Унгарсиот премиер Виктор Орбан свика вонредна седница на Советот за одбрана откако во Србија беа пронајдени експлозиви во близина на клучната гасна инфраструктура што ги поврзува двете земји. Тој информираше дека веќе разговарал со српските власти и дека истрагата е во тек. Според српскиот претседател Александар Вучиќ, биле пронајдени експлозивни направи со голема разорна моќ, како и средства за нивно активирање. Надлежните служби работат на ...

Најмалку 10 лица беа уапсени откако израелската полиција растури антивоен протест во Тел Авив. Неколку стотици граѓани се собраа на плоштадот Хабима, повикувајќи на прекин на војната, и покрај сирените за ракетни напади од Иран и Јемен. Протестот се одржа во услови на воени ограничувања кои дозволуваат јавни собири до 150 лица. Сепак, Врховен суд на Израел донесе привремена одлука со која се дозволува присуство на до 600 демонстранти на оваа ...

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека преговорите за надминување на проблемите со транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ се одвиваат добро. Тој посочи дека примената на системот е одложена до 30 септември, што остава доволно време за завршување на потребните процедури. Според него, решенијата се движат кон воведување долгорочни визи за македонските транспортери, при што веќе има напредок во неколку европски ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази загриженост дека продолжената војна меѓу САД и Израел против Иран може дополнително да ја намали американската поддршка за Украина. Во интервју за „AP“, тој предупреди дека Киев веќе не е главен приоритет на Вашингтон и дека тоа директно влијае врз испораките на клучни системи за противвоздушна одбрана. Зеленски нагласи дека Украина итно има потреба од американските системи „Патриот“ за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека вториот член на екипажот од американски борбен авион соборен над Иран е успешно спасен и се наоѓа во добра состојба. Претходно беше пронајден и пилотот, со што целата екипа е безбедно извлечена. Според американски медиуми, спасувачката операција вклучувала стотици војници и десетици авиони, додека ЦИА спровела и дезинформациска кампања за да ги доведе во заблуда иранските сили. Станува збор ...

Зголемена фреквенција на патници и возила е забележана денеска на граничниот премин „Ќафасан“, каде што се формираа долги колони од автомобили. Според информациите, на граѓаните им биле потребни и повеќе од два часа за премин на границата, пишува „Еуроњуз Албанија“. Околу 80 отсто од патниците се албански државјани кои доаѓаат во Струга и Охрид, искористувајќи го пазарниот ден за набавка на гориво и храна. Причината е пониските цени и, според ...

Семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани порачаа дека ако во рок од три дена не добијат одговор од Судска медицина, ќе протестираат пред институцијата и нема да се повлечат додека не ја дознаат вистината. Ова беше пораката од 40-от „Марш на ангелите“ одржан во Кочани. Родителите и претходно се обратија до Институтот со конкретни прашања, а денес повторно бараат појаснување дали биле направени токсиколошки анализи, односно ...

Ракометарите на Охрид се пласираа во полуфиналето на ЕХФ Купот, откако денеска пред полните трибини во салата „Билјанини Извори“ го совладаа Олимпијакос со 25-24. Охриѓани со вкупни две победи го потврдија местото меѓу четирите најдобри, по триумфот од 26-31 на првиот натпревар на гостински терен. Сега следува двомеч со словенечкиот тим Целје. Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ го контролираа текот на натпреварот во најголем дел од 60-те ...

Полицијата пресече транспорт на дрога на автопатот „Пријателство“ во близина на Градско, при што се запленети околу 65 килограми марихуана. Во акцијата, спроведена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со САЕ „Тигар“, лишени од слобода се две лица. Сомнителното возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблички било забележано кај наплатната рампа Стоби, по што возачот се обидел да избега. По кратка ...

Децениската негрижа на надлежните во централната власт и на скопските градоначалници доведе до тоа скопјани да почнат да стравуваат дека ќе останат без вода за пиење. Но во реалноста опасноста е многу поголема, може да останат и без техничка вода, бидејќи во моментот кога шестовалентниот хром од Јегуновце ќе пробие во изворите на Рашче со таа вода нема да смее ниту да се наводнуваат зелените површини бидејќи ќе се загади почвата. Во екологија ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно испрати остра порака до Иран, заканувајќи се со сериозни последици доколку Техеран не се согласи на договор. Трамп во објавата на социјалната мрежа Truth Social, потсетува на претходниот ултиматум што им го даде на иранските власти во врска со отворањето на Ормуската Теснина. – Се сеќавате дека му дадов на Иран десет дена да склучи договор или да ја отвори Ормуската Теснина. Времето истекува – ...

