Во таборот на Силекс нема време за чекање, ако се знае дека за овој клуб ова лето ќе биде европско Од денеска за кратовци, за вицешампионот на Македонија започнува преодниот рок. Имено утринава кратовци се пофалија со нови име, и тоа интернационалец од Португалија, Мигуел Пиреш (28). Станува забор за играч од средниот ред а последен клуб му бил Дигенис Акритас од Кипар. Што се однесува до Силекс, јавна тајна е дека остана без својот прв ...

Лука Модриќ ќе го прослави својот 40-ти роденден како играч на Реал Мадрид, иако неговиот договор со клубот истекува за 40 дена. Мадридскиот „Ас“, најчитаниот шпански спортски медиум, објави фотографија од Модриќ како капитен на Реал Мадрид на целата насловна страница од денешното печатено издание со наслов „Модриќ сигурно ќе продолжи“. На насловната страница, „Ас“ додава: „Новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо, се согласи да го продолжи договорот ...

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги добил понуда да го преземе саудискиот Ал-Хилал со годишна плата од 20 милиони евра. Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ објавува дека претседателот на клубот Фахад бин Нафел веќе бил во Милано и преговарал со тренерот на финалистот од Лигата на шампионите. Доколку прифати, се очекува Инзаги да пристигне во Ријад на 1 јуни – само еден ден по големото финале на Лигата на шампионите, во кое Интер ќе се соочи ...

Иако Јирген Клоп за последен пат беше на клупата на некоја екипа, на Ливерпул, пред точно една година, а сега е главен во Ред Бул за фудбалот, се чини дека секој ден се јавуваат шпекулации дека тој повторно би можел да се врати меѓу тренерите. Пред извесно време се шпекулираше со Реал Мадрид, но тоа беше демантирано. Сега во преден план е Рома. Познато е дека и по заминувањето на Германецот од Ливерпул, токму тимот од Рим го посакуваше, но ...

Веќе наголемо се шпекулира дека Барселона ова лето ќе купува голман. Навистина чудно ако се знае дека Марк Андре Тер-Штеген, кој е и капитен на тимот, се врати од повредата, а Војчех Шчесни блескаше на голот оваа сезона иако дојде како замена. Сепак, како што наведуваат медиумите во Каталонија, Ханси Флик одлучил дека неговиот сонародник не е на тоа потребно ниво, посебно не по враќањето од повредата кога на два меча оваа пролет прими четири ...

Алкалоид е на 60. минути до историски пехар во ЕХФ Европскиот Куп. Кирил Лазаров и неговите момци направија неверојатен подвиг, го победија АЕК среде Атина со 25-29 во првиот финален меч во ова европско клупско натпреварување. Останува истата игра да ја потврда во недела (25 мај, СЦ „Борис Трајковски) и пред македонската публика да слават трофеј во ЕХФ Европскиот Куп. На адресата на Алкалоид после големиот триумф во Атина пристигнуваат бројни ...

Вечерва во меч од 37.коло во Премиерлигата, Брајтон на свој терен со 3:2 успеа да го победи Ливерпул, новиот шампион. Треба веднаш да се каже дека во составот на “Редси“недостигаа неколкумина стандардни протимци, но пак тука беа Салах, Гакпо, Собослаи, Конате, Алисон. Во супер интересен меч, Елиот уште во 9.минута успеа да му донесе водство на Ливерпул. Се играше 32.минута кога Ајари донесе радост кај домашните фанови, кога стрелаше за 1:1. Во ...

Сега веќе е јасно дека толку беше од престојот на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен, кој ќе биде означен како историски. Имено под водство на шшанскиот стратег, Леверкузен во сезоната 2023/24 за првпат во својата историја ја освои титулата во Бундеслигата. Со него како тренер, Баер урна повеќе рекорди, но сега е време за нови предизвици. Чаби Алонсо својата тренерска кариера ќе ја продолжи во најголемиот клуб во светот, во Реал Мадрид. ...

