Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Тео Ернандез, актуелниот фудбалер на Ал – Хилал и некогашен член на Милан, е во центарот на скандал во Италија. Таму, од 2019 до 2025 година, тој беше клучен играч на Милан, за кого одигра 262 натпревари, постигнувајќи 34 гола и 45 асистенции. Фабрицио Корона објави видео од забава на која учествуваа Ернандез и неколку жени и мажи. Корона, заедно со видеото, наведува: „Тео Ернандез викаше некого за да нарача услуги за придружба. Тео беше ...
Нема дилеми дека легендарниот Португалец Жозе Мурињо ќе биде тренер на Реал Мадрид од следната сезона. Оваа информација ја објави угледниот спортски новинар Саша Таволиери, кој тврди дека Мурињо постигнал договор со „кралскиот клуб“ во кој се враќа по 13 години. Мурињо моментално е на клупата на лисабонска Бенфика, а изјави дека на почетокот на следната недела ќе објави каде ќе ја продолжи кариерата, но Таволиери го престигна. Португалецот ...
Познати се термините поточно распоредот на натпреварите за 32.коло или претпоследно во ПМФЛ за оваа сезона. Три натпревари се играат во петок (15.05.26) и три во сабота (16.05.2026) и сите од 16 часот. Познато е дека Вардар и официјално да стане шампион, му е потребно во последните две кола само еден бод. Па така ако во петок во Струга ТЛ актуелниот лидер освои бод или три, тогаш и официјално ќе биде шампион на Македонија, без разлика што ќе ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, кој повторно стана нов шпански шампион во неделата, денеска имаше средба со медиумите пред утрешното гостување кај Алавес. Каталонците ја освоија 29-тата титула во својата историја на најслаткиот можен начин – со победа од 2-0 над големиот ривал Реал Мадрид. Вчера, тимот го прослави трофејот со спектакуларна парада низ улиците на Барселона. Во врска со практично сигурното продолжување на неговиот договор, ...
Македонската репрезентација до 16 години загуби на пенали од Црна Гора на воведниот натпревар од турнирот „Миљан Миљаниќ“ во Србија. Двете селекции одиграа 2:2 во регуларниот дел, а противникот се радуваше на победа по изведувањето пенали (2:4). Нашата надежна репрезентација уште во првата минута имаше одлична шанса за отворање на резултатот. Велески не успеа да реализира ситуација „еден на еден“ со противничкиот голман. Во 15. минута ...
Магдебург против Фуксе Берлин во германското полуфинале и Алборг – Барса во второто полуфинале. Вака сакаше денешната ждрепка за Ф4 во ракометната Лигата на Шампионите кој ќе се одигра на 13/14 јуни во “Ланксес Арената“ во Келн. Јасно е дека на програмата се спектакуларни мечеви, да не говориме за големото финале. Амбициите се јасни. Барселона има намера да освои уште една титула, атакува кон својата 12-та во најквалитетното ракометно ...
Ливерпул објави фотографии од споменик во чест на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Диого Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа во трагична несреќа на 3 јули 2025 година. За прв пат во историјата на клубот, Ливерпул повлече од употреба број во сите возрасни категории. Скулптурата е направена во форма на срце како знак на сеќавање на начинот на кој Жота ги славеше головите. Исто така, тука се и броевите 20 и 30 што браќата ги носеа ...
И официјално, Серхио Рамос се враќа во шпанскиот фудбал како службено лице. Тој одлучи да го купи клубот каде што созреал како играч со својата компанија „Фајв Илевен Капитал“ со цел да му ја врати поранешната слава. Севиља веќе некое време се наоѓа во долниот дом, практично беа на работ на испаѓање и Рамос сака клубот повторно да ги достигне височините што некогаш ги имаше кога шеташе низ Европа. Договорот конечно е потпишан, а Рамос ја ...
Утре, во Скопје, женската сениорска репрезентација на Македонија ќе го има првиот собир со новиот селектор Милош Гавриловиќ во пресрет на настапот во Европската лига 2026, која од оваа година ја превзема улогата и на квалификациски циклус за следниот континентален собир во 2028 година. Прозивката е закажана за на пладне во хотелот „Континентал“ во Скопје, а на истата ќе се појават сите одбојкарки кои се најдоа на поширокиот список. ...
РК Вардар ја продолжи соработката со тренерот на голманите Марио Келентриќ, кој и во наредните две сезони ќе остане дел од стручниот штаб на „црвено-црните“. Според новиот договор, Келентриќ ќе работи во клубот до јуни 2028 година. Келентриќ пристигна во Вардар во јуни 2025 година, и легендарниот хрватски голман дојде во Скопје со богато искуство и енергија, откако работеше во Германија. Келентриќ беше дел од „златната генерација на ...
