Јувентус го објави трансферот на Рандал Коло-Муани од ПСЖ. Клубот објави дека трансферната сума изнесува 38 милиони евра, распределена во рати во текот на четири години, со дополнителни 3,2 милиони евра што треба да им се платат на агентите. Покрај тоа, договорот предвидува бонуси во вкупен износ до 12 милиони евра по постигнување на одредени цели. 27-годишниот француски напаѓач потпиша договор со клубот од Торино до 2031 година. Јувентус ...

Јасно им е на сите дека СП 2026 беше едно од најскандалозните во историјата, и тоа поради две личности. Првата е Џани Инфантино а втората е Доналд Трамп. Поништениот црвен картон на Балогун беше само доказ дека овие двајца сакаат да го уништат фудбалот, онаков како што го знаеме, за своја финансиска корист.Да не говориме за планот за купување на СП, кој пропадна благодарение најмногу на УЕФА. И затоа Џани се чини дека вече историја, а Трамп ...

Ромелу Лукаку, би можел да го напушти Наполи ова лето, а членот на МЛС лигата, Атланта, е заинтересирана за услугите на белгискиот напаѓач, според медиумите на Апенините. Лукаку е во последната година од договорот со Наполи откако пристигна од Челзи во летото 2024 година. Белгиецот одигра важна улога во освојувањето на титулата во италијанското првенство во сезоната 2024/25, но во текот на следната натпреварувачка година одигра само пет ...

Македонсиот репрезентативец Љупче Дориев имаше уште еден брилијантен настап во дресот на екипата на Согдиана. Во меч од 15. коло на узбекистанската Суперлига, екипата на Согдиана славеше со 3:1 на гостување кај Машал, а Дориев „експлодираше“ постигнувајќи хет-трик. Првиот гол Дориев го постигна во 5. минута за водство на Согдиана од 0:1. На стартот на второто полувреме, Согдиана доби пенал, а Дориев го претвори во водство од 0:2. Со третиот ...

Една од најголемите трансфер саги ова лето се однесува на Винисиус Жуниор и неговиот потенцијален трансфер од Реал Мадрид во Арсенал. Сега се појавија нови детали околу трансферот на Бразилецот во Лондон и се чини дека „топџиите“ одат на „сè или ништо“. Како што првично изјави Марио Кортахен, кој е многу близок до Реал, Арсенал сака целосно да ја реконструира својата структура на плати за да го донесе Винисиус во своите редови. Тие сакаат да ...

На денешниов голем православен христијански празник Св. Илија и државен празник Илинден, што е еден од клучните темели на идентитетот на македонскиот народ и на Република Македонија како држава, пред 80 години (во 1946) на 2 август, почнало, а следниот ден завршило првото првенство на Македонија во кошарка. Според достапните податоци, ова првенство било одржано во рамките на Вториот фискултурен слет. На првенството учествувале три екипи: ...

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Олег Приходко го загуби финалето на ИТФ турнирот во полскиот град Козалин што се играше за награден фонд од 30.000 долари. Тој денеска е поразен од Португалецот Тиаго Переира со 2-0 во сетови (61 75) за 68 минути. Во првиот сет Приходко поведе со 1:0 во гемови, но потоа ривалот направи серија од шест гема и поведе во мечот со 1:0. Во вториот сет беше изедначено до последниот гем немаше брејк, а во ...

Поранешниот српски репрезентативец Милан Гуровиќ покажа смиреност и храброст кога извлече човек од запален автомобил во Нов Белград, кој не можеше да излезе од возилото. Благодарение на неговата брза реакција, беше избегната трагедија. Денес, Милан Гуровиќ се најде во центарот на вистинска драма во Нов Белград, каде што, според Курир, спасил човек од автомобил кој одеднаш се запалил. Сè се случило во близина на Лидл на улицата Војвоѓанска, а ...

Милан Илоски, Американецот со македонско потекло инаку напаѓач на Филаделфија утринава го постигна еден од најубавите голови во својата кариера и еден од најубавите во последно време во МЛС. Имено на мечот против Атланта при резултат 0:2 за гостите, Илоски изведе вистинска магија за 1:2. Тоа како да им даде крилја на неговите соиграчи кои до крајот постигнаа уште два гола и со голем пресврт му донесоа на својот тим победа од 3:2. Сепак вреди ...

Малку необично, па и неразбирливо е тоа што откако минатата недела стартуваше новата сезона во ПМФЛ а веќе викендов има пауза, поради празникот, но тоа е мак – фудбалот. Затоа со оглед на тоа дека нема прволигашки фудбал овој викенд време е за некои анализи, „приказни“ поврзани со нашата елитна фудбалска елита. Па така ако погледнеме кои се тренери во моментов се во нашите десет прволигашки клубови, ќе забележиме дека само стратегот на ...

