Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Со победата од 3:1 вечерва, тимот на Њукасл на домашен терен успеа речиси да ги уништи шансите на Вест Хем за евентуален осптанок сезонава. „Чеканите“ се надеваа на нешто од ова гостување, но загубија и сега судбината им е речиси запечатена. По само дваесетина минути домаќинот веќе имаше 2:0, откако погодија Волтемаде, односно Осула. Истиот играч во 65. минута реализираше за 3:0, за да Кастелањос четири минути подоцна намали на 3:1, со што ...
Куманово беше домаќин на вториот голем настан „Ден на спортот“, кој е дел од Плазма спортските игри за млади, што за првпат се одржуваат во Македонија. Во спортската сала во Куманово присуствуваа повеќе од 2.000 дечиња. Од првите насмевки до последните прегратки, можеше да се почувствува посебна топлина и искрена детска радост. Нашите СИМ-овци го исполнија теренот со радост, навивање и спортски дух – трчаа, навиваа, славеа и уживаа во секој ...
Јаник Синер, покрај тоа што во моментов е рекет број еден оствари уште еден сериозен резултат во моментов. Италијанецот е првиот домашен тенисер по децении кој што го освоил Мастерс турнирот во Рим. Синер во финалето беше подобар од норвежанецот Каспер Руд со 2:0 (6:4, 6:4) во меч кој што траеше нешто повеќе од час и половина. Синер на овој начин ја оствари 34. победа во серија на Мастерс турнирите, и е само вториот тенисер кој што остварил ...
Со конелни 101:80, тимот на Баерн Минхен во рамките од четвртфиналето од плеј офот на шампионатот на Германија, беше подобар од екипата на Трир. За нас секако повеќе не интересира учинокот на македонскиот интернационалец и репрезентативец, Ненад Димитријевиќ кој што постигна 13 поени, а додаде и седум асистенции и пет скока. Димитријевиќ е еден од најдобро оценетите играчи во својот тим на овој меч. Домаќинот само во првата делница имаше ...
Во спортска, во фудбалска Македонија и тоа како “врие“. Познато е што се случуваше на шампионската прослава на Вардар, каде што се пееја скандалозни песни, посебно онаа за нашата поп – икона Каролина Гочева. По сиот тој настан откако цела јавност “зовре“, место да се извини, првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски покажа каква личност е и упати уште една скандалозна навреда кон друга жена. По ова јавноста во Македонија едноставно беше ...
Попладнево од терминот од 16 часот, се одиграа четири средби од 37.коло во Премиерлигата. На Брентфорд кој играше дома со Кристал Палас му требаше победа за надеж за пласман и во ЛШ, но сепак на крајот мечот заврши без победник, 2:2. Гостите двапати водеа со головите на Сар и Вартон, ама домашните израмнуваа со головите на Куатара. Во последните моменти Брентфорд имаше и зицери, но сепак не победи. Сандерленд со 1:3 успеа да го победи ...
Лоши вести за сите во таборот на КК Маџари, за дебинтот кој вечерва против МЗТ Скопје ја стартува финалната серија во битката за титулата. Имено Маџари ќе мора да игра без својот најдобар кошаркар, Џејвон Грин. Секако дека без Грин тимот на Маџари ќе биде ослабен против шампионот кој ја брани круната, но сепак не смее да се потцени овој тим. “Овој натпревар денес е нешто за кое работевме напорно цела сезона. Да добиеме шанса да играме финале ...
Кошаркарот на Оклахома, Шај Гилџес-Александар, повторно е прогласен за најкорисен играч (МВП) на НБА, втора година по ред. На тој начин, одличниот Канаѓанец стана 14-ти играч во историјата кој ја освоил наградата за MВП во две последователни сезони, објави најпознатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија. Последниот кој двапати по ред беше MВП беше Никола Јокиќ, во 2021 и 2022 година. Српскиот центар и ас на Денвер беше главен конкурент на Шај и оваа ...
После се она што се случуваше на денешната Мото ГП трка во Каталуња, по сиот оној хаос и тешки повреди, добро е што заврши. Фабио Ди Џанантонио ја однесе победата на трката за Големата награда на Каталуња во која двајца возачи завршија во болница, на која имаше три старта и „малку милион“ инциденти, вклучувајќи го и оној во последната кривина од последниот круг кога Аи Огура го испрати Педро Акоста во песокта. Акоста водеше најмногу кругови ...
Сериозен инцидент на трката од Мото ГП во Каталонија! Алекс Маркез доживеа тежок судир откако неговото Дукати „удри“ во задниот дел од КТМ на Педро Акоста, кој во тој момент водеше, точно пред Алекс! Што се случи? Уморен од КТМ на Педро Акоста, Алекс Маркез не можеше да застане и удри во задниот дел и беше исфрлен во воздух. Страшен судир, Дукати се распадна на патеката, додека помладиот од браќата Маркез заврши во чакалот покрај патеката! ...
