Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит со мака ја мина Швајцарија со 3:1. Освртот на овие два дуела го прави Горазд Михаилов. Тој смета дека индивидуалниот квалитет на англичаните пресуди тие да се меѓу четирите најдобри на овој турнир, додека Аргентина е таа која што ...

Возачот на Дукати, Марк Маркес ја потврди својата доминација и е победник на денешната трка во рамките од МОТО ГП шампионатот, која што се возеше за големата награда на Германија. Деветократниот светски шампион, само го повтори она што го направи во спринтот и на главниот тренинг вчера и беше најбрз на патеката во Сахсенринг. На втората позиција на денешната трка се пласираше возачот на Трекхаус, Аију Огури, додека трет на пиедесталот се ...

Тековниот Мундијал го доживува својот зенит. Во тек се четвртфиналните мечеви во кои синоќа бранителот на титулата Аргентина по продолженијата обезбеди пласман меѓу четирите најдобри по триумфот над Швајцарија. „Гаучосите“ имаа тежок испит пред себе, па по водството кое го донесе Мек Алистер, и израмнувањето на Ндоје, мораше во дополнителните половина час да обезбедува пласман понатаму со головите на Алварез односно Лаутаро Мартинез. ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе направи скок на ВТА листата по најголемиот успех во кариерата со пласманот во првото коло од Гренд Слемот Вимблдон. Тоа на Ѓорческа ќе и овозможи од моменталното 222 место да се искачи на 208 позиција на светската ранг листа. Со ова Ѓорческа би се доближила релативно до својата најдобра позиција во кариерата, кога беше пласирана на 170 место на ВТА листата во 2017. година. Само за ...

Џуд Белингам, двојниот стрелец и херој на победата на Англија во четвртфиналето на Светското првенство против Норвешка, го одбрани настапот на својата репрезентација откако селекторот Томас Тухел го опиша како „невешт“. Англија победи со 2:1 по продолженијата, а пресвртот го донесе токму Белингам со два гола, но германскиот стручњак на клупата на Англија не криеше дека не е целосно задоволен од прикажаното. Веднаш по саботната победа во ...

Понекогаш се чини дека животот, во овој случај фудбалот, ни испраќа јасни сигнали за тоа што ќе се случи. Секако, титулите не се освојуваат со суеверие или обична статистика, туку на теренот, но навистина постојат неколку чудни сличности помеѓу Светското првенство 2010 и Светското првенство 2026, што доведува до мислењето дека Шпанија би можела да се пофали со титулата „шампион на светот“. Актуелниот европски шампион ќе игра против Франција ...

Англија ја победи Норвешка со 2:1 по продолжението и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, а во судиското продолжение во првото полувреме се случи контроверзна ситуација. Англија потоа израмни на 1:1, а стрелец беше Џуд Белингам. Откако топката заврши во мрежата, норвешкиот голман Орјан Ниланд се стрча кон судијата Клемент Турпин и протестираше покажувајќи кон небото. „Тој покажуваше кон небото, се чини кон камера што е ...

Поранешниот македонски репрезентативец Аце Јоновски, во последните речиси десет години успешно работи како тренер во Германија. Веднаш по завршување на играчката кариера во екипата на Интерактив, ја започна тренерска кариера и имаше неколку успешни сезони. После ова Аце Јоновски се пресели во екипата на СГСХ Драгонс која игра во третата Бундеслига. Минатата година ја водеше оваа екипа, а летово раководството на клубот задоволни од ...

Бутел Скопје продолжува со градење на составот за новата сезона во која на клупата ќе биде Стојанче Стоилов. Главната цел на тимот на поранешниот македонски репрезентативец е создавање наа „ростер“ со домашни играчи. Најновот од Бутел Скопје е продолжувањето на соработката со уште еден ракометар. Станува збор за Стефан Зенговски кој во тимот ќе остане и во следните две години. „Десното крило потпиша нов договор и ќе остане во нашиот клуб ...

Златан Ибрахимовиќ остро го критикуваше белгискиот селектор Руди Гарсија откако Белгија загуби со 2:1 од Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство. Поранешниот шведски напаѓач, кој работи како стручен коментатор за американскиот „Фокс Спортс“, директно го обвини Гарсија за поразот, поради одлуката да го внесе голманот Сене Ламенс во игра по повредата на Тибо Куртоа. Белгија го пропушти полуфиналето во Лос Анџелес откако Микел Мерино ...

