Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Попладнево раководството на Башкими на своите социјални мрежи се пофали дека успеало да ангажира десет нови имиња. Тоа се фудбалери кои малку се позната на домашната фудбалска јавност, но во каква ситуација се наоаѓа клубот од Куманово, секое ново име е добредојдено. Ова се новите играчи на Башкими: Мал Јонузи, Џулијан Капланај, Габриел Тенлеп, Андри Стафа, Билал Исени, Фавзи Јахаја, Антонио Мајмона, Клаудио Мартинез, Андреј Љубевски, Теодор ...
Вечното миланско дерби помеѓу екипите на Милан и Интер денеска на пријателска база се одигра во далечната Австралија односно во градот Перт. Мечот заврши 1:1, со головите на Федерико Димарко и Кристофер Нкунку. Самиот дуел секако немаше превисоко темпо, затоа што се работи за подгтовителен период, а реално поинтересен беше вториот дел. Рубен Аморим полека ги „фаќа конците“ во свои раце како кормилар на тимот на Милан, додека Кристијан Киву и ...
Со конечни 65-80, женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години денеска загуби од соодветната секција на Словачка, на тековното Европско првенство Б дивизија. Македонија го забележа четвртиот пораз на овој турнир, а овојпат сепак, имавме реални шасни за позитива. Затоа што по првиот дел имавме минимално водство од 44:43, за да потоа имаме голем пад во играта. Постигнавме многу малку поени во вториот дел, за разлика до ...
Познат е планот на подготовките на ТФТ за следната сезона. Собирот или прозивката ќе се изврши на 17 август во Арената “Борис Трајковски“, кој воедно и оваа сезона ќе биде дом за вицешампионот во АБА 2 лигата. Исто така познати се и ривалитена пријателските натпревари кои тимот на Боро Смилковски ќе ја бруси формата во пресрет на стартот на новата сезона. Прв ривал ќе биде составот на ПАОК од Грција, тим со кој кошаркарите на ТФТ ...
Продолжува сагата – Винисиус. Денеска двете страни имале состанок по кој требаше да се знае нешто конкретно, ама сеуште нема договор. Според информациите што ги објавија шпанските медиуми, Реал му понудил на Бразилецот 22 милиони евра нето годишна фиксна плата, а таа сума би можела да порасне до 24 милиони евра по сезона преку бонуси. Бонусите би биле поврзани со најголемите индивидуални и клупски успеси, како што се освојувањето на Лигата ...
Речиси да нема никакви шанси Џани Инфантино да остане на чело на ФИФА. Откако се зголеми бројот на земји и конфедерации кои сакаат да си оди, откако и Доналд Трамп го „пушти низ вода“ довчерашниот негов најголем пријател, веќе нема спас за актуелниот прв човек на ФИФА. Свој коментар имаше и легендарниот Луис Фиго, кој не бираше зборови против Инфантино. Во колумна за британскиот „Дејли меил“, Фиго не се воздржа од зборови опишувајќи го ...
Плановите на Џани Инфантино да си ја спаси работата во услови на внатрешна криза во ФИФА би можеле да имаат опасни импликации за Шпанија и, поточно, за Светското првенство во 2030 година. Според „Тајмс“, швајцарскиот функционер вади неколку асови од ракавот за да ја задржи поддршката потребна за реизбор на изборите на 18 март. Најмоќниот е наводниот договор со Африканската конфедерација (CAF) според кој, во замена за поддршката од нејзините ...
Екипата на Шкендија, единствениот македонски преставник во фудбалска Европа, летна за Единбург. Тетовските „црвено-црни“ како што најавивме отпатуваа со чартер-лет. Противник на избраниците на Артим Положани во третата квалификациски рунда во Конференциската лига е Хиберниан. Првит меч се игра на 6 август (четврток) во Единбург од 21 часот, додека реваншот е на 13 август во Скопје. Интересно е тоа што меѓу овие два меча со Шкотите, тетовци ...
Според информациите што ги даде францускиот весник „Л’Екип“, Инфантино во среда организирал кризен состанок со челниците на ФИФА во Мароко. Се вели дека првиот човек на светскиот фудбал е сериозно загрижен за изборите што го очекуваат следната пролет. Според истиот извор, неговата позиција веќе не е ни приближно толку сигурна како порано. „Л’Екип“ тврди дека Инфантино ја изгубил поддршката од некои национални асоцијации. Дополнително, Арсен ...
