
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Шест лица биле хоспитализирани на клиниката за токсикологија во Скопје по вчерашните пожари, меѓу нив имало двајца полицајци, двајца пожарникари и еден возач на возило на итна медицинска помош, вели директорот на клиниката за токсикологија Андон Чибишев. Од шестмината, четворица денеска се пуштени на домашно лекување, а двајца се задржани на лекување во клиниката. -Во последиве три дена откако се актуелни пожарите кои се појавија на територија ...
Сојузот на стопански комори на Македонија објави дека, извршната директорка Сузана Јаневска е суспендирана од функцијата поради фалсификување службена документација и незаконско дејствување… Таа нема никакви овластувања да ја претставува институцијата, стои во официјалното соопштение… Од комората обвинуваат дека Јаневска испратила лажно соопштение до медиумите од приватна е-маил адреса, тврдејќи дека било одржано вонредно собрание на Сојузот, ...
Европскиот парламент со големо мнозинство го одби предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. „За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа од гласање. За да биде прифатена иницијативата требаше да биде поддржана од најмалку две третини од европратениците што учествуваа во гласањето, при што нивниот број требаше да биде ...
Македонија се соочува со сериозна природна и институционална криза поради зголемената појава на пожари. Прогласена е кризна состојба, мобилизирана е армијата, а имаме и меѓународна помош. Политичките изјави за намерно подметнување отвораат нова – безбедносна и политичка димензија. Владата најавува нови мерки и вработувања за подобра заштита и превенција. Задоцнета реакција или почеток на долгорочна стратегија? Анкета: Дали државата секоја година ...
Позитивна оцена доби Извештајот на Европскиот парламент, од евроамбасадорот Михалис Рокас кој кажа дека дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата. По однос спорните одредби во Извештајот во врска со идентитетот и јазикот, Рокас потсети дека Европарламентот е независна институција, ...
Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Синдикалната организација при Агенцијата за администрација бараат зголемување за 30 проценти на платите на вработените во Секторот за селекција на кандидати за вработување во Агенцијата за администрација, а во спротивно најавуваат дека прекин на работниот процес. Осумдесет проценти од вработените во Агенцијата за администрација, соопштија денеска ...
Успеавме да спречиме Европскиот парламент да биде искористен за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северно- македонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка од сугестии кои не рааѓаат со плод, вели министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев. Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, Република Македонија мора да го има тоа предвид – ...
Подобрена е ситуацијата во трите пожари што вчера избувнаа во Грција на три различни локации, едниот во близина Атина, што е речиси изгасен, вториот на островот Тасос, а третиот кај Дојранското Eзеро што од селото Николиќ премина на грчка територија. Кај Дојранското Eзеро на грчка страна, утрово продолжува гаснењето на пожарот, меѓутоа ситуацијата е подобрена, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни сили на Грција. Шумскиот пожар во ...
Најмалку 120 лица настрадаа во разорните поплави кои го зафатија Тексас, соопштија американските власти… Најтешко погодена е областа Кер Каунти, каде што животот го загубија 96 лица, меѓу кои 36 деца… Уште шест лица се водат како исчезнати… Поплавите започнаа со обилни дождови во петокот, кога реката Гвадалупе се излеала за само еден час… Во операциите за спасување се вклучени над 2.200 лица, а состојбата останува критична во повеќе делови на ...
Државниот завод за ревизија изврши целосна ревизија на финансирањето на парламентарната изборна кампања во 2024 година, која покажува дека 63% од вкупните приходи на учесниците (околу 244 милиони денари од 386 милиони) потекнуваат од државниот буџет и се користени за платено политичко рекламирање… Најмногу средства прибрала коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ (37%), а најмалку независните и помалите партии… Расходите исто ...
Европската унија стави во приправност 22 противпожарни авиони, 4 хеликоптери и 650 пожарникари, подготвени за распоредување во земјите-членки поради зголемената опасност од суши и пожари што веќе ги зафатија делови од Европа… Еврокомесарката за подготвеност и управување со кризи, Хаџа Лахбиб, предупреди пред Европскиот парламент во Стразбур дека континентот се соочува со „рекордни горештини, долготрајни суши и уништувачки пожари“ – што се ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе се соочи со предлог за недоверба во Европскиот парламент, кој најверојатно ќе го открие незадоволството поради поместувањето на политиките на ЕУ кон десницата. Се очекува Фон дер Лајен лесно да го преживее денешното гласање по предлогот за укор, кој теоретски би можел да ја собори нејзината комисија. Иако нејзиниот опстанок се смета за сигурен, дебатата ги изнесе на ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно започна со испорака на оружје за Украина, само една недела по наредбата на Пентагон за привремено стопирање на дел од пратките… Според официјални извори од Белата куќа, новата пратка вклучува 155-милиметарска муниција и прецизно наведувани ракети… Прекинот на испораките бил нареден од секретарот за одбрана Пит Хегсет поради загриженост за намалени резерви во американските ...
Едно лице го загуби животот, а има и повредени во тешката сообраќајна несреќа која што се случила синоќа на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на аеродромот во Охрид. Во сообраќајката несреќа учествувале два автомобили едниот со македонски, а другиот со албански рагистарски ознаки. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма. ...
