Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Во Скопје утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на трката во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“. Настанот ќе започне во 07:00 часот, при што сообраќајот ќе биде привремено затворан во три интервали од по пет минути. Трката ќе стартува и ќе заврши во комплексот „Македонско село“, а трасата ќе се движи по дел од патот кон село Горно Нерези, по што учесниците ќе продолжат по планински патеки. Во текот на ...
Трагичен инцидент се случи на стадионот „Алехандро Виљануева“ во Перу, каде најмалку едно лице го загуби животот, а 47 други се повредени во пресрет на големото дерби помеѓу екипите на Алијанса Лима и Универзитарио. Несреќата се случилa пред натпреварот, кога голем број навивачи биле собрани на трибините. Според министерот за здравство, повредените биле пренесени во болници низ главниот град Лима, при што неколку лица се во критична состојба. ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан се соочува со најсериозниот политички предизвик откако е на власт, додека анкетите покажуваат значајна предност за опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар. По години доминантно владеење, Орбан сега е принуден активно да води кампања во обид да ја намали разликата пред парламентарните избори на 12 април. Незадоволството кај гласачите расте, особено меѓу младите, кои сè почесто ја гледаат власта како ...
Американските и иранските сили трагаат по исчезнат член на екипажот на американски борбен авион „F-15E“, кој беше соборен во јужен Иран. Според извештаите, пилотот е спасен, додека офицерот за вооружување сè уште се води како исчезнат, а неговата судбина останува непозната. Иранските власти соопштија дека нивните безбедносни сили активно ја пребаруваат областа и дури нудат награди за пронаоѓање на американскиот војник „жив“. Меѓувреме, ...
Екипажот на мисијата „Артемис II“ на НАСА се наоѓа на половина пат до Месечината, откако успешно ја напушти орбитата на Земјата и продолжи кон својата цел. Леталото „Орион“ моментално се наоѓа на повеќе од 228.000 километри од Земјата, а астронаутите ја одбележаа оваа пресвртница со голема радост. Командантот на мисијата, Рид Вајсмен, направи спектакуларни фотографии од Земјата, прикажувајќи ја како сина планета опкружена со атмосфера и ...
Управата за јавни приходи информира дека активно работи на реализација на проектот „е-Фактура“, при што во тек е тестирањето на системот за електронско фактурирање и сервисите за директна интеграција (API). Од институцијата ги повикуваат сите компании што развиваат или користат системи за фактурирање да се вклучат во оваа фаза, со цел навремена подготовка пред задолжителната имплементација. Воедно, од УЈП предупредуваат дека во јавноста се ...
Купер Флег со 19 години стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА-лигата што постигнал 50 или повеќе поени. Неговиот неверојатен натпревар не беше доволен за Далас да ја прекине очајната низа на домашен паркет сезонава. Маверикс загубија од Орландо со 127-138 и го забележаа 14-тиот пораз по ред на домашен терен. Првиот пик на драфтот, Флег одигра фантастично и постигна 51 поен, но тоа не беше доволно за неговиот тим. Вендел Картер Јуниор ...
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, заработи повреда на задната ложа на левата нога и за него регуларниот дел од сезоната во НБА е завршен. Словенецот се повреди во поразот од актуелниот шампион Оклахома пред два дена и сигурно ќе ги пропушти последните пет натпревари. Првата рунда од плеј-офот започнува на 18 април. Од клубот не соопштија точна временска рамка за неговото враќање, но според слични случаи, ваквите повреди обично ...
Американската армија соопшти дека по успешно спроведена спасувачка операција, бил лоциран и евакуиран пилотот чиј авион беше соборен над Иран. Претходно иранските власти соопштија дека бил уништен американски Ф-35 а пилотот се исфрлил и слетал во централниот дел на земјата. Иранските медиуми соопштија дека властите понудиле награда од 10 милијарди томани, или нешто повеќе од 50.000 долари за негово заробување. Локалната полиција во соопштение ...
Во 2024 година, Градежен институт Македонија изработи студија за изнаоѓање на трајно решение за депонијата „Југохром“, која е доставена во декември 2024 на Министерството за животна средина, бидејќи Министерството за животна средина е нарачател на студијата. „Во министерството, пред десетина дена бевме повикани да ја презентираме студијата. Јас направив презентација на студијата и за мое позитивно изненадување, беше присутен министер, ...
