Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Џокерите со кои може да си ја подобрите потенцијалната добивка на илинденските тикети уплатени во Sport Life, ги има дури 80 на број, по пет опции за 16 одбрани фудбалски натпревари од многу европски лиги. Зголемените квоти за победи на фаворитите се движат од 1.63 до 2.19. Но, тука се и бројни опции за обложување на игри во кои се вклучени голови. Џокерите со кои може да си ја подобрите потенцијалната добивка на илинденските тикети ...
Фудбалерката на мароканскиот клуб Магреб, 20-годишната Фатен Бен Амар Ел Азиз, починала додека се обидувала да доплива до Сеута, Шпанија. Фатен е една од 67-те жртви за кои шпанските власти велат дека се резултат на кризата што принуди околу 60.000 луѓе да ја преминат границата меѓу Мароко и озлогласената енклава Сеута која е шпанска територија. „Таа не бараше слава или авантура, туку подобар живот и иднина за која веруваше дека ја чека од ...
Вкупна квота од 46.57 се нуди во денешните пет квоти на денот во Sport Life. Првиот предлог е со квота од 2.30 и тоа за победа на Митјиланд над Хорсенс со додаток во второто полувреме да има повеќе голови отколку во првото. Квота од 2.30 има и за АИК – Оргрите, а за добвма треба домашните да постигнат два или повеќе голови, а и гостите д аа дадат барем еден. Ако верувате дека Лугано нема да загуби од Грасхоперс и притоа дека ќе има 2-4 гола, ...
Главниот тренер на Интер Мајами, Гилермо Хојос, го пофали својот тим и покрај тоа што не успеа да победи против Колумбус Кру. Тој особено ги пофали Аргентинците Лионел Меси и Родриго Де Пол. Меси влезе во игра во 53-тата минута, додека Де Пол го одигра целиот натпревар. И двајцата имаа први настапи по финалето на Светското првенство во 2026 година против Шпанија кое се одигра на 18-ти јули. „Сакам јавно да им се заблагодарам на Лео и Де Пол ...
Во МЛС лигата беше пребогата ноќ со интересни случувања и голови. Лионел Меси заигра првпат после финалето на Светското првенство, но неговиот Интер Мајами не победи, одигра само 2-2 со Колумбус кру. Луис Суарес даде мајсторски гол од далечина, но Касемиро на својот втор меч за Мајами, си даде автогол, негов прв после 15 години, уште додека беше во Крузеиро. Во 84-та минута Браис Мендес (екс играч на Реал Сосиедад) од слободен удар погоди за ...
Европскиот првак Пари Сен Жермен тргнува по еден од најдобрите играчи на Барселона. Според шпанскиот „Ел Насионал“, клубот од Париз испратил официјална понуда од 90 милиони евра за шпанскиот репрезентативец Педри. Францускиот клуб е решен да го засили средниот ред, а тренерот Луис Енрике наводно лично инсистирал токму Педри да биде главната трансферна цел ова лето. Барселона го доведе Педри од Лас Палмас во 2019 година за 23 милиони евра, ...
Челзи успеа да го задржи еден од своите најважни фудбалери. Жоао Педро наскоро ќе стави потпис на нов договор со лондонскиот клуб, кој ќе го врзе за „Стемфорд бриџ“ до 2033 година. Бразилскиот напаѓач ќе добие значително подобри финансиски услови, а новиот седумгодишен договор е јасен сигнал дека „сините“ сериозно сметаат на него во иднина. Одлуката на Челзи доаѓа откако интерес за Педро покажа Барселона. Каталонскиот гигант ја следеше ...
Англискиот првак Арсенал подготвува понуда за Езри Конса како замена за повредениот Вилијам Салиба. Лондонскиот клуб сериозно размислува да го ангажира дефанзивецот на Астон Вила и веќе подготвува понуда вредна 65 милиони фунти за 28-годишниот англиски стопер. Повредата на Салиба го натера менаџерот на Топчиите да реагира на трансфер-пазарот, а Конса е идентификуван како фудбалер кој може веднаш да одговори на барањата на Арсенал. Стоперот ...
Хулијан Алварез и натаму останува главната трансферна желба на Барселона, а за можниот ангажман на аргентинскиот напаѓач првпат јавно проговори и тренерот Ханси Флик. Каталонците во моментов се на подготовки во Англија, каде синоќа одиграа пријателски натпревар против Бирмингем, кој заврши без победник (2-2). Поради тоа што дел од првотимците сè уште не им се приклучиле на подготовките, Флик беше принуден да експериментира со составот. По ...
Барселона сè уште ја бара замената за Роберт Левандовски во нападот и се чини дека потенцијалното решение го гледа во Португалија. Според „Мундо Депортиво“, Барселона покажува интерес за грчкиот напаѓач Вангелис Павлидис од Бенфика, кој се наметна како една од најдобрите офанзивни опции во португалскиот шампионат. Сепак, преговорите нема да бидат едноставни. Бенфика нема намера лесно да се откаже од својот голгетер и би размислувала за ...