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин не можеше да молчи по натпреварот, наведувајќи дека целосно го променила текот на играта и му наштетила на неговиот тим. Клучниот момент се случи во 72-та минута. Швајцарскиот напаѓач Брил Емболо, ...

Норвежаните беа блиску до историско полуфинале, но беа поразени од Англија со 2-1 по продолженијата на стадионот „Хард Рок“ во Мајами. По натпреварот, Халанд рече дека секогаш ќе се сеќава на она што го направи неговиот тим на ова Светско првенство. „Ова беше лудо патување. Мислам дека ми го промени животот, да бидам искрен“, рече напаѓачот на Манчестер Сити. Иако поразот беше тежок за целата нација, Халанд верува дека Норвешка направи ...

Македонскиот првак заминува во невозможната мисија и дуелот со КуПС во Куопио кој се игра во вторник од 17 часот. Финскиот првак минатата недела во Скопје му одржа фудбалска лекција на Вардар и со триумфот од 0:2 речиси и го завери пласманот во следната фаза. А Вардар, останува да се надева дека чудата во фудбалот се возможни иако протов себе имаат силен ривал, првак на Финска, клуб кој блеска на организациски план и има одличен играчки ...

Четвртфиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година помеѓу Аргентина и Швајцарија, во кој Аргентина победи со 3:1 по продолженијата, покрај фудбалската тензија, донесе и момент што брзо го обиколи светот. Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, и португалскиот судија Жоао Педро Пињеиро влегоа во жестока дебата, сето тоа поради тонот со кој судијата му се обрати на аргентинскиот фудбалер. Настанот се случи во текот на првото ...

Точно 100 натпревари од Светското првенство се одиграни во САД, Канада и Мексико, по што се објавени полуфиналните парови. Дуелот меѓу Аргентина и Швајцарија беше 100-тиот јубилеен натпревар на овогодинешното Светско првенство, а во него го добивме и последниот полуфиналист. Актуелниот светски шампион го продолжи своето патување кон нов „Златен глобус“ во Канзас и закажа пресметка против Англија, која ја елиминираше Норвешка по продолженија. ...

Аргентина е последниот полуфиналист на Светското првенство во 2026 година, откако ја победи Швајцарија со 3-1 (1-1) по продолженија во четвртфиналето во Канзас Сити. Незаборавниот натпревар беше решен во 112-та минута, кога Хулијан Алварез го оправда својот прекар „Пајак“ и постигна еден од најубавите голови на овогодинешното Светско првенство. Напаѓачот на Атлетико Мадрид ја прими топката дијагонално на околу 25 метри од голот, се ...

Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам е КРАЛОТ на Англија со два гола. Норвешка имаше водство од 1:0, имаше шанса да направи уште една сензација, но сепак мораше да му честита на победникот. Хари Кејн го одигра 120 меч за Англија, со што се израмни со Вејн Руни, уште на првото место е Питер ...

Голгетерот на норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд, долго време е популарен не само во сопствената земја. Секако, неговата популарност во голема мера се должи на неговите голови во Премиер лигата во дресот на Манчестер Сити. Така, над 500 бебиња родени во Перу за време на Светското првенство беа именувани по силниот русокос голгетер. Како што објави АФП, 468 бебиња беа именувани Халанд, а уште 91 сега официјално се нарекуваат Ерлинг ...

Во пресрет на дуелот со Норвешка, Англискиот репрезентативец Хари Кејн зборуваше за своето искуство од играњето голф со американскиот претседател Доналд Трамп. Самиот Трамп претходно зборуваше за нивната средба. „Играв голф со Кејн, навистина уживав. Тој е одличен фудбалер, а исто така е и одличен голфер“, откри шефот на американската држава. „Да бидам искрен, играв добро. Беше пред околу 18 месеци. Ме покани да играм кога бев во Палм Бич“, ...

Додека Аргентина се подготвува за четвртфиналето на Светското првенство со Швајцарија, од таа земја пристигнаа тажни вести. Почина Антонио Убалдо Ратин, легендарниот капитен на Бока Јуниорс и поранешен репрезентативец на Аргентина. Ратин, кој беше еден од најголемите идоли во историјата на Бока Јуниорс, почина на 89-годишна возраст. Тој беше симбол на златната ера и апсолутна легенда на великаните од Буенос Аирес, но и на цела Аргентина. ...

Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад како гостин, Алесунд и Молде ремизираа, а лидерот Тромсо ја декласираше Валеренга со четири гола разлика, пред сите, и навивачите и играчите и тренерите, да брзаат дома за да избегнат пропуштање на четвртфиналето на Светското првенство ...

