Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Еден од најголемите италијански фудбалери и членови на Милан, Франко Барези почина пред два дена. Светот се простува од големиот играч кој што истави сериозна трага во фудбалот како во Италија, така во надвор од неа. Неговиот погред е закажан за во вторник, а на него нема да присуствуваат членовите на тимот на Милан, клубот каде што ја мина речиси целата своја кариера. Причината за тоа е едноставна. Милан во моментов се наоѓа на подготовки ...
Експресната европска елиминација на македонскиот првак Вардар е потврда дека во клубот зад себе имаат очајно и катастрофално лето со утнат тренажен процес, утнат скаутинг на ривалите (посебно на домашен терен), а со тоа по автоматизам утнат стручен штаб на чело со Кристијан Фабиани и лош трансфер маркет околу играчкиот кадар. Резултатите секогаш биле и ќе бидат репер за нечија способност, знаење и квалитет, а тоа во Вардар е веќе потврдено ...
Брентфорд го комплетираше договорот со играчот од средниот ред на Ленс, Мамаду Сангаре. Договорот со 24-годишниот играч од средниот ред од Мали е со важност до летото 2031 година, со опција за продолжување за една сезона. Според инсајдер Фабрицио Романо, договорот вредел 41 милион фунти, што е рекорден трансфер за Брентфорд. Минатата сезона, Сангаре постигна 3 гола, имаше 4 асистенции и доби 5 жолти картони во 29 натпревари за Ленс во Лига ...
Наполи денеска го слави својот 100-ти роденден. Во чест на годишнината на клубот, во градот е планирана голема празнична програма. Навивачка парада ќе се одржи низ улиците на Неапол, а камбаните на 100 цркви ќе бијат истовремено. Исто така, ќе се одржи и церемонија на која ќе учествуваат легенди на клубот. Илјадници бесплатни парчиња пица Маргарита ќе им бидат поделени на жителите и посетителите. Значајните места на Неапол ќе бидат осветлени ...
Повеќе македонски тимови ја искористија празничната пауза на домашната фудбалска сцена за да одиграа пријателски натпревари. Новајлијата во фудбалската елита, екипата на Шкендија (А) денеска одигра пријателски натпревар против екипата на Пелистер. На мечот кој се одигра во Скопје, Пелистер победи со 1:0. Во третиот контролен натпревар за битолчани, стрелец на единствениот гол беше Кире Ристевски. Екипата на Башкими денеска тестираше со ...
Челзи официјално го објави потпишувањето на договорот со искусниот напаѓач Дени Велбек. 35-годишниот фудбалер се сели на Стемфорд Бриџ од Брајтон. Договорот е со важност до 2028 година, а англискиот репрезентативец, кој има 42 настапи за „Трите лава“, ќе му се придружи на тимот на Чаби Алонсо за предсезонската турнеја на тимот. „Кога ќе слушнете за интерес од Челзи, тоа ве исполнува со огромна гордост“, рече напаѓачот. „Познавајќи ја ...
Лекарските прегледи направени денеска, потврдија дека Фабрис Тамба и Бојан Димоски не претрпеле сериозни повреди на натпреварот против Браво. Од тетовскиот тим објавија дека доаѓаат охрабрувачки вести за двајцата играчи кои претрпеа повреди на реваншот против Браво во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Тамба, кој доби удар во ногата на крајот од натпреварот, беше подложен на лекарски прегледи, кои за среќа не ...
Реал Мадрид одигра само нерешено 2:2 против Фиорентина во вториот пријателски меч во рамките на подготовките за сезоната 2026/2027 заврши. Натпреварот се одигра на стадионот „Вертерзе“ во Клагенфурт, Австрија. Напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик, го постигна првиот гол на натпреварот во 12-тата минута. Алексис Сириа го дуплираше водството на „Лос Бланкос“ во 24-тата минута. Потоа следуваше период во кој „виолетовите“ возвратија. Напаѓачот на ...
Младата македонска џудистка, Ива Богдановска го освои златниот медал во категорија до 63 килограми на балканското првенство за сениори кое викендов се оддржува во Тирана, Албанија. Во четвртфиналето нашата џудистка беше подобра од албанската џудистка Десара Ндочи, во полуфиналето ја совлада босанската репрезентативка Самарџиќ, а во битката за златото Ива успеа да ја совлада домашната натпреварувачка Албанката Касандра Ковачи. Младата ...
Паузата во домашниот фудбалски шампионат денеска ја искористија и фудбалерите на Струга ТЛ и Охрид Лихнидос за да одиграат меѓусебен пријателски натпревар. Прволигашот од Струга на крајот оствари очекувана победа со високи 3:1. Головите за победата на стружани ги постигнаа Диаките, Малески и Нухија. За екипата на Струга ТЛ ова е одлична увертира пред она што ги очекува во 2. коло од ПМФЛ и дуелот со Скопје. Паузата во домашниот фудбалски ...
