Поради сериозниот недостиг од гориво и честите прекини во снабдувањето со електрична енергија, електричните трицикли станаа главното превозно средство во кубанската престолнина Хавана. Возилата, кои одамна се присутни во земјата, денес претставуваат клучна алтернатива за превоз на патници и стока, во услови кога јавниот превоз речиси целосно е парализиран. Улиците на Хавана се исполнети со електрични трицикли што секојдневно превезуваат ...

Новото главно превозно средство на Кубанците се малите електрични трицикли, кои сè почесто ги заменуваат старите американски автомобили и автобусите на улиците во Хавана. Долготрајниот недостиг од гориво и сè почестите прекини во снабдувањето со електрична енергија ги натераа жителите да бараат поевтин и подостапен начин за превоз. Малите возила на три тркала, претежно од кинеско производство, денес се користат за превоз на патници и стока, ...