Портпарол со средно школо или евентуално Вишо и тројца надворешни соработници за спорт, меѓународна соработка и за европски образовни програми се работните места кои ги распиша Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На огласот кој има и печатни, но и сериозни грешки во цитирањето на броевите на одлуките, Агенцијата бара серија услови и документи за да може заинтересираните да конкурираат. За тоа имаат само 5 работни ...

Од Мрежата за заштита од дискриминација бараат повлекување на владината одлука да го именува Петар Богојески за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус +) кој треба да ја преземе функцијата на 15 мај 2025 година. Од мрежата посочуваат дека Богојески не може да ја извршува таа функција „поради неговите изјави со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како и постапки кои се спротивни на ...

Со изложбата „Ткаење светови: Колекции во разговор“ која ќе биде отворена на 24 април во престижната „Модерна галерија“ во Љубљана низ дијалогот на раскошната колекција на солидарноста на Музејот на современа уметност (МСУ) и колекцијата на словенечката „Артист 2000“ започнува реализацијата на годинашната програма на МСУ. „Носиме дела од нашата колекција, вклучувајќи ги Томо Шијак, Петар Хаџи Бошков, Симон Узуновски и други. „Модерна галерија“ е ...

Кандидатот за премиер на Србија, Ѓуро Мацут го претстави своето експозе во српското собрание, велејќи дека главен приоритет на владата ќе остане одржување на макроекономската стабилност и постигнувањето на услови за подинамичен и поодржлив економски развој во иднина. Важна мисија на неговиот мандат ќе биде да го дефинира начинот на функционирање на владата на Србија и дека доколку биде избран за премиер, неговото барање ќе биде министрите да ...

Граѓанската организација „Здрава котлина“ му поднесе кривична пријава на градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов за случајот со леарницата кај Смоларе. Овој чекор доаѓа откако повеќе активисти добиле кривични пријави и биле влечени во полиции и јавно обвинителство за напишан статус на Фејсбук, сметајќи ги за класични слап тужби со цел да се замолчат. Активистите велат дека повеќе од една година протестираат и апелираат да се забрани ...

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата. Како што беше речено на денешната седница, ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност и ограничени услови за санкционирање. Според ДКСК која спроведе антикорупциска анализа на неколку закони по трагедијата во ...

Директорот и еден социјален работни од Меѓуопштински центар за социјални работи во Македонски Брод и покрај тоа што биле известени по телефон, молчеле и не презеле ништо за силување на дете, кое било во згрижувачко семејство. „СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

Од кои државни институции Владата го собра вишокот на пари поради што се зголемија приходите во буџетот, од Министерството за финансии нема одговори. Сепак, од податоците на нивната страница може да се види дека во 2023 година добивка имале ЕСМ, МЕПСО, М-НАВ, Државна лотарија, Номагас, Јавното претпријатие за државни патишта, па дури и новинската агенција МИА. Сите тие заедно во оваа година оствариле вкупна добивка од речиси 97 милиони евра. Но, ...

Низа пропусти во Законот за угостителска дејност утврди Антикорупциска, откако спроведе негова проверка по трагедијата во Кочани во која загина 61 лице. Меѓудругото, ДКСК утврди дека се врши упис во регистар на угостителски објекти без претходна проверка дали ги исполнуваат потребните минимално техничките услови, што може да има последици по здравјето и безбедноста на гостите. „ДКСК препорачува во Законот да се предвиди обврска за доставување ...

Независниот синдикат на полицијата денеска поднесе претставка пред Судскиот совет против четворица скопски судии – Бесник Авдија и Гордана Билеска од Граѓанскиот суд и Санде Зиков и Мери Дика од скопска апелација. Бараат изземање на судиите во случаите кога вработени го тужат МВР за плати. Претставката доаѓа по состанокот од 9 април меѓу четворицата судии со претставници на МВР и Државниот правобранител. Според Синдикатот, во случаите кога ...

Недостигал медицински материјал и не работела една операциона сала. Здравствените инспектори утврдиле дека на државна Кардиохирургија немало услови за изведување на итна интервенција кај пациентот Тони Ангелковски, кој почина чекајќи во здравствените ходници. Салата за ангиографски интервенции, единствена соодветна за вакви случаи, не била во функција поради реновирање, а клиниката располагала со ограничен број стентови. Ова било констатирано ...

Првата половина од 2024 година беше период кога истече рокот на важност на патните и други лични исправи. Граѓаните мораа да ги променат документите за да стои новото уставно име. Закажувањето одеше тешко, бидејќи голем беше бројот за нивна замена и секоја минута беше драгоцена. Граѓаните се жалеа на долгиот временски период за конечно во рака да ги добијат исправите, а се пожалиле и до народниот правобранител, кој утврдил прекршување на неколку ...

