Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На Пуцко Петрол и уште три компании Сол Груп 5 Скопје, ЕМК ДОЕЛ Мали хидроцентрали, СБН Енерги Кичево кои сакале да градат фотонапонски централи им се активирани банкарските гаранции во вредност од над 650 илјади евра. Како што тврдат од Министерството за енергетика тие не ги почитувале обврските во договорот, односно не ги изградиле централите во утврдениот рок, а не ги посочиле ниту причините поради кои имале застој во процесот. Тоа се е ...
Предлог за укинување на притворот на Нино Васев, обвинет во двата случаи онкологија, поднела неговата одобрана. Ова по денешното рочиште во Кривичниот суд за финансиските злоупотреби на клиниката го соопшти неговиот адвокат Боби Спирковски. Во случајот освен Васев, како поранешен медицински директор, обвинет е и организицскиот директор Нехад Нухи. Васев има уште еден процес против него за несовесно лекување на клиниката. „Вакви два предмета со ...
Министерството за култура и туризам не постапува, а имаше доволно време да реагира, за да ги намали судските трошоци откако стигна првата пресуда на 11 септември годинава во корист на Синдикатот за култура. Ова денеска го кажа претседателката на СКРМ, откако вчера на прес извести за добиената пресуда од вкупно 800 тужби што му се закануваат на министерството за, како што велат од Синдикатот, незаконските пресметки на плати и решенија од април ...
Стапија на сила американските санкции за „НИС“ – српската нафтена индустрија откако истекоа сите рокови за повлекување на руски „Газпром Нефт“ од сопственичката структура. Српската Влада уверува дека се обезбедени залихи на бензин, дизел и нафта за наредните неколку месеци, но без решение од каде би се увезувало. Хрватската компанија „ЈАНАФ“ – јадрански нафтовод кој престана да работи со НИС ќе загуби 18 милиони евра до крајот на годинава па ...
Осум луѓе, меѓу кои и Борче Марковски, сопственикот на Марковски компани од Битола, најголемиот тендерџија во РЕК Битола во изминатите години, и поранешниот директор на РЕК Пеце Матевски, се уапсени во денешната акција на Финансиската полиција, дознава Телма. Тие се уапсени за злоупотреби со тендерот за дислокација на погонски станици од рудникот Осломеј во рудниците во Битола вреден 106 милиони денари, односно 1,7 милиони евра. Код уште во мај ...
Во врска со информациите кои денес беа објавени во медиумите за апсење поврзано со сопственикот на „Марковски Компани“, Борче Марковски, од ЕСМ ја информираат јавноста дека ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка. Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката ...
Израел и Хамас се согласија за првата фаза од мојот мировен план, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на социјалната мрежа Трутх Сошал. Во текот на состанокот во Белата Куќа на која се разговараше за сосема други теми, американскиот државен секретар, Марко Рубио, му достави лист хартија на Трамп по што тој соопшти дека двете страни се многу блиску до договор. Набргу потоа ја објави веста, појаснувајќи дека сите ...
Речиси ништо не укажува дека во тек е предизборна кампања, ги нема вообичаените билборди, висечки натписи и постери со ликовите на кандидатите за градоначалници или советници додека се движите од Тетово преку регионалниот пат низ неколкуте села кои се дел од Општина Боговиње. Во текот на саботното претпладне кога го посетивме општинскиот центар, во селото Боговиње луѓето ни рекоа дека тука добро се живее, но сепак проблеми има, и тоа со ...
Зрната кафе се носат од Колумбиа, во Шпанија се чуваат и зреат на посебен начи, а на крај бариста Маркос Гонзалез го меле и го подготвува својот рецепт за вистинско кафе. И Маркос се обидува да внесе новитети во вкусот на кафето и го збогатува со вкус на јасмин и лимонова трева, познати азиски зачини. Маркос со својот новитет зготвен во шпански Виго ќе се обиде да победи на Светскиот шампионат во подготовка на пијалоци од кафе. View this post on ...