Еден од најдобрите фудбалери во последната декада во светот, египќанецот Мохамед Салах многу веројатно се сели во Турција и ќе го облече дресот на Трабзонспор. Турските медиуми се полни со текстови на оваа тема, а дел од нив велат дека тој сепак оди во Бешикташ. Едно е сигурно дека турските гиганти се подготвени да влезат во „војна“ за услугите на фудбалерот кој одбележа цела декада во дресот на еден од најголемите клубови во светот, ...
Изгледа дека толку беше љубовта. Иако до неодамна важеа за еден од најинтересните млади парови во светот на фудбалот, се чини дека нивната врска достигна сериозна криза. Според извори блиски до двојката, Миранда повеќе не сака да го продолжи бракот и одлучила да покрене судска постапка Голема драма го тресе приватниот живот на младиот ас на Реал Мадрид, Ендрик. Според некои медиуми, 23-годишната Габриели Миранда наводно е подготвена да ...
Светската тениска легенда Илија настасе повторно е дел од најчитаните текстови на светските медиуми. И тоа поради приватниот живот секако. Сега веќе осудесетгодишниот легендарен романски тенисер, е тема на таблодиите поради неговата посвоена ќерка Шарлот Настасе. Девојката родена 1990 година според она што се пишува во моментов живее на улица и моли за помош која што очигледно нема да ја добие, барем не од нејзиниот татко. Имено, таа и Илија ...
Официјално кошаркарскиот клуб Монако е пред колапс. Некогаш еден од најбогатите клубови во Европа, сега и официјално е во „аут“ затоа што не доби лиценца за натпреварување во претстојната прволигашка сезона во Франција. Откако со години рускиот тајкун Алексеј Федоришев внесуваше милиони во клубот, одеднаш истите ги снема, па Монако полека почна да тоне. Лани сезоната ја заврши со само осум сениори, а сега со губењето на лиценцата, Монако ...
Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18. години направи подвиг одигрувајќи го еден од своите најдобри мечеви периодов и ја совлада соодветната селекција на Исланд со конечни 74:86 на тековното Европско првенство Б дизивија кое што се одржува во Хрватска. Иако по само десет минути игра имаа негатива од 16 поени, избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ направија голем пресврт и заслужено изборија натпревар за 13. место. Исланд ...
Во очекување на почетокот на новата сезона, ракометниот вицепрвак Е. Пелистер ги пушти во продажба сезонските билети за своите најверни навивачи, а денеска и официјално го промовираше и новиот дрес. Во видеото објавено на социјалните мрежи битолските „зелено-бели“ го претставија дресот со кој ќе атакуваат на шампионската титула и во Европската лига на ЕХФ. Во очекување на почетокот на новата сезона, ракометниот вицепрвак Е. Пелистер ги ...
Сега веќа и дефинитивно се знае дека Маркус Рашфорд заврши со Барселона. Ова го потврди и Ханси Флик, стратегот на шампионот во Ла Лига. Каталонскиот клуб се подготвува во Англија, каде што синоќа го одигра својот прв пријателски натпревар, а противник им беше Бирмингем. Стадионот во Бирмингем беше полн до последното седиште бидејќи доаѓањето на Барселона во овој град предизвика огромно внимание иако Блауграната настапи на синоќешниот ...
Во пресрет на новата Премиер лига сезона, тимот на Борнмут се реши да се засили со нво играч од Португалија. Се работи за досегашниот член на тимот на Бенфика, Антонио Силва, кој што клубот го ини 22 милиони фунти, плус дополнителни пет милиони за евентуални бонуси. Младиот 22. годишен дефанзивец потпиша дил на пет години. Силва има нешот помалку од 200 настапи за Бенфика во изминатите сезони, и одлична статистика, но сепак, не доби и повик ...
Голем гест на светскиот шампион достоен за почит, тоа е Марк Кукуреља. Шпанецот го напушти Челзи на крајот од минатата сезона бидејќи едноставно не можеше да ја одбие поканата на Реал Мадрид и потпиша повеќегодишен договор со „Кралевите“ пред Светското првенство. Сепак, бајката на Кукуреља продолжи на Светското првенство, каде што играше навистина добро и на крајот го освои светското првенство со Шпанија. Кукуреља е сè уште на заслужен одмор ...
И дефинитивно почна војната за тронот во ФИФА. Претседателот на Конфедерацијата на фудбалски асоцијации на Северна, Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ), Виктор Монтаљани, размислува за кандидатура за претседател на ФИФА. Како што објавува „Англиш Ток Спорт“, тој би можел да стане сериозен противник на сегашниот прв човек на светската фудбалска куќа, Џани Инфантино. Монтаљани има амбиција да го преземе раководството на ФИФА, а ќе мора да ...
