
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



Луис Нани, некогашната мега – ѕвезда на светскиот фудбал минатото лето, барем такви беа најавите од страна на довчерашниот прволигаш во ПМФЛ, беше многу блиску од трансфер во Гостивар. Платата била договорена, ама на португалскиот ветеран, сега играчки пензионер, наводно не му се допаѓале терените во Македонија, и затоа тој трансфер кој во тоа време го “стресе“ Балканот, не се оствари. А и подобро за него што не дојде, којзнае како ќе ...
Тимот на Барселона е апсолутниот вваледел на шпанскиот фудбал сезонава. Каталонците ја освоија титулата, со новиот тренер Ханси Флик кој што е откритието на сезоната за овој клуб и кој уште долго ќе го гледаме на Ноу Камп. Барса стигна до титулата изминатава недела и веќе два дена слави. Традиционално играчите со отворен автобус го прошетаа градот, и целиот град излезе да ги поздрави. Во сета таа еуфорија можеше да се случи и потежок инцидент. ...
Иако е далеку од играчот кој што некогаш беше еден од најдобрите во светот, сепак, Нејмар и натаму ќе биде на терен. Поточно, ќе потпише нов договор со тимот на Сантос, каде што во јануари пристигна од Ал Хилал. Сантос е неговито матичен клуб, и тој нормално дека се чувствува таму супер. Веќе одигра девет мечеви и постигна три гола и имаше три асистенции. Новиот договор ќе биде со важност до 2026 година, па потоа веројатно 33. годишниот напаѓач ...
Викендов Крушево беше домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам – МТБ Маратон, во организација на велосипедскиот клуб Energi Cycling и Велосипедската федерација на Македонија. Настанот беше отворен за натпреварувачи и рекреативци од целиот Балкан и имаше за цел да ја промовира локалната природа, култура и историја, да ја подигне еколошката свест и да го поттикне велосипедизмот како спорт и рекреација. Крушево навистина ...
Некогашниот капитен на репрезентацијата на Браиз, и долгогодишен интернационалец, Лусио, е хоспитализиран поради изгореници. Ова го јавуваат медиумите во Бразил, кој што подаваат дека засега нема информација за степенот на истите. „Пациентот е стабилен, свесен и под грижа на тим, добива специјализиран медицински мониторинг за третман на изгореници“, се вели во соопштението на болницата каде што Лусио е сместен. Марилија Форџарини, сопругата на ...
Најновата трка од Формула 1 карванот е во својот зенит викендов. На патеката на легендарната Имола, претпладнево се одржа третиот тренинг на кој што издоминира Ландо Норис. Зад него најдобро време постигна Оскар Пјастри. Норис го постави најбрзото време, завршувајќи го кругот за 1:14.897, додека неговиот колега од тимот, Пјастри заврши втор, само 0.100 секунди зад него. Двајцата беа единствените што отидоа под границата од 1:15 во сесијата. ...
Со триумфот од 31:20 тимот против Струга, тимот на Куманово обезбеди опстанок во овогодинешниот прволигашки шампионат. Тоа значи дека со 13 бодови е безбеден на три кола до крајот на битката за опстанок во Суперлигата. Од друга страна пак, тимот на Струга, во директониот дуел со тимот на Радовиш ќе мора да се спасува од испаѓање, поточно една од овие две екипи ќе игра бараж со второпласираната екипа од прволигашкиот плеј-оф. Во релативно ...
Ханси Флик и во следните две сезони ќе ја предводи Барселона. Она што се најавуваше минатите неколку дена сега е веќе и потврдено и тоа од страна на првиот човек на каталонскиот клуб, Хоан Лапорта: “Многу сме задоволни од работата на Ханси Флик. Тој во целост успеа да ги сврти работите во наша корист и го врати натпреварувачкиот дух во тимот. Веќе разговаравме за тоа и се е договорено, тој останува најмалку до јуни 2027 година, само треба да го ...
Вечерва во 19 часот во салата “Перо Наков“ во Куманово, се игра третиот меч од плеј – офот во елитната кошаркаска лига на Македонија. МКК Куманово го дочекува МЗТ Скопје. Познато е дека шампионот во оваа полуфинална серија има водство од 2:0 и со евентуална победа вечерва ќе обезбеди пласман во големото финале. Секако дека не исто да играш во “Јане Сандански“ како во првирте два меча и во Куманово како што ќе биде вечерва. Тоа тимот од Аеродром ...
СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева Еден ден го дели Алкалоид од првото историски финале во ЕХФ Европскиот Куп. Кирил Лазаров и неговите момци веќе се во Атина каде утре (18 часот, директен пренос на МРТ) ќе ги одмерат силите со АЕК. Грчкиот тим е фаворит, бидејќи во составот има странски и искусни имиња. Но, од друга страна пак актуелниот освојувач на Купот на Македонија на крила на младите ракометари успеа да стигне до финале. Еден од оние ...
