Херцеговина вечерва во Зеница ја елиминираше Италија по изведување пенали во финалниот бараж и се пласираше на Светското првенство 2026. „Аѕурите“, четирикратни светски шампиони, ќе го пропуштат третиот Мундијал по ред, откако во 2018 беа елиминирани од Шведска, а во 2022 од Македонија. Италија подобро го отвори натпреварот и поведе преку Мојзе Кин во 15. минута. Сепак, ситуацијата за гостите значително се искомплицира во финишот на ...
Македонската фудбалска репрезентација одигра реми без голови на гостувањето кај Република Ирска, во дуел на двете селекции кои не успеаја да го минат полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство 2026. Нашиот тим повторно прикажа бледо издание и втор натпревар по ред остана без вистинска шанса за гол, по убедливиот пораз од Данска (4-0) во баражот. Селекторот Гоце Седлоски им даде можност на неколку нови имиња во почетниот состав, а ...
Од брза победа, до неизвесен крај. Каде се прекршија излезните сценарија од американско-израелската војна во Иран? Крај на еден режим, „ослободување” на Иран или инсталирање на нова оска на отпорот и втурнување на Блискиот Исток во нови конфликти? – Кој всушност ја плаќа и ќе ја плати цената на војната? Во „Топ тема“ вечерва дебатираа Павле Арсоски, генерал-мајор во пензија, и Иво Ранѓеловиќ, политички аналитичар. Од брза победа, до ...
Енергетските последици од војната во Блискиот Исток нема да бидат краткотрајни и долго ќе се чувствуваат и Европската комисија подготвува пакет на мерки за помош на граѓаните и компаниите, најави комесарот за енергија, Дан Јоргенсен. Додаде дека предлогот вклучува намалување на даночните стапки за електрична енергија и тарифите за преносната мрежа. „Не треба да имаме илузија дека последиците од оваа криза ќе бидат краткотрајни за енергетските ...
Во анализата на причините за ескалацијата на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, сè почесто се посочува дека официјалните образложенија не ја отсликуваат целосната слика. Наместо исклучиво безбедносни закани, во позадина се отвораат прашања за глобално позиционирање, економски интереси и влијание врз клучните ресурси. „Секогаш кога сакате да започнете воена интервенција, дури и ако сте САД, ви треба приказна што ќе ѝ ја претставите на ...
Од очекувања за брза победа до сè поизвесен ризик од долготраен и нестабилен исход – војната меѓу САД, Израел и Иран отвора низа прашања за вистинските цели и последици од конфликтот. Во вечерашната „Топ Тема“ дебатираат генерал-мајорот во пензија, Павле Арсоски и политичкиот аналитичар Иво Ранѓеловиќ за тоа кој ја плаќа цената на војната и какви сценарија се отвораат – од потенцијално „ослободување“ на Иран до создавање нова оска на отпорот ...
Управата за јавни приходи појаснува дека доходот што македонските студенти го остваруваат преку сезонска или привремена работа во Германија претставува оданочлив личен доход во Република Северна Македонија. Приходите мора да се пријават преку системот е-ПДД, при што данокот платен во Германија може да се признае како даночен кредит согласно Договорот за избегнување на двојно оданочување меѓу двете држави. На прашања од Телма, Управата за ...
Секоја одлука на НАТО за помагање на САД во војната со Иран треба да се решава на заедничка маса на Алијансата во Брисел, како заедничка политика на земјите-членки, но откако такво конкрето барање ќе стаса до Алијансата. Ова е заеднички став на претседателите на Македонија и на Црна Гора, Гордана Сиљановска Давкова и Јаков Милатовиќ, за барањето на американскиот претседателот, Доналд Трамп, за помош од НАТО. „Не знам за каква конкретна ...
Обвинителката Ленче Ристоска останува без „Талир“. Ова следува по одлуката на државниот обвинител Ненад Савески да ги повлече овластувањата што неговите претходници им ги давале на дел од обвинителите за да можат да работат на предмети од други обвинителства. Обвинителите од поранешното СЈО, по враќање во матичните обвинителства, со овластувања продолжија да ги работат истите предмети со овластување од државниот обивнител. Ристоска со ...
Институционални пропусти во случаи на фемицид и семејно насилство, недостаток на шелтери, голем број на претставки кон извршители, бавна процедура пред управните судови и никаков напредок во казнено поправниот систем. Ова се дел од негативните заклучоци во годишниот извештај на Народниот правобранител за 2025 година. Минатата година канцеларијата отворила девет предмети за семејно насилство и фемицид и утврдила дека реацијата на институциите ...
Обвинителката во Вишото јавно обвинителство Скопје Фатиме Фетаи негодуваше за начинот на кој Советот на јавни обвинители гласало за шеф на Вишото јавно обвинителство. За Фетаи е проблематично што од медиумите дознала дека иако била кандидат со најдобро интервју, не добила глас од заменичката на Советот. На одбележувањето на Денот на правосудството, Фетаи побара од Марјана Илиеска, заменик-претседател на Советот на јавните обвинители да ...
Салмонела е причина за труењето со храна кај вработени во РЕК Битола. Центарот за јавно здравје ги соопшти резултатите од анализите спроведени заедно со Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна, направени по пријавените случаи на стомачни тегоби по вечерата во мензата на РЕК на 24 март. Околу 120 вработени во комбинатот побараа лекарска помош и се пожалија на стомачни тегоби по ...