Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
И тоа на неутрален терен. Силекс денеска во рамките од првото квалификациско коло од Конференциската лига, во Стара Загора, Бугарија го игра првиот од двата меча против белорускиот состав Динамо Минкс. Поради УЕФА санкциите, овој дуел не може да се игра во Минск, туку е одбрана Стара Загора, а истиот почнува во 19:00 часот. Силекс е подготвен за оваа битка. Долго време веќе летово кратовци работат, што во домашни услови што во Охрид, за да ...
СП 2026 влегува во завршницата. По еден ден пауза, од денеска на програмата се натпреварите од 1/4 финалето. Тука се оние осум селекции кои досега покажаа најмногу на Мундијалот, а четвртфиналето ќе го отворат Франција и Мароко. Моќната, страшната Франција против силниот Мароко во битка за полуфинале. Јасно е дека пред нас е спектакл. Франција влегува во четвртфиналето со пет победи од пет натпревари на Светското првенство, откако ги победи ...
Фудбалската репрезентација на Норвешка, противник на Англија во четвртфиналето на Светското првенство, се исели од својот петзвезден хотел во Мајами по само една ноќ поради незадоволство од условите. Тренерот и играчите се пожалија на низа проблеми кои, како што тврдат, им ги нарушиле подготовките за клучниот натпревар, пред кој го напуштиле сместувањето вредно 250 долари од ноќ, пишува Дејли Меил. Ерлинг Халанд и неговите соиграчи првично ...
Вардар е на прагот на елиминација уште во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите по дебаклот на првакот на Македонија завчера на домашен терен од финскиот тим КуПС (0:2). Гостите со убедлива игра и убедлива предност се враќаат дома а „црвено-црните“ преку својот тренер Кристијан Фабиани веднаш го лоцираа проблемот. Новиот тренер немал доволно време да го вкомпонира тимот, иако е тука од март, иако имаше многудневни подготовки во ...
Вардар после четири години се врати во Лигата на шампиони каде ги чека големи битки. Македонскиот првак го претстави тимот за следната сезона во која ќе брани две титули. Во СЦ “Јане Сандански” ќе дојдат екипите на Нант, Мелсунген и Плоцк, а Вардар се најде во групата Б. Според системот на натпреварување првите две екипи одат во следната фаза, додека последните две се селат во Европската лига. Вардарци прво му гостуваат на Мелсунген, потоа ...
Иако сега веќе второлигаш, ФК Пелистер продолжува да се однесува во сооднос со реномето кое што го има како клуб. Битолчани по реконструкцијата во раководните структури, сега стартуваа и со промени во играчкиот кадар. Заминаа многумина, а пристигна битолското дете Мартин Мирчевски. Некогашниот македонски репррезентативец се враќа дома за да помонгне во обидот Пелистер да се врати онаму каде што му е местото, а тоа секако дека е ПМФЛ ...
Елиф Елмас е тема која постојано е во центарот на вниманието изминатиот период. Македонскиот репрезентативец ја заврши својата мисија во Наполи каде замина како позајмен играч од Лајпциг. Додека во медиумите постојано се појавуваат информации поврзани со иднината на еден од нашите најдобри фудбалери, тој ова лето подготовките ќе ги почне со германскиот тим. Од таборот на Лајпциг известија дека 25 фудбалери ќе се појават на медицинските ...
Македонската младинска мшка репрезентација денеска го игра вториот натпревар на ЕХФ Европското првенство. После поразот од фаворитот Норвешка, нашите ракометари ќе ги одмерат силите со Хрватска, мечот е закажан со почеток во 13:30 часот. Исто како Македонија, противникот во првото коло запиша пораз, беше совлдан од Данска седум гола разлика. И на оваа средба исто беа постигнати голем број на голови, па токму затоа очекуваме интересен ...
Мароканската фудбалска репрезентација претрпе голем удар пред вечервашниот четвртфинален натпревар на Светското првенство против Франција. Најдобриот стрелец на тимот, Исмаел Саибари, не успеа да се опорави од повредата и нема да биде во конкуренција за натпреварот што ќе се игра вечерва во 22:00 часот во Бостон. Саибари постигна три гола во текот на првенството досега и беше еден од најзаслужните за пласманот на Мароко меѓу осумте најдобри ...
Некогашниот македонски младински и сениорски репрезентативец, Владими Димитривски гради полека но сигурно квалитетна тренерска кариера. По задолжителното школување, Димитровски почнува да ги прифаќа понудите кои што пристигнуваат на негова адреса и кои што се огромна сатисфакција и мотив за секој млад стручњак. Димитровски од најново е дел од стручниот штаб на грчкиот лигаш Ники Волос. За него ова не е прво грчко искуство затоа што беше дел ...