Она што се најавуваше со денови наназад, од денеска е и официјално. Имено со специјални соопштение на својот сајт и на сите социјални мрежи, Реал Мадрид поврди дека Дин Хујсен е нов “крал“. Дефанзивецот доаѓа од Борнмут и е член на репрезентацијата на Шпанија. Сумата на овој трансфер не е објавена, ама се шпекулираше дека таа е 59 милиони евра. Договорот е со важност од пет години. ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ и Х Comunicado Oficial: ...
Денеска е фудбалски празник во Англија. Денеска во 17:30 часот на култниот “Вембли“ се игра финалето во ФА Купот. Тоа е најстарото фудвалско натпреварување не само на Островот туку веројатно и во светот. Силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и Кристал Палас. Јасно е кој е фаворит, јасно е кој е во предност. Ова е шанса за Пеп Гвардиола и неговиот Сити барем со еден трофеј колку толку ја спасат оваа очајна сезона за нив. Инаку Пеп на последната ...
Денеска на програмата се еден од 7.коло во плеј – офот во ракометната Суперлига и два од плеј – аутот. Јасно е дека сите погледи се свртени кон Битола каде вечерва во 19 часот РК Пелистер го пречекува Охрид во салата “Боро Чурлевски“. Охрид е квалитетен состав, подготвен за секакво изненадување, ама Пелистер мора ама баш мора да победи ако сака и натаму да ја продолж трката за титулата со Вардар кој вчера успеа да победи со Бутел. Па така сега ...
СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева Марко Стојковиќ навреме се рехабилитираше и ќе му биде на располагање на Кирил Лазаров за утрешната прва финална битка против АЕК на гости во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Алкалоид максимално ги искористи деновите за подготовка за двата историски меча. Желбата е една – европски пехар. Задачата не е лесна, бидејќи АЕК е тим со искусни имиња, но мотивот е голем кај сите во таборот на актуелниот освојувач на ...
Денеска со мечевите од 33.коло и официјално завршува сезоната во нашата елитна фудбалска лига. Веќе се е познато, само уште да се разреши дилемата кој ќе игра бараж за опстанок во ПМФЛ. Шкендија е шампион и попладне ќе има шампионска фешта под Шара, на тетовци ќе им биде доделен и пехарот од страна на ФФМ. Силекс и Работнички ќе играа во квалификациите во Лигата на Конференции, а Воска и Гостивар уште пред неколку кола не се прволигаши, токму ...
Вчерашната одлука натпреварот Кожуф – Башкими да се регистрира со резултат при кој на ниту еден од клубовите не му се доделуваат бод или бодови е одлука на НАТПРЕВАРУВАЧКАТА комисија при ФФМ. Според правилата и прописите натпреварот мораше да биде решен пред одигрувањето на последното коло од Втората лига кое на програмата е утре. Така Башкими за скандалозниот натпревар во Гевгелија, за кој постојат индиции и докази дека е наместен, останува ...
Емотивно синоќа беше на “Вила Парк“ во Бирмингем по победата на Астон Вила против Тотенхем. Имено голманот Емилиано Мартинез се расплака, како да сакаше да каже дека ова му е последен меч за Вила пред своите фанови. Имено познато е дека светскиот првак со Аргентина и според ФИФА најдобриот голман во светот, веројатно ќе прави сензационален трансфер во Саудиска Арабија. По мечот тренерот Унаи Емери не беше дециден за тоа дали Мартинез си оди или ...
Утре од 21:30 часот се игра седмиот и решавачки меч од полуфиналната серија од плеј – офот на западот во НБА, меѓу Денвер и Оклахома. Кој ќе победи оди во финалето на западот, а во пресрет на оваа мајсторка, лоши, ужасни вести за Јокиќ и Нагетси. Имено Арон Гордон, еден од најдобрите и клучни кошаркари на Денвер е повреден, истегнување на задната ложа, па мали се шансите тој да настапи. Јасно е дека ако тој се прашува, Гордон ќе игра. Ова е ...
Синоќа во рамките на 36.коло се одиграа два меча во Премиерлигата. Челзи го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 со голот на Кукуреља, а Астон Вила славеше против Тотнхем со 2:0. Нови порази на финалистите во Лигата на Европа. И сега кога ќе се види табелата, од првата позиција до седмата, тоа е вистинска лудница. Пред се тука мислиме на битката за пласман во Лигата на Шампионите,а познато дека таму ќе се најдат првите петопласирани. Ливерпул како ...
Апсолутно заслужено. Барселона е шампион е првак во Ла Лига. Доминација на каталонците, Ханси Флик знаеше што и како треба, а сето на тоа на дело и на терен го направија Јамал и другарите. Синоќа “гореше“ по улиците на Барселона, тоа беше голема фешта, каде близу милион луѓе излегоа да ги поздрават шампионите, да бидат дел од шампионската парада. Секако дека во преден план беше Јамал, а имаше и по малку непријатни ситуации кога Иниго Мартинез ...
