Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Фудбалот е нешто посебно, па затоа има вакви сцени како вчера пред „Вембли“ и тоа од еден фан на Арсенал. Манчестер Сити стигна до своето четврто финале на ФА Купот по ред откако се врати во негатива и го победи Саутемптон со 2-1. Фин Азаз го постигна единствениот гол за Саутемптон во 78-та минута, пред Сити брзо да одговори со гол на Џереми Доку и со мајсторијата на Нико Гонзалез. Сепак, една сцена пред самиот натпревар привлече посебно ...
Уште еден голем, фантастичен успех на нашиот Дарио Ивановски. Имено Македонецот денеска победи на полумаратонот во Дубровник (Хрватска) во силна конкуренција со нов рекорд. Ивановски истрча 21 км за време од 1:06.30. Ова е уште еден доказ дека Македонецот е во голема форма, посебно ако се знае дека минатиот викенд го освои второто место на престижниот маратон во Белград. Дарио Ивановски секако дека оваа 2026 ќе има уште вакви настапи, ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го критикуваше судењето во последните два натпревари, тврдејќи дека трката за титулата во Премиер лигата „ќе изгледаше поинаку“ доколку клучните одлуки беа донесени во корист на неговиот тим. По тешката победа на Арсенал од 1-0 над Њукасл во саботата навечер, со која се искачија на три бода предност пред Манчестер Сити на врвот на табелата, Артета изрази фрустрација поради два контроверзни моменти во ...
Денеска на маратонот во Лондон е испишана историја. Имено за првпат на еден маратон истрчано е под два часа. Денеска тоа го направија двајца. Победникот Себастијан Саве од Кенија беше првиот официјално кој што го направи тоа со оглед на тоа дека победи на маратонот со време 1:59.30, додека второто место му припадна на Јомиф Кејелџа од Етиопија со време 1:59.41. Третопласиран беше Јакоб Киплим од Уганда. Инаку досегашниот светски рекорд беше ...
Спектакуларен, фантастичен гол, гол кој ќе се памети и раскажува долго време, веројатно гол на сезоната во елитната лига во Словенија. И тоа во режија на Димитар Митровски, нашиот репрезентативец и офанзивен играч за врска на Олимпија Љубљана. Имено Македонецот вчера на гостувањето кај Копер во таа 70.минута со шут од слободен удар од 27-28 метри постигна фантастичен гол. Домашниот голман направи се што можеше, но „проектилот“ на Митровски ...
Мохамед Салах ја заврши сезоната поради повреда на тетивата, потврди директорот на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан. Ова исто така значи дека вчера Салах го одигра последниот натпревар за Ливерпул во својата кариера, бидејќи претходно објави дека ќе го напушти англискиот клуб на крајот од сезоната. Хасан за Ројтерс изјави дека Салах ќе биде надвор од терените четири недели поради скината на тетивата. Фудбалерите на Ливерпул ќе имаат ...
Од утрово, хрватските медиуми известуваат за сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот А3, во која беа повредени менаџерите на загрепска Локомотива, клубот на нашиот интернационалец Александар Трајковски. Се пренесува дека дека несреќата ја предизвикал елен кој истрчал на патот, по што дошло до верижен судир на четири возила. Се наведува дека автомобилот во кој се наоѓале директорот на Локомотив, Божидар Шикиќ, и извршниот ...
Македонската машка кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет, откако на последниот натпревар од групната фаза ја победија Саудиска Арабија со 11-23. За место во финалето избраниците на Горан Кузманоски ќе играат против Србија. Нашите момци уште на стартот го наметнаа своето темпо, цврстата одбрана и одличниот напад на одморот им донесоа позитива од 10-6. И после одморот не се смени ништо, ...
Екипата на Бадел 1862 е првиот финалист во плеј-офот кај дамите. Овој тим го приреди најголемото изненадување, губеше со 1-0 во серијата, а потоа со две победи си обезбеди битка за титулата. Денеска на гостински терен славеше со 59-61. Таму ќе го чека противникот, ќе биде или Вардар или Крива Паланка. Третиот натпревар беше неизвесен, особено во самиот финиш. Баскет кам поведе дури на нешто повеќе од три минути до крајот (53:52), кога ...
Минесота го победи Денвер на домашен терен со 112:96 и поведе со 3:1 во првото коло од плејофот на Западната конференција. Досунму го одигра натпреварот на својата кариера и со 43 поени од клупата ја донесе Минесота еден чекор поблиску до додавања. Со тоа, тој ја презеде водечката улога по повредите на Ентони Едвардс и Донте ДиВинченцо. Настапот на Досунму е најефикасниот плејоф натпревар од играч од клупата во последните 50 години. Пред ...
