
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Клупата на Јувентус продолжува да биде главна фудбалска тема на Апенинскиот полуостров. Се чини дека Тиаго Мота ги брои последните денови во Торино, „Старата дама“ се уште не најде замена, но е многу блиску. Како што стојат работите, хрватскиот стручњак и поранешен играч на Јувентус, Игор Тудор би можел да стане нов тренер на црно-белите. Според „Газета дело Спорт“, челниците на Јувентус се одлучиле за Тудор бидејќи тој е подготвен да прифати ...
Женската ракометна репрезентација на Полска го засили стручниот штаб со доведување на Хејди Локе, една од најголемите ракометарки во историјата. Норвежанката му се приклучи на тимот како помошник тренер на Арне Сенстад. Локе, која беше легендарен пивот, има освоено бројни титули, вклучувајќи олимписко злато (2012) и бронза (2016), две светски првенства (2011, 2015) и четири европски првенства (2008, 2010, 2014, 2020 година). На клупско ниво, таа ...
Формула 1 возачот Луис Хамилтон стигна до својата прва победа како член на Ферари, откако седумкратниот светски шампион славеше на спринт трката на ГН на Кина. Хамилтон до победата стигна на убедлив начин откако водеше од самиот старт на мечот. На второто место заврши Оскар Пјастри во Мекларен, додека третата позиција ја освои четирикратниот актуелен шампион Макс Ферстапен во Ред Бул. Во топ 10 завршија уште и: Расел, Леклер, Цунода, Антонели, ...
Црна Гора со победа го започна квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. Во Никшиќ, во првиот меч во Л групата, Црногорците потешко од очекувањата го победија Гибралтар со 3.1 Гибралтар го шокираше стадионот во Никшиќ во 13. минута од натпреварот кога поведе со голот на Бент. Во 22. минута искусниот Стеван Јоветиќ ги врати работите во нормала и погоди за 1:1 на асистенција на Шипчиќ. Во следните минути, Црна Гора се мачеше да го ...
Карлос Алкараз, најголемиот претендент за титулата на Мастерсот во Мајами доживеа елиминациј во првиот меч на турнирот. Подобар од третопласираниот тенисер во светот беше белгискиот ветеран Давид Гофин, моментално 55. на АТП листата. Алкараз не беше ниту сенка на играчот кој има титула на овој Мастерс. Шпанецот го доби првиот сет, но потоа нагло попушти, дозволувајќи му на својот 34-годишен противник да доминира на теренот, 5:7, 6:4, 6:3. ...
Младиот Австралиец, Оскар Пјастри прв пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата во глана трка во шампионатот на Формула 1. Пјастри беше пред конкурентите во квалификациите за трката на Големата награда на Кина. Од првиот ред, трката ќе ја започне изненадувањето Џорџ Расел од Мерцедес. Пјатри блескаше во третата сесија, на патеката во Шангај. Во двата круга постави најдобро време 1:30.641 минути. Австралиецот ја освои првата пол-позиција во ...
Партизан беше надиграни во Белград со 97:65 и со тоа направија голем исчекор наназад во борбата за позициите кои водат во плејин фазата во ова натпреварување. Гостите ги разбија избраниците на Обрадовиќ уште во првото полувреме со 54:33, а во преостанатите 20 минути само го дотепаа ривалот со што потврдија дека се во посакуван ритам затоа што ова за нив беше четврти триумф во низа. Томпсон со 19 и Брајант со 18 кошеви беа во прв план, кај ...
Џејдон Санчо се уште е играч на Манчестер јунајтед на позајмица во Челзи, клубот од „Станфорд Бриџ“ има право да го купи на крајот од сезоната за околу 25 милиони фунти, што е многу помалку од парите што „црвените ѓаволи“, платија за него. Иднината на Санчо во овој момент е неизвесна. Англичаните тврдат дека Челси нема да го откупи неговиот договор, а сигурно е дека Јунајтед не смета на него. Санчо започна одлично, одигра неколку добри ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати честитки за нашите фудбалери, за нивната борбеност и покажаниот карактер на натпреварот против Лихтенштајн. „Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите. Во овие тешки ...
