Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп претпладнево слета на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во Израел, каде беше дочекан од неговиот колега и домаќин Исак Херцог и премиерот Бенјамин Нетанјаху. Трамп ќе одржи говор пред израелските пратеници во Кнесетот, со што ќе стане четврти претседател на САД кој го сторил тоа од основање на израелскиот парламент во 1949 година и прв по 2008 година. Трамп ќе добие претседателски Орден на честа, ...
И преостанатите 13 заложници кои ги држеше Хамас се предадени на Црвениот крст, јавуваат медиумите не хебрејски јазик. Според „Тајмс оф Израел“, повеќе нема живи заложници што ги држи палестинската милитантна група. Израелсклата војска (ИДФ) потврди дека сите 20 живи заложници се предадени од Хамас. Во последното соопштение на ИДФ се наведува дека по првата група од седум заложници, Црвениот Крст ја презел и втората група со 13 луѓе кои се ...
Веста дека првите седум заложници се предадени на Црвениот крст, предизвика воодушевување на улиците во Тел Авив. Илјадници луѓе се собраа пред големиот видео бим на т.н. Плоштад на заложниците, веејќи израелски знамиња и транспаренти во рацете на кои пишува „се враќаат дома“. Крај видео бимот е поставен бројчаник кој ги покажува точниот број на денови на заложниците во Газа. Crowds in the Hostages Square in Tel Aviv cheer joyfully upon the ...
Од денеска албанското Министерство за внатрешни работи спроведува операција за забрана на движењето на електрични тротинети. Веста ја објави министерката Албана Кочиу, која ги претстави новите мерки за јавна безбедност поврзани со употребата на електрични скутери и тротинети. Кочиу изјави дека Министерството добило голем број поплаки од граѓани за опасноста што ја претставуваат овие возила, особено за малолетници и постари лица кои се движат по ...
Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуваат со претставување на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Росоман, во Градско, Лозово и во Велес, додека СДСМ има најавено активности во Богданци, ...
Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон вчера го објави составот на новата влада на Франција предводена од старо-новиот премиер Себастијан Лекорну. Новиот француски премиер, чија претходна влада траеше само 14 часа, именуваше 34 министри и рече дека главната цел на неговата влада ќе биде да донесе буџет пред крајот на годината. -Именувана е влада водена од мисија која ќе ѝ обезбеди на Франција буџет пред крајот на годината. ...
Метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана се пронајдена при претрес на стан во Гостивар каде престојувала студентка, државјанка на Република Турција. Како што соопшти Царинската управа, инспектори од Одделението за истраги при претресот извршен по налог на надлежното обвинителство, биле пронајдени шест таблети од психотропната дрога метилендиоксиметамфетамин , 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис. -Во текот на ...
Хамас ги ослободи првите седум заложници кои се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест, Алон Охел, Омри Миран, Еитан Мор и Гај Гилбоа-Далал. Објавата предизвика овации меѓу толпата на Плоштадот на заложниците во Тел Авив. Возилата на Црвениот крст сега ќе се упатат кон деловите од Газа под израелска контрола, каде што заложниците ќе бидат предадени на израелските сили. Потоа ќе бидат ...
Државни „Пошта на Македонија“ повторно на удар на ревизорите поради континуирани финансиски загуби и зголемени трошоци за ангажирање лица по договор. И покрај намалените трошоци за плати, во 2024 година бројот на вработени пораснал на 2.267 лица, додека трошоците за хонорарци скокнале за речиси 29 милиони денари споредено со претходната година. Ревизорите нотираат и сомнежи околу наплатливоста на побарувања во висина од над 50 милиони денари и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека би можел да дозволи на Киев да му се испорачаат ракети со долг дострел „Томахавк“, ако Русија не ја заврши војната против Украина. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, претходно рече дека ракетите нема да претставуваат голема закана за неговата земја, но предупреди дека потегот би бил нова фаза на ескалација на односите меѓу Вашингтон и Москва. „Украина би сакала да има ракети ‘Томахавк’. ...