Претреси на повеќе локации во Прилеп денеска врши Финансиската полиција во истражна постапка поврзана со финансиското работење на прилепската Болница. Според првичните информации до кои дојде Телма, се обезбедуваат докази и документи поврзани со сомнежи за злоупотреби на пари, исплати и тендери во болницата за периодот од 2020 до 2024 година. Со истрагата на финансиската полиција се опфатени набавки на реагенси за лабораториски испитувања, ...

Вработените во јавниот сектор добија мартовската плата, но без покачувањето од 12 отсто, како што е според општиот колективен договор. Пресметан им е само повисокиот минималец. Поради ова некои најавиле дека ќе тужат. Од ССМ појаснуваат дека поради тоа што Владата до крајот на 2024 не стави потпис на Општиот колективен договор, вработените од март треба да добиваат за 12 отсто повисока плата. Заменик министерот за економија Ристевски иако ги ...

Пратениците од ДУИ бурно реагираа, откако мнозинството во комисијата за политички систем не го усвои дневниот ред на седницата на која бараа да се одржи надзорна расправа за истрагата за кочанската трагедија. Ги обвинија своите колеги дека не сакаат да се дознае вистината и бараа морална одговорност од премиерот и министерот за внатрешни работи. Иако самите рекоа дека нема да бараат расправа додека не заврши истрагата, пратениците од СДСМ ...

По интерпелацијата поднесена од партијата Левица, а поддржана од СДСМ и нападите од ДУИ до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за трагедијата во Кочани, тој денеска со контранапад кон трите опозициски партии за кои на својот Фејсбук профил напиша дека „се создава алијанса која треба да фрли сенка врз расчистувањето со корупцијата и ставање крај на политичката неказнивост“. „Не се напаѓа оној што не претставува закана, се напаѓа оној ...

Антикорупциската комисија утврдила дека на министерот за внатрешни работи му е овозможена широка дискрециска моќ да ја уредува постапката за унапредување на вработените преку подзаконски акт, без прецизни законски рамки, што може да влијае врз Мерит системот и интегритетот на самиот процес. Ризиците, според антикорупциска, произлегуваат од недопрецизираните одредби за роковите за пријавување на интерните огласи. Од комисијата препорачуваат, ...

На еден холански остров како од бајка, песок налик на злато и бескрајно сино крајбрежје, Тес и Сем се запознаваат и поминуваат возбудливо и неверојатно лето. Сем, доаѓа со своите родители и братот кој за време одморот ќе ја скрши ногата. Без друштво за време на одморот, плашејќи се да не остане сам како најмлад член откако ќе го надживее своето семејство тој го започнува својот тренинг на осаменост. Неговиот план ќе го поремети непредвидливата ...

Додека учи да нурка, младата Аби се спријателува со величенствен пријател од морските далбочини, започнувајќи го своето доживотно патување за да ги спаси коралните гребени во светот. Кога тивкиот гребен во нејзиниот крајбрежен роден град е загрозен од комерцијални риболовни оператори, Аби и нејзината активистка Мама се справуваат со ловокрадците за да ја спасат нејзината пријателка. BLUEBACK е играна филмска адаптација на најпродаваната и ...

Последниот ловец на вештерки стои помеѓу човештвото и здружение сили од најпознатите застрашувачки вештерки во историјата. Современиот свет крие многу тајни, но најневеројатната тајна од сите е дека вештерките сè уште живеат меѓу нас; злобни натприродни суштества со намера да ја ослободат црната смрт врз светот. Армии на ловци на вештерки со векови се бореле со неприродниот непријател ширум светот, вклучувајќи го и Колдер, храбриот воин кој ...

Робин од Локсли, е фрлен во хаосот на Третата крстоносна војна, измамен од корумпираниот шериф на Нотингем. Откако ќе сведочи за неизговорливи ужаси, Робин се враќа дома за таму да открие дека е прогласен за мртов, неговиот имот конфискуван, а неговата сакана Марија е поврзана со водачот на бунтовниците. Во соработка со мистериозниот Арапин наречен Јахја, Робин тргнува во мисија за да го сопре крадење од корумпираната црква. Марија очајно го ...

Француска комедија од 2020 година, режирана од Мартин Провост, со Жулиет Бинош во главната улога. Во Франција, во 1967 година, Полет Ван Дер Бек води училиште за домаќинки заедно со својот сопруг. Целта на училиштето е да ги подготви младите девојки да станат „совршени сопруги“ – послушни, вешти домаќинки и поддршка на мажите. Но кога нејзиниот сопруг ненадејно умира, Полет се соочува со финансиски и лични предизвици. Истовремено, низ Франција ...

