Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Ново „добредојде“ на влезот на Скопје. Два дена откако на надвозникот беше поставен билборд со ниту едно веродостојно прикажано скопско обележје, градските власти со исправка. Нов знак ги пречекува гостите, туристите и патниците од другите градови. Утрово беше отстранет знакот на кој Букефал беше прикажан со пет нозе, Камениот мост невообичаено долг, скопското кале непрепознатливо и како замок од некоја друга земја. Тоа обележје стоеше од ...
Здравствените власти попладнево прогласија епидемија во Гостивар. Одлуката е донесена откако е надмината неделната граница на заболени и во последните 24 часа досега најголем број на гостиварчани побарале медицинска помош во градската болница „Ферид Мурад“. „ Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, ЦЈЗ – Тетово, одделение за епидемиологија Гостивар , пријавува епидемија на ниво на ...
Граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ се сомнева во намерите кои стојат зад назначувањето на литванскиот адвокат, Андриус Смалиукас, за нов управител на „Еуромакс Ресурсес“. Тие сметаат дека ваквите чекори не се случајни, со оглед дека досега правник не бил поставуван на чело на компанијата. Според Централниот регистар, промената е одобрена на 17-ти јуни, а Смалиукас ја презема управувачката функција со неограничени овластувања. Неговиот ...
Да се донесе Закон, но и да се почитува Правилникот за откуп на оризовата арпа се решенијата за да се спаси оризопроизводството во кочанскиот регион, сметаат земјоделците кои со векови ја одгледуваат оваа култура и надалеку познатиот бренд „кочански ориз“. Оризопроизводителите велат дека во моментов не се откупува оризова арпа, а цената се движи од 18 до 20 денари за килограм, која не ги покрива ниту производните трошоци. Годинава пак поради ...
Лицата со траен инвалидитет секои шест месеци влегуваат во лавиринтот на институциите. Болеста напредува, инвалидитетот е траен, но државата одново и одново бара доказ за нешто што не може да исчезне. Трка со времето, трка по документи и часови поминати во лекарски ходници и ординации, вака изгледа секојдневието на стотици семејства, сведочат за Телма, дел од нив. За да не го изгубат правото на социјалните надоместоци, уште четири месеци пред ...
Добредојде во Скопје со ниту едно веродостојно прикажано скопско обележје. Гостите, туристите и патниците од другите градови цел еден ден беа пречекувани со нов билборд на влезот на градот, за кој градските власти сега тврдат дека проверуваат кој прогледувал низ прсти. Букефал со пет нозе, Камениот мост невообичаено долг, Скопското кале непрепознатливо и како замок од некоја друга земја, а Водно слично како во реалноста, но само вметнато во ...
Партиите и од власта и опозицијата бараат одговорност за здравствената ситуацијата во Гостивар, но на различни места ја лоцираат вината. ВМРО – ДПМНЕ прстот го вперува кон опозицијата и обвинува дека локалната власт не рeагирала . ОД СДСМ сметаат дека се доцни со прогласување на епидемија и дека ова не е тема за терање политика . „СДС, ДУИ и Таравари додека славеа и се радуваа на победата се беше добро, а денес кога треба реакција и ...
Горната граница на заболени пациенти на неделно ниво е надмината и поради тоа ИЈЗ ќе прогласи епидемија во Гостивар, соопштија здравствените власти. Во последните 24 часа, 309 гостиварчани побарале лекарска помош во градската болница „Ферид Мурад“ , што е досега највисока бројка во едно деноноќие и покажува дека пикот се уште не е достигнат. Од понеделникот, кога според раководството на болницата во Гостивар се јавил првиот пациент, заклучно ...
Партиска вртелешка со обвинувања за европскиот извештај за владеење на правото, од чувствата на премиерот, преку музички кариери во локални меани и коруптивни јавни набавки, до барање до судството да испорачува правда. Откако со новиот европски извештај за владеење на правото се посочија многу ризици во правосудството и се потенцираше политичкиот и институционален притисок врз судиите и обвинителите, партиските штабови со нови обвинувања на ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод. Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена. Во меѓувреме, по ...
Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти. Во текот на ноќта биле погодени повеќе области во регионот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „еден од најмасовните балистички напади врз Киев“ од почетокот на целосната руска инвазија. Украинската војска соопшти дека противвоздушната одбрана ...
Унгарскиот претседател Тамаш Шуљок се согласи да се повлече од функцијата, потпишувајќи измена на Уставот со која неговиот претседателски мандат ќе заврши на полноќ во недела. Партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар ја изгласа законската измена во парламентот, со што беше овозможено разрешувањето на Шуљок, кој се смета за близок соработник на поранешниот премиер Виктор Орбан. Орбан ја загуби власта во април, по 16 години на чело на унгарската ...
Шпанската државна метеоролошка служба предупреди дека од вторник земјата ќе биде зафатена од трет топлотен бран ова лето, при што температурите на некои места ќе достигнат и до 45 степени Целзиусови, додека големи шумски пожари беснеат во провинциите Сарагоса и Гвадалахара. Според Државната метеоролошка агенција на Шпанија, температурите ќе почнат да растат уште оваа сабота, значително ќе се интензивираат од вторник, 22 јули, а според ...
Соединетите Американски Држави синоќа извршија нов бран воздушни напади врз Иран, насочени кон неговите крајбрежни системи за надзор и противвоздушна одбрана, соопштија американски воени претставници. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека успешно биле погодени ирански воени капацитети, додека иранските државни медиуми јавија дека бил погоден островот Кешм во Ормускиот Теснец. Американската војска тврди дека цел на напад биле ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку соопштение, оцени дека изјавата на Христијан Мицкоски дека „наскоро ќе се знае кој наредил и што се случило во Гостивар“ и дека „ќе има одговорност“, е само уште една во низата, како што велат – празни најави кои стануваат предвидливи. Од опозициската партија посочуваат дека е особено апсурдно што за проблемот во Гостивар, Мицкоски и владеачката партија ја обвинуваат СДСМ, која никогаш не била ...
Родителите на починатите во „Пулс“ порачаа дека случајот со трагедијата не е обичен судски предмет туку 63 насилно згаснати животи, 218 повредени и болка на целиот град. Денешната маршута беше порака до институциите кои потфрлиле. Застанаа и пораки испратија пред зградата на Општината, Државниот трудов инспекторат, УЈП, Полицијата и Основниот суд. Предметот „Пулс“ не е само судење, туку испит за правда и доверба во институциите, порачаа ...
Двајца припадници на американската војска загинаа, а еден се води како исчезнат во акција, соопшти денеска американската централна команда . Ова се првите американски жртви во војната со Иран од март, во услови на ескалација на судирите меѓу двете земји. „На 17 јули, двајца американски војници во Јордан загинаа при извршување на должноста, додека силите на Американската централна команда и партнерските сили се бранеа од ирански напади со ...
Додека епидемиолозите и Обвинителството ги бараат и утврдуваат причините за масовните здравствени проблеми на гостиварци, во болницата во градот за само едно деноноќие над 250 лица побарале медицинска помош поради тегоби. Директорот на болницата др Емри Бајрами вели дека изминатото деноноќие било пикот на ширењето и дека под најголем притисок од пациенти се Инфективната клиника и детското одделение. Првиот пациент кој се пожалил на тегоби бил ...
Американската војска соопшти дека ја спровела седмата ноќ по ред воздушни напади врз Иран, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека привремениот договор за прекин на огнот е „завршен“. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека нејзините сили погодиле „објекти за надзор, воена логистичка инфраструктура, подземни складишта за оружје и поморски капацитети“. Но, во американските напади биле бомбардирани и уништени и ...
На само еден метар длабочинско копање во една од плодните ниви кај тетовското село Стенче најден е археолошки локалитет. Откриени се керамички садови и монети кои според првичните сознанија потекнуваат од 4-тиот век. Археолошкото богатство е најдено случајно при изведба на градежни работи за ископ на канал за поставување на кабли, мината година. По проверката на најдениот материјал, стручните лица од Музеј на тетовски крај почнале археолошки ...