Го слушнавме денеска премиерот Мицксоки како дојде на нашето кое што го зборуваме повеќе недели. Лидерот на СДСМ на прес конференција денеска кажа дека Владата доцни со мерките и ако ги донела навреме немаше да започне спиралата на зголемување на цените. Ова доаѓа откако премиерот Мицкоски денеска соопшти дека утре на вондредна седница ќе се намали акцизата за горивата а се размислува и да се укине и ДДВ за основните прехрамбени производи. ...

Десет илјади луѓе во Македонија живеат со еден од трите типа на карцином – на дојка, на бели дробови и на меланом чиј животен век се продолува. Ова го покажува статистиката на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија презентирана денеска, каде бројките покажуваат дека изминатите 15 години бројот на новорегистрирани пациенти на овие три вида на рак приближно на исто ниво, но оти бројот на пациенти кои се третираат или барем еднаш ...

Астронаутите на Artemis опишаа неверојатни сцени што ги доживеале неколку дена по почетокот на нивната мисија. Канадскиот астронаут Џереми Хансен рече дека се чувствувале како да паѓаат кон Земјата, но успеале да ја заобиколат и да продолжат кон Месечината. Неговиот колега ја истакна убавината на Гранд Кањон на Месечината, познат како базенот Orientale, кој не е видлив од Земјата. Тој додаде дека погледот од орбитата бил вистински посебен. ...

Неколку часа претпладнево водите на реката Вардар во Гостивар беа во ваква загрижувачка и неприродна состојба. Со часови Вардар течеше со непрепознатлива бела боја и непроѕирност на водата. Голем број граѓани алармираа за оваа појава која не се случува прв пат. Ваква слична состојба имаше и во октомври 2025 година. И од Општина Гостивар информираа дека утрово, загрижени граѓани доставиле фотографски материјали кои укажуваат на загадување на ...

Текстилниот сектор е во слободен пад подолг временски период, само минатиот месец се затвориле три штипски конфекции, а кочански „Артекс“ изминатата недела ги има информирано околу 100 работници дека фабриката ќе се затвори, по што вчера им дале и спогодбени отказни решенија. Но, работниците не ги потпишаа по консултациите со трудовите инспектори. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели статистичките податоци покажуваат дека во ...

Ќе се намалува акцизата на горивата. По, извесен период најавување, владата се одлучи и за оваа мерка. Утре на вонредна седница ќе се носат одлуките. За дизелот ќе се спушти за четири, за бензините за два денари. ДДВ то останува 10 отсто. Со ова ќе се ублажи растот на цената на нафтените деривати. Пресметките покажуваат дека во понеделник дизелот треба да поскапи за 7 денари. Со интервенција кај акцизата цената ќе скокне за 3 денари. ...

Приватен институт функционирал во просторија на обложувалница, со две столчиња и два душека, вели министерката за образование. Ова е само еден од 14-те приватни институти што се затворени по контролите што ги спроведе Комисијата на Министерството. „Тој беше регистриран во кладилница, во задната просторија, каде што институтот требаше да ги извршува своите функции, со две столчиња и два душека. Тој беше веднаш затворен, а вработени беа двајца ...

Јавното обвинителство постапува врз основа на докази, а не врз основа на повици, велат во Обвинителството, откако вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски ги повика да проверат на кој начин се легализирани парите на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков со кои гради хотелски комплекс на една од најатрактивните локации во Охрид. „Јавното обвинителство постапува во согласност со своите законски надлежности и врз ...

Семејствата на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ и денеска ќе маршираат низ градот. Маршот започнува од 16:05 часот, со тргнување од Паркот на револуцијата. Во соопштението на здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ пишува дека 40-ти пат ќе чекорат заедно. „Една година бараме вистина. Една година бараме одговорност. Една година чекаме вистинска правда. И нема да застанеме. Ќе чекориме сè додека не ја добиеме правдата што нашите деца ...

