И дефинитивно ИКАС 2026, кој требаше да се одржи на 18-19 април, се одложи за септември. Ова денеска и официјално го потврдија од страна на организаторте на една од нашите најквалитетни спорстки манифестации. Еве ги причините за одложувањето, според организаторот: “ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ Организацискиот одбор на ИКАС информира дека 57-то издание на натпреварот, кое беше планирано да се одржи на 18–19 април 2026 година, се одложува и ќе се ...

И официјално, Лиам Росениор не е веќе тренер на Челзи. Сосема очекувана одлука на раководството на светскиот првак ако се знае како тимот играше во последно време и уриваше негативни рекорди во изминатите натпревари. Ова е соопштението на клубот од пред неколку минути: “Фудбалскиот клуб Челзи денес се раздели со главниот тренер Лиам Розениор. Во име на сите во ФК Челзи, сакаме да изразиме благодарност до Лиам и неговиот персонал за сите ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги бранеше своите играчи откако беа критикувани за прославата на победата од 2-1 над Арсенал во Премиер лигата во неделата. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, ја нарече прославата на играчите на Сити прерана и рече дека може да се врати како бумеранг. Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Дени Марфи, исто така го критикуваше однесувањето на ѕвездите на Пеп. „Луѓето можат ...

Филипе Луис е најголем фаворит за преземање на кормилото во екипата на Челзи. Откако денеска стана јасно дека лондонскиот клуб го отпушти Лиам Розениор, кој ја презеде функцијата менаџер на почетокот на јануари, лондончани тргнаа во потрага на ново тренерско решение. За следниот меч на клупата ќе биде Калум Мекфарлан, но „сините“ нема да останат со него до крајот на сезоната Поранешниот дефанзивец на Челзи, Филипе Луис, се смета за фаворит ...

И дефинитивно Агон Елези е во одлична форма. Повремениот македонски репрезентативец и попладнево, во меч од 30.коло во шампионатот на БиХ, повторно беше стрелец за Сараево во меч против Слога. Ова за Елези беше седми гол сезонава за “бордо“ тимот од Кошево и со тоа е убедливо најдобар стрелец за босанскиот гигант и е еден од најдобрите стрелци во тамошната лига. Се играпше 37.минута кога Елези убаво се снајде пред голот на гостите и донесе ...

Вечерва во Куманово, во меч од 3.коло во плеј – аутот во нашата елитна кошаркарска лига, домашните кошаркари на МКК Куманово славеа победа против составот на Ангели со 96:77. Со оваа победа кумановци и натаму се лидери во овој сегмент од лигата. Се виде уште на стартот од овој меч дека МКК Куманово ќе ја има главната улога и дека треба да се очекува една рутинска победа. Првата четвртина домашните ја добија 21:14, додека во втората беше ...

Голем успех на новакот во нашата кошаркарска елитна лига. Имено тимот на Маџари влезе во полуфиналето од плеј – офот и ќе се бори за титулата. Попладнево како домаќин, Маџари успеа да го победи Кожувсо 114:89 и тоа во директната битка за тоа 4.место. Сега веќе нема дилеми, Маџари е тимот кој заврши на 4.место во плеј – офот и заедно со ТФТ, МЗТ Скопје и Пелистер ќе бие битка за титулата откако осигура пласман во полуфиналето. Ова беше меч од ...

На 17 мај 2026, Водно ќе ги обедини љубителите на спортот и природата со 14-тото издание на најмасовниот планински настан во земјата, Sparkasse Life ПРВ ДО ВРВ. Ова е повик до сите рекреативци, професионалци, семејства, компании и пријатели да станат дел од настан кој не е само трка, туку искуство што се памети и ги обединува љубителите на планината и спортот во пет натпреварувачки категории кои водат до врвот на Водно: · Планинско трчање ...

Иако Македонија убедливо стартуваше на Светското ракометно првенство во училшен ракомет, победа против Бугарија со 33:18, сепак селекторот Горан Кузманоски не беше премогу задоволен од настапот на своите избраници. Посебно за тоа што Македонија покажа во првото полувреме. Кузманоски смета дека може и мора подобро. „Едно лошо прво полувреме. Не беше лошо како полувреме, но пристапот беше лош, а кога се работи за една млада селекција не смее ...

По катастрофалните резултати на тимот под негово водство, а посебно по таа бламажа вчера од Брајтон, се очекуваше раководството на Челзи денеска да му врачи отказ на Лиам Росениор. Сепак ништо од тоа, барем до недела, и мечот со Лидс во полуфиналето од ФА Купот. Англичаните тврдат дека на Росениор му е дадена уште една шанса и дека натпреварот против Лидс Јунајтед во полуфиналето на ФА Купот ќе биде клучен за него. Ако победи, Росениор ...