Дали е ова најсмешниот автогол во историјата на фудбалот? Урнебесниот автогол ни доаѓа од Молдавија. На дуелот од втората лига помеѓу Реал Сирети и Огузспорт, домашниот тим победи со 5:2, а еден од седумте е за историја. Тоа беше претпоследниот гол на натпреварот, кој Огузспорт го намали на 4:2. Никита Чедиреан шутираше кон голот крајно непрецизно, но го погоди противничкиот играч кој лежеше повреден на страничната линија. Истовремено, ...
Како што информираат од страна на ГРК Охрид, Стефан Петриќ е успешно опериран на десното колено. Операцијата е извршена во Загреб и тој по истата добро се чувствува. Се разбира дека охриѓани едвај чекаат Петриќ да закрепне од повредата и операцијата и да повторно биде дел од тимот на стратегот Борис Ројевиќ. Познато е дека бекот Стефан Петриќ пред повредата беше еден од клучните играчи на финалистот во ЕХФ Европскиот Куп. Како што ...
Вообичаено кога игра Манчестер Јунајтед, а посебно на “Олд Трафорд“. Тоа е спектакл на задоволство на фудбалските гурмани.Во меч од 37.коло, Јунајтед славеше против Нотингем Форест со 3:2 во дуел на некогашните европски шампиони. Уште во 5.минута Шо погоди за 1:0 за домашните. Само што започна второто полувреме, Морато израмни на 1:1, за да Куња во 55.минута одново му носи водство на Јунајтед. Се играше 76.минута кога Мбеумо стрелаше за 3:1, ...
Македонскиот репрезентативен напаѓач Дани Мусовски, имаше голема непријатност на својот последен меч за Сиетл против ЛА Галакси. Имено Македонецот, кој беше стартер за Сиетл, по еден судир со противнички фудбалер со главите, остана без заб. Барем така се гледа од снимките и видеата од тој натпревар. Потоа тој ја напушти играта. 🦷 Seattle Sounders striker Danny Musovski lost a tooth after colliding with an LA Galaxy! YIKES! ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во текот на следната недела ќе биде дел од квалификацискиот дел од женскиот турнир на Гренд слем турнирот Ролан Гарос во Париз. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против Сузан Ламенс од Холандија. Нејзината прва ривалка Ламенс има 26 години и се наоѓа на 124.место на ВТА листата и е рангирана како 17.носителка на квалификацискиот турнир. Оваа година Лина Ѓорческа имаше настап и на првиот ГС ...
Продолжува доминацијата на ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров во женска конкуренција во ракометна Македонија. Денеска „Лавиците“ во меч од Суперлигата, славеа против Астибо со 46:24 и со тоа ставија печат на новата титула, веќе нема дилеми. Со оваа победа ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров имаат 47 бода, што е за седум повеќе од конкурнтот Чаир и натпревар помалку на три кола до крајот. Ова е петта титула во низа за овој клуб или вкупно 22 во ...
Денеска стартува финалната серија во плеј-офот. Актуелниот првак, МЗТ Скопје оваа сезона за титулата ќе го предизвика најголемото изненадување, дебитантот Маџари. Првата средба се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:30 часот. За уште едeн предизвик за Васко Атанасов, во уога на шеф на стручниот штаб на екипата од Аеродром, каде ќе се играат и првите два натпревари од финалето: „Финалето секогаш носи посебен предизвик, како круна на ...
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга е крајно разочаран од одлуката да не биде вклучен во составот на Франција за Светското првенство во 2026 година. Ова ја зајакна самодовербата на 23-годишникот во потребата од нови предизвици и најави заминување од Мадрид. Според информациите од Шпанија, Камавинга активно го истражува трансфер пазарот и преговара со клубови. Се нагласува дека минатата недела Манчестер Јунајтед и ...
Од 12 часот се одиграа пет натпревари од 37.коло во Серија А. Се разбира дека за нас најинтересно беше на мечот Пиза – Наполи 0:3, со оглед на тоа што кај гостите стартер беше нашиот Елиф Елмас. Дијамантот беше одличен, посебно во таа 27.минута кога прекрасно, од корнер, асистираше до Рахмани за 0:2. Претходно МекТоминеј погоди за 0:1 во 21.минута, конечните 0:3 беа дело на Хојлунд. Инаку Дијамантот во 38.минута имаше супер шанса за гол, но ...
Од 21 до 24 мај, рајот за коцкањето Лас Вегас, ќе биде домаќин на демонстрација на спортска моќ лишена од каква било спортска етика. Во атлетика, пливање и кревање тегови, 41 спортист ќе се натпреваруваат во девет дисциплини, бркајќи нови рекорди. Наградниот фонд од 500.000 долари се доделува по настан, со дополнителни 1 милион долари за секој светски рекорд. Ова чудно шоу го открива целиот обем на перверзноста, бидејќи таму ќе бидат ...
