ФИФА продолжува со забрзаното лансирање на новата подружница на Светското првенство, позната како ФИФА Форвард Ентерпрајз (ФФЕ) и покрај реакциите на светските асоцијации. Според „Скај Њуз“ управното тело на светскиот фудбал има за цел да обезбеди до 4,2 милијарди долари (3,1 милијарди фунти) од приватни инвеститори до октомври, со продажба на 20 проценти од акциите во потфатот вреден 20 милијарди долари. Тајната природа и брзата временска ...

Женската македонска кошаркарска репрезентација до 18 години од денеска и официјално е дел од Европското првенство Б дивизија кое што се одржува во романскиот град, Тучлеа. Нашиот национален состав е дел од групата во која што се наоѓаат уште и Грција, Словачка, Велика Британија и Данска. По неколкунеделните подготовки, избраничките на селекторот Виктор Петровски со оптимизам и голема желба го очекуваат почетокот на шампионатот, свесни за ...

Од европската куќа на фудбалот, денеска ги презицираа деталите околу двомечот од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции кои што тимот на Шкендија го игра против претставникот од Шкотска, тимот на Хиберниан. Првиот меч се игра на гости на 06.08.2026 година во 21:00 часот по средноевропско време. На тој дуел арбитрите се од Кипар, а главен ќе биде Антониу Менелаос. Една недела подоцна секако се игра реванш дуелот во Скопје, на ...

Кошаркарската федерација на Македонија денеска излезе со информација за официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим. „Оваа порака претставува значаен гест на спортска коректност и почит кон националните селекции, за што искрено му благодариме на ...

Американскиот кошаркар Лесли Ворнер (28 години, 201 см) е најновото засилување за шампионот МЗТ Скопје. Тој денеска официјално ставил потпис на договорот со шампионот. Ворнер е искусен крилен кошаркар, кој зад себе има богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман на Стариот континент го имаше во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во редовите на британски Њукасл. Потоа ...

Откако вчера го објавија новиот претседател на клубот Боро Атанасовски, од КК Маџари денеска го презентираа и новиот тренер за следната сезона. Станува збор за поранешниот селектор на сениорската репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски. Илиевски застанува на чело на стручниот штаб на КК Маџари за сезоната 2026/27. Илиевски, кој е и еден од коосновачите на клубот и идеолог на овој проект, се враќа дома – во Маџари, каде ќе ја предводи ...

Шкендија остана единствен македонски претставник во европските купови ова лето. Тетовци веќе го дознаа и следниот противник во 3. елиминациско коло во името на шкотски Хиберниан. Наскоро ќе биде познат и евентуалниот ривал во плеј-оф колото. УЕФА ја закажа ждрепката за в понеделник, по што тетовци ќе можат да размислуваат и за следната рунда. Синоќа во Скопје Шкендија на мечот со Браво покажа дека има нова сила во својот табот, овој пат ...

Италијанскиот и светскиот фудбал загубиja една од своите најголеми икони. Утрово во 66. година од животот почина Франко Барези, според многумина, еден од најдобрите дефанзивци во историјата на оваа игра. Веста за смртта на легендата ја објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо. Барези ја посвети целата своја професионална кариера на Милан, каде што како долгогодишен капитен стана симбол на клубот и лидер на еден од најдоминантните ...

Со елиминацијата на Браво и пласманот во 3. коло од Конференциската лига, Шкендија веќе има сигурна заработка од над 1 милион евра. Според системот на награди на УЕФА од настапот во европските купови, самиот пласман во оваа трета рунда од третото по ранг европско натпреварување на тетовските „црвено-црни“ им донесе 550. 000 евра. Во случај да не успеат да го минат следниот противник, УЕФА ќе им исплати уште 525.000 евра за досегашните минати ...

Реал Мадрид го купи најдобриот напаѓач на екипата на Леванте, Карлос Еспи. 21-годишниот фудбалер потпиша договор со мадридскиот клуб до 30 јуни 2031 година. Трансферот на Еспи го означи најголемиот трансфер на играч од академијата во историјата на Леванте. Беше објавено дека мадридскиот клуб ја активирал клаузулата за ослободување на напаѓачот од 25 милиони евра. Минатата сезона, Еспи постигна 11 гола на 25 натпревари во Ла Лига и беше ...

Светската куќа на фудбалот, ФИФА, се огласи како одговор на жестоките критики за планот за продажба на удели во нејзините натпреварувања на приватни инвеститори, велејќи дека продолжува со процесот на консултации. Оваа реакција доаѓа откако европските федерации објавија отворен отпор. Сите 55 членки на УЕФА најавија бојкот на Светското првенство доколку ФИФА продолжи со оваа намера. Предлогот беше категорично отфрлен и од КОНКАКАФ. ФИФА не ...

