
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога и победи против Пачука со 3-1, но мексиканскиот тим кој 83 минути имаше играч повеќе на терен по исклучувањето на Раул Асенсио може да биде незадоволен. Односот на шутеви беше 25-8 за Пачука, во рамки на гол 12-3, но шпанскиот гигант од трите шута даде три гола (стрелци Белингам, Ѓулер и Валверде), додека Мексиканците никако не успеваа да го совладаат Тибо Куртоа кој имаше дури 11 одбрани. Голот за ...
Актуелниот англиски шампион Ливерпул покажува сериозен интерес за нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, но Наполи останува цврст во ставот – нема попуст за продажба на ѕвездата. Клаузулата за откуп на Осимен изнесува 64 милиони фунти, и не се очекува клубот да отстапи од оваа сума. Според италијанскиот „Медијасет“, Ливерпул предложил интересна размена во која би биле вклучени Дарвин Нуњес и Федерико Киеза како дел од договорот за трансферот на ...
Реал Мадрид има предност од 2-0 по првото полувреме на дуелот со мексиканска Пачука, а Кралскиот клуб уште од седма минута има човек помалку на терен. Дефанзивецот Раул Асенсио кој направи пенал на првиот меч со Ал-Хилал и беше заменет на полувреме, денеска пак беше слаб и откако загуби дуел со ветеранот Рондон направи фаул за исклучување и го остави Реал на цедило. Но, голманот Куртоа со неколку интервенции, и со убавите голови на Џуд Белингам ...
Одбојкарската репрезентација на Македонија во салата „Парк“ во Струмица убедливо ја надигра Црна Гора со 3-0 (по сетови 25-20, 25-21, 25-13) и дојде до втората победа во Златната европска лига за мажи. Во шесте меча во оваа конкуренција, Спартанците имаа две победи и четири порази, со што изборија опстанок. Послаби од нас беа Хрватска, Летонија и Црна Гора. Следен предизвик за тимот на селекторот Јошко Миленкоски се квалификациите за Европското ...
Баерн Минхен повторно би можел да се засили со играч на големиот ривал Борусија Дортмунд, објавува германскиот весник „Билд“. Станува збор за 20-годишното крило Џејми Гитенс, за кого интересот на Баварците се обновил во последните денови. Иако се веруваше дека актуелниот шампион на Германија се откажал од идејата да го доведе англискиот младински репрезентативец, раководството на Баерн повторно стапило во контакт со агентите на играчот, меѓу кои ...
Францускиот фудбалер кој одлежа суспензија поради користење допинг, Пол Погба, ќе ја продолжи кариерата во Монако. Најавите се дека ќе потпише двегодишен договор. За 32-годишниот играч за врска првпат во кариерата ќе игра во француската лига, досега ги носел дресовите само на Манчестер јунајтед и Јувентус. Погба последен пат се појави на теренот во септември 2023 година. Потоа беше суспендиран поради кршење на антидопинг правилата. Во ноември, ...
Додека фановите ја чекаат мајсторката за титула, денот во НБА почна со вест за договорена размена на играчи помеѓу Феникс санс и Хјустон рокетс, со која мега ѕвездата Кевин Дурант преоѓа во редовите на Ракетите од Тексас. Сонцата ги добиваат Дилон Брукс и Џејлен Грин кои беа стартери во Хјустон, како и десеттиот пик на годинешниот драфт. Оваа трампа ќе стане официјална најрано на 6-ти јули, поради рестрикциите в правилата на лигата во врска со ...
Јувентус ја извојува и втората своја победа на Светското клупско првенство во САД, денеска го совладаа марокански Видад со 4-1. Јунак на мечот беше Кенан Јилдиз со два убави гола. Инаку тој за првпат откако е во дресот на Старата дама од Торино, дава гол на три меча по ред. Во третото коло Јуве игра дерби со Манчестер сити и тоа ќе биде дуел за прво место во групата и веројатно избегнување на Реал Мадрид во осминафиналето. Голот што го постигна ...
Оклахома Сити тандер или Индијана пејсерс, еден од овие два тима утре рано наутро за првпат во својата историја ќе ја освои титулата во кошаркарската НБА лига. Индијана 49 сезони игра во НБА и никогаш не била шампион, а во Оклахома сити 17 сезони се играат НБА мечеви. Тандер и Пејсерс не се во редот на најпопуларни НБА тимови, немаат многу навивачи надвор од своите градови кои и онака не се преголеми, но интересот за вечерашниот меч ќе биде ...
Српскиот интернационалец, Лука Јовиќ, своевремено важеше за еден од најпреспективните фудбалери, а тоа беше препознаено и од Реал Мадрид, па во 2019 година го купија за 63 милиони евра од Бенфика. Сепак, Србинот не ги исполни очекувањата, па беше пуштен на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт, а потоа како слободен фудбалер се пресели во Фиорентина. И таму не се задржа многу, па во 2023 година следуваше трансфер во Милан, а сега повторно ќе бара нов ...
