Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Рандал Коло Муани и официјално ќе стане фудбалер на Јувентус. Претходно беше објавено клубот од Торино ќе го добие напаѓачот на ПСЖ на позајмица со задолжителна откупна клаузула. Според Џанлука Ди Марцио, целиот трансфер на играчот ќе ги чини „бјанконерите“ 38 милиони евра. Дополнителни 12 милиони евра би можеле да бидат исплатени во бонуси. Рандал ќе потпише петгодишен договор со плата од 5,5 милиони евра по сезона. Договорот вклучува и ...
Еден од најтрофејните македонски фудбалски тренери, Ѓоко Хаџиевски, си заминува од екипата на Спартак (Варна), потврдија од бугарскиот прволигаш.. Според информацијата, Ѓоко Хаџиевски, ја напушти функција иако со тимот од Варна пред неколку дена го воодушеви „синиот дел“ од градот со победа од 3:0 против Черно Море на стадионот „Тича“. Една од причините за заминувањето на Хаџиевски е тоа што доцнело обновувањето на неговата работна виза. ...
Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија во засилено темпо ги започна подготовките за настапот на Медитеранските Игри. Избраничките на селекторот Гавриловиќ полека ќе ја темпираат формата за она што ги чека од 20 август во Таранто. Селекцијата веќе влезе во работна атмосфера, дисциплинирано, мотивирано, посветено. Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија во засилено темпо ги започна подготовките за ...
Шкендија утре го игра реванш натпреварот од квалификациите за Конференциската Лига, против екипата на Браво. Нашиот последен представник во европските натпреварувања го загуби првиот натпревар во Словенија со 2:1. Во пресрет на реванш дуелот, тренерот на македонскиот вицепрвак, Артим Положани го даде своето мислење за натпреварот. „Браво е квалитетен тим и е тишичен претставник на словенечкиот фудбал. Ние ќе треба да дадеме и повеќе од ...
Ѕвездата на Сантос, Нејмар, потврди дека се повлекува од бразилската репрезентација. Тој го објави своето повлекување од бразилската репрезентација по елиминацијата на неговата репрезентација од Светското првенство во 2026 година од Норвешка (1:2) во осминафиналето. „Моето време во репрезентацијата заврши. Испишав историја, бев многу среќен, дадов сè што можев, го дадов својот живот. Секогаш сум се борел и сум давал сè од себе за жолтиот ...
Англиската Премиер лига само што не започнала, а екипите секоја на свој начин пробува адектавно да се подготви и најави во сезоната. Па така, тимот на Брендфорд на несекојдневен начин го најави својот гостински дрес кој што има дезен на високо квалитетен костум. Концептот зад презентацијата е целосно инспириран од популарниот шпионски филм „Кингсмен“. Игор Тиаго покрај тоа што е фантастичен фудбалер, очигледно дека слободно може да се проба ...
Најдобрите македонски одбојкарки пред неполн месец на ждрепка ги дознаа противниците во групната фаза на Медитеранските игри 2026 (Македонија e дел од групата Б заедно со Турција, Грција, Алжир и Косово, додека во групата А се Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија), а сега организаторот го објави и официјалниот распоред на одигрување на натпреварите, како и термините и локацијата. Натпреварите од групната фаза Македонија ќе ...
Во фудбалскиот шампионат на Бразил, донесена е одлука која според многумина треба да стане стандардизирана и во останатиот дел од свето. Истата е производ на лошото однесување на терен, непромислениот потег, и соочувањето со последиците од постапките кои што се прават. Дефанзивецот на тимот на Интернасионал, Виктор Габриел, е суспендиран за грубиот старт над напаѓачот на Крузеиро, Габриел Пак. Казната е несекојдневна, и вели дека Габриел ...
Кадетите денеска пропуштија голема шанса да го отворат Европското првенство во Белград со голема победа. Поразот од Словенија е болен, ако се знае предноста со кој влеговме во второто полувреме (плус 6). Сепак, некои моменти од натпреварот останаа да се прераскажуваат, како овој фантастичен потег на Стефан Ѓорѓиевски, кој денеска беше еден од најдобрите на теренот. Кадетите денеска пропуштија голема шанса да го отворат Европското ...
Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е Б.С. од Скопје. Тој освои џекпот вреден 6.905.253 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Евротип на 24.07.2026 година во Скопје.Среќната игра е 20 Хот бласт. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 13.07.2026 до 19.07.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 17.784.387 денари кон ...
