Пет интересни фудбалски натпревари се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 49, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.25. Од фудбалерите на Јувентус се очекува да одиграат ефикасно против Видад Казабланка, па квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако „страта дама“ постигне помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме. Во четвртфиналето на младионското Европско ...

Англија ја победи Шпанија со 3-1 на младинското Европско првенство и така си обезбеди пласман во полуфиналето, но дуелот во Трнава имал и трето полувреме. Веднаш по последниот свиреж на судијата, фудбалерите на двете екипи влегуваат во клинч и настанува општа тепачка на теренот во која учествуваат не само играчите на тревникот, туку и комплетните клупи на двете репрезентации. Brawl after the final whistle of England v Spain U21 Euros quarter ...

На помладиот брат на Џуд Белингам, Џоби, му беа потребни само два натпревари за да покаже квалитетот и да го постигне деби голот за Борусија Дортмунд. „Милионерите“ славеа над Мамелоди од Јужна Африка со 4-3, а еден од головите беше дело токму на 19-годишниот Џоби Белингам. Сепак, Нико Ковач, тренерот на Борусија Дортмунд во две реченици и го пофали, но и го критикуваше младиот фудбалер, односно ги откри неговите слаби страни. „Џоби е силен, ...

Дека бразилските екипи се во фантастична форма на Светското клупско првенство покажа и Флуминенсе, кој со со 4-2 славеше над Улсан од Јужна Кореја и тоа со пресврт. Корејците имаа водство од 1-2 на полувремето, откако токму бразилската екипа прва поведе со 1-0 со фантастичниот гол на Ариас од слободен удар во 27-мата минута. Во вториот дел следуваше комплетна доминација на Флуминенсе, чии фудбалери трипати ја затресоа мрежата на противникот за ...

Овиедо е нов член на шпанската Примера дивизија и после пауза од 24 години, овој клуб пак ќе игра лигашки мечеви против Реал, Барса, Атлетико и останатите членови на елитното шпанско друштво. Во реваншот од баражот за пополнување на Ла Лига, Овиедо дома го победи Мирандес со 3-1 и тоа по продолженија, откако во регуларниот дел беше 2-1, а Мирандес кој никогаш не бил прволигаш, првиот меч го доби со 2-1. Портиљо со убав гол донесе водство од 3-1 ...

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Дубаи во Холандија, соопшти холандското обвинителство. Екстрадицијата следува откако тој беше осуден на шест години затвор за соучесништво во шверц на над едeн тон кокаин. Промес беше прогласен за виновен поради учество во увоз на 1,363 тони кокаин од Бразил во 2020 година. Пресудата беше изречена во февруари 2024 година од страна на холандскиот суд. Во посебен случај, ...

Интер од Милано со многу среќа и искуство победи на вториот свој меч на Светското клупско првенство, славеше со 2-1 против Урава редс од Јапонија. Урава поведе рано по една феноменална акција на Канеко и неговата асистенција до стрелецот Ватанабе, а Интер долго се мачеше да израмни и успеа во 78-ма минута со атрактивен гол на Лаутаро Мартинез кој одлично се снајде по еден изведен корнер и од невозможна позиција даде гол. Победата на Нераѕурите ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, одговори на критиките дека неговите тренинзи се пренапорни. „Играчите се жалат на напорни и интензивни тренинзи? Еден ден, капитенот на Челзи побара да се забави темпото, да се намали количината на видео анализа. Се согласив, бидејќи ја разбирав нивната култура, нивниот пристап кон фудбалот. Кога сте во странска земја, мора да внимавате да не превртите сè наопаку. Кој беше резултатот од тоа? Изгубивме два ...

Расте загриженоста во врска со Светското првенство следната година, бидејќи екстремните временски услови предизвикуваат хаос на Светското клупско првенство кое моментно се одржува во САД. Четири натпревари одложувани во првите пет дена од турнирот поради грмотевици. Со оглед на тоа што се очекува топлотен бран да донесе температури до 41°C следната недела, се очекуваат дополнителни проблеми, што претставува сериозен ризик по здравјето и за ...

Ѕвездата на Челси и англиски репрезентативец, Кол Палмер, објасни зошто често носи заштитна маска при патувањата со авион. 23-годишниот офанзивен играч привлече внимание кога беше забележан со маска при пристигнувањето на тимот во САД, слегувајќи од авионот. Многумина претпоставија дека станува збор за здравствена мерка или шега, но Палмер ги отфрли тие гласини. „Не, не е шега. Само не можам да го поднесам мирисот во авионите. Затоа носам ...

Холандија изненадувачки со победа од 1-0 ја елиминираше Португалија од Европското првенство за фудбалери до 21 година. Португалците доминираа во групната фаза во која ги добија сите три меча и тоа без примен гол, но се сопнаа на првиот меч во нокаут фазата и тоа на меч на кој 70 минути имаа човек повеќе (исклучен беше Рубен Ван Бомел, син на легендара марк Ван Бомел) и не реализираа пенал во првото полувреме. За Холандија ова ќе биде седмо ...