Во куќа во холандскиот град Залтбомел, Карла Маркс пред век и пол ја пишувал клучната книга за социјалистичката идеологија „Капитал“. Сопствениците решија да ја продадат куќата и се надеваат дека историските моменти ќе ја подобрат цената на оваа стара куќа. View this post on Instagram A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma) © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес преживеа уште две гласања за доверба, при што малку повеќе пратеници ја поддржаа отколку на претходното гласање од пред три месеци. Два одделни предлози за недоверба беа поднесени од крајно левичарските и крајно десничарските групи, Левицата и Патриотите за Европа. Предлогот на Левицата беше изгласан од 133 пратеници, со 383 против и 78 воздржани. Вториот предлог поднесен од ...
Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот Онкологија 2 со искази на сведоци. Пред почетокот на рочиштето беше констатирано дека не се исполнети услови за изземање на обвинителката Ана Гоговска Јакимовска откако одбраната претходно го бараше тоа. Судот го одби и барањето за изземање на вештакот на обвинителството Елизабета Дамевска Јовановска. Вработена на шалтер на Онкологија на одделение за малигни тумори на дојка сведочеше дека ...
Поднесена кривична пријава до две лица за сторено кривично дело „криумчарење“ мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 355 илјади денари. Делото е откриено на влез на граничен премин Ново Село, кога при извршен детален преглед на возилото со кое патувале осомничените, во багажниот простор се откриени вкупно пет нови „iPhone 16“, од кои три „iPhone 16 Pro Max“, како и еден употребуван „iPhone 16 Pro Max“. По преземањето, телефоните биле скриени во ...
Менаџерскиот тим на М-НАВ реагираше до јавноста по најавите за штрајк и евентуално „затворање на небото“ на 20 и 24 октомври, нагласувајќи дека контролата на летање како дел од критичната инфраструктура не смее и не може да запре, поради ризикот по безбедноста на патниците, екипажот и воздушниот сообраќај. Од компанијата велат дека го признаваат правото на синдикалните организации да организираат штрајк, но предупредуваат дека секоја форма на ...
Санкциите на САД против Нафтената индустрија на Србија стапија на сила утрово, поради мнозинското руско сопствеништво во компанијата. НИС соопшти дека не им е продолжена специјалната лиценца од американското Министерство за финансии, што досега им овозможуваше непречено работење. Директорката на малопродажниот сектор, Бојана Радојевиќ, изјави дека компанијата подготвено ги дочека санкциите, со доволни залихи на гориво и сурова нафта. Таа ...
Управниот Суд, на седницата одржана на 6 октомври 2025 година, донесе Решение со кое ја отфрли тужбата на политичката партија Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Имено, со донесеното Упатство се појаснува начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, распределба ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик. Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската ...
Ја поздравувам објавата за договор за обезбедување прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, врз основа на планот кој го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на X. Таа ја поздрави дипломатската работа на Соединетите Американски Држави, Катар, Египет и Турција во постигнувањето на овој пробив и додаде дека е охрабрена од поддршката на Владата на Израел и ...
Владата го поднесе до Собранието Предлог-законот за измени на Законот за ДДВ, со кој се укинува ослободувањето од данок за увоз на мали пратки до 22 евра од странство. Со новите правила, сите онлајн нарачки – без оглед на вредноста – ќе подлежат на ДДВ, освен ако не станува збор за некомерцијални пратки меѓу физички лица. Со оваа измена, Македонија се усогласува со европската регулатива, која уште од 2021 година не дозволува вакви ...