Како што Хоан Лапорта и самиот кажа, се е договорено со Ламине Јамал и неговиот менаџер за потпис на договор со Барселона, останува само да се закаже адекватен термин кога тоа би се направило. А веројатно се чека 13 јули кога Јамал полни 18 години, кога ќе стане полнолетен. Со тој потпис и нов договор, и сега веќе еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов, ако не и најдобар, ќе биде еден од најплатените играчи на Барса, а неговата ...

Без разлика што заработуваат тешки милиони, сепак и тие се луѓе кои сакаат понекогаш да се хранат со сендвичи или брза храна купена во некој драјв-ин ресторан. Тоа вчера по трката во Имола го направи возачот на Ферари, Шарл Леклер. Интересно тој дојде до драјв-ин ресторанот со своето скапоцено Ферари СФ 90 Страдале, кое вреди најмалку 800.000 евра. Си ја зема нарачката како и секој обичен човек, но пред да си замине, се случи она што е ...

Познато е дека младите ракометари на Пелистер се пласираа на Ф4 во младинската ЛШ и ќе играат за трофејот во ова престижно натпреварување. Интересно е тоа што, барем од она што може да се види на сајтот на ЕХФ каде се официјалните термини и сатници на овие натпревари, Пелистер првиот меч, оној од полуфиналето против ГОГ ќе го игра во 9 часот наутро, и тоа не во „Ланксес Арената“ во Келн, туку во градот Дорманген. Второто полуфинале меѓу Веспрем ...

Како што денеска е објавено, Л`Екип и Франс фудбал потврдија дека доделување на годинешната „Златна топка“ е закажана за 22 септември и тоа, како што е вообичаено, во театарот „Шателе“ во Париз. Ова по малку ќе биде и историски настан, имено сите трофеио што се доделуваат кај мажите, ќе се доделуват и кај жените. Системот на гласање ќе биде ист, 100 новинари ќе гласаат за мажите, а 50 кај жените. Номинациите ќе се знаат при крајот на август, ...

Како што информираат од ФФМ, утре во 12 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ќе се одржи ждрепката или извлекувањето за баражите за пласман во ВМФЛ. Познато е дека во шеширот ќе се најдат шест екипи, а победниците од трите меча ќе изборат пласман во ВМФЛ. Во шеширот се Осогово, кој досега беше вторлигаш, како и третолигашите Преспа, Г. Коњари, Тетекс, Шкендија Арачиново, Слога Виница. Трите бараж натпревари се закажани ...

Иако требаше цело последно коло да се игра во недела од 15 часот, сепак денеска раководството на Серија А се одлучи за промена во однос на термините на оние средби кои решаваат за титулата. Јасно е дека Наполи и Интер се во игра, но ако овие два тим завршат со ист број на бодови тогаш мора да се игра “мајсторка“, а се знае дека на 31 мај Интер го чека и финале во ЛШ со ПСЖ. Таа “мајсторка“ би се играла на 26 мај (понеделник). Па така средбите ...

Пишува: Зоран Ѓоршоски Иако желбата беше да се победи Силекс на свој терен, пред своите фанови, и на тој начин да се прослави петтата титула, сепак Шкендија во саботата во последниот меч од сезоната 2025/26 беше надиграна и поразена со 1:3. Кратовци беа на своето ниво, а тетовци како повеќе да размислуваа што ќе се случува по завршување на мечот, на добивањето на пехарот кој им го врачи претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Реално Шкендија ја ...

ТФТ за првпат во својата клупска историја е пред голем предизвик. Клубот од скопско Тафталиџе, во четврток ќе го одигра првиот меч од финалето во плеј – офот во нашата кошаркарска елитна лига. ТФТ ќе му гостува на МЗТ Скопје, и со тоа ќе се означи старт на финалната серија меѓу двата тима кои дојдоа до завршницата, до битката за титулата. Ова ќе биде и двобој меѓу екипите кои оваа сезона покажаа најмногу и како такви во целост заслужуваат да ...