Неколку дена по трагичната смрт на поранешниот австриски голман Александар Манингер, неговата сопруга Емили објави трогателна порака на Фејсбук. Манингер почина на 16 април откако беше удрен од воз на необезбеден премин во Нусдорф на Хаунсберг, во близина на Салцбург. Во емотивното писмо, сопругата се присети на нивниот семеен живот и зборуваше за Манингер како за татко, пријател и сопруг. „Алекс, не можам да ја опишам со зборови ...

Фудбалерите на Вардар и АП Брера се пласираа во полуфиналето од Купот на Македонија во младинска и кадетска конкуренција. Кај младинците, Вардар ја елиминираше Македонија ЃП и тоа по подобро изведување на удари од 11 метри откако по 90 минути мрежите мируваа на двете страни. Вардар имаше можност да стигне до победа, но голманот на Македонија ЃП, Дарко Јовчевски успеа да го одбрани ударот од белата точка. Во пенал серијата клучниот пенал го ...

Веќе два дена италијанскиот фудбал го тресе сериозен скандал, поврзан со елитна проституција. Имено, полицијата и обвинителството на големо отворија случај, патем и уапсија неколкумина по повод случајот на организирање на забави, елитна проституција и перење пари. Во кој, како што вели обвинителството, вмешани се интидректно преку педесет фудбалери од највисок ранг во Италија. Бидејќи пак, центарот на случувањата е Милано, дополнително е ...

Далеку потешко од очекувањата, актуелниот бранител на титулата во домашниот фудбалски шампионат, тимот на Шкендија Тетово, успеа на домашен терен предмалку да обезбеди предност над екипата на Шкендија Арачиново во првиот полуфинален меч од овогодинешниот Куп на Македонија. Фаворитот обезбеди предност од 3:2, пред реваншот кој што е закажан за 6 мај. Што се однесува пак до денешниот меч, тетовци истиот го започнаа со комбиниран состав, а ...

Традиционалната трка HalkEco Skopje Run 10K, која оваа година ќе се одржи на 10 мај, добива нова, подлабока димензија, ставајќи ја хуманоста во самиот центар на настанот. Преку соработката со eCrowd, трката се трансформира во платформа што ги поврзува спортот и солидарноста, овозможувајќи им на учесниците да придонесат за оние на кои помошта им е најпотребна. Под слоганот „Срце чиста 10ка”, секој учесник добива можност да направи повеќе од ...

Предмалку од ФК Вардар до медиумите и официјално ја доставија информацијата дека клубот формално правно ја остварува јавата која што беше лиферувана пред неколку месеци. А тоа е јужната трибина на Арената Тодор Проески и официјално да го носи името на сега веќе покојната вардарова и македонска фудбалска легенда Васил Рингов. Ова беше најавено уште на самата комеморација на Рингов пред неколку месеци, а сега сиот тој процес добива и на ...

Денеска на програмата од Купот на Македонија се полуфиналните средби, а во првиот, оној кој што започна во 12:00 часот се сретнаа екипите на Охрид и Силекс. Второлигашот успеа на свој терен да остане непоразен и да одигра против објективниот фаворит 1:1, што значи дека патникот во големото финале од овој дуел ќе го дознаеме на реваншот кој што е закажан за 6 мај во Кратово. Денешниот дуел во Охрид беше класичен од македонски фудбалски ...

Игор Стефановски Иџе викендов од Австрија ја стартува новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), најпрестижното натпреварување во оваа дисциплина.Стартот е на легендарната патека Рекберг, каде македонскиот ас влегува со дополнителен мотив, одбележува 25 години тркачка кариера. Трикратниот европски шампион продолжува да испишува историја, овојпат поради јубилејот, со нова енергија, брзина и амбиција. „Летечкиот ...

И женската кадетска репрезентација на Македонија стартуваше со убедлива победа на Светското првенство во училишен ракомет што се игра во Скопје. Избраничките на Даниела Новеска на првиот меч славеа со убедливи 34-12. Победата беше најавена уште во првото полувреме, Македонија поведе со 6-17. Тука веќе беше јасно дека ова ќе биде одличен ден за „црвено-жолтите“, Наjдобри стрелци во македонскиот тим беа Трифуновска со пет гола, како и сестрите ...

Сега е веќе и официјално. Стевче Алушовски повеќе не е тренер на тимот на Е.Пелистер. Нашиот ракометен претставник во Лигата на Шампионите, реши да го промени стратегот откако резултатите во последно време не беа на посакуваното ниво. Спортспорт уште вчера го најави заминувањето на Алушовски, а сега таа информација ја потврдија од битолскиот клуб. Официјално е дека Алушовски си поднел оставка, а клубот истата ја прифати. До крајот на ...

ТФТ денеска ќе испише нова клупска историја. Македонскиот тим го игра првиот финален натпревар во АБА2-лига за пласман во јадранската елита. Противник на тренерот Боро Смилковски и неговите избраници е тимот на Широки, мечот се игра со почеток во 20:30 часот, а ТФТ е гостин. „Не го очекувам првиот натпревар од финалната серија, против екипата на Широки. Исклучително тежок предизвик против противник кој игра модерна и одлична кошарка. ...

