Рано утрово починал поранешниот пратеник и градоначалник на Кавадарци Панчо Минов. Тажната вест ја соопшти неговото семејство. -Со длабока тага и искрена благодарност се простуваме од Панчо Минов, еден од најистакнатите правници, политичари и космополити на нашата држава. Својот живот и работа ги посвети на Кавадарци и Македонија, со четири мандати како пратеник, два како градоначалник, и како дел од првиот парламентарен состав кој донесе ...

А денеска треба да биде објавена и пресудата против Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи, обвинети за создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата Вардариште. Тројцата обвинети на претходното рочиште ја признаа вината за кривичното дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Според обвинението, тие од 2020 до септември 2025 година нелегално откупувале старо железо и друг отпад без дозвола, при што ...

Повеќе од илјада луѓе маршираа низ Атина во знак на поддршка за Палестинците и во одбележување на втората годишнина од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, кој го започна војниот конфликт во Газа. Демонстрантите носеа палестински знамиња, транспаренти и пароли, марширајќи кон израелската амбасада. Неколку учесници фрлаа факели и огномети кон зградата, додека специјалната полиција беше распоредена во близина, но не дојде до ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа изјави дека таа и уште двајца министри се обвинети од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради поддршката на Рим за Израел. „Јас, министерот Крочето (Гвидо, министер за одбрана), министерот Тајани (Антонио, министер за надворешни работи) и верувам дека извршниот директор на Леонардо, Роберто Чинголани, станавме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид“, рече таа ноќеска во телевизиска емисија. ...

Мировните преговори меѓу Израел и Хамас продолжуваат денеска во египетскиот град Шарм ел-Шеик, токму на втората годишнина од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што ја започна крвавата војна во Појасот Газа. Вториот ден од индиректните разговори е фокусиран на новиот мировен план предложен минатата недела од американскиот претседател Доналд Трамп. Според висок египетски претставник, Хамас бара гаранции дека Израел нема да ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските вооружени сили и понатаму ја контролираат „стратешката иницијатива“ во воената операција во Украина. Тој ова го соопшти на средба со генерали во Санкт Петербург.Путин тврди дека руските сили „ослободиле речиси 5.000 квадратни километри“ украинска територија. Пред состанокот, заедно со дел од воениот врв, посети катедрала во Санкт Петербург, каде се помолија и положи цвеќе на гробница. ...

Американските берзи забележаа пад, ставајќи крај на седумдневната добивка, откако цената на златото достигна рекордни $4.000 за унца. S&P 500 ослабе за 0,4%, Dow Jones загуби 91 поен или 0,2%, а Nasdaq падна за 0,7%. Пазарите направија пауза по неколкунеделен раст поттикнат од надежите дека економијата ќе остане стабилна и дека Федералните резерви ќе продолжат со намалување на каматните стапки. Најголем пад забележа акцијата на Tesla, која ...

Организацијата на работодавачи на Македонија ја претстави студијата за социјалниот дијалог и состојбата на работната сила во секторот за водоснабдување и канализација. Истражувањето, опфати четири земји и ја потенцира важноста на социјалниот дијалог за подобрување на работните услови. Резултатите покажуваат дека најголемиот дел од работниците во секторот ја оценуваат висината на платата како клучен фактор за избор на работно место, додека ...

Министерството за здравство со голема вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден докторот Зекирја Шаини. Од таму известуваат дека повредите на докторот не се животно загрозувачки, тој е во стабилна состојба и се наоѓа во процес на опоравување. Од ресорното министерство најавуваат целосна поддршка за докторот додека трае неговата рехабилитација и категорично осудуваат било какво насилство врз здравствените ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагираше на барањата за негова оставка од страна на дел од партиите во земјава по вооружениот инцидент во Куманово, оценувајќи ги како „очајни, неосновани и политички мотивирани напади“.Тој истакнува дека осум години уништување на државата не можат да се избришат со папагалско повторување на зборот „оставка“ и дека институциите конечно функционираат без партиска контрола.Тошковски потенцира дека ...