„Во однос на растворување од обична чиста вода од врнежи, значи, шестовалентниот хром се раствора и со водите од врнежи се дистрибуира, се инфилтрира во подземните води и ги загадува подземните води, објаснува Илијоски, а подземните води во кругот на депонијата се загадени со содржина на шестовалентен хром од рангот на 10 милиграми, 100 милиграми, 130 милиграми, 500 милиграми. Значи, 500 милиграми е 50.000 пати зголемена концентрација. Значи ...
На прашањето колкава количина има во тие 1,1 милион кубни метри отпад од Јегуновце од опасниот отпад, професорот Златко Илијоски во вечерашната Топ Тема рече дека станува збор за депонија која може да се сврсти во категорија на депонија за опасен отпад со содржина на металуршки отпад. Значи, самата номенклатура, согласно според тоа што во неа има 350.000 тони бихроматно блато кое е опасен отпад, самата депонија треба да има назив „депонија за ...
Колкава опасност по изворот Рашче претставува јаловината од Југохром? Како да се реши децениската негрижа? Вечерва во Топ Тема дебатираат проф. Златко Илијоски и проф. Трајче Стафилов. „Хромот во природата може да се најде во различна форма, оксидациона форма и во разни различни соединенија. Главно неговата оксидациона форма е 3+ и 6+ и затоа велиме поедноставно, старата терминологија, на тривалентен и шествалентен хром. Шествалентниот хром ...
Индексот на цени на станови, којшто се однесува единствено на територијата на градот Скопје и се пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови во првиот квартал од 2026 година бележи стабилизација, објави Народната банка. „На квартална основа, цените на недвижностите забележаа минимален раст од 0,1% , а истовремено, се забележува значително забавување на годишниот раст, кој изнесува 16,7%, наспроти 25% во ...
Се воведуваат три нови дигитални услуги на uslugi.gov.mk кои се однесуваат на високото образование кои треба да го поедностават процесот на доставување статистички податоци за високото образование. Со нив институциите и високообразовните установи ќе можат електронски да ги пополнуваат и доставуваат потребните податоци, без дополнителни административни процедури за пократко време, со што Државниот завод за статистика ќе може побрзо да ги ...
Побезбедно во сообраќајот, но движењето од еден до друг крај на Скопје сега е поспоро бидејќи правилата и ограничувањето од 50 километри на час мора да се почитуваат. По вториот месец на активна примена на Безбеден град, граѓаните ги гледаат позитивните промени во скопскиот сообраќај, но имаат и предлози како да се намали гужвата. „Јас би направила како што беше порано. Парни броеви во еден ден, а непарни во друг ден бидејќи се создава многу ...
Следниот попис на населението треба да биде во 2031 година и се прават подготoвки за тој да биде целосно електронски. Податоците ќе се земаат од административни извори. На последниот попис во 2021 година дел од податоците беа повлекувани од институциите, но сепак на терен имаше попишувачи за проверка. Следниот попис на населението треба да биде во 2031 година и се прават подготoвки за тој да биде целосно електронски. Податоците ќе се земаат ...
Со неисправни кочници 63-годишен возач од Скопје превезувал 85 деца, иако според сообраќајната дозвола биле дозволени 48. Утрово додека автобусот се движел на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје бил сопрен од полициски службеници кои извршиле контрола. „Извршена е контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, со кој се врши јавен превоз на патници (организиран превоз на деца), при што е ...
Новиот јавен обвинител работи целосно под диктат на Христијан Мицкоски и за 24 часа ги има исполнето сите задачи што му ги додели – СДСМ ги повтори обвинувањата на адреса на Ненад Савески. ВМРО-ДПМНЕ со нови критики за Ленче Ристоска. Ја нарекуваат десната рака на Катица Јанева и ја обвинуваат дека глуми жртва. За предметите Талир велат дека се предадени на обвинител кој е од обвинителство со реална надлежност над нив. Тврдат дека ...
Околу 100 текстилни работнички и работници од кочанската конфекција „Артекс“ останаа без работа, две плати и неисплатено К-15. Во текот на вчерашниот и денешниот ден им биле дадени да потпишат спогодбени отказни договори. Работничките со солзи во очи велат дека ова за нив е шок, бидејќи некои од нив во оваа конфекција работеле и над две децении. „Тука работам, со две операции сум и сега сум на улица. Немам ни здравство ни ништо, каде да ...
