Второлигашот Пелистер продолжува со градењето на тимот со кој ќе атакува на експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига, откако го промовираше Костадин Капсаров како ново засилување, а кој доаѓа од редовите на Брегалница. Капсаров зад себе имаше фантастична сезона во дресот на „сините“ од Штип, стана шампион во Втора лига со Брегалница и обезбеди влез во Прва лига со штипјани, а притоа во дресот на сега веќе новиот прволигаш беше ...

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски е нов фудбалер на индонезискиот клуб Бајангкара, каде што ќе ја продолжи својата интернационална кариера. За 28-годишниот напаѓач ова ќе биде прв настап во индонезиското првенство и нов предизвик по долгогодишното искуство стекнато во повеќе европски клубови. Ристовски зад себе има богата домашна и меѓународна кариера, а со своето искуство и квалитет се очекува да биде големо засилување во нападот ...

Уште едно големо признание за македонската кошарка пристигнува во пресрет на Европското првенство за играчи „Под 18“ години од Дивизија „Б“, кое од 25 јули до 3 август ќе се одржи во Ријека и Опатија, Хрватска. ФИБА Европа го вклучи македонскиот репрезентативец Дамјан Данев во изборот на 10 кошаркари на кои треба да се обрне посебно внимание за време на шампионатот, издвојувајќи го како еден од најинтересните млади таленти што ќе настапат на ...

Прволигашот Брегалница во пресврт на првото коло од ПМФЛ ја продолжи соработката со двајца млади играчи – Лука Бојаџиев и Даријан Тасев остануваат во „синиот“ дрес и во следната сезона. Брегалница продолжува да се екипира и да биде комплетна за првиот предизвик веќе в сабота против шампионот Вардар во Скопје. „Со особено задоволство го потврдуваме продолжувањето на соработката со нашите млади надежи, кои со својот талент, посветеност и ...

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува сите заинтересирани клубови во женска конкуренција кои ги исполнуваат условите согласно Статутот, Правилникот за натпреварување и останатите прописи на ФФМ, да поднесат пријава за учество во Втората ЖФЛ и млади категории за натпреварувачката сезона 2026/2027. Пријавите со комплетната документација потребно е да се достават во архивата на Фудбалската федерација на Македонија до четврти август ...

Кошаркарскиот клуб „ КК Кожув“ продолжува со зајакнување на својата младинска структура, откако за нов младински координатор и тренер на младинската школа го назначи Перо Блажевски. Со своето долгогодишно искуство, стручност и посветеност во работата со млади кошаркари, Блажевски ќе има клучна улога во развојот на младинските категории на клубот. Негова задача ќе биде да го координира процесот на работа во младинската школа, да го следи ...

Македонскиот женски шампион ЖФК Скопје не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите за Лигата на шампионите, откако во Полска беше поразен од ирскиот првак Атлоне со убедливи 4-0. Ирскиот состав уште во првото полувреме направи значајна предност. Шона Бренан го отвори резултатот во 19. минута, а пред паузата Ноел Мареј зголеми на 2-0, со што Атлоне направи голем чекор кон пласманот во следната рунда. Во вторите 45 минути македонскиот ...

Македонскиот фудбал добива уште едно надежно име кое успешно се развива во Германија. Станува збор за 16-годишниот охриѓанец Хадис Иса, еден од најталентираните млади дефанзивци од својата генерација, кој моментално настапува за Викторија Пројсен Франкфурт (Viktoria Preußen Frankfurt) У17 во втората германска лига. Иса е роден на 7 септември 2010 година во Струга, висок е 183 сантиметри, тежок 71 килограм и игра на позицијата централен ...

Новата сезона 2026/2027 во Првата македонска фудбалска лига ќе биде отворена во Кавадарци, каде ќе се одигра натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими, а кој меч е закажан за петок од 17 часот. Саботната програма нуди два натпревари. Шампионот Вардар на домашен терен ќе игра против штипска Брегалница, а пак Струга Трим Лум ќе се соочи со Шкендија Арачиново. Двата натпревари ќе започнат во 17 часот. Во недела ќе бидат одиграни два натпревари. Во 17 ...

Во новата сезона 2026/2027 во Првата ракометна лига во машка конкуренција ќе се натпреваруваат 14 екипи, меѓу нив има и два дебитанти. Нови екипи кои за првпат ќе заиграат во Првата лига се Сокол Саса од Македонска Каменица, како и РК Илинден. Во новата сезона ќе се натпреваруваат и два лански суперлигаши, Пролет и Радовиш, а пак Струга која иако испадна од Супер лигата ќе биде дел од елитата по откажувањето на Пролет од настап во ...