ФК Пелистер продолжува со градењето на тимот за новата сезона, ја продолжи соработката со уште тројца играчи. Битолчани најавија дека активно се работи на екипирањето на составот за новата сезона, со јасна цел – создавање стабилен и конкурентен тим. Клубот ја продолжува соработката со искусниот Христијан Грозданоски, кој со своето искуство, квалитет и професионален пристап останува важен дел од зелено-белиот состав. Продолжува соработката и ...
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека нема проблем со одлуката на ФИФА натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко да го суди аргентински судиски тим. Одлуката предизвика бројни реакции, со оглед на тоа дека во случај на пласман во финалето, Франција би можела повторно да се сретне со Аргентина, ривалот од финалето на Светското првенство во 2022 година. „Мораме да ја прифатиме таа одлука. Им ...
Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата на Светското првенство“. Лама верува дека Египет бил тешко оштетен во неколку клучни ситуации и дека токму арбитражата го одлучила победникот на еден од најдобрите натпревари на турнирот. „Денес бев сведок на големиот ...
Легендарниот француски тренер Арсен Венгер го анализираше Светското првенство во 2026 година и го издвои тимот за кој верува дека е единствениот што може да ја запре Франција на патот кон титулата. Според него, само Шпанија има квалитет за тоа. Тимот на Дидие Дешамп стигна до четвртфиналето на импресивен начин. И покрај тоа што беа извлечени во тешка група со Норвешка, Сенегал и Ирак, Французите ги добија сите три натпревари, постигнувајќи ...
Предмалку заврши контролниот натпревар помеѓу екипите на Струга Трим Љум и Арсими како дел од подготовките на двата тима пред стартот на новиот шампионат. За изненадување овој дуел имаше и „бетинг берза“ па оттука и конечните 6:0 за домашните и не беа некое изненадување. Струга по првиот дел имаше водство од само 1:0 и тоа со гол постигнат во 30 минута од средбата. На полувремето како да „заспаа“ фудбалерите на Арсими кои примија 4 голови во ...
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) привремено ја укина суспензијата на Русија и спортистите од оваа земја ќе можат да се натпреваруваат на натпревари под покровителство на оваа организација и под знамето на нивната земја. Се очекува дека Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе го следи истиот пат. Добри вести за рускиот спорт дојдоа од Меѓународниот олимписки комитет. МОК привремено ја укина суспензијата на Рускиот олимписки комитет, ...
ФИФА ја отфрли жалбата на Француската фудбалска асоцијација за поништување на жолтиот картон на Михаел Олисе, па така играчот од средниот ред на „триколорите“ ќе игра на 1/4 СП против Мароко под закана од суспензија. Олисе беше опоменат во судиското продолжение на осминафиналниот натпревар против Парагвај, кој Франција го доби со 1:0. Доколку добие уште еден жолт картон против Мароко, ќе го пропушти евентуално полуфинале. Одлуката ја потврди ...
Тренерот Артим Положани и капитенот Ибраими го најавија првиот дуел од првото коло на УЕФА Конференциската лига против тимот Европа во Гибралтар, барајќи максимална посветеност и победа пред реваншот. „Утре започнува нов циклус за нас, ги започнуваме Европските купови, важен циклус. Како што споменавте, минатата година клубот постигна извонреден успех во Европа. Но, тој успех сега е минато и секако ќе се обидеме да одиме доста далеку оваа ...
Синоќа репрезентацијата на Швајцарија по подоброто изведување на пеналите ја совлада Колумбија и се пласираше во четвртфиналето на тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Регуларниот скор беше 0:0 па пеналите одлучуваа за победникот. Искусниот капитен на Швајцарија, Гранит Џака меѓу првите реализираше, а медиумите денес пренесуваат дека позадински, било пробано да биде испровоциран со знаме на Србија. Џака секако е албанец по потекло и ...
Репрезентацијата на Бразил шокирачки е елиминирана од тековниот Мундијал во осминафиналето каде што беше целосно надиграна од Норвешка. Селекторот Анчелоти не успеа да го издигне Бразил на нивото на кое што посакуваше и неговиот мандат се оценува како неуспешен. По елиминацијата, федерацијата на Бразил сосема логично испрати чартер лет за враќање на репрезентативната експедиција од САД во татковината. Сепак, на огромно изненадување на сите, ...