За првпат по повеќе од 50 години, човештвото се враќа на Месечината – патувајќи подалеку од Земјата отколку што некој бил досега. Четворица астронаути се во ракетата наречена „Систем за вселенско лансирање“, која грмеше на небото упатувајќи се на 400.000 километри оддалеченост. Мисијата „Артемис II“ на НАСА се очекува да донесе нов прекрасен поглед на Месечината и ново разбирање на лунарната средина. Ракетата со 32 ката се вивна од ...
Обвинителката Ленче Ристоска си заминува, а зад себе крена прашина во правосудниот систем. Не стивнуваат реакциите дали загуби обвинителството, државата или победува високо-профилираниот криминал. Додека Рисоска се пакува од канцеларијата, нејзината одлука последно и дефинитивно ќе ја разгледува и потврди Советот на јавни обвинители. Изјавата што обвинителката Ленче Ристоска ја даде уште во 2023 година и тогаш го прилече незадоволството на ...
Наместо плати и регресот за годишен одмор, стотина вработени од текстилната фабрика АРТЕКС останаа на улица. Од менаџментот ги известиле вработените дека фабриката се затвора без да ги добијат ветените примања. Им биле врачени спогодбени решенија. Револтирани денеска излегоа на протест пред погонот на АРТЕКС. Со солзи во очите раскажуваа со што се соочуваат. Наместо плати и регресот за годишен одмор, стотина вработени од текстилната фабрика ...
Студентите од клупи да влегуваат во лаборатории и компании, поддршка на стартап иницијативи во рамки на универзитетите, иновациска инфраструктура, подобар трансфер на технологии и посилно поврзување со бизнис секторот е целта на денешното потпишување на Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за иновации (ИНОВА) и државните универзитети. Фокусот на ова партнерство е создавање на економија базирана на знаење. „Нашата заедничка цел е да ...
Попушти таванот во големата сала на Центарот за култура во Битола простор каде што се одржуваат најголемиот број на настани, концерти и кино-проекции Само два дена претходно, во полна сала, премиерно се одржа мјузиклот „Freddie The Queen“ на битолскиот Камерен оркестар. Но, за среќа, немаше настан, ниту публика во моментот кога попуштија тешките иверки од таванот, на левата страна над горниот дел од седиштата кои се прицврстени на дрвена ...
По вчерашните претреси на различни локации во повеќе градови во Македонија, обвинителството денеска отвори истрага за производство и дистрибуција на детска порнографија против еден битолчанец, вработен во основно училиште. Судот му одреди притвор. „Осомничениот 31-годишник, кој бил инаку вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 01.04.2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за ...
Конакот при црквата Свети Атанасиј во тетовски Лешок, кој е објект заштитен како културно наследство, веќе со години е во фаза на конзерваторско-реставраторските интервенции. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јордановски при денешната посета таму, најавија дека годинава ќе завршат градежните работи. Внатрешноста на објектот ќе го уредува Црквата. „Веќе сме во завршна ...
За еден месец цената на мазутот се зголемила за речиси 50 отсто. Ако се погледнат извештаите на Регулаторната комисија за енергетика, пред стартот на воениот конфликт на Блискиот исток, мазутот чинел 34, 5 денари за килограм. Во последното соопштение од РКЕ неговата цена дистигнува и до 50, 4 денари за килограм, што покажува дека овој енергенс за еден месец значително поскапел. ЕСМ е меѓу онои кој кај нас го користат за производствот на ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика т.н. „средно големи сили“ да се здружат и спротивстават на САД и Кина, објави Блумберг. Макрон ја испрати порака за време на неговата посета на Азија, каде разговараше за сигурна пловидба низ Ормускиот теснец, како и јакнење на соработката со Јужна Кореја и со Јапонија. „Наша цел не е да бидеме вазали на две хегемони сили. Не сакаме да зависиме од доминацијата, да речеме на Кина, ниту сакаме да ...
Повеќе од 100 експерти за меѓународно право го ставија својот потпис на отвореното писмо со кое изразуваат „длабока загриженост“ поради тоа што тие го нарекуваат сериозно нарушување на меѓународното право од САД, Израел и Иран во војната во Блискиот Исток. Тие велат дека одлуката на САД и Израел да нападнат Иран е јасно кршење на Повелбата на Обединетите нации, која го забранува користењето на сила освен во самоодбрана или кога за тоа има ...