Македонскиот шампион Вардар не успеа да го искористи домашниот терен и со негатива ќе патува на реваншот во Летонија, откако загуби со 2:3 од Рига во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига. „Црвено-црните“ не успеаја победнички да го одбележат 79. роденден на клубот, а ова беше втор домашен европски пораз сезонава, по елиминацијата од фински КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите. Рига прва сериозно ...

Детонит Плачковица денес ги започна подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако шефот на стручниот штаб Горан Здравков ја имаше првата прозивка. На првиот тренинг присуствуваше и новото засилување Махир Ајрули кој доаѓа од редовите на Каменица Саса, а од утре ќе се приклучи и Филип Димоски, напаѓач кој пристигна од тимот на Осогово, а ново име ќе биде и Бранимир Иванов од Брегалница. Во тимот се приклучени и ...

Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 официјално ги започна подготовките за натпреварувачката сезона 2026/27, во која ќе влезе со нов шеф на стручниот штаб и неколку промени во играчкиот кадар. Првиот работен состанок и тренинг на битолскиот состав беа одржани под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, кој ќе ја предводи екипата во новата сезона. Во неговиот стручен штаб ќе бидат Фарук Мемиќ како асистент тренер, Васко Димитровски како ...

Алкалоид и официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Со првата прозивка во спортскиот центар „Автокоманда“, избраниците на Кирил Лазаров го означија стартот на новиот тренажен процес во пресрет на сезоната во која клубот ќе има бројни домашни и меѓународни предизвици. На првиот собир на екипата присуствуваше и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, кој им посака ...

Денес на Градскиот стадион во Валандово се одигра пријателски натпревар меѓу третолигашот Победа и второлигашот Осогово, меч кој заврши без победник, со по еден гол за конечни 1:1. Победа Валандово во новата сезона ќе влезе со значително изменет состав во однос на тој од минатата сезона и со неколку нови фудбалери. За „калинкарите“ стрелец на погодокот беше Столе Наков, а пак за „жетварите“ погоди новото засилување Алекс Димитров. Резултатот ...

Екипата на Алкалоид продолжува со екипирањето за новата сезона. Клубот официјално ги претстави трите летни засилувања – словенечките репрезентативци Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и црногорскиот интернационалец Вуко Борозан, кои треба да донесат дополнителен квалитет во составот на Кирил Лазаров. Од екипата на Охрид доаѓа Вуко Борозан, искусен лев бек кој зад себе има богата интернационална кариера. Триесет и двегодишниот Црногорец ...

Познати се пропозициите за Втората македонска фудбалска лига за сезона 2026/2027, а новитет во тоа е член 20б кој се однесува на обврска за настап на млади играчи. Сите клубови во Втората лига ќе треба натпреварот за го започнат и завршат со три домашни фудбалери кои немаат навршено 21 година и еден домашен фудбалер кој нема навршено 19 години. Обврска за настап на млади играчи Член 20б 1. Сите клубови учесници во Втората MФЛ, натпреварот ...

Фудбалската академија Мојсов од Кавадарци официјално ги отвори уписите за новата сезона и ги повикува сите деца на возраст од 5 до 14 години да станат дел од современа фудбалска средина, каде покрај спортскиот развој, големо внимание ќе се посветува и на градењето на карактерот. Академијата ќе работи под водство на Ѓорѓи Мојсов, поранешен фудбалер и докажан тренер со УЕФА Про лиценца, како и Даниел Мојсов, поранешен професионален фудбалер со ...

Повратникот во ракометната Супер лига, Младост од Богданци активно работи на формирањето на ростерот за новата сезона. Во дресот на клубот од Богданци и во новата сезона ќе настапува искусното лево крило Зоран Стојановски, кој беше еден од важните алки во тимот што избори пласман во Супер лигата. Со своето долгогодишно искуство, Стојановски претставува значајна поддршка и лидер на теренот, но и пример за помладите ракометари во екипата. ...

Прволигашот Брегалница продолжува да го задржува костурот на тимот кој минатата сезона ја освои титулата во Втората македонска фудбалска лига и обезбеди враќање во елитното друштво, а една од најважните вести за штипските навивачи е дека Лука Георгиев ќе остане во дресот на „сините“ и во новата сезона. 22-годишниот офанзивен играч од средниот ред беше еден од клучните фудбалери во шампионската кампања на Брегалница. Со својата енергија, ...

Македонскиот шампион Вардар ќе има дополнителен мотив во двомечот против летонска Рига во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, откако клубот најави богата премија за успешен пласман во следната рунда. Од таборот на „црвено-црните“ официјално соопштија дека доколку Вардар успее да ја елиминира Рига, ќе биде исплатена премија во вкупен износ од 100.000 евра, која ќе биде поделена меѓу фудбалерите и стручниот штаб. Вардар ...