Иран јасно ги постави своите услови за прекин на конфликтот со САД и Израел, барајќи траен мир, осуда на агресорот, воени репарации, укинување на санкциите и признавање на правото на мирна нуклеарна енергија. Според дипломатски извори, Техеран не гледа краток прекин на огнот како решение и предупредува дека само целосно прифаќање на неговите услови може да донесе стабилност во регионот. Контролата на Ормутскиот теснец и ограничувањето на ...

Министерството за образование и наука во изминатиот период затвори 14 приватни институти кои не ги исполнувале законските услови за работа. Министерството утврдило дека некои од овие институции служеле како параван за други дејности, соопшти министерката Весна Јаневска. Јаневска го посочи примерот на еден институт кој функционирал во задниот дел на кладилница, со само двајца вработени, две столчиња и два душека, што довело до негово итно ...

Владата подготвува интервенција на пазарот на горива со намалување на акцизите за дизел и бензин. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека дизелот би поевтинеил за 4 денари по литар, а бензините за 2 денари, со цел ублажување на новиот ценовен притисок. Покрај намалувањето на акцизите, се очекува и продолжување на мерката за намалено ДДВ од 10 проценти за уште најмалку две недели. Со овие мерки, Владата планира да ја одржи стабилноста на ...

Иран јавно ја одби понудата на САД за 48-часовен прекин на огнот и постави пет услови за прекин на војната. Според државните медиуми, Техеран бара запирање на убивањата на ирански функционери, гаранции дека нема да има нов конфликт, репарации, крај на непријателствата и признавање на иранскиот суверенитет над Ормускиот Теснец. Американската страна засега не ги прифаќа овие услови, но официјалните преговори продолжуваат. Портпаролката Каролајн ...

Пожар што избувна во товарниот дел на меѓународниот аеродром во Сан Франциско е ставен под контрола, соопштија локалните противпожарни служби. Инцидентот се случил во петокот, а екипите брзо интервенирале на терен. Според информациите, нема пријавени повредени лица, а аеродромот продолжил да функционира без прекин додека траела интервенцијата. Дел од сообраќајниците во близина биле привремено затворени поради чадот, но подоцна повторно биле ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека соборувањето на американскиот воен авион „Ф-15“ над Иран нема да влијае на преговорите за прекин на конфликтот. Тој нагласи дека „таква е војната“ и одби да даде детали за тековните операции за пребарување и спасување на пилотот. Еден член на екипажот веќе е спасен од американските сили во рамки на итната операција за спасување, додека потрагата по вториот пилот продолжува. Два американски ...

Експлозија се случи во Израелскиот центар во Нијкерк, источно од Амстердам во Холандија, објавија денеска холандските медиуми. Во експлозијата, која се случи доцна синоќа нема повредени, соопшти полицијата. Се наведува дека штетата е ограничена. Полицијата апелираше за информации и рече дека истражува. Првично не беа извршени апсења. На својата веб-страница, организацијата ја опишува зградата како место за средби на христијаните со чувства на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека наместо прекин на огнот за Велигден, се одлучила за нова ескалација, откако беа извршени масовни напади со дронови и ракети низ Украина. Во нападите загинаа најмалку шест цивили, а околу 40 лица се повредени. Најтешко погодени беа региони околу Киев, Житомир и Харков, каде што беа уништени домови и инфраструктура, а спасувачките екипи трагаа по преживеани под урнатините. ...

Амбасадата на САД во Бејрут ги повика американските државјани да заминат од Либан „додека сè уште се достапни комерцијалните летови“. Амбасадата, исто така, предупреди дека Иран и проиранските вооружени групи „можеби имаат намера да ги нападнат универзитетите во Либан“. Иран, минатата недела, се закани дека ќе ги нападне американските и израелските универзитети во регионот како одмазда за нападите врз сопствените институции. Амбасадата на ...

Полицијата во Струмица лиши од слобода 68-годишен жител на градот, кај кого при извршен преглед биле пронајдени наркотични супстанции. СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето Б.П. поради сомнение за неовластено производство и трговија со дрога. При контролата на 2 април, полициски службеници извршиле преглед на осомничениот и неговото возило, при што биле откриени околу 50 грама кокаин. По настанот, лицето било задржано во ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.76
91%
1013
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.17
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.62
71%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
85%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.26
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
84%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
98%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Калај

53.60