Искусниот српски кошаркар Димитрије Николиќ (28 години, 211 см) е најновото летно засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со шампионот. Станува збор за искусен центар, кој зад себе има богата кариера и настапи во голем број екипи, како во Србија, така и во регионот и пошироко. Кариерата ја почна во Раднички од родниот Крагуевац, по што четири сезони (2017–2021) беше дел од белградски Партизан. Потоа ...

Ал Мединах Вондерерс од Дубаи е новиот клуб на искусниот македонски тренер Ѓоко Хаџиевски. Само неколку дена по разделбата со Спартак Варна, нашиот стратег синоќа пристигна во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), за да ја почне новата тренерска мисија во споменатиот клуб. Станува збор за нисколигаш, клуб кој се надева дека ќе ги постигне посакуваните резултати токму со искусниот тренер од Македонија. Ѓоко Хаџиевски во арапскиот свет собра ...

Убава вест од Битола, барем што се однесува за мак – фудбалот. Имено битолчани се пофалија дека почнал со работа женскиот фудбалски клуб – ЖФК Пелистер. Јасно е дека со експанзијата на женскиот фудбал во светот, па и во Македонија, ова е потег кој треба да биде поздравен. Еве што велат од Пелистер: “Фудбалскиот клуб Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека официјално започнува со работа Женскиот фудбалски клуб Пелистер – ...

Фудбалерите на Црвена Звезда беа поразени од Хапоел Бер шева со 1:0 на гостински терен во натпревар од 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Минимален пораз, но многу болен. Потенцијалот на Црвена Звезда дефинитивно не го покажа ниту 5%, во Унгарија беше бледа слика. Ништо не функционираше, ниту тактички ниту технички, а навивачите на Црвена Звезда беа револтирани. „Епски срам“, е само еден од многуте коментари кои стигнаа на ...

Анамарија Голтес, поранешната свршеница на Лука Дончиќ, се откажа од тужбата за алиментација. Познатиот американски портал TMZ во понеделникот дојде во посед на судските документи што ги достави Голтес. Според документите, словенечката манекенка побарала од судија во Лос Анџелес да го отфрли нејзиното барање без судење. „Го повлекувам моето барање за издршка на дете со специфична намера ова прашање да се реши со пријателски и заеднички ...

Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во медитеранскиот регион. Во изминатите три настапи како независна држава, македонските спортисти создадоа низа успешни спортски приказни, стекнаа драгоцено меѓународно искуство и освоија медали кои се потврда за нивната посветеност, работа и развојот на македонскиот спорт. На Собранието на ...

Екипата на ОК Пелистер Волеј, од сега е посилна за интернационалката од Србија, Невена Радивојевиќ. Таа во Битола пристигнува од екипата на Инџија, каде што последно настапуваше. Ова е третото засилување во таборот на битолчанки. Радивојевиќ е родена 2003 година, игра на позицијата техничар, висока е 178 см, нејзината клупска кариера започнува во една од најголемите одбојкарски школи Lucky Star од Белград, за подоцна да го продолжи својот ...

РК Вардар ги информира навивачите и останатите ракометни фанови дека има промени во распоредот за два натпревари од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите. > Домашниот натпревар од 2. коло против Нант, кој ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, наместо во 20:45 часот, ќе започне во 18:45 часот. > Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, кој претходно беше закажан за 15 октомври, според новиот ...

Македонската кадетска репрезентација ја запиша втората победа на Европското првенство кое се одржува во Белград. После Италија, избраниците на селекторот, Горан Кузманоски славеа против Турција со 27-29 (15-13). Ѓорѓи Николовски беше одличен на нашиот гол, запиша 13 интервенции. Поповски постигна 9 гола, два помалку имаше Дамчевски. Нашите ракометари одиграа одлично во второто полувреме, на стартот направија серија од 8-2 и поведоа со 17-21. ...

Иднината на Винисиус Жуниор продолжува да биде една од главните теми на летниот преоден рок, а интересот на Арсенал за бразилската ѕвезда не се намалува. Како што објавува „ESPN“, Реал Мадрид јасно ги дефинирал условите под кои би размислил за негова продажба. Се вели дека кралскиот клуб поставил цена од дури 150 милиони евра за еден од своите најдобри фудбалери. Ова испрати јасна порака до сите заинтересирани клубови, особено до Арсенал, ...