Денеска треба да почене предавањето на 48 израелски заложници, од кои 20 се верува дека се живи. Хамас, кој ги држи заложниците од нападите на 7 октомври 2023 година, објави список со имињата на оние што ќе бидат ослободени. Во замена, Израел ќе ослободи 250 палестински затвореници и повеќе од 1.700 задржани лица. Толпи граѓани се собираат на Плоштадот на заложниците во Тел Авив, чекајќи вести за ослободувањето. Очекувано е и пристигнувањето на ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска од Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки в среда ќе допатува во Скопје. Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм ...
На целата територија на Косово, времето за гласање на локалните избори, кои започнаа во 7:00 часот, заврши во 19:00 часот. Според прелиминарните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, по обработката на 94 отсто од протоколите во избирачките места, изборната активност до 19 часот изнесувала 38,48 отсто. ЦИК соопшти дека изборниот процес помина претежно мирно, без поголеми инциденти, а регистрирани се само помали доцнења при ...
Државната изборна комисија (ДИК) досега одобрила барања за акредитации за 591 странски и 658 домашни набљудувачи за локалните избори закажани на 19 октомври, соопшти попладнево претседателот на Комисијата Борис Кондарко. Кондарко информира дека бројката на пријавени лица кои ќе гласаат од дома – болни, немоќни, изнемоштени лица во општинските изборни комисии е околу девет илјади на ниво на цела територија за земјава. Соопшти дека по добивање на ...
Полициски службеници беа на лице место и во врска со навредливите скандирања ќе бидат преземени соодветни мерки, информираат од Mинистерството за внатрешни работи. Движењето на граѓаните по улиците во Тетово и Гостивар како и движењето на возилата заврши без проблеми и во тој временски период во СВР Тетово не се пријавени инциденти или поплаки. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во ...
Колегите од Клиниката за неврологија преку писмо изразуваат поддршка на проф. д-р Игор Кузмановски како одговор на неодамна објавениот компромитирачки материјал со кој, како што велат се дискредитира неговата личност и апелираат како што посочуваат, за воздржаност во јавниот дискурс, за почит кон човековото достоинство и за поддршка која е во согласност со вредностите на медицинската заедница и општеството во целина. Кузмановски беше снимен како ...
Утре истекува рокот за размена на заложници меѓу Израел и Хамас, во тек се последните подготовки. Пред утрешниот самит на светските лидери за ставање крај на војната, американскиот претседател Трамп ќе го посети Израел каде ќе се сретне со роднините на заложниците. Палестинските власти соопштија дека речиси половина милион раселени се вратиле во северна Газа. Редици камиони со хуманитарна помош веќе се на преминот Рафа со Египет. Поздрави за ...
Три децении после атентатот на Киро Глигоров, истрагата односно операција „Автомобил“ се уште е отворена, а тој настан не е расветлен ниту пак се откриени атентаторите. Во вечерашното издание на КОД, нови сведочења за тоа дека лик на познат криминалец од Србија се поклопува со ликот од фото роботот на единствениот познат учесник во атентатот- купувач на автомобилот „Aми 8“ кој е преправен во пеколна бомба и експлодираше на 3-ти октомври 1995-та ...
Ценатата на златоот сруши исторски рекорд. Унца достигна и до 4000 долари. Домашните финансиски аналитичари очекуваат дека златната треска ќе продолжи. Мировниот догвор помеѓу Израел и Газа според нив не би требало да влијае на пад на цената. А, дали граѓаните кај кои има зголемен интерес за купување на златниот производ дополнително ќе се мотивираат за купување. Повеќе одгвори на оваа тема во Бизнис Објектив © 2020 Телевизија Телма. Сите права ...
Каков старт на грејната сезона е пред нас? По предвременото пуштање на парното на почетокот на октомври поради падот на температурите под 12 степени, во среда и официјално треба да почне сезоната на топли радијатори. Но, колку ќе бидат топли зависи од повеќе аспекти. Веќе е најавено дека првите два до три дена – од 15 до 17 октомври греењето може да биде послабо, поради ремонт на цевката во Бугарија, преку која се испорачува гас во земјава. Од ...