За 24 часа, нови 260 пациенти побарале лекарска помош во гостиварската болница. Бројката надмина 1300, но според министерот за здравство Клековски, засега нема услови за прогласување епидемија во Гостивар. Прво треба да се утврди причината за големиот број пациенти со стомачни тегоби. Градоначалникот Лимани пак со повик до граѓаните да останат смирени. Со најновите информации за состојбата со водата во Гостивар, во вестите на Телма во 15.30 ...
Нови искри на релација власт и правосуден систем. Еден ден откако Европската комисија го објави Извештајот за владеењето на правото во земјава, премиерот со порака: „судиите и обвинителите не заслужуваат повеќе пари, ќе продолжам да ги критикувам“. Во документот од ЕУ се нотира дека независноста на судството во Македонија е загрозена од притисок и мешање на други државни инстанци. Недостигот од судии и обвинители, неиздвојување на доволно ...
Судијката Даниела Алексовска Стојановска ја пишува пресудата за Талир 2 со која го ослободи Никола Груевски и ја одби конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Предметот застарува на 31-ви август а за да не застари треба да има првостепена пресуда од апелациониот суд. „Првостепената пресуда за предметот, во јавноста познат како Талир 2, е во фаза на писмена изработка и истата ќе биде доставена до странките во најкраток можен рок, се со цел да ...
Состојбата во судството повторно со лоша европска дијагноза во последниот Извештај за владеење на правото. Аналитичарот Дарко АВрамовски за Телма вели дека неколку години имаме исти проблеми со различни симптоми, без никој да ја бара вистинската дијагноза за правосудството. Добрата страна е што се усвојуваат реформските закони за правосудството, но најтешкото- примената оди полошо поради неиздвојување на ресурси и пари. Дополнително опаѓа ...
Осум лица загинаа, а 62 се повредени откако украински беспилотни летала нападнаа два магацина на најголемиот руски онлајн трговец „Wildberries“, соопштија руските власти. Седум лица загинале, а 25 биле повредени во магацин во градот Тамбов, кој се наоѓа околу 475 километри југоисточно од Москва. Уште едно лице загинало, а 37 биле повредени при напад врз друг магацин на „Wildberries“ во градот Електростал, во Московската област. Украинскиот ...
На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен член на Државната комисија за спречување на корупција во мандатот до 2024-та година. Бајрами беше и новинар и главен уредник на ТВ2. По професија правник, а извршуваше и функции во Општина Гостивар. Во февруари 2019-та година, Нури Бајрами беше избран за член на Антикорупциската комисија и во текот на мандатот работеше на повеќе големи предмети поврзани со корупција на функционери. На ...
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во седиштето на Асоцијацијата на европски комори во Брисел оствари средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. На средбата е разговарано за натамошното унапредување на соработката меѓу Стопанската комора и EUROCHAMBRES, како и за поактивно вклучување во процесите на ...
Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци – Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судството и обвинителството, а корупцијата е неказнива, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во денешното соопштение. Од СДСМ посочуваат дека нотираните забелешки за мешање и притисоци врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта не се само општа забелешка, туку „директна и ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги презентира постигнатите резултати во образовниот сектор, нагласувајќи дека по седум години завршено е времето на хаос во образованието и неизвесноста на наставниците и учениците. Според партијата, образованието се враќа во фокусот на државните приоритети преку инвестиции и зголемување на платите на наставниот кадар. Од партијата посочуваат дека за разлика од претходното владеење на СДСМ, кога ...
Продолжува истрагата на полицијата и обвинителството за масовното труење во Гостивар. Симптоми, повраќање, стомачна тежина и дијареја, пријавиле над 1.200 жители на Гостивар, а пациенти пристигнуваа во болницата и вчера попладне пред камерата на Телма. Еден од пациентите изјави за Телма дека три дена имал болки и силно изразени симптоми по што барал лекарска помош. Првичните сомнежи се дека труењето е од водата од градскиот водовод, а ...