Судењето за случајот онкологија продолжува денеска. Претходно новиот адвокатски тим на поранешниот директор на клиниката за oнкологија Нино Васев побара државниот обвинител Коцевски да ги преземе двата предмети за Онкологија од обвинителката Ана Гоговска Јакимовска или да го делегира предметот на друго обвинителство. Очекуваат Коцевски да ги реевалуира обвиненијата да се дополни истрага или да ги повлече обвиненијата. Една од забелешките на ...

Заврши огласот за судија во Стразбур, аплицирале 21 кандидат, а комисијата предводена од преседателот на Уставен денеска на состанок ќе ги разгледуваат пријавите по што ќе се знае кој го минал првиот филтер. Дали јавно ќе ги објават имињата на кандидатите, Костадиновски вели за ова прашање ќе одлучуваат 5 члена на седницата денеска. Телма дознава дека повторно аплицирале дел од кандидатите кои се пријавија и на претходниот оглас, а постапката ја ...

Предизборна дебата во Топ Тема на Наташа Стојановска со кандидатите за градоначалник на Кисела Вода: Кети Сталеска – Група избирачи Јане Ацевски – Левица Горан Трајковски – Коалиција предводена од СДСМ Бети Стаменкоска Трајковска – Коалиција предводена од ВМРО -ДПМНЕ Оливер Поповски – Коалиција Искуство за успех Марко Салџиевски – Твоја партија © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во ...

Познатиот босанско-херцеговски пејач на народна музика, Халид Бешлиќ почина во 72-та година од животот по кратка борба со тешката болест. Последниот концерт го одржа во Бања Лука на 15 август, кога почувствува тегоби и беше хоспитализиран во универзитетскиот Клинички центар во Сараево. Неговата кариера траеше повеќе од четири децении. Зад себе остави бројни хитови кои добија статус на евергрини и се составен дел од секое собирање, како ...

Треба да се создадат услови за сите деца кои што живеат во Кисела Вода да имаат место во градинките, вели Марко Салџиевски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода од „Твоја партија“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „И јас го имав истиот проблем, во времето на ковид-19, тогаш моето дете не можеше веднаш да се запише во градинка. Не смееме да дозволиме и натаму да ги имаме тие проблеми. Не може да следува урбанизација без сите ...

Триесет и пет години слушаме како ќе се премести Центарот за зависници, како ќе се дисплоцира од Кисела Вода, 35 години само лажни ветувања, истакна Оливер Поповски, кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода од коалицијата „Искуство за успех“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Тие зависници треба да се лекуваат некаде. Центар им треба. Тука е направен додека не се најде решение, а треба да се најде, но никој не го бара. ...

Не ја знам моменталната ситуација со дивоградбите во општината, но може да направиме увид, да ги разгледаме работите и не можам да кажам дали истите ќе се рушат или не, но доколку на државно земјиште е нешто направено, децидно кажувам дека ќе се руши, порача Горан Трајковски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода од коалицијата предводена од СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Имаме останати предмети за легализација од ...

Еден од петте приоритети во нашата програма се однесува на системска програма за урбана хигиена и чиста животна средина, порача Бети Стаменкоска Трајковска, кандидатка за градоначалничка на Кисела Вода од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Целата организација која сега макотрпно се право во Општина Кисела Вода, заради немањето на поддршка и немањето на она што значи одговорна работа од страна ...

Невиден хаос е во Кисела Вода од паркирање, од возила и ќе треба некое решение што минимално ќе ги ублажи последиците од претходните 30 години работење, рече Јане Ацевски, кандидатза градоначалник на Кисела Вода од Левица, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Не знам кој ќе најде решение за она што е направено таму. Постојат некои решенија, но дали целосно тие решенија ќе одговорат на потребите на граѓаните. Она што го видов од ...

По убиството на судијата Астрит Калаја во Албанија, кого обвинет го застрела во судница, со сочувство и поддршка се огласија од македонското здружение на судии и од кривичниот суд. Од здружението велат дека овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и потсетник е дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без страв за личната безбедност. Од Кривичен порачаа ...