Сонот за пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и натаму живее за ГРК Охрид. Македонскиот тим на првата полуфинална пресметка против Целје беше поразен со минималн 27-26, што пак е добар пред реваншот, кој се игра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид на 2. мај. Избраниците на Борис Ројевиќ во еден момент губеа со седум гола разлика, но на крајот успеаја да се вратат во дуелот. „Одигравне еден извонреден меч во убав амбиент, Целје сигурно ...
После еден ден одмор, денеска продолжуваат натпреварите на Светското училишно првенство во ракомет. Македонската женска кадетска репрезентација ќе игра четвртфинале против Бразил, дуел кој е закажан со почеток во 10:30 часот во салата „Македонско Сонце“. Нашите ракометарки со три победи во исто толку одиграни натпревари стигнаа до четвртфинале, беа подобри од Белгија, Грузија и Словачка. Македонската машка кадетска репрезентација се бори за ...
Македонската женска кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет. Во четвртфиналето нашите надежи после пресврт славеа против Бразил со 19-18. Бразил отвори со 2-7, водеше и со 4-8, но тоа не ги обесхрабри нашите кадетки. Се издигнаа, ја зацврстија одбраната и ги намалија техничките грешки. Сето ова придонесе за са направат серија од 5-1 за водство на полувремето од 11-10. Нашата голманка ...
Германскиот репрезентативец Каи Хаверц се повреди во победата на Арсенал над Њукасл во Премиер-лигата со 1-0 и мораше да го напушти натпреварот во првото полувреме, што предизвика голема загриженост пред претстојното Светско првенство. Со оглед на тоа што тренерот Нагелсман веќе е без Серж Гнабри, повредата на уште еден клучен напаѓач е сериозен удар за амбициите на Германија. Само дваесет минути откако асистираше за првиот гол на Арсенал, ...
Во изминатите денови се појавија многу фотографии, мемиња и видеа, на кои ѕвездата на Реал Мадрид и Франција – Килијан Мбапе, е прикажана како диктатор кој стекнал влијание во своите тимови на клупско и национално ниво. Имено беше виден како навивач на Реал Мадрид држи огромна слика од Мбапе во воена униформа, со која има за цел да го прикаже како диктатор. Во коментарите под објавата за „Диктатор Мбапе“, фудбалерот на Реал Мадрид напиша: ...
Денвер Нагетс беа поразени од Минесота со 112:96, со што Нагетс беа доближени до работ на елиминација и беа блиску до триумф во полуфиналето на Западната конференција. Минесота ја обезбеди победата на 90 секунди до крајот, а во последната секунда, МекДениелс реши да ги постигне последните поени. На Никола Јокиќ тоа не му се допадна, па се стрча кон играчот на Минесота од другиот крај на теренот и се тепаше. Ситуацијата се искомплицира, а ...
Битолскиот фудбалски мега-бренд минува низ стресен период од годината кога секој натпревар е со голем психолошки товар поради состојбата на табелата и борбата за опстанок. „Зелено-белите“ успеаја да го совладаат директниот ривал Македонија ЃП и понесени од надежта за спас од опасната зона, отпатуваа за Струмица. “Очекуваме тежок натпревар против АП Брера, екипа која игра дисциплинирано и знае да ги користи шансите. Ќе мора да бидеме ...
Атлетико Мадрид славеше против Атлетико Клуб со 3-2. Антоан Гризман и двата гола на Александар Сорлот го свртија резултатот и му ја донесоа победата на Атлетико. Спротивно на некои очекувања, тренерот Диего Симеоне не се одмори, туку ги испрати своите најсилни сили на теренот, исклучувајќи го Хулијан Алварез. Натпреварот започна со стандардни играчи како Антоан Гризман, Џулијано Симеоне, Маркос Љоренте и Марко Пубиљо. Победата може да биде ...
Како што одминува времето и се приближува крајот на овогодинешниот шампионат, така битката за титулата, но и онаа за релегација станува се поинтензивна и по неизвесна. Мечеви има уште малку, а оние кои што преостанаа треба да се добијат. Лидерот Вардар не е во позиција да киксира повеќе. „Црвено – црните“ тоа пролетва го направија веќе, предноста која што ја имаа пред Шкендија се стопи и сега е само на еден бод. Токму затоа избраниците на ...
Сега веќе е и официјално. Како што пренесуваат медиумите во БиХ, распродадение се сите билети кои беа пуштени во продажба за пријателскиот меч меѓу БиХ – Македонија закажан за 29 мај на “Кошево“ во Сараево 18 часот. Пред неколку дена имаше информации дека продадени биле 22.000 билети, а денеска и официјални бил продадени сите билети кои беа пуштени во продажба. Јасно е дека Македонија ќе игра пред преполни трибини на “Кошево“ или по ново ...