Во малиот град Ридл, Пенсилванија, животот се менува засекогаш кога исчезнува еден млад студент. Неговата сестра, Холли Телер, тргнува на сопствена истрага за да го пронајде својот брат. Но, наместо одговори, таа открива мрачни тајни што долго време биле закопани во градот. Помагајќи ѝ е локален шериф и еден мистериозен човек кој можеби знае повеќе отколку што признава. Додека Холли копа подлабоко, открива дека некои загатки не сакаат да бидат ...

Неверојатната вистинска приказна за Моли Блум, жена која цела деценија ги водела најексклузивните нелегални игри. Моли беше скијачка која стана келнерка откако не успеа да се квалификува за Олимпијадата. Незадоволна од обична работа, таа започнала да организира секоја недела нелегално казино, кое го посетувале познати актери и големи фаци од Волстрит. Нејзините играчи беа филмски ѕвезди, познати спортисти, бизнисмени и руската мафија. Моли ...

Во ова интимно и ексцентрично портретирање на кревкоста на умот и срцето, Maladies ја следи приказната на Џејмс – поранешен успешен актер кој се повлекол од јавниот живот, борејќи се со психичка нестабилност и креативна блокада. Тој живее во куќа со неговата сестра Патриша, која страда од нарушување на говорот, и со неговата најдобра пријателка Кетрин – уметничка со флуидна родова изразеност. Како што секој лик се соочува со сопствените ...

Во Иран, реално-ТВ програма може да ја замени правдата, „Ако даде Господ! Маријам е 22-годишна жена осудена на смрт за убиство на нејзиниот сопруг, 65-годишниот Насер. Бидејќи казната е веќе изречена, единствена која може да и помогне е Мона, ќерката на убиениот, со која Маријам треба да учествува во реалното шоу, како и бројот на гласови за прошка што ги освои од публиката. Ова шоу е снимено за време на Јалда – ноќ за простување, што е и зимска ...

Филмот Llenos de gracia е инспириран од вистински настани и ја раскажува топлата и хумористична приказна за сестра Марина, калуѓерка која во 1994 година пристигнува во дом за деца без родители што е на работ на затворање. Децата се непослушни и полни со бес, но сестра Марина решава да не се откаже од нив. Со љубов, трпение и креативност, таа успева да им внесе надеж – и фудбалот станува клучниот елемент за обединување и промена. Меѓу овие деца е ...

Добитниците на Оскар, браќата Коен и Џорџ Клуни ни носат возбудлива криминалистичка мистерија сместена во 50. години од минатиот век во едно предградие, каде што најдобрите и најлошите човечки особини се отсликуваат во делата на наизглед мирни и обични соседи. Мирната и идилична приградска заедница изгледа како совршено место за семеен живот. Но зад мирната надворешност се крие вознемирувачка реалност. Спокојната атмосфера всушност крие ...

Европската Унија (ЕУ) најави последици за оние кои ќе присуствуваат на 9 мај во Москва, на Денот на победата, изјави шефицата на европската дипломатија, Каја Калас. „Многу министри рекоа дека ЕУ сериозно го сфаќа патувањето во Москва на прославата на 9 мај. Оние кои ќе одат, ќе сносат последници“, изјави Калас на прес-конференција во Луксембург, по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Калас посебно нагласи дека Европската Унија ...

Албин Курти поднесе оставка на функцијата премиер на Косово, објавија медиумите во Приштина. За одлуката на писмено го известил Секретаријатот на косовскиот парламент. Според законот, оние кои добиваат мандат како пратеници, а во исто време извршуваат функции во владата, како премиер, заменик премиер, министер или заменик министер, мора да поднесатоставка на нивната владина позиција. Тоа е во рамки на правилата кои забрануваат да бидат пратеници ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
41%
1007
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
94%
1008
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
67%
1012
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
44%
1007
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.76
62%
1005
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
89%
1012
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
2.68
38%
1007
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
47%
1007
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
69%
1007
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
6.26
43%
1002
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
6.26
87%
1007
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
69%
1006
Currency

61.535

Currency

52.5103

Currency

71.238

Currency

34.2452

Currency

38.4216

Currency

65.8439

Currency

7.32685

Currency

0.67241

Currency

0.35778

Currency

0.52473

Currency

1.31408

Currency

0.613

Алуминиум

2.57

Иридиум

146352.71

Кобалт

42.99

Никел

14917.50

Рутениум

24370.27

Калај

33.68

Сребро

1183.96

Злато

107236.00

Бакар

10.09

Паладиум

35848.08

Платина

44125.90

Родиум

176829.11

Цинк

2.67