Ете, и тоа може да се случи во Лигата на Шампионите, на еден таков стадион како „Емирејтс“ во Лондон, еден од најдобрите во Европа. Вечерва се игра мечот меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид, но од таброт на шпанскиот тим не кријат дека се гневни по она што синоќа им се случило. Откако го одработиле тренингот на “Емирејтс“, констатирале дека во соблекувалните немало топла вода, па не можеле да се истушираат и тоа го сториле дури во хотелот. Навистина ...

Ужасни и катастрофални вести за сите во таборот на КК Партизан, посебно за стратегот Жељко Обрадовиќ. Имено најдобриот во неговиот тим, Карлик Џонс синоќа на мечот против ФМП во АБА лигата се здоби со тешка повреда, а по лекарските прегледи констатирано е дека репрезентативецот на Јужен Судан најмалку три месеци ќе биде надвор од терените. Тоа значи дека Партизан ќе може да смета на него дури во 2026. Карлик Џонс има повреда, односно скршеница ...

Можеби резултатот од 0:2 не покажува колку Брентфорд беше подобар од Вест Хем вечерва во меч од 8.коло во Премиер-лигата,ама според играта и настаните на теренот, гостите требаше да слават барем со 0:4 или 0:5. Вест Хем е во драматична криза, “Чеканите“ се веќе во црна серија, а Брентфорд тоа вечерва на најубав напчин го искористи и успеа да освои големи три бода за бегство од долниот дел на табелата. Игор Тиаго во 43.минута стрелаше за 0:1, ...

Алавес – Валенсија 0:0 е исходот од вечерашниот последен дуел од 9.коло во Ла Лига. И веднаш за нашиот голман Столе Димитриевски. Ништо ново, Македонецот повторно остана на клупата на Валенсија. До кога вака ќе биде тоа само тренерот на тимот од “Местаља“ го знае. Меч без голови, меч по кој Валенсија со 9 бода е на 14.место на табелата, а Алавес дојде до 12 бод со кои сега е на 10.место. Натпревар во кој и двата тима не заслужија победа, па ...

Иако засега сеуште не е официјално, сепак медиумите во Русија и Србија наголемо пренесуваат дека Дејан Станковиќ добил отказ во Спартак Москва и дека рускиот гигант наскоро ќе го објави и неговиот наследник. Ова не е некоја сензација ако се знае дека со денови наназад се шпекулираше дека српската играчка легенда, а и некогашен стратег на Ц. Звезда и немаше резултат со клубот од Москва. Ова значи, најверојатно, дека Станковиќ најверојатно ќе ...

Е, ова е фудбалска бајка. Малиот град или село Хелевик, на југот на Шведска, со само 1.485 жители, стана центар на фудбалска Европа. Локалниот клуб Мјалбиго освои Алсвенскан, највисокиот ранг на шведскиот фудбал, за прв пат во својата историја. Тие ја обезбедија титулата во елитната лига на Шведска три кола пред крајот на сезоната, со победа вечерва од 2:0 против ИФК Гетеборг, со што постигнаа недостижна предност од 11 бода во однос на Хамарби. ...

Во четврток со почеток од 18:45 на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 2.коло во Лигата на Конференции, Шкендија го дочекува Шелбурн, тим од Ирска. Билетите веќе се продаваат и тоа за цена од 500 до 750 денари, а вечерва тетовци информираат дека се продаваат и ВИП билети и тоа по цена од 2.000 денари. Да потсетиме дека оваа есен, нашиот шампион испишува историја. За првпат игра во групната или по ново лигашка фаза во едно европско ...

“Реал Мадрид се мачеше против Гетафе сè додека Арда Ѓулер не најде додавање кое неговите соиграчи претходно не можеа да го видат. На крајот од таа топка, избегнувајќи го офсајдот, се најде Килијан Мбапе. По едноставна, но ефикасна контрола, Французинот ја намести топката и го совлада голманот Сорија, кој успеа само да го допре шутот пред топката да се одбие од стативата и да заврши во мрежата. Тоа беше неговиот 15-ти гол оваа сезона, ...

И дефинитивно Ендрик минува низ еден кошмарен период во Реал Мадрид. Имено тој не одигра ни минута под водство на Чаби Алонсо оваа сезона, кој засега не го смета за важен дел од својот тим. Фрустрацијата кулминираше со победата на Реал од 1:0 против Гетафе. Бразилецот долго време се загреваше, очекувајќи да влезе во игра додека на тимот му беше непходен поведнички гол. Наместо тоа, Алонсо му даде знак да се врати на клупата, а напаѓачот силно ...

Такви се вестите од Мадрид денеска кои велат дека англискиот интернационалец го одработил целиот денешен тренинг, и дека тој 99% ќе биде подготвен за настап следниот викенд кога е закажано големото ЕЛ Класико дерби против тимот на Барселона. Во прашање беше повреда на листот која очигледно е санирана. Во меѓувреме пак, Давид Алаба е сè уште надвор од теренот по натпреварот со Хетафе и ќе биде подложен на тестови. Хујсен сè уште не е вратен, а ...