Досегашниот играч на екипата на Струга Трим Лум, Басиру Компаоре го прави трансферот на кариерата во најдобрата фудбалска конкуренција на Јордан. Напаѓачот е нов член на екипата на Ал Фаисали, еден од најдобрите фудбалски колективи во оваа земја. Компаоре си замина од Струга ТЛ летово и имаше слободи документи да се пресели каде сака. Очигледно дека одба фантастична дестинација затоа што фудбалот на Блискиот исток е во огромна експанзија. ...

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој имаше импресивен турнир на Мундијалот, по што реално беше да направи трансфер кој што ќе го означи како најголем во кариерата. Иако во сериозно животни, а не фудбалски години, Возиња замина за Чиле и таму ќе го продолжи сонот да игра на ...

Македонските ракометни екипи стартуваа со подготовките за новата сезона во која очекуваме интересн и незивесна битка за титулата во домашниот шампионат, но и во Купот на Македонија. Бранител е тимот на Вардар, а главни конкуренти се тронот на „црвено-црните“ се Пелистер, Алкалоид и ГРК Охрид. Од вчера три од четири клубови ја променија базата. Алклоид и Вардар ќе ја билдаат физичката подготовка во Маврово, додека пак Пелистер во Словенија. ...

Шефот за глобален развој на фудбалот на ФИФА, Арсен Венгер, го опиша потегот на Џани Инфантино да се откаже од плановите за продажба на својот удел во компанијата за Светското првенство на приватни инвеститори како „апсолутно неопходен и несомнен“. Поранешниот менаџер на Арсенал го објави ова во соопштение во вторник наутро, една недела откако се појавија информации дека Инфантино планира да основа компанија наречена FIFA Forward Enterprise ...

Искусниот 34. годишен голман на Барселона, германецот Марк Андре Тер Штеген и официјално од денеска е на едногодишна позајмица во тимот на Ајакс. Тој долго време е во втор план на Ноу Камп и едноставно мораше да додје до ваков развој на настаните. Сепак, иако Ајакс се согласи да го преземе Тер Штеген за оваа сезона, сепак, Барселона ќе биде клубот кој што ќе го плаќа германецот. Конкретно 90% од платата на голманот останува обврска на ...

Благодарение на летната промотивна кампања „Секој ден нов милионер”, секојдневно се создаваа нови причини за славење и незаборавни моменти за играчите ширум Македонија. Кампањата уште еднаш потврди дека возбудата на ВЛТ терминалите носи големи добивки и нови милионерски приказни. Во периодот од 8 јуни до 31 јули 2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати неверојатни 124.213.765 денари за ВЛТ џекпот добивки, или повеќе од два милиони ...

Повремениот репрезентативец на Македонија, Марко Мишевски својата кариера ќе ја продолжи во хрватскиот тим РК Сисак. Средниот бек во таборот на новиот клуб доаѓа од израелскиот тим Макаби Ришон каде замина како член на Пролет. Мишевски е претставен како големо засилување во редовите на Сисак, и во нападот и во одбраната, а неговото меѓународно искуство ќе придонесе во исполнување на амбиците на тимот. Во својата кариера најголемиот успех го ...

Првенствениот домашен пораз од Мадервил (1:2), во саботата донесе многу грижи во составот на Хиберниан пред дуелот со Шкендија во четврток во првиот меч од третото квалификациски коло од Конференциската лига. Како алиби за неуспехот од таборот на „зелените“ го посочија токму проблемот со многуте повредени играчи кои ги има екипата, а кои не играа изминатите неколку средби. Според најавите од Единбург, шкотскиот тим за пресметката со Шкендија ...

Она што се најавува веќе неколку дена, очигледно дена наскоро и ќе се случи. Турските медиуми денеска еруптираа по најновите информации дека тимот на Трабзонспор успеа да стигне до согласност од египетската супер звезда, Мохамед Салах и тој најверојатно во следните два три дена ќе се појави на потпис во овој клуб. Како што е добро познато, Салах има слободни документи да пронајде нов клуб, откако летово и официјално си замина од Ливерпул, и ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ја запиша втората победа на Европското првенство и со тоа обезбеди пласман во ТОП 16. Ова значи дека нашите момци ќе се борат за пласман од 9. до 16. место на шампионатот во Србија. Но ова не е единствениот успех или исчекор што го направија „црвено-жолтите“. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски обезбедија опстанокот во елитната дивизија и воедно изборија и пласман на младинското ...