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, ја одби можноста да биде стручен коментатор за англиските медиуми за време на претстојното Светско првенство, бидејќи сака да го помине летото со своето семејство на најдобар можен начин, со цел полесно да ја дочека новата сезона. Во неделата, Баерн стана шампион на Германија по 35-ти пат во историјата, а веќе вечерва имаат можност да го потврдат првото финале на Купот на Германија по шест години ...

Реал Мадрид ја прекина серијата од четири последователни натпревари без победа во натпреварувањето со победа од 2-1 над Депортиво Алавес и се врати на победнички патеки по испаѓањето од Лигата на шампионите од Баерн. Иако мадридскиот тим ги задржа своите мали надежи за освојување на титулата, фрустрацијата на навивачите поради нивниот европски неуспех е сè уште опиплива, а Едуардо Камавинга го почувствува тоа најлично. Шест дена по ...

Македонската машка кадетска репрезентација со победа го стартуваше Светското училишно првенство во ракомет. Избраниците на Горан Кузманоски во првото коло славеа против Бугарија со 33-18 (11-9). Нашата репрезентација беше подобар противник во текот на целиот меч. Клучната разлика ја направи во второто полувреме. После 11-8 на одморот, Македонија со серија од 4-0 поведе со 15-9. Нашите момци не застанаа тука, поведоа со 18-11 и го најавија ...

До крајот на тековната сезона 2025/26 остануваат уште само пет кола. Од петок до понеделник се закажани средбите за 29.коло во кое има неколку супер интересни средби, пред се онаа меѓу Вардар и Тиквеш која се игра на Арената во Скопје од 16 часот. Во сабота во Ѓорче мечот меѓу Македонија ЃП и Работнички може да биде решавачки за една од двете екипи, исто како и дуелот меѓу Брера и Пелистер. Шкендија игра дома со Башкими а исто во понеделник ...

Ослабените Лос Анџелес Лејкерс ги победија Хјустон Рокетс со 101-94 и поведоа изненадувачки со 2-0 во серијата од првото коло од плејофот. Тимот од Лос Анџелес повторно беше предводен од 41-годишниот Леброн Џејмс со 28 поени, осум скока и седум асистенции. Лејкерси, играјќи без повредените Лука Дончиќ и Остин Ривс, повторно покажаа тимски дух. Маркус Смарт постигна 25 поени и седум асистенции. Третиот натпревар се игра во петок во Хјустон. ...

Човекот кој испиша важен дел од историјата на клубот, миленикот на навивачите, Веселин Вујовиќ-Вујо, по повод 65 роденден на РК Вардар, упати порака и покана до сите навивачи, да присуствуваат на натпреварот во четврток, против екипата на Алкалоид. „Ве повикувам да дојдете на натпреварот Вардар – Алкалоид, Тоа е меч на кој ќе се одбележи 65 години од основањето на клубот – најголемиот клуб која го дала Македонија. Ги повикувам сите ...

Денеска на програмата се првите полуфинални мечеви во Купот на Македонија. И веднаш да кажеме, ова ќе биде битка меѓу ПМФЛ против ВМФЛ. Во Охрид од часот се среќаваат ГФК Охрид и Силекс, а во Тетово од 14 часот играат Шкендија против Шкендија Арачиново. Реваншите се закажани за 6 мај. Јасно е дека според квалитетот, па и историјата и амбициите, Шкендија и Силекс се големи фаворити, но да не заборавиме дека ова е Куп на Македонија, ...

Иако во неколку наврати Јирген Клоп јавно изјави дека нема намера да го преземе Реал Мадрид и во новата сезона да биде новиот тренер на “кралевите“, сепак Флорентино Перез не се откажува така лесно. А познато е дека ретко кој во светот на фудбалот може да му каже “НЕ“ на фамозниот Дон Флорентино. Тој и натаму се надева токму Клоп ќе дојде на “Бернабеу“ и дека со него ќе започна една нова ера на “кралевите“. Разни инсајдери, па и познати ...

Денеска во Скопје и официјално стартуваат натпреварите на Светското училишно првенство во ракомет. Македонија ќе ја претставуваат женската кадетска и машката кадетска репрезентација. Кадетите предводени од селекторот, Горан Кузманоски првенството го отвораат против Бугарија, натпреварот се игра во салата „Македoнско Сонце“ со почеток во 10:30 часот. Покрај оваа селекција, Македонија ќе игра против Грузија, Република Српска и Садуиска ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
28%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
0.89
39%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
5.8
42%
1009
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.51
36%
1013
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.02
32%
1011
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
52%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.94
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.43
41%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
3.58
39%
1010
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.79
83%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.08
56%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Калај

53.60