Феран Торес е сѐ поблиску до заминување од Барселона и кариерата би можел да ја продолжи во Пари Сен Жермен. Според шпанските медиуми, 26-годишниот напаѓач веќе му соопштил на раководството на каталонскиот клуб дека сака да се пресели во Париз, а својата одлука ја споделил и со соиграчите и со стручниот штаб. Торес зад себе има најуспешна сезона во кариерата. Постигна 21 гол за Барселона, а дополнително ја зголеми својата вредност со ...
Шпанскиот гигант Реал Мадрид го стега обрачот околу Родри. Кралскиот клуб е подготвен да издвои околу 65 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, но трансфер-сагата зависи од еден клучен услов. Манчестер сити нема да даде зелено светло додека не обезбеди соодветна замена. Главна желба на Граѓаните е младиот француски талент Ајуб Буади од Лил. Доколку Енцо Мареска го доведе играчот за врска, патот на Родри кон Мадрид ќе биде отворен. За ...
Шкендија доби охрабрувачки вести по натпреварот со НК Браво. Медицинските прегледи потврдија дека Фабрис Тамба и Бојан Димоски не заработиле сериозни повреди и наскоро би можеле повторно да му се стават на располагање на стручниот штаб. Ова е особено важно затоа што следниот викенд следи големото дерби меѓу Вардар и Шкендија, веќе во второто коло од шампионатот во Првата лига. Шкендија има и европски дуели против Хибернијан. Тамба во самиот ...
Челзи го засили нападот со искусно име од Премиер лигата. Дени Велбек официјално е нов фудбалер на лондонскиот клуб, откако пристигна од Брајтон и потпиша договор до 2028 година. Триесет и петгодишниот напаѓач зад себе има богато искуство во англискиот фудбал. Велбек одигра повеќе од 400 натпревари во Премиер лигата, а во кариерата го носеше дресот и на Манчестер јунајтед, Арсенал, Вотфорд и Брајтон. За англиската репрезентација има 42 ...
Македонската машка јуниорска репрезентација ќе се бори за 13-тото место на Европското првенство од Дивизијата „Б“, откако во разигрувањето го совлада Исланд со 86-74. Избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ одиграа одличен натпревар и покажаа голем карактер. Иако по првата четвртина имаа негатива од 16 поени, македонските кошаркари не се предадоа, постепено ја анулираа предноста на противникот и со убедлива игра во продолжението стигнаа ...
Поранешниот македонски репрезентативец Никола Ѓорѓев се враќа во Швајцарија. По кратката епизода во редовите на португалски Фаренсе, крилниот напаѓач го официјализираше трансферот во швајцарскиот Ксамакс. Ѓорѓев беше еден од клучните актери во историскиот успех на македонската У21 репрезентација која обезбеди пласман на Европското првенство во Полска во 2017 година, а подоцна запиша и пет настапи за сениорскиот национален тим. Во богатата ...
Интер е на прагот да комплетира едно од најзвучните засилувања ова лето, откако постигна договор со Тотенхем за трансферот на аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро. Според аргентинскиот „ЕСПН“, двата клуба ги усогласиле сите детали од зделката вредна 40 милиони евра, а клучна улога во завршувањето на преговорите имал спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, кој директно преговарал со раководството на лондонскиот клуб. Со овој трансфер ...
Ајакс испрати силна порака на трансфер-пазарот со ангажманот на Јулијан Брант. Поранешниот германски репрезентативец и официјално е нов фудбалер на клубот од Амстердам, откако како слободен агент потпиша тригодишен договор по истекот на соработката со Борусија Дортмунд. Доаѓањето на 30-годишниот офанзивен играч за врска претставува едно од најголемите изненадувања во летниот преоден рок, особено затоа што во изминатиот период вниманието беше ...
Македонскиот напаѓач Георг Стојановски е на чекор до нов интернационален трансфер. Голгетерот постигнал договор со катарскиот Лусаил и наскоро треба официјално да ја продолжи кариерата во оваа земја. Според информациите, Стојановски ќе потпише тригодишен договор, а единствено што преостанува е успешно да ги мине задолжителните лекарски прегледи пред трансферот да биде официјализиран. Со преселбата во Катар, Стојановски ќе стане вториот ...
Српскиот фудбалски првак Црвена звезда се соочува со интересна ситуација, правилата на УЕФА ги доведува до еден вид парадокс – Црвено-белите би можеле полесно да се квалификуваат за Лигата на шампионите отколку за Лига Европа, иако ЛШ е најквалитетното натпреварување во Европа. Ѕвезда благодарение на високиот клупски коефициент, има статус на привилегиран тим во квалификациите за ЛШ, но истиот третман не важи ако европскиот пат продолжи во ...