Евролигата го објави распоредот за сезоната 2026/27. Турнирот ќе се одржи во ист формат: 20 екипи, 38 рунди од регуларната сезона, плеј-ин, четвртфинални серии до три победи и Фајнал Фор. Бешикташ го замени Монако поради финансиските проблеми на Французите. Турнирот започнува на 24 септември со шест натпревари. Актуелниот шампион Олимпијакос ќе игра против Басконија на гости, додека второпласираниот Реал Мадрид ќе патува во Дубаи. Редовната ...
Милан го обезбеди планираното засилување од Франција. Италијанските гиганти денеска објавија дека го купиле Санкхун Диавара. 20-годишниот француски дефанзивец се приклучува на клубот од Милано од клубот од Лига 1, Троа. Тој одигра 14 натпревари во Лига 2 минатата сезона, што резултираше со промоција на Троа во највисоката француска лига. Диавара потпиша договор со Милан до летото 2031 година. Милан го опишува Диавара како левоног централен ...
Македонија во Таранто 2026 ќе ја претставува делегација која ги обединува искуството на докажаните спортисти и енергијата на новите генерации. Различни спортски приказни, различни патишта и една заедничка желба – со гордост да ги претстават македонските бои на XX Медитерански игри. Од 21 август до 3 септември, Таранто ќе биде местото каде македонските спортисти ќе го покажат она што го градат со години – посветеноста, дисциплината и љубовта ...
Ракометарите на Е. Пелистер засилено работат подготвувајќи се за новата сезона. Еден од новаците во составот на новиот стратег Лино Червар, Мартин Серафимов, има свое видување за неговото доаѓање во Битола и вклопувањето во новата средина. „Нема да лажам, Пелистер и Битола беше една од моите желби. Сакав да играм тука некогаш во мојата кариера. Досега сум доаѓал Битола како противник и се беше против мене, што е оправдано, но тоа е и многу ...
Арсенал ја загуби вербата дека може да се реализира трансфер „бомбата“ ова лето. Имено, „топчиите“ тргнаа силно во обидот да го донесат Бразилецот од Реал (М), Винисиус Жуниор, но плановите полека губат сила и надеж. Според „Марка“, повикувајќи се на извори од Арсенал, лондончани веруваат дека имаат мали шанси да го завршат договорот. Тие дознале дека Бразилецот сепак ќе потпише нов договор со мадридскиот клуб. Минатата сезона, Винисиус ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино им нуди на земјите-членки на ФИФА дел од приходите од продажбата на нивниот дел од правата за Светското првенство, идеја која ја крена на нозе фудбалска Европа. Откако вчера беше објавено дека претседателот на ФИФА сака да продаде дел од правата за турнирот на надворешни инвеститори, УЕФА и сите европски земји членки излегоа со сериозни критики на однесувањето на првиот човек на светскиот фудбал, кој од ...
Кадетската репрезентација на Македонија иако ја имаше победата во рака по блескавото прво полувреме во Белград каде водевме против Словенија со 18:12, дозволи се да расипе во вториот дел и за 15 минути да прокоцка огромна предност. На крајот го загубивме натпреварот со 33:30. Избраниците на слекеторот Кузманоски одиграа извонредно прво полувреме во кое се функционираше беспрекорно и успеавме да ги неутрализираме словенечките ракометари и да ...
КК Пелистер го доведе третото ново име во ростерот за сезоната 2026/27. Нов член на битолскиот тим е Коста Кириловски, кој важи за еден од најперспективните млади играчи во Македонија. Се работи за високо крило, кое потекнува од школата на Водно Санс, а предходните две сезони беше член на Игокеа и Кожув. Член е на младинските репрезентации на нашата земја, а веќе се наоѓа и на поширокиот список на сениорската селекција. Претходно потпишаа ...
Искусниот 32. годишен англиски репрезентативец, Џон Стоунс доаѓа во Италија и станува член на тимот на Интер. Тој навистина е на пат за Милано, каде што денеска ќе ги одработи медицинските прегледи и ќе потпише за Интер. Стоперот си замина од Манчестер Сити, и се сложи на двегодишна соработка со тимот на Џузепе Меаца. Иднината на Стоунс беше неизвесна откако го напушти Сити, и имаше доста опции. Ја одбра онаа со која дефинитивно и натаму ќе ...
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, по три последователни неуспеси, конечно забележа победа на тековниот Европски шампионат Б дивизија. Нашите млади кошаркари беа поуспешни од селекцијата на Шведска со 69:60, со што е обезбеден дуел за пласман од деветтото до 16. место. Првиот дел од мечот беше изедначен, но во второто полувреме Македонија одигра на потребното ниво и забележа добар триумф. Македонија го имаше клучниот ...