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер, синоќа со гол во завршницата на мечот со унгарски Пакс на грчки Панатинаикос му обезбеди пласман во 3. коло од квалификациите во Конференциската лига. По натпреварот во изјава за грчките медиуми, нашиот голгетер изјави: „Тоа беше мојот прв гол тука пред нашите навивачи. Многу сум среќен. Имав уште една шанса и ќе бев посреќен ако постигнав два гола. Сепак, најважно е што одиме понатаму. Можеме да ...

Боро Атанасовски од денеска е нов претседател на финалистот во домашниот кошаркарски плеј-оф минатата сезона, екипата на Маџари. „Управниот одбор му ја укажа довербата да го предводи нашиот клуб, во период исполнет со нови предизвици и големи амбиции. Атанасовски е успешен стопанственик и поранешен фудбалер на ФК Маџари, човек кој со години активно го поддржува спортот и спортските колективи. Особено нѐ радува што го препозна потенцијалот на ...

Откако угледните европски медиуми објавија за денешниот итен онлајн состанок кој го имале земјите членки на УЕФА по предголот на ФИФА и претседателот Инфантино за продажба на дел од правата на Светското првенство на приватни инвеститори, со реакција се огласи и македонската куќа на фудбалот, ФФМ. Во соопштението објавено се вели: „УЕФА и нејзините 55 национални асоцијации стојат обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ...

Турскиот весник „фанатик“ пишува дека екипата на Бешикташ е сериозно заинтересирана за потписот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Вчера се појавија првите информации во Турција дека Бешикташ е заинтересиран за Елмас, а денеск „Фанатик“ пишува и за конкретна сума на пари која турскиот клуб е подготвен да ја понуди за Елмас. Не е тајна дека германски РБ Лајпциг чиј фудбалер на нашиот репрезентативец очекува продажба на Елмас ова ...

Во исклучително возбудливо прво полувреме, фудбалерите на Шкендија и Браво одиграа 1:1, иако нашиот претставник во Конференциската лига, реално, имаше сериозни шанси за сигурно водство. По стартниот притисок и неколкуте пропуштени можности, казната стигна во 17. минута, кога гостите преку Стојановиќ дојдоа во водство од 0:1. Гостинскиот стрелец постигна прекрасен гол и ја шокираше домашната публика. Сепакк тетовци брзо се кренаа, притиснаа и ...

Македонската репрезентација за тенисери е дел од натпреварувањето „Summer cup“ што се одржува во Анкара. Ова се мечеви од Зоната Д, а македонските тим во состав: Кристијан Јанев, Ерион Незири и Матеј Попов по два одиграни меча имаат една победа против Црна Гора со 3:0 и еден пораз од домаќинот Турција со 0:3. Во првото коло домашната репрезентација ги доби трите меча. Кристијан Јанев загуби со 2-0 во сетови (63 64) од Арен Бајбарш, додека ...

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер му донесе пласман во 3. коло од Конференциската лига на тимот на Панатинаикос, кој вечерва се мачеше на домашен терен против унгарски Пакс во реваншот од 2. коло. Иако Грците славеа на првата средба со 2:1, на реваншот пред своја публика дозволија Унгарците двапати да водат, но Растодер успеа со голот во 85. минута да донесе клучно израмнување за конечни 2:2 и пласман на „детелинките“ во следната ...

Манчестер Сити бара 75 милиони евра за Родри. „Граѓаните“ ја утврдиле оваа цена и нема да попуштат, тврдат англиски извори. Реал Мадрид и Манчестер Сити моментално се во директни преговори за трансфер на шпанскиот играч од средниот ред, а неспорно е дека и Родри е заинтересиран да се врати дома. Се забележува дека Реал Мадрид е подготвен да плати повеќе од 50 милиони евра за играчот, но тоа не е ни близу до цената која ја бара англискиот ...

Еден од најстарите фудбалски клубови во Шкотска, екипата на Хиберниан ќе биде следниот противник на Шкендија во Конференциската лига. Во реванш натпреварот од второто коло, Шкотите пред своја публика го совладаа косовскиот тим Малишева со 4:1 и ја надоместија негативата од 0:2 која ја имаа по првиот меч на гостински терен. Хиберниан минатата сезона стигна до плеј-оф колото во Конференциската лига и за „влакно“ не успеа да се пласира во ...