На неколку часа пред натпреварот со Пачука од Светското клупско првенство, почина најстариот навивач на Реал Мадрид, Серхио Нието. Нието почина на 100 години 266 дена, а од дете е фан на Реал и благодарение на татко му кој му ја пренесе таа љубов и го направи официјален член со книшка, цели 93 години имаше членска книшка. Тој во интервјуа од минатото се пофали дека во живо ја гледал најубедливата победа во историјата на Ел Класико, 11-1 за Реал ...
Карлос Алкараз дојде до 21-вата АТП титула во кариерата, откако денеска во финалето на турнирот во Квинс кој се игра на тревната подлга, го совлата Јиржи Лехецка со 7-5, 6-7, 6-2. Овој турнир од АТП 500 серијата е генерална проба пред гренслемот Вимблдон, а 22-годишниот Алкараз и преклани го освои Квинс, а лани го освои Вимблдон. За Алкараз ова е петта титула годинава, а во кариерата има четири титули на трева и над 90 проценти успешност во ...
Англискиот премиерлигаш Челзи има желба да донесе уште еден напаѓач, и покрај тоа што веќе ги обезбеди услугите на Лијам Делап. Лондонскиот клуб испратил понуда до Пари Сен Жермен за Рандал Коло Муани, пренесува „Л’Екип“. 26-годишниот фудбалер е на позајмица во Јувентус од јануари. Бјанконерите сакаат да го задржат, но се обидуваат да ја продолжат позајмицата. Доколку ПСЖ добие понуда за директна продажба од Челзи, најверојатно ќе го преферира ...
Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, јавно го изрази своето восхитување кон шпанската сензација Ламин Јамал, истакнувајќи дека би сакал еден ден да игра заедно со него. „Се разбира дека би сакал да играм со Ламин Јамал. Секој сака да игра со најдобрите. Се надевам… Ќе видиме“, изјави Рашфорд, оставајќи простор за шпекулации. Оваа изјава се толкува како потенцијален сигнал до Барселона, посебно ако се земе предвид дека Рашфорд ...
Францускиот репрезентативец Осман Дембеле повторно тренира со полн интензитет со тимот на Пари Сен Жермен, откако закрепна од мускулната повреда здобиена за време на настапите за националниот тим. 26-годишниот крилен напаѓач последните неколку недели работеше на индивидуален режим, но сега конечно им се приклучи на соиграчите. Иако самиот Дембеле има голема желба што побрзо да се врати на теренот, во ПСЖ одлучија да не брзаат со неговото ...
Директните конкуренти за титулата во Премиер лигата, како Ливерпул и Манчестер сити, интензивно се засилуваат, а Арсенал се соочува со две големи пречки во обидите за доведување на клучни засилувања. Менаџерот Микел Артета има јасна визија, да го донесе Марк Гуехи како квалитетна опција во центарот на одбраната. Сепак, фудбалерот на Кристал Палас наводно е поблиску до трансфер во Ливерпул, кој го гледа како замена за Џарел Кванса, што ќе замине ...
Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо, би можел да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А, пренесува „Скај Спортс Италија“. Според нивните информации, 25-годишниот англиски репрезентативец дава приоритет на евентуален трансфер во Наполи, и покрај интересот што доаѓа и од Јувентус. За услугите на Санчо се заинтересирани и неколку англиски клубови, Астон Вила, Тотенхем и Њукасл, кои исто така го разгледуваат како потенцијално ...
Лајпциг и Вердер Бремен се веќе во завршна фаза од преговорите за ангажманот на тренерот Оле Вернер. Според последните информации, остануваат само административни формалности пред трансферот да биде официјално потврден. Како што пренесува „Скај Спорт Германија“, двата клуба постигнале голем напредок во изминатите 48 часа, а сите знаци укажуваат дека 37-годишниот стратег ќе седне на клупата на Лајпциг како нов предводник. Иако Вернер веќе не е ...
Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20 часот) го игра последниот натпревар од Европската Златна Лига, а за противник ја има селекцијата на Црна Гора. Со оглед на тоа што Македонија има два пораза зад себе, Одбојкарската федерација ги отвори вратите на СЦ „Парк“ во Струмица. За оние кои нема да можат да го следат натпреварот на лице место, обезбеден е и директен телевизиски пренос на националната телевизија. По пет одиграни ...
Додека фудбалерите на Вардар се подготвуваат во Раденци, Словенија, раководството на клубот е во потрага по соодветни засилувања за остварување на високите амбиции за следната сезона. Од „црвено-црниот“ табор информираат дека последното странско засилување за клубот ќе биде офанзивец кој настапувал за француски Мец и вредел 1,5 милиони евра, а во својата кариера има настапувано и во второлигашката конкуренција на Франција и Шпанија. Од Вардар ...