Борусија Дортмунд со 4-3 го победи Мамелоди во интересен меч од Светското клупско првенство, па барем привремено го презеде првото место на табелата во групата во која се и Флуминенсе и Улсан. Екипата од Јужна Африка покажа дека е добар тим во кој предничи 29-годишниот фудбалер Икрам Рајнерс. Рајнерс на овој клупски Мундијал за 150 минути на терен има два гола, два поништени гола и трипати погодуваше статива или пречка. Тој им донесе победа над ...

Шкендија беше убедливо поразена со 0-4 од словенечки Копер во контролен меч одигран во Хрватска. Тетовци кои се актуелни шампиони на Македонија, до 63-та минута примија четири гола од кои третиот беше вистинско ремек-дело, и иако ова е само пријателски меч, секако не остава позитивен впечаток во период кога тимот се подготвува за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Шкендија во 38-ма минута имаше добра шанса, но голманот на ...

СпортМанија во Раденци, Вардар го претрпе првиот пораз на подготовките во Словенија, откако со 2:0 беше поразен од Олимпија Љубљана, на контролен меч одигран во Раденци. Црвено-црните одиграа одлично прво полувреме во кое ја контролираа играта, а избраниците на тренерот Гоце Седлоски создадоа неколку шанси за погодок, но не реализираа ниту еднаш. Во второто полувреме, двата тима направија неколку замени, а во една таква ситуација, словенечкиот ...

Борусија Дортмунд има водство од 3-1 против јужноафриканскиот тим Мамелоди по првото полувреме, а Африканците први дадоа и пет минути беа во сензационално водство. Голот на Нмеча за 1-1 беше по асистенција на голманот на Мамелоди, кој имаше ужасна реакција и им подари погодок на противниците. После тоа Дортмунд даде уште два гола, погодија и Гираси и Џоб Белингам, па фаворитот може да смета дека ќе ја извојува првата победа на СКП, откако во ...

Роберт Левандовски би можел да се пресели во шампионатот на Саудиска Арабија во летото 2026 година, објавува „Диарио Спорт“. Напаѓачот на Барселона призна дека има намера да ја продолжи кариерата во оваа азиска земја каде богато се платени фудбалерите, откако ќе му истече договорот со каталонскиот клуб. Саудијците напорно работат на промоција на својата земја со оглед на тоа дека се домаќини на Светското првенство во 2034 година и сакаат да ...

Спортманија во Раденци Вардар и Олимпија Љубљана играат контролен меч во Раденци, Словенија, а на трибините има и македонски навивачи. Благој и Иван се Македонци кои повеќе од една деценија живеат во Љубљана, но секогаш кога има македонски тим или репрезентација да игра во близина, не пропуштаат шанса да дадат поддршка на нашите. Така е и денеска, со македонско знаме во рацете навиваат за Вардар. „Кога се работи за Македонија и наши клубови ...

Фудбалерот на Валенсија Умар Садик реши за време на летната пауза да дојде во родната Нигерија и да го посети селото од кое потекнува, Кадуну. Присуството на Садик ги израдува сите во селото, каде се создаде еуфорија. Едноставно сите сакаа да се поздрават и фотографираат со Садик, но малку фалеше да се случи и хаос. Фудбалерот благодарение на полицијата и обезбедувањето едвај успеа да извлече „жива глава“ и да се најде на безбедна зона. View ...

Њукасл е подготвен да му понуди на Маркус Рашфорд нова иднина во Премиер лигата и настапи во Лигата на шампионите. Англискиот репрезентативец ја мина втората половина од минатата сезона на позајмица во Астон вила, но засега клубот од Бирмингам не презел конкретни чекори за продолжување на неговиот престој на „Вила парк“. Од друга страна, Манчестер јунајтед очигледно нема да смета на него додека тимот е воден од Рубен Аморим. Според англиските и ...

Германскиот репрезентативец Флоријан Вирц е играчот кој го направи најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата, откако за 135 милиони евра од Баер Леверкузен се пресели во Ливерпул. Вирц потпиша петгодишен договор со англискиот гигант и во првото интервју откри кои му се плановите. „Се чувствувам многу гордо и среќен сум. Конечно трансферот се реализираше. Решив дека ова е моментот во мојата кариера да направам нешто ново и затоа си ...

Менаџерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим, донел одлука кои фудбалери немаат место во составот на Црвените ѓаволи. Според англиските медиуми, Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Алехандро Гарначо и Ентони нема да бидат дел од тимот за претсезонската турнеја во САД. Рашфорд беше испратен на позајмица во Астон Вила во јануари, а моментално бара трансфер во клуб што настапува во Лигата на шампионите, при што неговата желба е Барселона. Санчо ја мина ...