Дали ремек – делото на Никола Митревски и Дејан Манасков, голот против Барселона кој што ја воодушеви ракометната јавност е во Европа ќе биде голот на година? Пред малку ЕХФ на своите социјални мрежи одново го прикажува фантастичниот цепелин на “пелистерци“ против Барселона, со прашањето дали е ова голот на годината. Јасно е дека во блиска иднина нешто слично тешко дека ќе се случи, па нека биде голот на годината во Лигата на Шампионите. Нема ...

Јирген Клоп засекогаш ќе остане во срцата на фановите на Ливерпул. Германецот за првпат по три децении во таа 2020 година ја донесе титулата на „Енфилд“, во својот мандат ја освои и титулата во ЛШ. Клоп од мај 2024 веќе не е на “Енфилд“, сега ја извршува функцијата директор на Ред Бул за развој на фудбалот, но во пресрет на мега дербито Ливерпул – Манчестер Јунајтед во неделата, даде интересна изјава. Имено тој не ја исклучи можноста еден ден ...

Фамозниот Аурелио де Лаурентис познат е во светот на фудбалот по своите необични изјави, по некои свои идеи кои се пред времето што се вели. Газдата на Наполи, клубот за кој игра и нашиот Елиф Елмас, со последниот предлог го шокираше светот. Имено тој се залага за репрезентациите да играат само фудбалери до 23 години: “Мојот предлог сигурно ќе предизвика жестока дискусија, но јас сметам дека за репрезентациите треба да играат само фудбалери до ...

“Македонецот“ Василије Костов, мега – талентот на Ц.Звезда, иако има само 17 години во последно време ја разбранува фудбалската јавност не само во Србија. Имено како што пренесуваат медиумите кај северниот сосед, тој најверојатно ќе стане најскапиот играч во историјата на српскиот фудбал. За него силен интерес пројавала Барселона, скаути на каталонскиот гигнт во неколку постојано се во Белград и се следи секој негов настап. Исто така интерес ...

Утре и задутре ќе се одиграат пет натпревари од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Два меча се веќе одиграни и во следната фаза се веќе Детонит и Охрид, а Шкендија и Тиквеш својот меч ќе го одиграат во ноември. Ова се официјалните лица за вторник и среда: ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – ФК СТРУГА Трим Лум стадион Ѓорче Петров | 21.10.2025 | 14:00 Судија: Доне Ристовски 1. помошен судија: Тоше Ицев 2. помошен судија: Душко Панов Четврти судија: Боби ...

Кризата во тимот на Ренџерс, за кој што шкотски гигант, настапува нашиот интернационалец и репрезентативец Бојан Миовски ќе ја решава новиот менаџер Дени Рол. Тој предмалку е претставен од страна на клубот, како нов кормилар на екипата, кој што ќе се обиде да го извлече тимот од сериозната играчка и резултатска криза. Миовски и другарите есенва имаат огромен проблем да спојат два меча позитивни во серија, па аналогно на тоа следуваше и ...

Ужасни вести од Африка. Талентираниот голман од Сенегал, Чеик Туре на само 18. годишна возраст е мртов. Неговиот случај веројатно ќе остане запаметен како еден од најтрагичните во поновата историја на фудбалот како спорт. Имено, Туре бил намамен во Гана, од страна на како што тој првично сметал, луѓе кои раководеле со професионален клуб, и кои го поканиле да биде дел од нив, како еден вид на проба, за потоа евентуално да биде и ангажиран ...

Некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Диего Форлан, сериозно е посветен на играњето тенис откако ја заврши фудбалската кариера. Дури имаше и кратом обид професионално да се бави со белиот спорт. Покрај тоа, Форлан сеуште активно игра фудбал на мечеви од ветерански карактер, кои и како такви можат да донесат сериозна повреда. Па така, Форлан по судир со противнички соиграч незгодно паднал и не само што скршил три ребра туку претрпел и ...

Голема, огромна победа за тимот на Манчестер Јунајтед зиминативо викенд. Триумф на Енфилд против вечниот ривал Ливерпул од 1:2, со кој што за прв пат октако е тренер на Олд Трафорд, Рубен Аморим победи на два последователни мечеви во Премиер лигата. „Немам толку многу победи со Манчестер, па затоа оваа е многу важна… Мислам дека е најзначајната досега како менаџер на Манчестер Јунајтед. Втор последователен успех во Премиер лигата и на „Енфилд“, ...

Охриѓанецот С.Б. е најновиот среќен добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 6.127.129 денари! На 12.10.2025, токму на видеолотариските терминали во Клуб спорт 77 Евротип, неговата среќна игра „40 Burning Hot” му ја донесе најпосакуваната добивка! Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува радост, исполнети соништа и незаборавни моменти! Во периодот од 06.10.2025 до 12.10.2025 Видеолотарија Касинос Австрија ...

Екипата на Ливерпул вчера на најлош можен начин го заврши вечното дерби против Манчестер Јунајтед. На домашен терен загуби со 1:2, со гол примен во финишот на дуелот, со што ситуацијата во тимот стана уште по проблематична. Искуснито Вирџил Ван Дајк секако дека беше разочаран по дуелот. „Мислам дека примивме многу почетнички втор гол. Работевме толку напорно за да се вратиме во игра и создадовме одлични шанси за победнички гол, но кога ќе ...