Sвездата на Барселона, Ламине Јамал, изминатите неколку дена престојува во Бразил, а по средбата со Нејмар, изненади многумина и заигра фудбал во една од најопасните фавели во Рие де Жанеиро. Јамал се појави во Рочиња, фавела со голема стапка на криминал и едно од најопасните места во Бразил, играше фудбал со локалните дечиња, а тоа предизвика големо внимание кај локалните жители. 🚨ESPORTES: Lamine Yamal, com camisa da Seleção Brasileira, ...
Симоне Инѕаги имаше фантастично деби на клупата на Ал-Хилал, откако одигра 1-1 против Реал Мадрид во првото коло од Светското клупско првенство. Италијанецот има само пофалби за клупскиот Мундијал во САД, но вели дека недостасува Барселона, екипата која ја елиминираше со Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите. „До овој момент Светското клупско првенство е фантастично. Најголемите клубови се тука, недостасува само Барселона.“ – вели ...
Светското клупско првенство во САД е во фокусот на љубителите на фудбалот, а врвниот фудбал сегаш е поинтересен со одличните квоти во Бет билдерот на Sport Life. Сите четири вечерни натпревари имаат по две опции во Бет билдерот, а она што е интересно, нитуедна од квотите не е помала од 20.00. Така натпреварите на Реал Мадрид, Манчестер сити и Јувентус имаат по една опција со квота од 20.00 и една опција со квота од 25.00, додека за дуелот на ...
Реал Мадрид одигра само 1-1 против Ал-Хилал на дебито на Чаби Алонсо, кој изненади многумина со изјавата кој фудбалер е темелот на „кралевите“. Сите очекуваа дека неговиот одговор ќе биде дека тоа е Килијан Мбапе или Винисиус, но новиот тренер на „кралевите“ се одлучи за фудбалерот од дефанзивата, Орелијан Чуамени. „Има извонредна достапност. Не знам што ќе се случува во текот на годината, но тој е темел на нашата екипа, преку тежината што ја ...
СпортМанија во Раденци, Словенија Јуни 2024 година. Вардар со блокирана сметка поради огромниот долг, со неселектиран состав, со амбиции да не се испадне од лигата и без план како ќе се направи сето тоа. Само една година подоцна, еден нов Вардар. Вардар кој е освојувач на Купот на Македонија, Вардар кој е со европска виза и Вардар кој има план да освои уште многу трофеи во сезони текои следуваат. Тоа се се случи по доаѓањето на новата управа во ...
6721 Јувентус – Видад Казабланка (18:00) Јувентус со 5-0 славеше над Ал-Аин на првиот меч на Светското клупско првенство во САД, па со победа над Видад Казабланка ќе го потврди пласманот во осминафиналето. „Старата дама“ е голем фаворит против екипата од Мароко и поради формата во која се наоѓа, а тоа е шест меча без пораз, но и три победи на последните три меча. Предлог тип: 1 & 3+ (2.05) 6720 Реал Мадрид – Пачука (21:00) Реал Мадрид ...
СпортМанија во Раденци, Словенија Легендата на Вардар и на македонскиот фудбал, Андон Дончевски е еден од луѓето кои заслужуваат најголема почит, вели првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски. Извршниот директор на Црвено-црните открива дека Дончевски кој е најдобар стрелец во историјата на Вардар, без размислување на прифатил понудата да дојде од Австралија и да го гледа финалето на Купот на Македонија. Популарниот Чичко Дончо во ноември ќе ...
СпортМанија во Раденци, Словенија Освојување на двојна круна на домашна сцена и што е можно подолго останување во европските купови се главните цели на Вардар за новата сезона, брифираше Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски на состанокот во Раденци, Словенија. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб веќе 10-тина дена е на подготовки во Словенија, каде владее дисциплина и работна атмосфера, а тренерот Гоце Седлоски го склопува тимот ...
Натпревари од четири различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Сепак, фудбалот има комплетна доминација со 13 од 16-те натпревари, додека со по еден меч се застапени одбојката, кошарката и бејзболот. Првиот натпревар започнува во 16 часот, а тоа значи дека имате доволно време да размислите и да ги посетите уплатните места на Sport Life за да го одберете парот со кој ќе си ја зголемите добивката на ...
Врвен приоритет за шампионот на Италија, Наполи, ова лето ќе биде потписот на Дарвин Нуњес од Ливерпул. Раководството на клубот нема да потпишува други фудбалери додека не завршат преговорите со Ливерпул за Уругваецот. Иако интерес за Нуњес има и од други европски екипи, но и од екипи од Саудиска Арабија, сепак, во моментов Наполи е во пол-позиција. Преговорите се во напредна фаза, а тие ќе продолжат веќе од понеделник. View this post on ...