Во рамките од 29. тековно коло во ПМФЛ шампионатот, лидерот Вардар на Арената Тодор Проески утре со почеток од 16:00 часот го пречекува тимот на Тиквеш. Вардар мора да добие се до крајот на шампионатот, ако сака да го подигне пехарот на крајот од истиот, а за да го направи тоа мора да ја има максималната поддршка од трибините. Навивачката група Комити по кратката апстиненција од мечевите на нејзиниот омилен клуб, викендов се враќа на ...
Дали Германија повторно ќе биде домаќин на едно СП? Имено германскиот фудбалски сојуз ја разгледува можноста за аплицирање за организација на Светското првенство во 2038 или 2042 година, објавува „Скај“. Федерацијата потврди дека во моментов се анализираат долгорочните опции и потенцијалните понуди, иако ФИФА сè уште официјално не го отворила процесот на аплицирање за тие турнири. Доколку планот се реализира, Германија повторно би била ...
Во последниот дуел од денешната домашна кошаркарска програма, тимот на Чаир со 76:63 го совлада тимот на Феникс со што и официјално го испрати овој клуб во понизок ранг на натпреварување. По ваквиот развој на настаните му олесна на Работнички кој што чекаше победа на Чаир, за да може да остане на деветтата позиција во плеј аутот. Со ова се комплетира тројката закована на дното на табелата, а покрај Феникс тука се и Гостивар и тимот на ...
Денешниот слободен ден на Светското училишно првенство во ракомет беше резервиран за прошетка на сите делегации низ главните знаменитости во Скопје, како и за „Вечер на Нации“. Целта на на „Вечер на Нации“ беше промоција на културните вредности на делегациите – учесници на Светското училишно првенство во ракомет, преку претставување на традицијата, обичаите и културниот идентитет. Македонската делегација се претстави со Пајдушко Оро. Нашите ...
ГРК Охрид на првата полуфинална средба во ЕХФ Европскиот Куп запиша минимален пораз, откако на гостувањето кај Целје со 27-26. Негативата од едне гол не е страшна, особено ако се земе во предвид дека охриѓани губеа и со седум гола разлика. Реваншот се игра на 2 мај во салата „Билјанини Извори“. Анџиќ со осум гола беше прв стрелец кај Целје, на другата страна Ѓукиќ имаше пет погодоци. Македонскиот тим отвори моќно, поведе со 0-6 после девет ...
Во последниот дуел од денешната програма од Примера шпанскиот фудбалски шампионат, тимот на Алтетико Мадрид успеа да слави на свој терен со конечни 3:2, над тимот на Атлетик Билбао. Во исклучително интересен и неизвесен дуел, гостите први поведоа преку Паредес во 23 минута од мечот. Сепак, Атлетико Мадрид на стартот на второто полувреме со два брзи гола направи комплетен пресврт. Гризман во 49. минута погоди за 1:1, а Сорлот пет минута ...
Македонскиот интернационалец Доријан Бабунски, вечерва е стрелец за неговиот тим Нирегихаза во победата од 2:1 над екипата на Залаегерсег. Напаѓачот реализираше во 82. минута за 2:0 со што ја запечати победата на домаќинот. Со ова тимот на Нирегихаза оствари значајна победа со која што стигна до 38 бод сезонава, и деветтата позиција на табелата. За Бабунски ова е втор гол сезонава во шампионатот на Унгарија. ...
Денеска од 16 часот на програмата се сите осум средби од 26.коло во ВМФЛ. Од оние четири екипи кои атакуваат на директен пласман во елитата или баражот, се чини дека лидерот, тимот на Брегалница има најлесна задача. Штпските “сини“ играат дома веќе испаднатата Слога (В) и ако момците на стратегот Влатко Костов одиграат како што треба, јасно е дека нема да имаат проблем за да и по ова коло остнат на чело на табелата. Скопје исто така е голем ...
Екипата на Валенсија на чело со нашиот Столе Димитриевски денеска на свој терен обезбеди победа од 2:1 во дуелот со Џирона. Новите бодови за Валенсија во Примера може слободно да му се припишат на нашиот голман, кој што многу веројатно ја има одбраната на колото во Шпанија. Ветеранот Стуани влезе во 69. минута за да спасува пораз на Џирона и реално имаше идеална ситуација за да постигне гол. И ќе го направеше тоа само ако Димитриевски не ...
Тимот на Рома попладнево успеа да забележи уште една победа во домашниот Серија А шампионат. „Волчицата“ триумфираше со 0:2, на гостувањето кај Болоња, со головите на Мален во седмата односно Ел Ајнауи во судиското продолжение од првиот дел. Потоа, домаќинот немаши ниту сила, ниту капацитет да се враќа резултатски. Рома со оваа победа дојде до 61. бод во 34 мечеви, и се наоѓа на петтата позиција на табелата, која што секако обезбедува ...