Македонија уште еднаш ќе биде во центарот на европската младинска кошарка. Од 6 до 15 август, Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, уште едно големо натпреварување под покровителство на ФИБА, кое ќе ги обедини најдобрите европски кадетски селекции. Довербата што ФИБА повторно ѝ ја укажува на Кошаркарската федерација на Македонија е потврда за ...

Сега веќе е официјално. Бразилецот Матеус Лемос е новото засилување на Брегалница, значи најавите се оствариа. Станува збор за одличен техничар кој “оперира” во левокрилната позиција. Роден е 1997 година во Рио де Женеиро. Лемос има искуство во македонската прва лига, тој со успех настапуваше во Македонија ЃП и Вардар. Летово се поврзуваше и со арачиновска Шкендија, но сепак тој се одлучи да ги прифати условите во Штип. Последната седмица ...

Македонската ракометна интернационалка, Сања Дабевска е нов член на израелскиот ти на Хапоел Ашдод. Досегашниот член на екипата на Бор од Црна Гора ја продолжува својата интернационална приказна, со нова авантура, овојпат во силната лига на Израел. Дабевска со својата борбеност, пожртвуваност и победнички дух со години е пример за професионализам и посветеност. Нејзиниот нов трансфер е уште една потврда дека македонските ракометарки имаат ...

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа по три сета игра со 2-1 во сетови (64 46 64) ја совлада Анастасија Фирман од Украина во меч што траеше 2 часа и 30 минути. Во првиот сет, кој и припадна на Ѓорческа двете тенисерки имаа проблеми со освојувањето на гем на свој сервис и имаше дури седум брејка (четири за Лина). Во седмиот гем беа одиграно 14 поени, а гемот го освои македонската тенисерка. Во вториот сет Фирман имаше брејк повеќе ...

Следниот викенд на програмата е второто коло од новиот ПМФЛ шампионат, а во него се игра големото дерби помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Мечот е закажан за 09.08.2026 година во 17:00 часот на Арената Тодор Проески, а од страна на домаќинот сега пристигна информацијата дека во продажба се пуштени билетите за дуелот, по цена од 200 денари. Истите можат како што е вообичаено да се купат преку платформата на МК Тикетс. ...

Некогашниот македонски младински репрезентативец, Методиј Максимов следните шест месеци ќе ги помине на позајмица во неговиот поранешен тим, екипата на Брегалница. Играчот на австриски Ласк, доаѓа во Штип по минутажа, затоа што сеуште се обидува да се врати во старата препознатлива форма, која што и му го донесе трансферот во странство. Тој ја имаше таа незгодна повреда на лигаментите, која што го оддалечи од теренот извесен период, а сега ...

Во базиликата Сант Амброџо во Милано претпладнево се одржа погребот на италијанската фудбалска легенда, Франко Барези кој што почина на 66 годишна возраст на 31 јули. На самиот настан присуствуваа илјадници верни навивачи на Милан, клубот каде што Франко Барези е една од најголемите легенди и во чиј што дрес дефанзивецот ги постигна најголемите успеси во кариерата. Од друга страна пак делегацијата на Милан беше предводена од сопственикот ...

Во тениските кулоари, почна да се говори за потенцијални казни за оние кои нема да дојдат на мастерс турнирите, по откажувањето на настапите во Монтреал од страна на голем број играчи. Александар Зверев истакна дека таков систем веќе постои. „Така е сега. Мислам, тоа не е наука. Добиваме бонуси на крајот од годината ако ги играме сите девет Мастерси“, рече Зверев. На прашањето дали поголем финансиски стимул би ги убедил играчите како Новак ...

Во Ливерпул се решени да „го одврзат кесето“ за Бредли Баркола, но двократниот европски клупски шампион сака дури 170 милиони евра за да се откаже од неговите услуги. Ливерпул веќе испрати конкретна понуда за Бредли Баркола. „Црвените“ ставија повеќе од сто милиони евра на масата на Пари Сен Жермен за францускиот крилен напаѓач, во првата понуда, која сепак е далеку од 170.00.000 европски банкноти што ги бара двократниот европски шампион. ...

Новак Ѓоковиќ повторно ја разгорува дебатата за бодување во тенисот со смел план: пократки сетови, елиминирање на предноста и ветување за двочасовни натпревари. Кога го праша Нико Кутракос, водителот на кошаркарски подкаст, Новак Ѓоковиќ учествуваше во необична акција одговарајќи на провокативно прашање: „Какво е вашето мислење за тенисот што би го бранеле по секоја цена, без оглед на критиките?“ Србинот не се двоумеше да предложи голема ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54