Норвешка – Англија 1:1 е резултатот по првото полувреме во битката за полуфинале на “Хард Рок“ стадионот во Мајами. Се играше 36.минута кога Шјелдруп од лево постигна магичен гол, го изненади Пикфорд и на својата селекција и донесе голема радост. По тој момент Норвешка имаа уште неколку закани. Пред тој момент Англија го имаше поседот, но со тие бескрајни додавања не успеваше опасно да се закани. Кејн, Белингам, О`Рајли имаа полушанси. Сепак ...

Легендарниот дефанзивец Паоло Малдини е назначен за нов технички директор на италијанската репрезентација, објави локалната фудбалска федерација. На својата нова улога, тој ќе соработува тесно со Леонардо, кој ќе биде негов советник. Главната задача за двајцата ќе биде да изберат нов тренер кој ќе ги води „аѕурите“ кон крај на кризата. Италија, четирикратен светски шампион, не успеа да се квалификува на последните три Светски првенства, што ...

Алехандро Гарначо не задоволи никого во Премиер лигата, иако многумина му предвидуваа сериозна фудбалска кариера. Факт е дека од него се очекуваше многу и дека е сè уште млад, но тој не го поткрепуваше својот став на теренот со факти, голови и асистенции, па сега Челзи одлучи да го стави на трансфер листата. Цената, ако некој го сака овој крилен играч, е 50 милиони фунти, а наводно има интерес. Како што објави „Скај“ од Британија, Гарначо е ...

Втората акција на женскиот сениорски национален тим летово е настапот на 20. Медитерански игри, кои од 21 август до 3 септември ќе се одржат во Таранто, Италија. Селекторот на Македонија, Милош Гавриловиќ објави список од 16 одбојкарки кои ќе конкурираат за настапот на Игрите. Новиот список носи одредени промени, споредено со оној за Европската лига 2026, а една од причините е што дел од помладите репрезентативки во истиот период ќе имаат ...

Ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, потпиша нов петгодишен договор со клубот, објавија од таборот на вицешампионот во НБА. Договорот ќе стапи на сила следното лето и вреди вкупно 252 милиони долари. Интересно е што 22-годишниот Французин имаше опција да потпише максимално продолжување во вредност од 303 милиони долари, но одлучи да се откаже од околу 10 милиони долари по сезона. На овој начин, тој му дава на менаџментот поголема ...

Македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров потпиша нов договор со тимот на Црвена Звезда. Момчето кое што поникна во Вардар, па се пресели во Белград веќе неколку сезони се бори за место под сонцето во еден од најголемите клубови во Европа. Тоа засега го прави очигледно добро, затоа што стави параф на нова соработка до 2029 година. Гаштаров летово одработува подготовки со првиот тим на Звезда, а ќе видиме дали на крајот ќе замине ...

Шпанскиот напаѓач Ламине Јамал ги сподели своите мисли за победата од 2-1 над Белгија во четвртфиналето на Светското првенство. Тимот на Луис де ла Фуенте следно ќе се соочи со Франција. „Многу сме среќни што повторно сме во полуфиналето. Долго време сме тука и сакаме да стигнеме до самиот крај. Среќни сме со оваа победа и што се квалификувавме во следната фаза“, рече Јамал. „Мислам дека бевме многу посилни од нашиот противник. Да, примениот ...

Сега веќе се знае дека Шкендија Арачиново и дефинитивно не се шегува. Имено попладнево клубот кој во следната сезона ќе го има своето деби во елитната лига на Македонија, промовираше уште пет нови засилувања. Тоа се Мартин Тодоров, Хадис Велии, Сумер Хасан, Есмин Личина и Аритон Мехмеди. Јасно е дека со овие играчи ростерот, па и квалитетот на тимот и тоа како ќе добие на вредност. Инаку досега во овој летен преоден рок клубот од Арачиново ...

Младата чешка тенисерка Линда Носкова е новата шампионка на Вимблдон, откако попладнево победи во финалето против сонародничката Каролина Мухова со резултат 2:1 (6:2, 5:7, 6:3) по два и пол часа игра. На Носкова ѝ требаа само малку повеќе од половина час игра за да поведе во сетовите, стигнувајќи до брејкот веќе во четвртиот гем. Пред да направи голем чекор кон освојување на сетот, Носкова имаше две шанси за брејк, од кои првата Мухова ја ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
92%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
63%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25