Еден од оние играчи кои го одбележаа ова Светско првенство во фудбал дефинитивно е Ерлинг Халанд. Норвежанецот пишува историја и вистинска бајка за „Викинзите“, а за неколку дена ќе видиме дали можат да стигнат до полуфиналето над уште потешка пречка, англиската репрезентација. Сите се прашуваат и каде ќе игра Ерлинг Халанд во клупскиот фудбал, а јасно е дека следната сезона ќе ја започне како член на Манчестер Сити, кој веќе е легенда. ...
Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на Вимблдон откако го победи Тејлор Фриц во три сета – 6:4, 6:4, 6:2. Зверев стигна до полуфиналето по помалку од два часа игра, бидејќи на теренот помина еден час и 57 минути. Германецот немаше големи проблеми во ниту еден од сетовите, а сè започна кога тој направи брејк рано во првиот и го спаси до крајот на овој дел од играта. Во вториот сет, двајцата тенисери го чуваа ...
Авантурата на искусниот македонски интернационалец Даниел Аврамовски во Турција и натаму трае. По неколку променети клубови, Аврамовски овојпат ќе биде дел од тимот на Мугласпор. Оваа екипа која што доаѓа од истоимениот град Мугла, се натпреварува во втората по ранг лига на Турција. Аврамовски досега во Турција настапуваше за Сиваспорт, Болуспор, Игдир, Кајсери, а беше дел и од Вардар, Работнички, Црвена Звезда, Олимпија, Војводина, ОФК ...
Здружението на новинарите на Македонија денеска достави реакција до Фудбалската федерација на Македонија поради непримерена комуникација на портпаролот на ФФМ кон нашата новинарка, Марија Ковачева, која е главен и одговорен уредник на нашиот сајт. СпортСпорт во целост ви ја пренесува реакцијата на ЗНМ. „Здружението на новинарите на Македонија денеска достави реакција до Фудбалската федерација на Македонија поради непримерна комуникација на ...
Англикста арепрезентација на „Хард Рок стадионот“ во Мајами во рамките од 1/4-финалето ќе го одигра дуелот против Норвешка. Дуелот е закажан за в недела од 23:00 часот по европско време, а според информациите репрезентацијата на Англија ќе има огромна поддршка на овој дуел. Поточно, околу 30.000 фанови доаѓаат на Флорида за да и помогнат на Англија да стигне до уште едно полуфинале во историјата. Според „Дејли меил“, Фудбалската федерација ...
Она што беше за очекување тоа и се случи. Португалскиот фудбалски сојуз објави дека му се заблагодарува на Роберто Мартинез за досегашната соработка како селектор и му посакува многу среќа во иднина. Португалците имаа големи очекувања за овој Мундијал но завршија во осминафиналето. Шпанија ги сопре во оваа фаза и тоа е крајот на цела една генерација на чело со Кристијано Роналдо. Мартинез ја презеде оваа функција во 2023 година, и ја освои ...
Македонската младинска репрезентација го одигра првиот натпревар на Европското првенство во Романија. Нашите ракометари беа поразени од селекцијата на Норвешка со 36:31, која беше и фаворит на оваа средба. Противникот ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот меч, на одморот имаше позитива од 18-14. Во македонскиот состав се истакнаа Матески и Поповски со по шест погодоци. Во второто коло утре од 13:30 часот, Македонија ќе игра ...
Репрезентацијата на Швајцарија повторно е во самата завршница на еден голем турнир. Синоќа во рамките од осминафиналето совладана е Колумбија по подоброто изведување на пеналите, а сега швајцарците се закажаа дуело со Аргентина. Како што е тоа вообичаено, Швајцарија во својот состав има огромен број на играчи кои што имаат потекло од други земји. Добро се сеќаваме кога во нејзиниот состав имало по пет шест албанци, дел со потекло од ...
Ниту реалниот, а уште помалку виртуелниот свет му дава големи шанси на актуелниот првак Вардар да го мине ривалот во првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите. КуПС од Финска синоќа на Арената Тодор Проески во Скопје му одржа лекција на нашиот првак и го победи со 0:2, па сега на реваншот во Скандинавија, Вардар оди не како аутсајдер туку како екипа на која и е потребно вистинско чудо. Тренерот Фабијани на пресот по дуелот тоа и ...
По вчерашниот дебакл на Вардар во Скопје на премиерата во квалификациите од Лигата на шампионите, локалните фински медиуми изненадено го коментираат прилично лесниот триумф на КуПС во Скопје. Дел од нив пишуваат дека кога го дознале противникот во ова прво коло, Вардар бил оценет како најтешкиот можен противник за финскиот шампион. „Вардар ќе биде најтешкиот можен противник во првото квалификациско коло“, напиша пред ждрепката ИЛЕ, финскиот ...