Голем пожар синоќа избувна кај Смилковско Езеро во Скопје… На терен интервенираа екипи од Пожарната служба на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за одбрана и МВР… Поради силниот ветер пламените јазици се проширија брзо, а постоеше сериозна опасност тој да се прошири и да ја зафати фабриката Железара но и околните населени места… Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување изрази сомнеж дека пожарот е намерно ...
Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во село Визбегово во Шуто Оризари каде гори депонја, во Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки рид, мешана ...
По изгласувањето на извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, од чии финални формулации беа отстранети споменувањата на македонскиот јазик и идентитет, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, нарекувајќи го овој момент „нов Крушевски манифест“ за Македонија. Мицкоски оцени дека со гласањето во Европарламентот, вистината излегла на површина и дека ЕУ јасно покажала што очекува од Македонија – услови кои не важат за ...
Пред 21 часот избувнал нов пожар во околината на Скопје. Пожарот е во близина на Смилковци и односно кај Смилковското езеро во близина на скопската обиколница. Пожарот почнал во близина на езерските трски, до трафостаницата која се наоѓа во близина на езерото. Очвидец пријавил на полицијата дека видел човек како го потпалува пожарот, па полицијата ги проверува неговите наводи, ни изјави телефонски директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. На терен се ...
Повеќе од 20 пожари беснеа ширум државата. Се гаснеше од земја и воздух, а помaгаа и воздухоплови од регионот. По серијата пожари што избувнаа на неколку локации низ државата во исто време, МВР отвори истраги и ќе истражува дали дел од пожарите се намерно подметнати. Министерот Тошковски вели дека се разгледуваат сите опции, вклучително и сценарио кое би можело да има друга позадина. Тошковски апелираше на зголемена внимателност и соработка со ...
Десетици мажи од Николиќ цел ден се бореа со огнот кој се закануваше да им ги зафати куќите. Локалното население, рамо до рамо со пожарникарите и војниците учествуваше во гасењето на пламените јазици кои буквално трет ден беснеат околу селото. Откако доцна попладнево ветрот го промени правецот, пожарот кај дојранско го заобиколи селото Николиќ и ги зафати ридовите. Видно возбудени, седеа пред продавницата во селото и раскажуваа како се ...
Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од 66,7 километри на потегот од Гевгелија до Неготино. Интерконекторот ќе има иницијален капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, со можност да се зголеми до 3 милијарди кубни метри. Вредноста на изградбата на проектот, што стартуваше денеска, е околу 3,7 милијарди денари (60 милиони евра). Средствата се обезбедени со два заема, еден од Европската инвестициска банка ...
Воздухопловните сили на Грција помогнаа во гаснењето на пожарот во село Николиќ. Благодарност до сите кои денеска неуморно се бореа да се стави пожарот под контрола. Пожарот зафати голема површина на нискостеблеста шума, имаме изгорени и куќи. Требаше понавремено да се интеренира, бидејќи се работеше за непристапен терен, вели за ТВ Телма, градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст ...
Земјата е во пламен на неколку критични жаришта, откако дувна силен ветер. Како молња изби и пожар во Струмичко, се наближува кон селото Николиќ. Последните информации велат дека селото Николиќ не е во опасност, пожарот барем засега е локализиран, ветрот го промени правецот на движење на огнот. За пожарот во село Николиќ известуваше колешката Сузана Мицева. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска испрати нова серија писма до група од шест земји, информирајќи ги за дополнителните царини што ќе бидат применети на нивните производи кои влегуваат во САД. Писмата беа испратени до Алжир, Султанат Брунеи, Ирак, Либија, Молдавија и Филипини. Се очекува алжирските, либиските и ирачките производи да бидат оданочени со околу 30 отсто, од Молдавија и Брунеи со 25 отсто, а од Филипини со 20 отсто. ...
Скопје е во огнен обрач. Ветрот одново го разгоре огнот во Општина Чучер Сандево, го рашири кон граничниот премин и ја отсече земјата со северната граница. Еден крак ја опколи локалната бензинска пумпа. Ново жариште и кај селото Орман, колку е сериозно во овој дел на Скопје, со повеќе инофрамции од колешката Симона Петровска која се наоѓа во обрачот меѓу спортскиот аеродром Стенковец. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст ...
Село Делисинци во светиниколско беше спасено од противпожарни тимови кои стигнаа и спречија ширење на пожарот и врз куќите. Од снимките, споделени од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), се гледа дека пристапот до селото беше отежнат поради густиот чад и силниот ветар кој дуваше над 70 км./час. Пожарникарите успеаја да спречат ширење на пожарот и ги прскаа крововите со вода. Гори сува трева и според последните информации, пожарот има два ...
Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата. Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во големиот шумски пожар веќе ...
Основното јавно обвинителство Скопје постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово. „Јавен обвинител ќе издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина“, информираат од обвинителството. Во пожарот кој избувна утрото околу 9 часот на отпад за старо ...
На територијата на државата до 18 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а четири се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции, а по барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај село Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи. Приоритет е ...
Со двочасовна блокада на главниот влез во Битола од правецот на Скопје, жителите го искажаа својот револт против начинот на кој се изведува новиот булевар во овој дел од градот. Велат дека сообраќајница им го отежнува животот, ги уништува малите бизниси и ги остава без пристап до домовите. Бараат покрај главниото пат да има сервисна улица од каде ќе можат да влегуваат дома и во деловните објект, во спротивно ќе мора да ги затворат дуќаните. ...