Откако по оној катастрофален пораз од Беса, со 1:4, во последното коло сезонава во ПМФЛ, прво оставка си поднесе претседателот на Пелистер, Митко Стојковски а потои и членот на УО, Тони Мицевски, како неколкуте реакции на фановите на клубот, попладнево со официјално соопштение се огласи и ФК Пелистер, кое ви го пренесуваме во целост: „Со одигрувањето на последното 33. коло заврши фудбалскиот шампионат на Македонија во Првата лига, а со исклучок ...

Пред неколку недели, односно на неколку кола до крајот, ретко кој помислуваше дека Брера сепак ќе успее да избори директен опстанок. На тимот на му одеше, поразите се редеа, но сепак во финишот на сезоната, која во саботата и дефинитивно заврши, прволигашот од Струмица се надмина себе си и со победата над Работнички од 3:2, успеа избори директен опстанок. И по завршување на таа последна средба, се знае дека е време за славење. А тоа струмичани ...

Младинците на Работнички У-19 и официјално се шампиони на Македонија во својата конкуренција, па така овој тим ќе ја претставува нашата земја во младинската лига на шампионите. Се разбира дека ова е голем успех за овој клуб кој по првпат ќе се натпреварува во оваа конкуренција во фудбалска Европа. Инаку ждрепката за 1.квалификациско коло ќе се одржи на крајот на август а мечевите ќе се играат во септември. Треба да се минат три кола за да се ...

Неверојатно. Зарем е можно и на Манчестер Сити некој играч да му е прескап, за да не може да си дозволи да го ангажира? Ете, и тоа се случи. Како што пренесуваат медиумите на Островот и во Германија, Пеп Гвардиола и Манчестер Сити и дефинитивно се откажале од ангажман на Флоријан Вирц, веројатно најдобриот германски фудбалер во моментов. Се прнесува дека играчот за врска на Леверкузен би го чинел клубот од „Итихад“ неверојатни 300 милиони евра, ...

Екипата на ТФТ е вториот патник во финалето на кошаркарскиот плеј-оф, таму за пехарот ќе се бори против бранителот МЗТ Скопје. До финалето ТФТ дојде со максимални 3-0 во пресметките со Работнички. По последната победа на третиот меч, кошаркарите на тимот од Тафталиџе направија селфи, а историскиот пласман го овековечија со посебен додаток. На фотографијата направена во соблекувалната стои и метла, потенцирајќи дека противникот е исчистен без ...

Изминатата недела се изврши гласање по повод новиот состав на собранието на Фудбалскиот клуб Црвена Звезда. Полнолетните гласачи, имаа можност да ги одберат претставниците во највисокиот орган на клубот, а она што нас не засега е фактот што во 36. члена, има и две наши легенди. Тоа се поранешниот наш селектор, Бошко Ѓуровски, како и капитенот на легендарната генерација на Црвена Звезда, Илија Најдоски. Во медиа центарот на стадионот Рајко Митиќ ...

Репрезентацијата на Македонија до 18 години кон крајот на Мај ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија. Контролните средби ќе бидат одиграни во градот Птуј, во Словенија. Првата контролна пресметка на програмата е на 27. мај со почеток во 17. часот. Два дена подоцна се игра вториот контролен натпревар во 11. часот. Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 18 години, Ерхан Селими за претстојните ...

Откако ја испушти титулата во домашниот шампионат, на само коло до крајот, тимот на Ајакс реши да прави коренити промени. Актуелниот тренер, Франческо Фриоли си заминува, а управата мора веднаш да одлучи кого носи како замена. Многу лесно може да се случи, да се појави добро познато лице. Јавноста шпекулира, а може слободно да се каже и дека навива на кормилото на Ајакс да се врати Ерик Тен Хаг. Тренерот кој постигна огромни успеси со клубот, а ...