Македонската женска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Русија до 19 години. Двата меча ќе се одиграат на стадионот „Младост“ во Струмица, на 24. и 27. октомври. Селекторот на нашата млада женска репрезентација, Кирил Изов за натпреварите против врсничките од Русија ќе смета на следните фудбалерки: Голмани: Ведрана Комненова (Љуботен), Ангела Блажева (Каменица Саса); Одбрана: Росана Китановска ...

Од кошаркарскиот клуб Пелистер, денеска информираат дека се пуштени во продажба билетите за премиерниот дуел од ФИБА Европа купот против екипата на Превидза од Словачка. Истиот е закажан за 22 октомври со почеток во 19:00 часот. Цената на билетите за оваа европска битолска премиера изнесува 200 денари, а истите од денеска се пуштени во прдажба во „ЗИКС“. На денот на натпреварот, влезници ќе можат да се купат и на билетарата од салата „Боро ...

Според информациите кои пристигнуваат од Англија, тимот на Нотингем Форест пронајде замена за испразнетото менаџерско место на Енџи Постекоглу. Тоа е искусниот Шон Дајч, кој ќе биде трет менаџер по Постекоглу и Нуно Еспирито Санто од почетокот на сезоната. Тој според информациите веќе има усен договор со менаџментот на тимот, и се чека на официјализација. Други опции што ги разгледува сопственикот Евангелос Маринакис се Роберто Манчини и ...

Српските клубови се познати по тоа дека даваат шанса на исклучително млади фудбалери, од кои потоа сакаат дебело да наплатат при нивната продажба. Впрочем така и се прави. Овојпат во центарот на вниманието на јавноста во Србија, е младиот играч на суперлигашот ИМТ, Алекса Митиќ кој што стана најмладиот стрелец во историјата на шампионатот на Србија. Тој вчера на „Рајко Митиќ“ во поразот од Црвена Звезда од високи 6:1 погоди за својот тим на ...

Португалскиот играч за врска и капитен на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш е најдобриот креатор на шанси за голови во англиската Премиер лига во последните 5 години. Според статистичките податоци кои беа објавени, Бруно од 2020 година, па досега, има направено 560 гол-шанси за своите соиграчи во клубот, многу повеќе од кој било друг фудбалер во англиската елита. На второто место на оваа статистичка низа се наоѓа сега веќе поранешниот ...

Игор Тудор се под поголем притисок на клупата на Јувентус и нема да биде изненадување доколку во скоро време добие отказ. Хрватските медиуми пишуваат декла лошиот почеток на сезоната и последниот пораз од Комо, веќе го натерале раководството на „Старата Дама“ да бара ново тренерско решение. Според пишувањата, најверојатен кандидат за заменик на Тудор е Рафаеле Паладино, поранешниот играч на Јувентус кој многу добро ја познава средината. ...

Првото коло од Европскиот клупски куп во шах донесе очекуван резултатски расплет, при што најдобро рангираните екипи, меѓу кои е и македонскиот шампион ШК Алкалоид, стартуваа со убедливи победи на турнирот, кој има само седум кола, а на крајот ќе го даде новиот шампион на Европа. За овој настап на Родос, Грција, екипата имаше две промени во однос на тимот од 2024 година и тоа на петтата и на шестата табла, каде што настапија ВМ Абиманју Пураник ...

По извонредниот настап на Макс Верстапен на трката за Големата награда на Соединетите Американски Држави, каде што освои максимални 33 поени откако триумфираше и во спринтот и во главната трка, повеќе нема сомнение дека Холанѓанецот се врати во борбата за титулата во Формула 1. Пред последните пет трки од сезоната четирикратниот светски шампион е трет во генералниот пласман со 306 поени, точно 40 зад лидерот Оскар Пјастри. Ова го поставува ...

Најавата се оствари. Греам Потер е новиот селектор на шведската фудбалска репрезентација. Ерата на Јон Дал Томасон беше многу кратка, откако првиот странски тренер остана на клупата на „Трите круни“ малку повеќе од една година. Потер доаѓа на клупата со шанса да ја квалификува Шведска на Светското првенство во САД, Канада и Мексико преку баражите. Благодарение на добриот пласман во Лигата на нации, Шведска обезбеди место во плејофот, кој ќе се ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
95%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1024
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.91
92%
1022
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
0.38
100%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
86%
1019
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1021
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1022
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
100%
1020
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.3767

Currency

34.9764

Currency

38.1116

Currency

65.893

Currency

7.44979

Currency

0.66279

Currency

0.33764

Currency

0.52436

Currency

1.23507

Currency

0.58084

Родиум

256402.20

Платина

53749.14

Бакар

10.84

Паладиум

46650.73

Злато

135736.19

Никел

467712.99

Кобалт

58.42

Цинк

3.26

Калај

40.84

Иридиум

145787.60

Сребро

2008.67

Рутениум

29192.88