Почнати се пресметките за новиот буџет за идната година. На почетокот на идниот месец треба да се презентира од страна на Министерството за финансии. Веќе се пресметува каде ќе се крати, каде ќе има плус пари. Но, и дали капиталните проекти ќе бидат повторно високо проектирани како што најчесто се прави или пак може би не, затоа што до сега од предвидените вакви проекти не се реализирани ниту половина. Ова го покажуваат бројките на ...
Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава со следната порака на роднидние на настраданите. -„Срамен и понижувачки е односот кон трагедијата во Кочани и затоа од денеска секој ден во Кочани ќе се одржуваат мирни протести и блокади. Блокадите ќе траат по еден час секој ден – од 15:15 до 16:15 часот – сè додека не започне судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Ова го најавија ...
„Адвокатската комора ќе одговори на наводите но прво сакаме официјално да ја видиме целата содржина на документот“, синоќа се огласи и еснафската комора за Tелма откако отвореното писмо на обвинителот Љупчо Коцевски предизвика бурни реакции кај адвокатите. Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која беше директно спомената во писмото, реагираше преку социјалните мрежи, оценувајќи дека тоа претставува директен притисок врз слободата на говорот ...
Осумстотини гласачи има помалку на избирачкиот список за Локалните избори во Општина Штип. Иселувањето во странство, внатрешната миграција кон Скопје и морталитетот за само 15 месеци од Парламентарните избори ја намалија бројката на избирачи, секој ден во просек од Штип си заминале по еден до двајца полнолетни граѓани или пак починале. Но, за разлика од останатите градови на истокот, Штип се уште е жив и динамичен образовен центар, од септември ...
Оставање отисоци од четири прсти и скенирање на лицето од денеска ќе им се бара на граѓаните на Македонија, за влез во земјите од Европската унија – без Ирска и Кипар, но и во Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. 29 земји од Шенген зоната обврзани се во првите 30 дена од старот на Системот за влез и излез да го имплементираат на најмалку 10 проценти од своите гранични премини и со него да опфатат најмалку 10 проценти од патниците. ...
Први за осуда – Последни за почит. Со оваа парола Независниот синдикат на полицијата изрази револт кон обвинителството за третманот на нивните колеги кои се под истрага за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Порачаа дека бараат правда за сите жртви, за нивниот колега Тоше Тодоровски кој го загуби животот во пожарот, а изразуваат поддршка на колегите кои ја преживеале трагедијата. Не се противат на истрагата против полициските службеници, ...
Авганистан соопшти дека убилe 58 пакистански војници во ноќните гранични операции, како одговор на она што го нарекуваат нарушување на нејзината територија и воздушен простор. Авганистанските власти го обвинија Пакистан за бомбардирање на главниот град Кабул, јави АП. Пакистан не ја презеде одговорноста за нападот. Главниот портпарол на талибанската влада, Забиула Муџахид, изјави дека авганистанските сили зазеле над 20 пунктови на пакистанската ...
Извор од Хамас близок до преговарачкиот тим на палестинската милитантна група Хамас изјавил дека нема да учествува во управувањето со Газа по војната, неколку дена по стапувањето во сила на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Само неколку часа по стапувањето во сила на прекин на огнот во Газа во петокот, милитантната група објави фотографии на кои се гледаат вооружени припадници на нејзиниот внатрешен безбедносен апарат, задолжен за одржување ...
Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот Бранко Азески и претставници на Стопанската комора на Северна Македонија на која биле презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање, како една од клучните реформи во процесот на дигитализација на даночниот систем. Како што соопштија од УЈП, на состанокот двете страни се согласиле за интензивна ...
Попладнево нов Mарш на ангелите во Kочани. Родителите најавија секојдневни протести за будење на правдата. Нема да дозволиме овој процес да се одолговлекува, порачаа семејствата на жртвите од кочанската трагедија. Седум месеци поминаа, а никој не се запраша како се чувствуваме ние, родителите. Ниту една институција не покажа човечност. Еве дел од нивните пораки. Б.С. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се ...