Салата „Боро Чурлевски“ вечерва ќе биде сцена на еден од најважните натпревари за Еурофарм Пелистер оваа сезона. Битолскиот состав од 18:00 часот ќе се соочи со екипата на Алкалоид, во директна борба за позициите во самиот врв на Супер Лигата. Во пресрет на средбата, Охрид се наоѓа на второто место со 52 бодови, додека пелистерци имаат два помалку и се трети на табелата. Со евентуален триумф, избраниците на битолскиот клуб ќе се израмнат со ...

Екипата на Еурофарм Пелистер ја оствари целта и најважната победа за крај на сезоната. „Зелените“ славеа над Алкалоид (31-26) за потврда на второто место и позиција во Европската лига на ЕХФ. Битолчани имаат ист број на бодови со ГРК Охрид, но имаат подобар меѓусебен скор, па така го освоија вицешампионското место кое води во групната фаза на второрангираното натпреварување на ЕХФ. Охриѓани, пак, ќе чекаат на својот европски статус - имаат ...