Словенечкиот напаѓач и ѕвезда на бундеслигаш Лајпциг, Бењамин Шешко, е на чекор до трансфер во Арсенал, но преговорите наидоа на неочекуван застој. Ова откако 21-годишниот голгетер инсистира во договорот со Топчиите да се вклучи откупна клаузула, и тоа со точно дефинирани услови. Шешко веќе ги договорил личните услови со лондонскиот клуб, но сега бара во договорот задолжително да стои клаузула која ќе му овозможи да си замине за износ само 20% ...

Англискиот шампион Ливерпул го официјализира трансферот на Жереми Фримпонг, а според најавите, следниот потпис ќе го стави Флоријан Вирц. Зделката е речиси комплетирана и се очекува да биде објавена во текот на денешниот ден. Покрај нив, уште едно засилување, левиот бек Милош Керкез од Борнмут, кој исто така веќе потпишал со Црвените. Но, тоа нема да биде сѐ околу реновирањето на одбраната. Како можна замена за Куанса, Ливерпул го разгледува ...

Борусија Дортмунд е голем фаворит за победа во дуелот против Мамелоди, во второто коло од Светското клупско првенство. Овој меч се игра во еден од најжешките термини во САД, а тренерот на Борусија, Нико Ковач смета дека тоа е голем проблем за неговата екипа. „Клубовите од појужните делови имаат предност поради жештината. Мечот во Синсинати ќе биде на пеколно време. Може само да претпоставите како ќе се чувствуваат нашите играчи на теренот нна ...

Голманот на Торино, Вања Милинковиќ-Савиќ, од следната сезона нема да ги брани боите на Биковите туку ќе настапува за новиот италијански шампион Наполи. Според извештаите на италијанските медиуми, трансферот е договорен за сума од 18 милиони евра, со што српскиот репрезентативец ќе стане новото засилување на тимот предводен од Антонио Конте. Овој потег се смета за важен дел од реконструкцијата на Наполи, кој сака и следната сезона да биде ...

Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби ги загуби нервите откако еден навивач на трибините на стадионот на кој се игра Светското клупско првенство, решил да го провоцира. Навивачот бил во дрес на Пари Сен Жермен и упатувал провокативни коментари кон Ачерби, исмевајќи го Интер за поразот од 5:0 во финалето на Лига на шампиони. Тој триумф на ПСЖ е најголем во историја на едно финале во елитното натпреварување на УЕФА. „Сериозен сум. Немој да се ...

Четири натпревари се играат денеска на Светското клупско првенство, а во Бет Билдер понудата има коефициенти кои се движат од девет до 14. Интер е голем фаворит за победа над Урава, а со точно 10 квота ќе биде добитна ако: Интер победи на полувреме и на крајот, Лаутаро Мартинез постигне гол, има повеќе од 9,5 корнери и има повеќе од 9,5 шутеви во рамките на голот. Флуминезе игра против Улсан, а со 14 квота се вреднуваат следните споени ...

Фудбалерите на Фламенго направија голем пресврт во второто полувреме стигнаа до победа против Челзи. Англискиот тим важеше за фаворит пред мечот, но Фламенго одигра фантастично во последните 30 минути. Бразилците постигнаа три гола и стигнаа до победа која ги одведе на првото место на табелата со максимални шест бодови и сигурно ќе игра и во следната фаза. Победата на Фламенго посебно со голема страст ја прославија неговите навивачи. Во Рио де ...

6202 Португалија У21 – Холандија У21 (18.00 часот) Во ова четвртфинале на младинското ЕП, Португалија влезе како првопласирана во својата група, додека Холанѓаните беа втори. Португалците во трите мечеви освоија 7 бода и не примија гол, а дадоа девет, додека Лалињата еднаш загубија, од Данска, и гол разликата им е 5-4. Средбата ќе се игра во Жилина, и за двата тима тоа ќе биде првпат да играат на тој стадион. Иако ова се други генерации, ...

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се врати во Швајцарија и потпиша договор со прволигашот Лугано. Играјќи за националниот тим на Македонија, Алиоски има 85 настапи и 13 постигнати голови. Новиот договор е со важност до 30 јуни 2027 година, со опција за продолжување и по истекот на предвидениот рок. За 33-годишниот лев бек ова е добро познато место, тој веќе настапуваше за Лугано во сезоните 2015/16 (18 натпревари, 3 гола) и 2016/17, ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
43%
1012
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.57
50%
1011
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
60%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
43%
1013
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.25
47%
1010
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
2.05
78%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
57%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
68%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
61%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
52%
1009
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
1.03
56%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
78%
1010
Currency

61.54

Currency

52.6129

Currency

71.1174

Currency

34.4099

Currency

38.2927

Currency

65.739

Currency

7.36821

Currency

0.65266

Currency

0.35763

Currency

0.52581

Currency

1.27771

Currency

0.5951