Панче Стојанов е стратегот кој на Брера и донесе опстанок во фудбалската елита на Македонија. Кога ја презеде екипата пред неколку кола таа беше речиси во безнадежна ситуација, но Стојанов знаеше што треба да се стори. Во саботата, кога беше најпотребно, тој и неговите избраници славеа победа протов Работнички со 3:2 и со тоа ставија „печат“ на директниот опстанок. Сега се знае и официјално дека фудбалска Струмица и во наредната 2025/26 сезона ...

В среда е закажано најновото издание на финалето на Купот на Македонија во кое на Арената Тодор Проески во Скопје од 20:00 часот ќе се сретнат екипите на Вардар и Струга Трим Лум. Се е подготвено за последниот меч од овогодинешниот ПМФЛ шампионат, ако се исклучи секако баражот за осптанок. Двете екипи се во исчекување на стартот на мечот, а во меѓувреме познати се и арбитрите кои ќе го судат овој меч. На центарот ќе биде нашиот искусен ...

Иако тимот на Барселона загуби за прв пат од декември наваму, сепак, сега веќе актуечниот нов шампион на Шпанија не треба да е премногу загрижен поради тоа. Викендов Виљареал го изненади тимот на Барселона со триумф од 2:3, но сепак, мора да се признае дека играчите на Барса претходно веќе ја прославија титулата. Тренерот на Барселона пак, Ханси Флик исто така застана во одрана на својот состав. „Немам проблем со овој пораз. Денес е време за ...

Тетовци наместо со победа за крај, за славје за новата петта титула,доживеаја пораз од Силекс и тоа со 1:3 и тоа по заслуга на феноменалниот Марко Ѓорѓиевски, кој убаво и ја “честиташе“ титулата на Шкендија. Со тие два гола Марко стана и најдобар стрелец во сезоната, која штотуку заврши, со 15 голови, поточно го подели подиумот со Бесарт Ибраими од Шкендија. Ова беше негов последен меч за Силекс, како што и самиот најави сега пред него се нови ...

Како што јавуваат медиумите во Брази, тимот на Манчестер Сити сериозно преговара за ангажирање на десниот бек на Фламенго, Весли. Дефанзивецот иако има само 21. година, ајде што е стандарден во клубот, тој веќе дебитираше и за репрезентацијата на Бразил. Весли е некогашен јуниор во Тубарао, а се приклучи на академијата на Фламенго во 2021 година. Десниот бек е дел од првиот тим на тимот од 2023 година и оттогаш играл на 129 натпревари на сите ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта објави дека продолжувањето на договорот со Ламин Јамал е само прашање на денови. „Тој е гениј кој ја сака Барселона и има пријатели тука. Тој е од генерацијата која поминала низ многу нешта заедно. Тој е извонреден талент, но исто така е тимски играч и се чувствува удобно тука. Исто така, имаме лесна комуникација со Жорже Мендеш, неговиот агент. Продолжувањето на договорот е речиси договорено, сè што ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
24%
1005
weather icon

Белград

35ᴼ / 33ᴼ
6.17
23%
1002
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
94%
1005
weather icon

Софија

34ᴼ / 34ᴼ
2.57
28%
1008
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.05
20%
1004
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
2.06
68%
1006
weather icon

Атина

36ᴼ / 32ᴼ
5.14
36%
1008
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
6.69
31%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
6.69
46%
1008
weather icon

Букурешт

38ᴼ / 37ᴼ
4.63
21%
1005
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 21ᴼ
7.15
71%
1002
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 28ᴼ
3.6
100%
1008
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15115.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.91

Сребро

1175.79

Злато

106390.91

Бакар

10.08

Паладиум

35751.63

Платина

43727.40

Родиум

176829.11

Цинк

2.71