Крива Паланка е нов шампион во женска сениорска конкуренција. Во финалата серија на плеј-офот беа подобри од екипата на Бадел 1862, ја добија со (3-1), доволно за големо славење. За прв шампионски трофеј во историјата на женскиот кошаркарски колектив од Крива Паланка. Во кој свој особен печат стави шефот на стручниот штаб, Виктор Петровски. Предводникот на овој тим потенцира неколку работи кои беа дел до оваа најуспешна сезона во постоењето ...
Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање подобри услови за децата и младите. На отворањето на новиот терен присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јендреоски, директорот на ФИФА за национални асоцијации, Елкан Мамедов, ...
Битката за пласман во финалето на плеј-офот во кошаркарскиот шампионат продолжува. Вечерва во салата “Н.Н.Борче“ со почеток во 21 часот, Маџари го пречекува ТФТ. Дебитантот кој има сезона од соништата може да направи нов историски подвиг и да се пласира во големото финале. Избраниците на Миодраг Тодоровиќ го победи својот ривал со 84-82 после продолжение и поведоа со 1-0 во полуфиналето, сега победи ги дели од финале. На другата страна пак ...
Лука Модиќ се наоѓа на раскрсница. Договорот на хрватскиот капитен со Милан е пред истекување, а продолжувањето на неговата соработка, која изгледаше однапред одредена во текот на сезоната, сега е под големо прашање. Тој се соочува со денови на длабоко размислување за тоа што доаѓа по Светското првенство, кое започнува за помалку од еден месец. Иако италијанскиот клуб сè уште сака да го задржи Модриќ, конечната одлука за неговата иднина сега ...
Лука Дончиќ објави дека нема да игра за словенечката репрезентација во продолжението од квалификациите за Светското првенство 2027 година. Лука Дончиќ играше одлично во дресот на Лејкерси сè додека не се случи повреда на крајот од сезоната, што го оддалечи од паркетот целиот плејоф, каде што беа елиминирани од Оклахома со 4-0. Одличниот кошаркар ќе може да ги реши проблемите на мира, но сепак нема да го видиме во дресот на словенечката ...
Членот на младинската школа на ШК Алкалоид Стефан Мелник беше повикан за настап во репрезентацијата на слабовидни и слепи шахисти, која учествуваше на Светското екипно првенство во шах во издание на IBCA (Интернационалната Брајова шаховска асоцијација). Тој беше најмладиот член на репрезентацијата и единствениот играч под 18 години на целиот турнир, кој се одигра во Црна Гора, а на кој учествуваа 21 репрезентација. Македонската селекција ...
Македонската ракометна репрезентација се подготвува за бараж мечот против Словачка за плсман на Светското првенство 2027 година. Првиот натпревар се игра на 14 во Прешов, додека реваншот е три дена подоцна во СЦ „Борис Трајковски“. Словачка е противник по мерка, но тоа не значи дека треба да се потцени. Нашите момци имаат една лекција против Фарски Острови кога по потежок пат дојдоа до Мундијалот. „Нашата цел е да го продолжиме континуитетот ...
Синоќешната парада на шампионатот на Барселона по повод освојувањето на титулата во Ла Лига беше исполнета со голем број куриозни моменти кои брзо добија популарност на социјалните мрежи. Во едно од споделените видеа, Рафиња е прикажан како му покажува среден прст на навивач на Реал Мадрид кој го мавташе дресот на големиот ривал на Каталонците од својата тераса. За возврат, друга ѕвезда на Барселона – Ламине Јамал, во еден момент покажа дрес ...
Македонската ракометна репрезентација е на 120. минути до нов пласман на Светските првенства. На патот стои селекцијата на Словачка, првиот натпревар се игра на 14 мај во Прешов, додека пак реваншот е закажан за 17 овој месец во СЦ „Борис Трајковски“. Билетите се пуштени во продажба по невообичаени цени од 400 и 500 денари (претходно раководство немаше пракса на важни натпревари да одредува високи цени), а Милан Лазаревски и Филип ...
Челзи има сезона за заборав. Англиските гиганти сигурно нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона, а нивниот настап во другите европски натпреварувања е исто така под голем знак прашалник. Неуспешната сезона веќе ги чинеше двајца тренери, Енцо Мареска и Лиам Розениор, нивните работни места, па раководството на клубот бара нов човек кој ќе го преземе тимот. Според „Атлетик“, Челзи размислува за ангажман на Чаби Алонсо. Шпанскиот ...