Во понеделник (3 август) за 14 часот е закажана ждрепката за плеј – офот или последното квалификациско коло пред групната фаза или лигашката фаза во Лигата на Конференции. Познато е дека Шкендија има шанси таму да се најде, но треба прво во третата квалификациска рунда да го мине Хиберниан од Шкотска, што секако нема да биде нималку лесно. Сепак треба да се верува во тимот од Тетово, кој и ова лето покажа како треба да се игра во Европа. Па ...
Во премиерлигашката пресметка далеку од дома, дури во Австралија, екипата на Тотенхем со 2:1 славеше над тимот на Челзи. Со тоа, е овојувач на популарниот Сиднеј куп. Со новиот менаџер на клупата, Де Зерби, Тотенхем успеа да стигне до првиот трофеј. Иако секакос е работи за пријателски турнир, во подготвителниот период сепак, е добро да се создаде победничка атмофера во тимот. Челзи стигна до водство во 21. минута преку Естевао, а Тонали ...
Македонскиот женски фудбал добива уште една интернационалка, во името на Евгенија Вељановска. Голманката која што е родена 2009 година и има само 17 години направи екстра трансфер во екипата на шпански Алавес, и веќе го имаше и своето деби за новиот клуб. И тоа со „чиста мрежа“ во дуелот со Осасуна кој што е добиен со 2:0. Ова секако дека е огромен чекор за младата чуварка на мрежата која што на време во кариерата заминува во сериозна ...
Македонскиот фудбалски интернационалец, Георг Стојановски е нов играч екипата на Лусаил, која што е дел од шампионатот на Катар. Досегашниот член на екипата на Спартак од Варна веќе се наоѓа на Блискиот исток и откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе потпише двегодишен договор. Некогашниот македонски младински репрезентативец прави уште интернационалец трансфер по оние во УАЕ каде беше дел од тимот на Хата, и по престојот во Бугарија. Во ...
Сега веќе е јасно дека и дефинитивно Џани Инфантино капитулираа, доживеаја тежок дебакл. Неговиот таен план да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори беше откриен во последен момент и континенталните асоцијации, предводени од УЕФА, успеаја да го соборат. Светското првенство останува во рацете на ФИФА, но многу е можно Инфантино, кој се „заигра“премногу, многу брзо да не биде во таа организација. По објавата на ФИФА, во која ...
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, официјално објави дека последното Светско првенство ги заврши репрезентативните кариери на тројца клучни играчи. Нејмар, Данило и Касемиро повеќе нема да го носат жолтиот дрес, но Анчелоти планира да ја изгради иднината на тимот околу личности како Маркињос. „Мојата авантура со репрезентацијата заврши. Напишав историја со неа и многу сум среќен поради тоа. Поминав низ толку многу. Дадов сè од себе, ...
Вардар успеа да „издржи“ во Европа само до 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Беше елиминиран од КуПС во првата рунда во ЛШ, за да потоа се “пресели“ во ЛК каде беше експресно елиминиран од Рига со вкупни 8:4. На реваншот во Рига, каде беше за 5:2 Летонците, во се случи интересен момент. При еден напад на домашните кон голот на Вардар, имаше „асистенција“ од едно дете кое беше задолжено за давање на топките, кое побрза да му ја ...
Откако ја елиминираше Англија во полуфиналето на Светското првенство и го вееше транспарентот „Малвините се Аргентина“ по натпреварот, Кристијан Ромеро доби пораки дека не е добредојден назад во Лондон. И се чини дека дури и нема да се врати во Лондон бидејќи е договорен неговиот трансфер во Интер. Интер веќе го доведе Џон Стоунс, кој пристигнува како слободен агент откако му истече договорот со Манчестер Сити, а сега сè е договорено за ...
Ете, и тоа се случи. За првпат во својата историја, во своето постоење од цели 81 години, ФК Пелистер отвори фан- шоп. Звучи малку чудно, но ете и тоа се случи во фудбалска Битола. ФК Пелистер кој важи за еден од најголемите фудбалски клубови во Македонија, иако сега е второлигаш, конечно се одлучи на ваков потег на задоволство на своите фанови. „31.07.2026 година – Денот кога заедно испишавме историја. За првпат во 81 година постоење, ФК ...
Нема што, епско фото за Ерлинг Холанд кој и дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери во светот. Со Норвешка стигна до четвртфиналето на Светското првенство, а неговите летни авантури не завршија тука. Се сликаше ни помалку ни повеќе ни со легендарниот Мајкл Џордан. No caption needed pic.twitter.com/gvQQbQry45 — Erling Haaland (@Erling) July 31, 2026 „Не е потребен опис“, напиша Холанд на својот профил на социјалните мрежи. Фотографијата ...