Најголем дел од граѓаните не сакаат повеќе да се гради во Кисела Вода, туку сакаат зеленило, паркови и паркинзи, бидејќи сметаат дека е пренатрупана, вели Кети Сталеска, кандидатка за градоначалничка на Кисела Вода од група избирачи, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Изградба на нови згради и промена на ДУП-ови, секако, дека е едно горливо прашање и не може туку-така да се одлучи. Треба да се провери претходно што било и како ...

Од ДУИ остро го осудија настанот и го нарекоа варварски чин на насилство. Бараат од Министерството за внатрешни работи и обвинителството веднаш да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите. И од ВРЕДИ најостро ја осудуваат секоја форма на насилство и упатуваат апел за смиреност, воздржаност и почитување на институциите кои треба целосно да го расветлат случајот. -Насилството нема место во нашето општество, а ниту ...

Се вршат претреси во домови за стари лица во Скопје по добиени сознанија за нехуман третман на корисниците, при што две лица се уапсени, соопшти Јавното обвинителство. Покрај полиција и обвинителство, вклучени се и инспектори од Министерството за социјална политика, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Инспекторатот за труд и Агенцијата за храна. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или ...

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Виница за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Присутни лица се обиделе да ги раздвојат, но во еден момент осомничениот со камен го удрил оштетениот во задниот дел од главата и тој од ударот паднал во бесознание. Му била нанесена тешка телесна повреда – скршеница на черепот на ...

Пред локални избори и пред Општина Куманово, со полициски ленти беше обезбедено местото на кое беше застрелан носителот на листата на ДУИ за Општина Липково, Зекирја Шаини. Шаини, кој е лекар пулмолог, е застрелан пред 14 часот додека се возел со голф, а во него пукале две лица кои се движеле по улицата. Инцидентот се случил на раскрсница пред Општина Куманово, на 50-тина метри од полициската станица во Куманово и судот и обвинителството во овој ...

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор Зекирија Шаини. Ја известуваме јавноста дека повредите не се животозагрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува. Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација. Министерството категорично осудува било какво насилство против здравствените ...

Прв сосед на Центар – Општина Кисела Вода, е дом на над шеесет илјади жители, во единаесет населени места. Згради и куќи, големи булевари и мали тесни улички. Животот во Кисела Вода е различен за сите. Во посредениот дел од општината – контраст помеѓу урбаниот раст и инфраструктурата. Ова е секојдневието на жителите на населбата Кисела Вода. „Кога тие дозволуваат да се гради, луѓето купуваат, се продава и купуваат. Тие не градат диво, значи ...

Среде струмичкото поле, во пазувите на планината Огражден, речиси една деценија се бие битка да не се отвори рудник. Тука се селата Иловица и Штука и најголемиот дел од нивните жители станаа екоактивисти за како што велат, да си го заштитат огништето. Ило Малинов има речиси 80 години и нескротлив дух. Смета дека последниве години сѐ што имале за рудникот кажале, а политичарите треба само да го следат ставот на граѓаните, но и расположливите ...

„Гласот на медицинските сестри мора да биде слушнат таму каде што се крои здравството на оваа држава, реагираат од Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри . Велат дека дегутантно е да бидат на ваков начин игнорирани, затоа што и покрај тоа што постоеше јасен и официјален договор со министерот за здравство за вклучување на Унијата во работните групи, на неодамнешната јавна расправа тоа не се случи – ...

Носителот на листата на ДУИ за општина Липково, Зекирја Шаини е застрелан во вооружен напад во центарот на Куманово. Шаини кој е и лекар пулмолог е застрелан додека се возел со голф, а во него пукале две лица кои се движеле по улицата. Инцидентот се случил на раскрсница пред општина Куманово, на 50-тина метри од полициската станица во Куманово. Од фотографиите на веб порталот Кумановскимуабети се гледа дека полициски службеници со автомати и ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
100%
1019
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
70%
1020
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.57
87%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
98%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
79%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1016
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
76%
1018
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.5864

Злато

139515.92

Сребро

2159.01

Калај

43.93

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04

Паладиум

54591.97

Родиум

258813.51

Кобалт

58.42

Платина

64479.52

Бакар

11.07

Алуминиум

2.95