Кошаркарите на Оклахома Сити се први финалисти во Западната конференција во НБА. Тие ги елиминираа Лос Анџелес Лејкерс со вкупно 4:0 во серијата, на последниот меч славеа со 115:110. Шај Гилџус-Александар ја предводеше Оклахома до победа со 35 поени и осум асистенции, додека Аџај Мичел постигна 28. Остин Ривс за Лејкерс имаше 27 поени, седум скока и шест асистенции. Леброн Џејмс 24 со 12 скока. Тандер со тоа се уште се непоразени во плејофот ...
Лејкерси беа поразени од Оклахома Сити Тандер со 115:110 и беа елиминирани од плејофот со вкупно 4:0 во серијата. Леброн Џејмс, кој полека „чекори“ кон 42-годишна возраст, сега се соочува со прашања за неговата иднина во НБА. По натпреварот беше прашан што е следно и тој призна дека сè уште нема одговори. „Не знам, очигледно. Сè уште сме свежи од поразот. Не знам што ми носи иднината… Ќе се вратам дома, ќе бидам со моето семејство, ќе ...
Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ имаа специјални гости во Бања Лука. Во нивната база ги посетија македонските фудбалски репрезентативци и членови на Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, кои дојдоа да им дадат поддршка и да ги охрабрат пред следните предизвици. Поддршката од репрезентативците претставува силен ветер во грб за нашите футсалци, кои гордо ја претставуваат Македонија на Европското првенство во футсал ...
Пишува: Зоран Ѓоршоски Вчерашниот ден, 10 мај 2026 година, засекогаш ќе биде запаметен како најцрн ден во историјата на ФК Работнички. За “Херојот од Дебар Маало“, за клубот кој некогаш важеше за клуб со кој цела Македонија се гордееше, за клуб кој пред една – две децении беше фактор бр.1 во мак – фудбалот. Вчера Работнички за првпат во својата историја испадна од елитата. По цели 28 сезони, од како влезе во ПМФЛ во таа 1998/99 сезона, еве ...
Денеска се одржа големата парада, односно прослава на тимот на Барселона по повод новата титула освоена во Примера. Истата беше „запечатена“ на најдобар можен начин со победа во домашното Ел Класико над Реал Мадрид со 2:0. Барса заслужено е најдобра, и заслужено денеска со големиот автобус продефилира низ главниот град на Каталонија. Главната звезда на тимот Јамал, не беше дел од Ел Класико поради повреда, но беше број 1 на самата прослава. ...
Селекторот на репрезентацијата на Бразил, легендарниот Карло Анчелоти, го објави првичниот список на играчи на кои ќе смета за претстојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико кој што ќе се одржи ова лето. Искусниот италијанец, на овој прв список стави 55 имиња од кои секако повеќето ќе отпаднат до стартот на турнирот. Она што бразилската јавност особено ја израдува, на истиот се наоѓа и Нејмар, легендата на Бразил, кој што во моментов игра во ...
Ако некогаш беше потребна победа во таборот на Тотенхем тоа беше вечерва. Сепак, „Топџиите“ и покрај императивот на домашен терен во најновото коло од Премиер лигата одигра само 1:1 против Лидс и сеуште не си обезбедил опстанок сезонава. Иако имаше водство, кое што го донесе со прекрасен гол Матис Тел во 50. минута, сепак домаќинот на овој меч не издржа да не прими гол. Лошата реакција во одбраната на Тотенхем, донесе пенал за гостите кој ...
Селекторот на репрезентацијата на Босна, Сергеј Барбарез, не комплицираше премногу, туку директно ги одбра 26. репрезентативци кои ги води на претстојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико, со шест наречени предпозиви за играчи кои што евентуално би влегле во комбинација. Босна се квалификуваше преку баражот и победата над Италија, а сега е во група со Канада, Швајцарија и Катар. Шансите да се мине во елиминациите се сериозни, и босанците ...
Наместо рутински домашни три бода и победа, тимот на Наполи, за кој што Елиф Елмас одигра минутажа во вториот дел, загуби од Болоња со конечни 2:3. Шокот за домаќинот започна многу рано откако Бернардески погоди уште во десеттата минута, за да орсолини во 34. направи 0:2. Ди лоренцо ги намали грижите на домаќинот пред полувреме и реализираше за 1:2, за да Алисон Сантос во 48. минута израмни на 2:2. Елмас влезе во игра во 76. минута, но и тој ...
Со победа од 1:3 во „мајсторката“ во Струмица, вечерва одбојкарките на Работнички по 18-ти пат во клупската историја станаа државен шампион. Во петтиот меч од финалната серија на плеј-офот, Работнички успеа да го совлада тимот на Наковски Волеј на гостински терен и да дојде до третата победа во меѓусебните пресметки, која практично и му ја обезбеди титулата на скопскиот состав. Девојките предводени од тренерот Душко Деспотовски, иако го ...