Најискусните одбојкарски судии со значката на ЦЕВ, Влатко Ристовски и Јосип Христов, ќе бидат дел од македонската делегација на 20. Медитерански игри кои од 21 август до 3 септември ќе се одржат во Таранто, Италија. Ристовски и Христов ќе се дел од официјалните лица кои ќе делат правда на машкиот и женскиот одбојкарски турнир, додека Македонија само кај дамите ќе има свој претставник. Номинацијата на нашите интернационални судии на ...

Новата напаѓачка аквизиција на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски е џокерот на Полоѓани кој ги лансираше тетовските „црвено-црни“ во 3. коло од Конференциската лига на УЕФА. Во својот втор настап во дресот на македонскиот вицепрвак, Ѓорѓиевски успеа да погоди во 88. минута, да и донесе водство на Шкендија од 3:1 против словенечки Браво и да ја испрати во следната рунда од третото по ранг европско натпреварување. Инаку, денешниот реванш во Скопје ...

Англискиот репрезентативец Џон Стоунс и официјално стана ново засилување за Интер. „Нероаѕурите“ го објавија потпишувањето на договорот со 32-годишниот англиски репрезентативец како слободен агент. Договорот на поранешниот играч на Манчестер Сити ќе биде до средината на 2028 година. Англичанецот за првпат ќе игра надвор од својата татковина. Минатата сезона одигра девет натпревари во Премиерлигата, а исто така учествуваше и на пет натпревари ...

Ракометниот клуб Е. Пелистер ги извествува своите навивачи и симпатизери дека отпочнува процесот на продажба на сезонски билети за сите натпревари во сите натпреварувања на двата битолски клуба за новата сезона. Утре од 14:00 часот, па се до до 18 август 2026 година ќе се продаваат сезонските билети за сите домашни натпревари на двата битолски клуба. По цена од 4.000 денари ќе може да се гледаат сите натпревари на Е. Пелистер во Суперлигата, ...

Фулам постигна договор со Реал Мадрид за двајца фудбалери на „кралскиот клуб“. Според новинарот Бен Џејкобс, англискиот клуб ќе плати околу 35 милиони фунти за 22-годишниот напаѓач Гонзало Гарсија и околу 8,5 милиони фунти за 21-годишниот играч од средниот ред Сезар Паласиос. Се забележува дека двата трансфери беа иницирани од тренерот на Фулам, Алваро Арбелоа, кој претходно го водеше Реал Мадрид. Минатата сезона, Гонзало одигра 30 ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Робев и следната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Клубот од Градски Парк и официјално потврди дека договорот со Робев е продолжен на уште една сезона. „Со задоволство ви соопштуваме дека македонскиот репрезентативец, Дамјан Робев, потпиша нов договор со КК Работнички и ќе ги брани нашите бои и во наредната сезона. Искусниот бек и еден од носителите на играта продолжува да го дава ...

На ите онлајн состанок, членките на УЕФА едноставно гласале против било каква промена на статусот на Мундијалот, односно Светското првенство кое што е во организација на ФИФА, а за кое првиот човек на оваа организација, Џани Инфантино јавно даде предлог истото да биде продадено на приватни инвеститори. Оваа идеја секако дека е поттикната од САД, и од начинот на фунцкионирање на нејзините професионални спортови, но во фудбалот, спорт кој што ...

Еди Хау повеќе не е менаџер на тимот на Њукасл. Искусниот стратег си заминува најмногу поради лични причини, затоа што како што јавуваат медиумите во Англија едноставно на менаџментот на клубот му порачал дека сака да се одмори од целиот притисок на работата. Како негов наследник е најавено дека доаѓа младиот Матијас Јајсл, кој што последно беше дел од тимот на АЛ Ахли. Мора да се напомене дека Ал Ахли и Њукасл имаат ист газда, а тоа е ...

Бугарските медиуми покрај успесите на Левски и ЦСКА во моментов се бават и со помалите клубови од тимот на Спартак Варна, каде што до вчера тренер беше нашиот Ѓоко Хаџиевски. Искусниот стратег си замина од овој клуб, а во изјаваза за бугарските медиуми реши што се вели, да „си ја отвори душата“. „Минатата година ја завршивме на најдобар начин. Но, работите во клубот се развија и целата оваа атмосфера позната од самиот почеток ме направи ...

Дефанзивецот на Реал Мадрид, и репрезентацијата на Шпанија, Марк Кукуреља има нов имиџ. Поточно нова фризура. Досегашниот начин на кој што на носеше својата коса беше исклучително препознатлива и истата беше заштитен знак за дефанзивецот. Сега, Кукуреља се реши за малку поинаков момент, препознатлив за африканскиот стил на фризури. Неколку дена откако се тетовираше во чест на Луис де ла Фуенте, шпанскиот репрезентативец се појави со нова ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35