МОхамед Салах за 17 милиони евра по сезона, во следните две години ќе игра за турскиот гигант Трабзонспор. Откако заврши неговата ера во Ливерпул, и каде што стана еден од најдобрите фудбалери во изминатите неколку години, Салах реши, во сооднос со неговата возраст секако да се пресели во најдобрата можна дестинација за него. Турција. Таму завршиваат големите имиња на светскиот фудбал, а суперлигата е преполна со звезди кои настапувале во ...
Може да се каже дека е готово, дека Јан Диоманде е нов играч на Реал Мадрид. РБ Лајпциг конечно ги прифатил сите детали и понудата на Реал Мадрид, која ќе изнесува помеѓу 130.000.000 и 140.000.000 евра. Во превод, Реал Мадрид на тој начин ќе заврши рекордно потпишување, бидејќи ќе платат повеќе за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска отколку за Џуд Белингам. Англичанецот досега го држеше рекордот, бидејќи Реал Мадрид плати ...
Откако заврши Мундијалот, време е за оние пријатески мечеви меѓу супер екипите на егзотични дестинации. Па така, да речеме тимот на Манчетсер Сити ја зебележа првата победа со својот нов тренер Енцо Мареска откако денеска беше подобра од тимот на најдобрите корејски фудбалери. Мечот одигран во Сеул заврши со победа на Сити од 3:1. Од друга страна пак, екипата на Јувентус со конечни 1:0 со голот на Жергова беше подобар од тимот на Челзи. ...
Како што и беше најавено, ракометарите на РК Алкалоид се стационираа во Маврово, со што ја стартуваат втората фаза од тековките подготовки во пресрет на новата 2026/27 сезона. Екипата предводена од шефот на струката Кирил Лазаров е во полн состав. На подготовките во Маврово најголемо внимание ќе се посвети на физичката и тактичка подготвеност во пресрет на серјата пријателски натпревари кои ќе бидат последна проверка пред стартот на ...
Екипата на Шкендија предмалку се стационираше во својата база во Шкотска, каде што утре со почеток од 21:00 часот го игра првиот дуел двомечот од третото коло од квалификациите за Лигата на Конференции против тимот на Хиберниан. Капитенот Арбин Зејнулаи по пристигнувањето потенцираше дека многу е важно што екипата патуваше со чартер лет директно до конечната дестинација и дека временските услови кои се во Шкотска во моментов нема да влијаат ...
Кошаркарката федерација на Македонија со официјално соопштение предмалку објави дека еден прволигаш не ги исполнил обврските и не ја добил потребната лиценца за настапување во највисок ранг за следната сезона. ТФТ и Маџари тоа го сторија, но не и екипата на Чаир која што и официјално не е повеќе дел од елитната македонска кошарка. Тимот од Скопје чиј што долг беше убедливо најголем кога станува збор за трите спорни екипи не ги исполни ...
Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска се собра во хотел „Монтана“ во Крушево на стартот на подготовките за ЕвроВолеј 2026. „Да тргнат подготовките со убаво, со благо… со крушевски локум“, капитенот Никола Ѓорѓиев ги пречека соиграчите и стручниот штаб. Со исклучок на средниот блокер Филип Савовски, кој ќе пристигне на вечерниот тренинг, сите останати репрезентативци се појавија на првата прозивка на селекторот Јошко ...
Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни ...
Екипата на Шкендија предмалку и официјално пристигна во Шкотска, каде што утре со почеток од 21:00 часот го игра првиот од двата дуела против домаќинот, Хиберниан, во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на Конференции. Тетовци со чартер лет заминаа за Островот, каде што секако се пречекани на перфектен начин, како што е тоа и обичај кога станува збор за мечевите во Европа. Шкендија посакува повторување на успехот од минатата ...
Екипата на Шкендија е на прагот повторно да биде дел од групната фаза од Конференциската лига, нешто што на тетовци им појде од рака минатата сезона. И годинава, тие одлично движат низ квалификациските рунди, и веќе се стигнати до третата. Во неа, на мегдан се излегува со екипата на Хиберниан од Шкотска, исклучително квалитетен состав, кој што одлично котира во тамошната Премиер лига. А таму пак, еден од авторитетите, секако е македонскиот ...
Мохамед Салах, кој се сели во Трабзонспор, симболично го облече дресот на својот нов клуб во авионот на пат кон Турција. 34-годишниот напаѓач ја избра понудата на тимот и пристигна со слободен трансфер од Ливерпул. „Трабзон, дали сте подготвени? Ве слушам. Се гледаме многу наскоро“, им рече Салах на навивачите, додавајќи го слоганот на клубот „Каде и да сме, како да сме во Трабзон“ (Бизе хер јер Трабзон). Мо слета во Истанбул напладне и ќе ...