Веќе извесно време јасно е дека Душан Влаховиќ не сака да потпише нов договор со кој би се ревидирале неговите примања во Јувентус, а сегашниот му истекува следниот јуни во 2026. По ова Јуве сака да го продаде, чека официјални понуди. Според медиумите во Италија последен на листата кој е силно заинтересиран за Србинот е Атлетико Мадрид. Дали тоа значи дека Диего Симеоне е подготвен да го продаде Хулиан Алварез, се споменуваше Барселона па затоа ...
Уште кога се повреди Џејсон Тејтум јасно беше дека Бостон нема што да бара во полуфиналната серија во источната конференција со Њујорк. Тоа убаво се виде утринава во “Медисон Сквер Гарден“ каде Никси прот го декласираа шампионот со 119:81 и со тоа ставија крај на серијата до 4:2. По оваа победа Брансон у другарите по 25 години се пласираа во конференциското финале каде ги чека составот на Индијана. Јасно е дека тоа ќе биде голема битка ако се ...
Фудбалерите на Челзи се многу блиску до пласман во Лигата на шампионите, бидејќи го добија дербито од 37-то коло од Премиер лигата на „Стемфорд Бриџ“ против Манчестер Јунајтед со 1:0. Моментот на одлука беше 71. минута, кога благодарение на голот на Марк Кукуреља „сините“ дојдоа до предност, која на крајот им донесе големи три бода. Овој пораз за Манчестер Јунајтед не менува многу во однос на пласманот, но го расипува расположението на тимот на ...
Иако има само 27% од сопственоста на Манчестер Јунајтед, сепак Сер Џим Реклиф ги влечеше сите конци и негови беа одлуките за се и сешто во гигантот од “Одл Трафорд“. Како што објави “Тајмс“, сопственикот на “Инеос“ групата само за една година е во загуба од неверојатни 7,6 милијарди евра, а таа компанија е на Ретклиф. Ова секако дека не е добра вест за сите во Манчестер Јунајтед, посебно ако се знае дека тој во изминатиот период направи неколку ...
Јаник Синер го победи Томи Пол во второто полуфинале во Рим и закажа голема неделна пресметка за трофејот со Шпанецот Карлос Алкараз. Италијанецот победи со 1:6, 6:0, 6:3, земајќи девет гема по ред во средината на натпреварот. За Синер ова беше 26-ти натпревар по ред без пораз, откако последниот пораз го доживеа во октомври во финалето во Пекинг токму против Карлос Алкараз. Ова ќе биде седмо Мастерс финале во кариерата за Синер и прво на ...
Фудбалерите на Астон Вила остварија исклучително важна победа од 2:0 над екипата на Тотенхем во претпоследното коло од англиската Премиер лига зголемувајќи си ги шансите на крајот на сезоната да завршат на едно од местата кои обезбедуваат пласман и учество во Лигата на шампионите следната сезона. По првите 45 минути кои минаа без постигнат гол, на стартот на вториот дел момците на Унаи Емери најдоа начин како да го совладаат гостинскиот голман ...
Баерн и натаму не се откажува од идејата да го купи Флоријан Вирц, но очигледно има голем проблем со сумата која „фармацевтите“ ја бараат за својот млад бисер. Според новинарот Флоријан Плетенберг, доколку тимот од Минхен понуди 100 милиони евра за Вирц, како што се најавува со денови, Баер (Л) веднаш ќе ја отфрли таквата понуда. Клубот од Леверкузен строго постави сума од 150 милиони евра за сите заинтересирани клубови за фудбалерот. Според ...
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, зборуваше за назначувањето на Карло Анчелоти за селектор на репрезентацијата на Бразил. „Не мислам дека некогаш постоел тренер кој имал кариера како Анчелоти. Очигледно, не сакам никаков успех за бразилскиот тим или за Анчелоти, бидејќи сакам Шпанија да продолжи да доминира. Но, одлично е што Италијанец го тренира бразилскиот тим. Ова е многу ветувачка комбинација“, изјавил Енрике. 55-годишниот стратег беше ...
Дисциплинската комисија на УЕФА изрече ригорозна казна за Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) поради нередите кои ги направија хрватските навивачи на двомечот со Франција од четвртфиналето на Лигата на нации. Хрватите се казнети со вкупно 93.000 евра, а следниот домашен меч ќе се игра пред празни трибини. На хрватските фанови исто така им е забрането да присуствуваат на следниот натпревар на репрезентацијата на гостински терен. Поради инцидентите ...
Италијанскиот стратег Џенаро Гатузо потврди дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, а иако има уште една година од договорот нема да бара никаква финансиска надокнада од сплитските бели. „Сигурно ова е последен натпревар за мене на Пољуд. Имам уште една година од договорот, но работиме на тоа да си заминам на крајот од сезоната“, потврди Гатузо за хрватските медиуми. „Ќе си заминам без да барам ништо за возврат. Нема да прифатам ...