Нема дилеми дека Шкендија и ова лето со успех го претставува мак – фудбалот во фудбалска Европа. Првите две квалификациски кола во Лигата на Конференции се минати, а сега на ред е третата рунда и тоа против составот на Хиберниан од Шкотска. Првит меч се игра на 6 август (четврток) во Единбург од 21 часот, додека реваншот е на 13 август во Скопје. Интересно е тоа што меѓу овие два меча со Шкотите, тетовци ги чека мега – дербито со Вардар во ...

Се чини дека фудбалска Турција станува мека за ветераните кои сеуште се ѕвезди во светот на фудбалот. Ако со денови се шпекулира во кој клуб ќе потпише Мохамед Салах, најново е тоа што Кевин Де Брујне се поврзува со трансфер во Галатасарај. Имено турскиот гигант наводно подготвува понуда за Кевин Де Брујне, кој е сè повеќе незадоволен од својот статус во Наполи. Белгискиот репрезентативец пристигна во Италија од Манчестер Сити како слободен ...

Наполи прослави 100 години клуб на спектакуларен начин. На церемонијата беа бројни легенди на клубот, како и актуелни играчи и тренери. Секако, централниот говор го одржа претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, кој нагласи дека Наполи сега е посилен од кога било, но ги увери навивачите дека можат да очекуваат уште подобри резултати. Тој најави и снимање филм за 100-годишното постоење на клубот, а имаше и интересно обраќање до новиот ...

Рома официјално го заврши трансферот на грчкиот репрезентативец Константинос Кулиеракис од Волфсбург. Според италијанската платформа „Фудбал-Италија“, износот на договорот е 16,5 милиони евра, на што се додадени бонуси и 20 проценти учество во идната продажба. Дефанзивецот успешно ги помина медицинските прегледи денес, по што потпиша петгодишен договор и ќе го носи дресот со број 33. Според италијанското издание „Ил Темпо“, вкупната вредност ...

Македонската машка јуниорска репрезентација запиша пораз против Велика Британија (83-73) и заврши на 14-то место на Европското првенство Б Дивизија. Нијанси го одлучуваа победникот на овој меч. Нашите кошаркари беа подобри во првата четвртина (18-21), додека противникот на одморот замина со позитива од 43-39. Беше изедначена битката и во третата четвртина во која Велика Британија беше подобра со 16-15. Во последните десет минути кои ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека се откажува од идејата за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство на надворешни инвеститори. Тој нагласи дека проектот предизвикал несогласувања што се спротивставуваат на неговите првични цели. Во официјално соопштение, Инфантино ги објасни причините за неговата одлука. „Проектот на ФИФА Форвард Ентерпрајз (FFE) имаше за цел да ги постави темелите за понатамошно ...

Мика Годтс постигна личен договор со Пари Сен Жермен, па парискиот клуб сега мора да постигне договор со Ајакс. Холандскиот клуб наводно бара обештетување од околу 60 милиони евра за својот играч, објави Goal.com. Доколку Ајакс и ПСЖ постигнат договор, Годтс треба да потпише договор што би траел до средината на 2031 или 2032 година. Неговиот агент Нилс де Јонк потврди напредок во преговорите. „Мика е информиран за платата и во принцип ги ...

Мохамед Салах би можел да ја продолжи кариерата во Турција, но се чини дека неговата нова дестинација нема да биде Бешикташ, туку нивниот ривал Трабзонспор. Според информациите од Турција клубот му понудил на египетскиот напаѓач двегодишен договор вреден 17 милиони евра по сезона по состанокот со неговите претставници. Салах наводно е отворен за оваа опција, но конечната одлука ќе ја донесе откако ќе разговара со своето семејство, објавува ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, беше крајно незадоволен од пристапот на неговите играчи во второто полувреме од пријателскиот натпревар против Фиорентина, кој заврши 2-2. Португалецот остро го критикуваше тимот за опуштеноста што доведе до нерешениот резултат, пишува goal.com. Реал влезе на полувреме со предност од 2:1, а претходно пропушти неколку шанси што можеа да го решат натпреварот порано. Сепак, во продолжението од натпреварот, ...

Зинедин Зидан сè уште ја нема водено Франијца, а веќе предизвика вистинска еуфорија кај навивачите.Според RMC Sport, билетите за неговото деби беа распродадени за помалку од 24 часа. На овој начин, сите 80.000 седишта на стадионот „Стад де Франс“ се веќе резервирани. Франција ќе биде домаќин на италијанската репрезентација на 2 октомври. Тоа ќе биде првиот официјален натпревар на легендарниот Французин како селектор на „Триколорите“. ...