Со неговото познато „Here we go“, Фабрицио Романо потврди дека сè е завршено и дека Њукасл прифатил понуда од 75.000.000 фунти. Бруно одамна ги договорил личните услови со Арсенал, тој вршел притисок врз Њукасл по враќањето од одмор и договорот конечно пропаднал. Тој без сомнение ќе биде вистинско засилување за најсилниот среден ред во Премиер- лигата, бидејќи сè уште ги има – Деклан Рајс, Мартин Зубименди, Еберечи Езе, Мартин Одегард и ...
Тренерот на Црвена Ѕвезда од Белград, Дејан Станковиќ, ја презеде вината за поразот на својот тим од израелскиот тим Хапоел Бер Шева со 1-0 во натпревар од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите. „Моравме да одговориме на нивната борба и агресивна игра. Ова беше особено видливо во првото полувреме, кога не можевме да ги запреме во последната третина од теренот и премногу често ги губевме дуелите и вторите топки. Одговорноста е ...
Македонската кадетска репрезентација успеа да обезбеди место во Топ16 на Европското првенство во Белград. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски остварија две победи после трите порази на стартот и се најдоа во позиција да се борат за место на Светското првенство 2027 година. Прв противник во битката за пласман од 9. до 16. место е селекцијата на Фарски Острови, мечот се игра утре со почеток во 12 часот. Оваа двојка вкрстува со ...
Македонија е подготвена за почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 6 до 15 август ќе се одржува во Гевгелија и во Скопје. Најдобрите млади европски селекции ќе се борат за пласман во елитната конкуренција, а македонските кадети ќе имаат чест и привилегија да ја претставуваат својата земја пред домашната публика. По повеќенеделните подготовки, селекторот Дејан Стојановски истакнува дека ...
Управното тело на европскиот фудбал (УЕФА) воведе две значајни промени во правилата за своите клупски натпреварувања. Промените се однесуваат на системот на суспензии за жолти картони и прикажувањето на времето на семафорите на стадионите. Првата промена се однесува на акумулираните жолти картони. Според новото правило, играчот ќе добие суспензија за натпревар само по неговиот четврти жолт картон, наместо третиот како порано. Ова им ...
Франк Де Блекере е промовиран за нов шеф на фудбалските судии во Србија со што поранешниот истакнат белгиски арбитар ќе се грижи за регуларноста и квалитетот на суњетето во шампионатот на оваа земја. ФС Србија во изминатите неколку сезони практикува арбитражата да ја даде под контрола на странски обсервер со богато минато како судија со знакот на ФИФА. Во ист ден кога Де Блекере е промовиран во Белград, слична но поголема „бомба“ активираа ...
Милан и Порто влегоа во директни преговори за мексиканскиот интернационалец Сантијаго Хименез, а италијанскиот клуб постави минимална цена од 20 милиони евра. Централниот напаѓач не е дел од плановите на тренерот Рубен Аморим за тековната сезона, а минатата сезона едвај играше поради сериозна повреда на глуждот за која беше потребна операција. Токму поради овој проблем, како и неговото учество на Светското првенство со Мексико, тој сè уште е ...
Во 1/8 финалето од Купот на Бразил, Ремо играше против Сантос на домашен терен, а гостите славеа минимална победа од 1:0 на овој натпревар. Домашниот тим играше со еден играч помалку од 28-та минута откако Марлон доби директен црвен картон. Нејмар доби шанса да игра во второто полувреме и одигра важна улога во победата на Сантос. Му асистираше на Рони во 74-та минута кога беше постигнат единствениот гол на овој натпревар. По натпреварот, се ...
Трабзонспор официјално го објави пристигнувањето на поранешниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, со обраќање до своите навивачи. Египетската ѕвезда ќе слета во Истанбул денес. „Порака за навивачите на Трабзонспор. Професионалниот фудбалер Мохамед Салах, со кого започнавме преговори за трансфер, ќе биде на терминалот за општа авијација на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во среда, 5 август, во 12:00 часот“, се вели во соопштението. ...
Нема што, убав гест на Шкендија. Имено единствениот наш преостанат претставник во Европа направи гест за респект. Првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции во Единбург против Хиберниан, кој се игра на 6 август (четврток) од 21 часот, ќе може да се проследи низ директен пренос на МТВ 2 и тоа на големо задоволство домашната фудбалска и спортска јавност. Пофалбите за Шкендија се во тоа што самиот клуб ги платил ТВ правата и ...