И тоа во второлигашката конкуренција, за тимот на НД Биље. Искусниот играч за врска се сели во Словенија, во нова интернационална авантура, откако изминатиот период играше во Романија. Јанакиевски во минатото во домашниот шампионат беше дел од екипите на Скопје, Силекс, Работнички, Тетекс, Тиквеш, Љубанци…. Во второлигашката конкуренција во Словенија, дозволен е настап на странци, нешто што најверојатно ќе се случи и во Македонија за ...
Екипата на МЗТ Скопјњ Аеродром има ново американско засилување во името на Ноа Фарахан. Се работи за 25. годишен на плејмејкерската позиција кој што има доста големо искуство во Европа, а има играно во НЦАА лигата на Универзитетот Источна Каролина. Мора да се напомене дека минатото лето одигра четири мечеви за тимот на Сан Антонио Спарс во летната НБА лига но не беше потпишан со перманентен дил од страна на овој клуб. Екипата на МЗТ ...
Македонската машка кадетска репрезентација денеска (12 часот) го играат првиот натпревар на Европско првенство кое се одржува во Белград. Прв противник е селекцијата на Словенија, која пред две години заврши на деветото место. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски имаат тешка група, ќе играат уште против Франција и Шведска. СпортСпорт пред седум дена разговараше со Кузманоски, ви пренесуваме дел од неговата изјава. „Групата е ...
Штетата е направена многу порано откога истата се случи! Вардар експресно е елиминиран од Европа во оваа натпреварувачка сезона на УЕФА која речиси и сеуште не е почната во буквална смисла на зборот. Не го дочекаа ниту август… А шансата беше на прагот, шанса која ретко се добива и можност која „црвено-црните“ како прваци на Македонија ја имаа за подолг престој на евро сцената (на пример како Шкендија лани). Елиминација во квалификациите од ...
Светот станува сериозно небезбедносно место. Кој би рекол дека ќе дојде време среде Брисел, белгиската престолнина во сред бел ден, професионален фудбалер во случајов на тимот на Ројал Унион да биде извлечен од неговото возило, нападнат, и ограбен од страна на неколку криминалци. Ете тоа му се случи на Мохамед Фусеини, кој што при нападот останал без вредни предмети како Ролекс часовник вреден помеѓу 8000 и 14.000 евра. Според првите ...
Екипата на Вардар синоќа е елиминирана во второто коло од квцалификациите за Лигата на Конференции. На возвратниот дуел во Летонија, против тимот на Рига, Вардар загуби до 5:2, по продолженијата и на тој начин ги заврши борбите во Европа летово. Нашиот шампион го делеа само три минути од пласман понатаму. Имаше 0:2 до 87. минута откако реализираа Бабунски и Омерагиќ. Но, играчот помалку речиси цел натпревар, црвениот карон на Филип Најдовски ...
Искусниот македонски интернационалец, Влатко Дробаров се сели на Малта. Откако дефинитивно си замина од тимот на Черно Море во Бугарија, каде што остави сериозен впечаток, Дробаров се одлучи за малку поинаква варијанта. Замина за Малта каде што во следната сезона ќе игра за тимот на Слиема. Се работи за амбициозен фудбалски колектив кој што во периодот кој што следи ќе биде еден од оние кои што ќе се борат за највисок пласман во тамошниот ...
Уште една европска вечер на македонскиот шампион Вардар која што неговите навивачи нема да ја помнат по добро. Актуелниот македонски шампион вечерва во Рига, Летонија, во рамките од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, загуби од домаќинот Рига со конечни 5:2, и е елиминиран од понатамошното натпреварување. Откако во Скопје, Вардар загуби со 2:3, во Рига имаше историска шанса за пласман понатаму затоа што имаше водство од ...
Поранешниот претседател на ФИФА Јозеф Блатер, кој долги години беше на претседателското столче во Светската куќа на фудбалот, се јави со коментар по шокантните најави дека ФИФА има план да продадва удели во Светското првенство на приватни инвеститори. „Блискиот однос меѓу претседателот на ФИФА и претседателот на САД отидоа во непосакувана насока. Тие почнаа да го гледаат фудбалот од финансиска страна, што предизвикува сериозна штета на ...
Фудбалерите на Динамо Загреб го обезбедија своето место во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите откако го победија швајцарски Тун со 3:2 по продолженијата во спектакуларен и драматичен реванш натпревар во Максимир. Тун тргна со голема предност од 0:2 по првите 45. минути, па откако остана со играч помалку во 64. Минута, швајцарскиот шампион не издржа пред налетите на „модрите“. Динамо дојде до 2:2 и по продолженијата со ...