Подготовките за новата сезона во Лигата на шампиони речиси насекаде се започнати. Единствен претставник во најсилното европско клупско натпреварување од Македонија ќе биде Вардар. Актуелниот македонски првак доби интересна група, ќе игра против Висла, Нант и Мелсунген, тим со кого се сретна минатата сезона, но во Европската лига. ЕХФ го одреди распоредот за групната фаза, но од таборот на Мелсунген дојде предупредување до фановите. Дуелот со ...

По пријателскиот натпревар против Џирона, на тренерот на „топџиите“, Микел Артета, му беше поставено интересно прашање токму на оваа тема. Новинар го праша шпанскиот стручњак: „Па, кога пристигнува Винисиус?“. Артета не даде конкретен одговор. Наместо тоа, тој само се насмевна, што дополнително ги поттикна шпекулациите за можен трансфер. Неговата реакција брзо стана тема на социјалните мрежи. Навивачите на Арсенал веднаш почнаа да ...

Лионел Меси го одигра својот прв натпревар за Интер Мајами после завршувањето на Светското првенство. Аргентинецот не можеше да му помогне на тимот, кој одигра 2-2 против Колумбус Кру и ја пропуштија можноста за лидерската позиција во Источната конференција. Инаку, Меси го започна натпреварот на клупата и се појави кратко по паузата во 53-тата минута, кога го замени 19-годишниот талент Даниел Пинтер. Меѓу стартерите беше Луис Суарез, кој го ...

Настанот на вечерта во МЛС дефинитивно беше дебито на Роберт Левандовски за својот нов тим Чикаго Фајер на домашен терен, кое беше назаборавно. Новиот тим на легендарниот Полјак заостануваше во натпреварот против Шарлот, откако прими гол во 18-тата минута. Левандовски сам ги водеше домаќините до целосен пресврт. Прво, го израмни резултатот во 20-тата минута, а потоа со гол во 68-мата минута, ги предводеше Чикаго Фајер до конечна победа од ...

Иако нашите млади ракометари имаа некаков си резултатски приклучок во текот на речиси цел натпревар сепак, на крајот репрезентацијата на Шведска успеа да слави со конечни 29:33, во дуелот од третото коло од тековниот Европското младински У18 првенство. За Македонија ова беше трет последователен пораз во исто толку мечеви. Откако во првите две кола не успеавме против Словенија и Франција, овојпат бранителот на титулата од пред две години ...

Македонскиот интернационалец и некогашен А репрезенативец, Никола Ѓорѓев, се врати во Швајцарија и потпиша за тимот на Ксамакс. По епизодата во Португалија, во тимот на Фаренсе, Ѓорѓев се враќа во својата матична земја што се вели, затоа што таму фудбалски израсна и мина најголем дел од кариерата. Ѓорѓев е поранешен македонски У21 репрезенативец кој што имаше удел во историскиот пласман на Македонија на младинското европско во Полска во 2017 ...

Новопечениот македонски Дејвис Куп репрезентативец, Олег Приходко обезбеди пласман во финалето на ИТФ фјучерсот во Кошалин (Полска). Станува збор за фјучерс кој што се игра на земјени терени за награден фонд од 30.000 долари. Приходко денеска во полуфиналето на турнирот славеше со максимални 2:0 против првиот носител, домашниот рекет Даниел Михалски. Олег издоминира во првиот сет со 6-1, додека во вториот доби посилен отпор, ама пронајде ...

Ален Рустемовски оствари уште еден голем успех, откако на меѓународниот боксерски турнир „Мустафа Талијан“ во Сараево успеа да го освои првото место, а притоа и да ја добие наградата за најдобар техничар на турнирот. Рустемовски во полуфиналето во категоријата до 60 килограми, убедливо го совлада Мутез Бечагра од Алжир со 5:0, по што во финалната борба славеше со супериорни 5:0 славеше против Јапонецот Шудаи Харада, кој е петтопласиран на ...

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години, кое се одржува во романскиот град Тулчеа. Во натпреварот од второто коло во групата „Д“, фаворизираната селекција на Грција ја потврди својата улога и славеше со 73:42, со што ја забележа и втората победа на шампионатот. МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА 42:73 Македонските јуниорки одиграа солидно во првото ...

Продолжување на договорот или потенцијално заминување. Што ќе се случи со бразилската ѕвезда во Реал (М) сè уште неизвесно, пишува „Марка“. Иднината на Винисиус останува целосна мистерија. Во наредните денови, тој ќе се сретне со Реал Мадрид за да одлучи дали ќе го продолжи договорот, да замине како слободен играч во 2027 година или да биде продаден во Арсенал во овој преоден рок. Според „Атлетик“, бразилскиот крилен напаѓач е подготвен да ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Калај

46.54