Од утринава нема веќе дилеми. Чаби Алонсо и официјално ја презема клупата на Челзи. Разочарувањето кај навивачите на Ливерпул е огромно. Можеби не толку од Алонсо, туку од раководството на клубот, кое одлучи да го задржи Арне Слот по разочарувачката сезона, а за ова свој коментар има поранешниот капитен на „црвените“ Стивен Џерард. Легендата на клубот од „Енфилд“ истакна дека разговарал со Алонсо пред да се согласи да дојде во Челзи, ...
И официјално. Распродадени се сите билети за вечерашниот спектакл меѓу Македонија и Словачка, во реваншот од баражот за пласман на СП 2027. Од РФМ портврдуваат дека нема веќе билети за продажба, па тоа значи дека трибините во Арената “Борис Трајковски“ во Скопје ќе бидат преполни и избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе имаат голема поддршка. Почетокот на овој меч е закажан за 19 часот, а да потсетиме дека Македонија има +7 голови ...
Хрватскиот боксер Филип Хрговиќ ја продолжи својата победничка серија и на доминантен начин стигна до нова голема победа во својата професионална кариера, откако го победи Дејвид Ален со технички нокаут во третата рунда во Донкастер, Англија. Британецот немаше одговор на жестоките напади на хрватскиот тешкаш, кој ја контролираше борбата од самиот почеток и целосно го совлада својот ривал пред домашната публика. За Хрговиќ ова беше јубилејна ...
Кристијано Роналдо ги изненади навивачите со тоа што не се појави на церемонијата на доделување на медалите откако загуби во финалето од Азиската Лига на шампиони 2. Тој синоќа го претрпе четвртиот последователен пораз во дресот на Ал-Наср во четирите финалиња во кои играше. Станува збор за понискиот ранг на Лигата на шампионите во Азија, а победник е Гамба Осака, која славеше со резултат од 1-0 во Ријад. По натпреварот, Роналдо беше снимен ...
Челзи го објави назначувањето на Чаби Алонсо за главен тренер на тимот. Шпанскиот тренер ќе ја преземе должноста на 1 јули. Алонсо потпиша четиригодишен договор. „Неговото назначување ја одразува довербата на клубот во неговото богато искуство, тренерски квалитети и играчки модел, лидерски квалитети, карактер и интегритет, кои беа клучни фактори во одлуката да го замолат да помогне во водењето на следната фаза од развојот на Челзи“, се вели ...
На повеќе од шест часа до почетокот на реванш натпреварот за пласман на Светското првенство во Германија следната година, меѓу Македонија и Словачка, селекторите ги потврдија тимовите со кои ќе го одиграат денешниот натпревар. Селекторот на нашата репрезентација Кире Лазаров се одлучи да направи две промени за разлика од првиот меч во Прешов. Во тимот вечерва ќе ги нема Јагуриновски и Карасманакис, а а нивно место се најдоа Николов и ...
Македонската ракометна репрезентација денеска (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекува Словачка во реванш бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци само треба да стават печат на билетот за Мундијалот, кој следната година ќе се одржи во Германија. Првата средба заврши со убедлив триумф на нашите момци, имаат позитива од седум гола (31-24), што пак е доволна најава дека ...
19-годишниот Луи Бен Фархат наводно бил избран за составот на Тунис за Светското првенство, но таткото на играчот не му дозволил да оди на СП, вели селекторот на Тунис, Сабри Ламуши. 19-годишниот Луи Бен Фархат, кој моментално игра за Карлсруе во Втората Бундеслига, требало да биде дел од тимот, но неговиот татко не сакал тој да си оди на Мундијалот, потврди селекторот на Тунис. „Добив повик од таткото на Луи Бен Фархат. Ми рече дека е ...
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија во Скопје продолжува со подготовките за стартот на европската лига. Под палката на селекторот Јошко Миленкоски, нашите одбојкари полека ја почнуваат и главната подготовка иако се уште се некомплетни. Сениориуте во наредниве неколку дена треба да се комплетираат со доаѓањето на уште двајца интернационалци, Александар Љафтов и Филип Савовски. Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ...
Фудбалерите на Расинг Сантандер се вратија во Ла Лига по 14 години, откако го победија Ваљадолид со 4-1 (1-1) на домашен терен, со што стекнаа недостижна предност пред третопласираната Алмерија. Расинг е лидер на табелата во втората шпанска лига со 78 бода, Депортиво Ла Коруња е на второто место со 71 и натпревар помалку, додека Алмерија е на третото место со 71 бод, две кола пред крајот на првенството. Фудбалерите на Расинг Сантандер се ...