Аргентинската фудбалска суперѕвезда Лионел Меси нема да учествува на натпреварот на ѕвездите во МЛС лигата. Лигата потврди дека Меси овој пат нема да биде казнет за овој потег, како што беше случај минатата сезона. Пред една година, Меси одлучи да не учествува на Ол-стар натпреварот на МЛС, а лигата го сметаше тоа за занемарување на должноста и го суспендираше на еден натпревар. Аргентинецот учествуваше на Светското првенство ова лето, каде ...

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски од утре ќе биде нов шеф на струката во Олимпија Љубљана. Стартегот од Струмица доаѓа на местото од Мишо Бречко кој во текот на денешниот ден беше сменет од тренерската функција по очајниот старт на сезоната. Словенечкиот гигант уште во текот на летото беше на идеја да го ангажира тренерот кој лани со екипата на Радомље бележеше големи резултати во шампионатот на оваа земја. Тренчовски и Олимпија во ...

За два дена во Белград стартува Европското првенство М18 на кое ќе учествува и македонската кадетска репрезентација. Овој шампионат е еднакво интересен бидејќи ќе видиме голем број ракометни имиња кои во иднина треба да ветуваат. 24 екипи ќе учествуваат на натпреварувањето, што е само втор пат толку многу екипи да бидат дел на завршниот турнир. Шампионатот стартува оваа среда, 29 јули, а медалите ќе бидат освоени на 9 август. ЕХФ денеска ги ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, одговори на критиките за Светското првенство кое се одржа во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. „Ова е мојата порака до сите кои ги пропуштија нашите прекрасни игри, емоциите, прославите, смеата, солзите и радоста. На сите што пропуштија да видат деца, бебиња, родители и баби и дедовци заедно на прекрасна игра. Се извинувам за завршувањето на игрите и што ја ...

Фудбалерите на ФК Вардар веќе се во Рига. После 12 часовната авантура имаа време да се одморат, но и да направат прошетка низ градот. Македонскиот првак вечер ќе го има официјалниот тренинг и ќе ја одржи задолжителната прес-конференција пред реваншот со Рига во рамките на второто квалификациско коло во Конференциската лига. Натпреварот се игра со почеток во 19 часот, а Вардар првата пресметка на домашен терен ја загуби со 2:3. Дел од ...

Новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, викендов имал интензивни разговори со играчот од средниот ред Едуардо Камавинга, за да му објасни дека ќе му биде тешко да добие време за игра во мадридскиот клуб во новата сезо0на. Како што известува новинарот Серхио Валентин, Мурињо го имал ова гледиште дури и пред неговото доаѓање во Реал Мадрид, но сега јасно му го соопштил на Французинот, кој не сака да си оди од „Сантијаго Бернабеу“. Клубот веќе ...

КК Пелистер доведе второ засилување за сезоната 2026/27. По потписот на Благој Димитриев, нов член на битолскиот клуб е Алонзо Едвард Денинг. Се работи за кошаркар кој доаѓа од Соединетите Американски Држави, но неговото потекло е од Македонија и поседува македонско државјанство, што значи во нашето првенство ќе настапи како домашен играч. Алонзо игра на позицијата крилен центар и пред да дојде во Македонија настапуваше во Азербејџан, ...

Уште едно големо признание за македонскиот спорт и потврда дека Македонија има свое место во светските спортски структури. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Управниот Одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација. На првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, беше формирана ...

И на Кристијано Роналдо му стана јасно дека ќе мора да прифати поограничена улога во репрезентацијата на Португалија ако сака да го продолжи своето историско патување со националниот тим. По назначувањето на Жорге Жесус за нов селектор на Португалија, поранешниот претседател на Бенфика, Луис Филипе Виеира, изјави дека легендарниот напаѓач повеќе нема да биде неоспорен стартер. Назначувањето на Жорге Жесус за селектор на Португалија означува ...

Во првото коло од новиот ПМФЛ шампионат, секако дека за издвојување се високите победи на екипите на Тиквеш против Арсими, Силекс против Башкими, како и Шкендија против тимот на Скопје. Вардар исто така рутински ја одработи задачата против Брегалница на Арената, како и тимот на Струга ТЛ против дебитантот Шкендија Арачиново. Гостите изминатиот викенд едноставно немаа моќ да одработат нешто повеќе, а во Кавадарци на пример причината беше и ...

Најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушев го освои второто место на трката од Европскиот куп која се одржа викендов во Руднице, Чешка. На финалната трка во К1, Петрушев заостана само 37 стотинки зад победникот Кучо од Полска и најави одлична форма пред претстојното европско првенство во Франција. На истата трка одличен настап имаше уште еден македонски кајакар, Стефан Рибарски, кој на крајот во генералниот пласман го освои петтото место, ...

Двајца македонски судиски интернационалци добија задача да бидат дел од реванш натпреварите од 2. коло во Конференциската лига на УЕФА во четврток. Игор Стојчевски ќе бид ена центарот на натпреварот меѓу Пјуник и Дебрецин кој ќе се одигра на стадионот Вазген Саргсјан во Ереван. Помошни судии на мечот ќе бидат Филип Ицковски и Дарко Јовчевски, а улогата на четврти судија ќе ја има Бенјамин Ќерими. Влатко Илиоски, пак, е делегиран како главен ...

Човекот кој го судеше големото финале на Светското првенство пред само неколку дена, Словенецот Славко Винчиќ ја заврши својата судиска кариера. Веста ја објави Словенечкиот фудбалски сојуз. На 19 јули, 46-годишниот Словенец го судеше финалето на Светското првенство во 2026 година меѓу Шпанија и Аргентина (продолжение 1:0). Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи Винчиќ за најдобар судија на изминатото ...

Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, се одржа традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и оваа година со гордост ја поддржа реализацијата на овој престижен музички настан. Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули пред публиката во Охрид, настапи светски познатото пијано дуо ...

Андреа Пирло нема да биде назначен за селектор на италијанската репрезентација. Веста денеска ја објави „Скај Спорт“. Сите состаноци поврзани со раскинувањето на тековниот договор на тренерот и последователното потпишување на договор со Италијанската фудбалска федерација, наводно, се откажани. Исто така, се забележува дека претседателот на федерацијата, Џовани Малаго, сè уште не дал зелено светло за продолжување на работата околу ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов се враќа во полската Екстракласа. Крилниот напаѓач веќе се договорил за условите со Погон Шчечин, објавија полските медиуми. Викендов се појави веста дека Дарко Чурлинов е блиску до враќање во Полска, откако имаше одличен период додека беше дел од екипата на Јагелонија Бјалисток во сезоната 2024/25. Тој сега преговараше со Погон и со Видзев Лоѓ, но се чини дека вчера работите отидоа во ...

Македонскиот вицешампион Шкендија новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ја почна со рутинска победа. Без поголеми проблеми и со главно доминација вос ите 90 минути, тетовци на теренот на ФФМ во Скопје славеа против новајлијата во еитата, ФК Скопје со убедливи 3:0. Дека Шкендија ќе дојде до планираните стартни три бода се виде уште во првите десетина минути од натпреварот. Тетовци притиснаа и веќе во 17. минута го отворија ...

Најстариот активен фудбалер, Јапонецот Казујоши Миура (59), го постигна својот прв гол по речиси четири години. Тој постигна еден гол во победата на Фукушима Јунајтед од 7-0 над Иваки Фурукава, што е рекорд за професионалните лиги низ целиот свет. Тоа беше првиот натпреварувачки гол на Миура од ноември 2022 година. Поранешниот јапонски репрезентативец, познат како „Кралот Казу“, се подготвува за извонредна 42-ра сезона како професионалец ...

Ако по утрото денот се познава, а во принцип е така, тогаш тимот на Башкими од Куманово ќе биде вистински херој ако до крај ја одигра тукушто започнатата ПМФЛ сезона. Ваков впечаток остави тимот од Куманово денеска на гостувањето кај Силекс во Кратово, каде што настапи со шест младинци, и каде што домаќинот обезбеди стартна победа во новото првенство од 6:0. Што да се напише за меч во кој што едниот од учесниците изгледаше како да е дел од ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, заработува 400.000 фунти неделно, а шампионите на Премиер лигата се подготвени да му понудат уште подобри услови. Лондончани се подготвени на сè за да ги зголемат шансите за реализација на блокбастер трансферот, што би претставувал еден од најимпозантните трансфери на „топчиите“ во 21 век. Според „Телеграф“, парите не се проблем. Бразилецот има само уште една година од договорот со „кралскиот клуб“, ...

Ракометарите на Пелистер со работен состанок ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона. Екипата денес ќе има заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските тестови. Пелистерци првата недела ќе работат во Битола, а потоа ќе заминат ...

Ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите на УЕФА и официјално е закажана за четврток, 27 август. Истата ќе се одржи во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија. Англија и оваа сезона ќе биде најзастапената нација со шест клуба од Премиер лигата кои се квалификуваа за лигашката фаза. Шпанија ќе има пет преставика, додека Германија и Италија по четири. Во продолжение сите екипи кои обезбедија директно место во лигашката фаза: Ливерпул — ...

113-от Тур де Франс заврши вечерва со нова победа на 27-годишниот словенечки супершампион Тадеј Погачар. Тој денеска ја прослави со својата петта победа на најпрестижната велосипедска трка напланетата и се изедначи на врвот на вечната ранг-листа со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин. На патот до својата петта победа, тој прослави пет етапни победи на овогодинешната трка и сруши неколку рекорди, ...

Членот на Кошаркарската сала на славните и шампион во НБА лигата, Џулиус Ервинг, одговори на прашањето кој, според него, е подобар: Коби Брајант или Леброн Џејмс? „Мислам дека Леброн е единствен од ваков вид. Коби е уште еден имитатор на Мајкл Џордан. Знаете, имало многу имитатори на Мајкл, Коби, јас и други луѓе. Леброн е единствен од ваков вид. Затоа ќе му дадам предност“, вели легендарниот Ирвинг. За потсетување, 41-годишниот Џејмс ...

По 12 часа пат, фудбалерите на Вардар вечерва пристигнаа во Рига. Скопските „црвено-црни“ во вторник ќе го одиграат реванш натпреарот од 2. квалификациско коло во Конференциската лига. Летонскиот шампион од првиот меч во Скопје однесе предност од 3:2. Вардар ќе се обиде да приреди изненадување, нешто слично како и во Финска против КуПС, со тоа што овој пат мора да оди на победа која му носи пласман во следната рунда. По 12 часа пат, ...

Ѕвездата на Евролигата, Марио Хезоња, го напушта Реал Мадрид откако се согласи на едногодишен договор вреден 2,8 милиони долари со Кливленд Кавалирс. Марио Хезоња со тоа официјално се враќа во НБА. Хрватската ѕвезда се согласи на едногодишен договор со Кливленд Кавалирс, објави Шамс Чаранија. Откако се етаблираше како еден од најдобрите играчи во Европа, Хезоња ќе добие уште една можност во НБА. 31-годишникот претходно играше за Орландо ...

Уште едно извонредно голгетерско издание на македонскиот интернационалец Георг Стојановски. Младиот напаѓач во дресот на Спартак Варда, денеска стрелаше во победата на својот тим на гоствањето против Черно Море во „црноморското дерби“ во шампионатот на Бугарија. Тој го постигна вториот гол на мечот, што беше и втор гол во две досегашни кола во бугарскиот шампионат. Спартак Варна денеска славеше на гости со 3:0. Голот на Георг може да го ...

Стеф Кари би можел да ги напушти Голден Стејт Вориорс доколку клубот не успее да изгради тим способен да се бори за титулата, објави Маркус Томпсон од „Атлетик“. Според американскиот новинар, одлуката на Леброн Џејмс да потпише за Филаделфија дополнително влијаела врз незадоволството на Кари, бидејќи тој верува дека раководството на Вориорс не успеало да донесе доволно квалитетни засилувања. Кари влегува во последната година од договорот со ...

Чешкиот претседател Петр Павел привлече големо внимание за време на Големата награда на Унгарија, откако се појави на патеката со професионална опрема за фотографирање и официјална акредитација од ФИА и ги сликаше настаните од викендот во Формула 1 одблизу. Тој пристигна на Хунгароринг во саботата, кога се одржуваа тренинзите и квалификациите. Фотографирал во друштво на познатиот чешки фотограф на Формула 1, Јиржи Кренек, со кого ги следел ...

Според пишувањата на италијанските медиуми, Јувентус повторно се поврзува со потенцијален трансфер на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. „Фудбал Италија“ пишува дека поранешниот играч од средниот ред на Наполи и Торино, би можел да остане во Италија уште една сезона, ако Јувентус се договори со РБ Лајпциг. „Тутоспорт“, пак, тврди дека Јувентус се надева на договор за позајмица со опција за откуп за вкупна сума од околу 10 милиони евра. ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Калај

46.54

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76