Третолигашот Ржаничино го промовираше Андреј Данстак за нов чувар на мрежата, со што продолжува тимот да се екипира за новата сезона во Трета лига регион 1. Станува збор за 21-годишен талентиран голман, кој треба да донесе стабилност на голот на Ржаничино, а кариерата Данстак ја има започнато во школата на Вардар а минатата сезона беше дел од шампионот на Трета лига – Север, Еуромилк ГЛ. „Сериозен проект се гради со јасна стратегија и ...

Во пресрет на новата сезона во домашниот фудбалски шампионат, Комисијата за безбедност при ФФМ одржа средба со комесарите за безбедност на клубовите членови на ПМФЛ. На состанокот беше разгледан извештајот за безбедност на натпреварите од вториот дел во сезоната 2025/2026, а потоа комесарите на клубовите се запознаа со основните активности кои се предвидени во Правилникот на УЕФА и ФФМ за сигурност и безбедност, Законот за насилство и ...

Македонскиот фудбал доби уште еден свој претставник во еден од најголемите европски клубови. Дваесет и шестгодишниот тренер од Охрид, Адем Адем, официјално ја продолжува својата кариера во Турција, каде ќе биде дел од стручниот штаб на тимот до 19 години на Галатасарај. Младиот стратег, кој во досегашната кариера беше дел од стручните штабови на Работнички и Охрид, добива најголем професионален предизвик досега. Во турскиот великан ќе работи ...

Македонскиот второлигаш Охрид забележа висока победа од 3:1 над албанскиот второлигаш Орикум кој беше одигра на СРЦ „Билјанини Извори“. Во меч каде „рибарите“ одиграа фантастичен натпревар, Дамјан Масевски одново беше стрелец, кој погоди и на пријателската против Новаци, а стрелци беа и Валентин Кочоски и Благоја Спиркоски. Претходно, Охрид со минимални 1:0 го доби Новаци во меч кој директно можевте да го следите во живо на Спортска Мрежа. ...

Тоа што Спортска Мрежа го најави во претходните денови, денес Брегалница го потврди – Амир Јашар е нова „единица“ на повратникот во Првата македонска фудбалска лига. 35-годишникот доаѓа од тимот на Башкими, а пристигна од кумановскиот прволигаш Башкими. Во својата кариера беше дел од Скопје, Гостивар, Шкупи, Тетекс, Дрита од Боговиње и последно Башкими, а меѓународна кариера градеше во Косово, каде го носеше дресот на Вуштрија и Влазнија. ...

Второлигашот Новаци го промовираше шестото летно засилување, откако беше договорена соработка со напаѓачот Никола Талески. 21-годишниот фудбалер доаѓа од тимот на Брегалница, а прилепчанецот низ неговата кариера настапуваше за Слога Виница, Брера, Беласица и Победа. Во Првата македонска фудбалска лига има забележано осум настапи, како и четири настапи во Купот на Македонија. Покрај Талески, Новаци се засили и со Мартин Димоски – Робен, Петар ...

Брегалница во неколку минути промовираше двајца нови фудбалери, по Кристијан Костоски, ново име меѓу „сините“ е Филип Алексовски, кој пристига од екипата на Башкими. Се работи за квалитетен офанзивец, кој може да настапува во шпицот на нападот и како десно крилен напаѓач. Низ неговата кариера покрај за Башкими настапуваше и за Беса од Добри Дол, Кораб од Дебар и Македонија ЃП. Алексовски е поранешен младински репрезентативец, а во Првата лига ...

Прволигашот Брегалница се засили со Кристијан Стојкоски, кој пристига од Тиквеш, се работи за искусен офанзивен играч за врска. 34-годишникот низ неговата кариера покрај за Тиквеш настапуваше и за Тетекс, Македонија ЃП, Шкупи, АП Брера Струмица и Работнички. Стојкоски четирипати го освојуваше Купот на Македонија, првпат во 2018/2019 со екипата на АП Брера Струмица, потоа со Македонија ЃП освои две Куп титули, во сезона 2021/2022 и 2022/2023, ...

Додека македонскиот шампион и во сезоната 2027/28 ќе зависи од евентуална вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, ситуацијата е далеку поповолна кога станува збор за Лигата на Европа. Новиот рејтинг на Европската ракометна федерација ѝ донесе на Македонија дополнителен бенефит во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Според клупскиот ранкинг на ЕХФ, кој ги опфаќа резултатите од сезоните 2023/24, 2024/25 и 2025/26, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
76%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
1.1
72%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
78%
1026
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
78%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.2
93%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
90%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.58
71%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
92%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
0.45
82%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.91
76%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
96%
1032
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Иридиум

321507.47

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Сребро

1666.05

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Злато

130856.75