Двајца македонски државјани се приведени на меѓународниот аеродром во Тирана, кај кои биле откриени евра и денари, кои не ги пријавиле. Од македонските државјани, кои требало да патуваат за Норвешка, биле откриени и запленети 22.805 евра, 2.600 македонски денари. Според полициското соопштение кај лицето А.Ј. (33) биле пронајдени 11.800 евра и 2.600 македонски денари, додека кај Б.И. (43) 11.005 евра, кои не ги пријавиле. Процедуралните ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека почнале подготовки за делумно повлекување на трупите од Појасот Газа, како дел од договорот за заложници и прекин на огнот со Хамас. Во соопштение на војската се наведува дека „според директивите на политичкото раководство и во согласност со проценката на ситуацијата, ИДФ почна оперативни подготовки за спроведување на договорот“. Како дел од подготовките, армијата изјави дека се подготвува за ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја прекина прес-конференцијата во Белата куќа откако американскиот државен секретар, Марко Рубио, му подаде документ со рачно напишана порака. „Ни треба наскоро да го одобрите објавувањето на Truth Social за да можете да бидете првите што ќе го објават договорот“, се вели во пораката предадена на Трамп. ...
Членовите на Европскиот парламент денеска на последниот ден од овонеделната пленарна сесија во Стразбур во одвоени гласања ќе се изјаснат по двете инцијативи за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. Гласањето следи откако во понеделникот европратениците одржаа дебата по иницијативите за недоверба предложени од десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ) и од екстремно левичарската Левица. Образложувајќи ја ...
Американскиот Сенат повторно не успеа да го усвои законот за краткорочно финансирање на владата до 21 ноември, додека прекинот на работата на владата влезе во деветтиот ден. Сенатот го одби законот што го усвои Претставничкиот дом со 54 гласа „за“ и 45 „против“, бидејќи не беше достигнат прагот од 60 гласа потребни за негово усвојување. Ова беше шести обид за усвојување на законот за финансирање. Сенатот, исто така, ја одби и верзијата на ...
На неколку локации низ Скопје, во населбите Ѓорче Петров, Хром и Нерези, вчера попладне беше извршена координирана полициска акција за разбивање на организирана група осомничена за трговија со дрога. Акцијата ја спроведуваа инспектори од Одделот за сузбивање на организиран криминал при МВР, во соработка со обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Според информациите, цел на акцијата била група која дистрибуирала кокаин на ...
Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето против поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, обвинети за злоупотреба на службената положба, измама и проневера. На денешното рочиште се очекува да сведочат вработени од клиниката кои ќе ги дадат своите искази за наводните неправилности… На претходното рочиште сведочеше медицинска сестра од Клиниката за онкологија која изјави дека во три случаи, кога имало недостиг ...
Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза за прекин на огнот во Газа, со што се најавува крај на крвавата војна што трае веќе две години и однесе над 67.000 животи… Американскиот претседател Доналд Трамп го објави договорот доцна синоќа, нагласувајќи дека „сите заложници ќе бидат ослободени наскоро“, а израелската војска ќе се повлече на договорена линија… Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека денеска ќе го свика парламентот ...
По три години затвор добија обвинетите кои нелегално складираа отпад во дивата депонија Вардариште. Судијката Бранка Наумоска денеска ги прогласи за виновни Максуд Мемиши, Алмир Асани и Флорим Арифи, бидејќи создале депонија која предизвикала опасност по здравјето на луѓето и загадување на земјата и воздухот. Тие остануваат во притвор до правосилност на пресудата. На претходното рочиште Мемиши, Асани и Арифи признаа вина, односно дека ја ...
Единаесет од 20 пријавени кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) го минаа првиот филтер и продолжуваат во наредната фаза, на интервју на 20-ти октомври. На денешната седница, петчлената комисија предводена од претседатлеот на Уставен, изврши административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, ја утврди листата на апликанти кои ќе бидат поканети на интервју, информираа преку ...
Андреј Бабиш, чија партија победи на парламентарните избори во Чешка и кој потенцијално е иден премиер на земјата, порача дека нема да испрати ниту една круна од државниот буџет за Украина додека војува против руската инвазија. „Нема да дадеме ниту круна на Украина од нашиот буџет за оружје“, објави лидерот на десничарската АНО, велејќи дека владата нема пари ниту за Чешка. Бабиш истакна дека Киев веќе прима милијарди финансиска помош од ...