Шпанскиот фудбалер Марк Кукурелја ги брои своите последни денови во Лондон, каде што пристигна по Светското првенство за да ги спакува куферите и да се пресели во Мадрид, бидејќи ја продолжува кариерата во Реал Мадрид. Тој ја воодушеви целата британска јавност со гест кон поштарот кој редовно му носеше пакети во текот на изминатите години додека живееше во Лондон. Имено, локалниот поштар Гари кога го доставил пакетот на адресата на ...
Кога се чинеше дека ништо нема да го спречи Џани Инфантино догодина во март да добие нов мандат како претседател на ФИФА, тој стана премногу самоуверен и направи голема грешка со контроверзниот предлог за продавање на дел од правата за Светско првенство на приватни инвеститори, ветувајќи многу пари за секоја национална федерација во светот. По притисокот и негодувањето, Инфантино се повлече од идејата, но веќе е доцна, сега УЕФА бара и ...
Македонија е поразена од Шведска со 29-33 во последното трето коло од групната фаза на Европското првенство за ракометари до 18 години. Машката кадетска репрезентација на Македонија не водеше во ниеден момент од натпреварот и откако претрпе три порази, сега следува разигрување за 17-24 место. Костов и Дамчевски со по 8 голови беа најефикасни на денешниот меч. РФМ им се заблагодари на нашите кадети за борбеноста и им посакува многу среќа во ...
Отворен е официјалниот фан-шоп на фудбалскиот клуб Пелистер. Битолскиот клуб првпат доби официјален фан-шоп, место каде што навивачите ќе можат да купат клупски реквизити. „31.07.2026 година – Денот кога заедно испишавме историја. За првпат во 81 година постоење, ФК Пелистер го отвори својот официјален Фан Шоп. Благодарност до секој што беше дел од овој посебен ден – на сите што нè посетивте, купивте, се фотографиравте и ја споделивте оваа ...
Тимот на Лајпциг играше пријателски меч против Ферл, имаше две полувремиња по 60 минути, а на терен не се појавија Елиф Елмас и Јан Диоманде. Црвените бикови пред мечот објавија дека Елмас нема да игра поради поштеда и заштита од преоптоварување, а Диоманде наводно е болен, имал инфекција. Јавна тајна е дека Диоманде е договорен со Реал Мадрид и затоа денеска не игра веројатно за да не ризикува можна повреда која би му го упропастила ...
Фудбалската асоцијација на Англија вчера официјално го објави завршувањето на дисциплинската постапка против украинскиот крилен напаѓач на Челзи, Михајло Мудрик. ФА и фудбалерот, во консултација со Светската антидопинг агенција постигнаа договор за спогодба. Мудрик призна дека ги прекршил антидопинг правилата, а неговиот период на суспензија се сметаше за веќе издржан. На 22 октомври 2024 година, ниска концентрација на мелдониум беше откриена ...
Претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган, ги коментираше гласините за трансфер што кружеа во медиумите во врска со Мохамед Салах. Салах кој има тешкотии во преговорите за трансфер со Бешикташ, во делот на продажбата на дресови и правата за слики, наводно постигнал договор со клубот од Трабзон, но тоа не е вистина. „Колку пати треба да ги негирам овие обвинувања? Ние немаме таква агенда“, рече првиот човек на Трабзонспор. Претседателот ...
Италијанскиот гигант Наполи денеска прославува 100-годишнина од своето основање. Во градот Неапол синоќа имаше огномет по тој повод, а централниот настан е вечерва на плоштад каде ќе има 50.000 навивачи. Вечерва, Пјаца дел Плебишито ќе биде повеќе од само плоштад: тоа ќе биде срцето на еден век страст за четирикратниот италијански првак. Таму ќе бидат претседателот Аурелио Де Лаурентис, тренерскиот штаб на чело со Масимилијано Алегри, како и ...
Хрватските кошаркари до 18 години на неверојатен начин беа поразени во четвртфиналето на ЕП во Б дивизија, првенство на кое игра и Македонија (денеска имаме меч со Исланд од разигрувањето за 13-16 место). Хрватите загубија од Полска со 66-68, и тоа на навистина шокантен начин. Домашните имаа сè во свои раце, ја имаа топката четири секунди пред крајот на натпреварот и водство од 66-65, но потоа направија глупост. Лошо го изведоа аутот, ...
3403 Баник Острава – Славија (17.00 часот) Двата тима новата сезона ја почнаа со победи. Славија на стартот беше ефикасна, триумфираше со 5-1, додека Острава славеше 1-0 на гости кај Злин. Славија е актуелен шампион на Чешка, а и вечерва е фаворит против тим од кој нема примено гол на последните шест меѓусебни дуели и редовно го победува. Баник осум години нема лигашка победа против Славија. Предлог тип: 2 & 0-3 (2.65) 2504 Старт – ...