Во име на фудбалската репрезентација на Македонија по крајот на натпреварот зборуваше Александар Трајковски. – Знаевме дека многу е важно да почнеме со победа во овие квалификации, но, сепак, секој меч е важен и нема лесен ривал. Можеби така изгледа од страна, но ние се подготвуваме за секој меч како да е најважен. Така, најважно ни беше да тргнеме со победа. Ни следи потежок меч со Велс во Скопје и се надевам дека ќе успееме и на тој дуел да ...
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Одилон Косуну ќе биде новото засилување на Аталанта, која одлучи да ја искористи откупната клаузула за 24-годишниот дефанзивец. Косуну и се приклучи на Аталанта на едногодишна позајмица од шампионот во Бундеслигата, Баер Леверкузен во текот на летото. Клубот од Леверкузен изненадувачки се откажа од дефанзивецот кој минатата сезона беше редовен на „фармацевтите“. Баер од трансферот ќе заработи 25 милиони, ...
Селекторот на македонскaта фудбалска репрезентација Благоја Милевски, по средбата со Лихтенштајн и победата, на прес-конференцијата искажа задоволство од победата и трите бода. „Честитки до моите играчи што во овие околности и трагедијата во Кочани, најдоа сили да го приведат натпреварот на најдобар можен начин. Искрено, не ми беше важно со колкава разлика и со каков резултат ќе победиме, туку само трите бодови на крајот“, рече Милевски. ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по пауза од шест години настапи на Мастерсот во Мајами. Во рамките на второто коло тој го победи Австралиецот, Ринки Хиџиката. Ѓоковиќ за 81 минута победи со резултат 6:0, 7:6. Ова беше втор триумф на Новак во директни дуели со Австралиецот, кого го победи во Бризбејн на почетокот на годината. Негов следен ривал ќе биде Аргентинецот Камило Хуго Карабели, кој приреди изненадување со победата над Алекс Микелсен со ...
Тиаго Мота ќе добие отказ од Јувентус, а неговото место барем до крајот на сезоната ќе го заземе Роберто Манчини. „Газета дело Спорт“, денеска открива дека натпреварот против Џенова најверојатно ќе биде последен за Мота на клупата на Јувентус. Очигледно тешките порази од Аталанта и Фиорентина беа доволни клупските челници да го сменат Мота. Во исто време „Калчомеркато“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека на играчите не им е јасно како ...
Фудбалската репрезентација на Македонија, според планот, со победа во Лихтенштајн ги отвори квалификациите за пласман на Светското првенство. На „Рајн парк“ стадионот во Вадуц, во првиот меч во Ј групата, Македонија го победи Лихтенштајн со 3:0. Македонија шестти натпревар во низа одигра без приимен гол. Столе Димитриевски е апослутен рекордер, нема примено гол 621 минута. Македонските фудбалери ја остварија целта, забележаа победа и не се ...
Бразилскиот голман од редовите на Ливерпул, Алисон Бекер, доживеа незгодна повреда на главата на натпреварот против Колумбија во мундијалските квалификации, што автоматски значи дека ќе го пропушти мега-дербито со Аргентина, кое е закажано за 26 март. Алисон доби удар од Давидсон Санчез, а правилата на ФИФА велат дека после удар во главата, играчот мора да оди на задолжително мирување поради заштита од евентуален потрес на мозокот и други ...
Франција е во тешка позиција да дојде до завршниот турнир во Лигата на нации. Во четвртокот Французите загубија од Хрватска во Сплит со 2:0. Навивачите, новинарите и поранешните играчи го посочуваат мечот со Хрватска како последен доказ дека репрезентацијата која можеби е најсилната во светот по според имињата што ги има во тимот, долго време игра далеку под нивото на кое треба да биде. „Франција разочара против Хрватска, но тоа е така долго ...
Франк Рибери, легендарниот играч на Баерн и француската фудбалска репрезентација во интервју за „Лекип“ се осврна на неговата брилијантна сезона 2012/13 година, во која со Баерн ја освои тројната круна – Бундеслигата, Лигата на шампионите и Купот на Германија. Французинот смета дека таа сезона требало да ја освои Златната топка. „Тоа беше совршена година. Не можев подобро. Оваа Златна топка засекогаш ќе остане неправда. Сè уште барам ...
Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата во пресрет на спринт трката пред Големата награда на Кина. На патеката во Шангај, возачот на Ферари, постави рекорд на патеката со време 1:30.849 минути. Квалификациите беа исклучително неизвесни, што покажуваат времињата. Макс Ферстапен имаше послаб резултат за само 18 илјадити делови од секундата, а Оскар Пјастри задоцни 80 илјадити делови од секундата. Спринтот од вториот ред, веднаш до Пјастри ќе го ...
Денвер Нагетс уште еднаш покажа дека без Никола Јокиќ е просечен НБА тим. Нагетс загубија од Портланд 109:128. Изминатата ноќ во НБА лигата ја обележа Кевин Дурент кој го растури водечкиот тим во лигата, Кливленд Кавалирс. Никола Јокиќ не игра поради повреда на лактот. Нагетс без него загубија два од последните три натпревари. Изминатата ноќ ги растури Дени Авдија. Синот на легендата на Црвена звезда, Зуфер Авдија, натпреварот го заврши со 36 ...
Вечерва во Клуж беа извлечени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2026 година. Континеталниот шампионат ќе се одржи во пет држави: Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција. Покрај овие селекции место на ЕП веќе обезбедија Норвешка, Данска и Унгарија. Македонските ракометарки се во групата 3 заедно со Германија, Словенија и Белгија. Првенството ќе се одржи од 3. до 20.декември во 2026 година. Во првата група ќе бидат ...
Фудбалската репрезентација на Англија со победа ги отври квалификациите за пласман на Светското првенство. Во групата К, Англија ја победи Албанија со 2:0. Во оваа група во која се наоѓа и Србија, Латвија на гостински теен славеше над Андора со 1:0. Значајна победа на стартот на квалификацискиот циклус забележа Босна и Херцеговина. Избраниците на Сергеј Барбарез победија во Букурешт против Романија со 1:0. Во групата во која игра и Австрија, ...
Олимпијакос како лидер ја пречека Ц.Звезда во Пиреја, па иако за очекување беше лесно да ја оправда фаворитската улога, на крајот видовме голем подвиг на српскиот великан. „Црвено-белите“ ја освоија Пиреја со мудра и храбра игра во текот на сите 40 минути, и со таков пристап сосема заслужено запишаа нова победа во најсилното европско друштво. Прекината на црната серија прави Звезда да се врати на шестата позиција, нешто што беше најавено уште во ...
На големо се шпекулира дека Диего Жота се враќа во Вулверхемптон бидејќи за него нема место на „Енфилд“, а клубот ќе се обиде да го доведе Чави Симонс од Лајпциг. Цената на Холанѓанецот е околу 70 милиони евра. Според медиумите на Островот, менаџерот Арне Слот ги засукал ракавите и веќе направил конкретен план со спортскиот оддел за реновирање на играчкиот кадар. Според информациите, холандскиот стручњак направил значаен потег за да ги натера ...
ЛА Лејкерс без Лука Дончиќ, Леброн Џејмс и Остон Ривс доживеаја дебакл во дуелот со Милвоки Бакс (89:118). Јанис Адетокумбо со 28 поени доминираше во Лос Анџелес против десеткуваните Лејкерси. На спротивната страна најдобриот меч во кариерата го одигра синот на Леброн, Брони Џејмс. Постигна 17 поени, со пет скока и три асистенции. Голден Стејт успеа да слави во дуелот со Торонто Репторс 117:114. Стеф Кари не играше во последните 15 минути. ...
Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди четвртфинале на турнирот во Марибор откако денеска славеше победа од 2-1 во сетови над Французинката Џесика Покет (6-4, 2-6 и 7-6). Ѓорческа беше подобра во првиот сет и успеа да го освои со 6-4, но потоа Покет заигра подобро во вториот и нашата тенисерка освои само два гема. Голема борба видовме во третиот последен сет кој се решаваше во тај-брејк. За место во полуфиналето Ѓорческа утре ќе ...
Почина Еди Џордан, првиот вистински успешен сопственик на независен тим во Формула 1. Тој имаше 76 години. Еди Џордан во декември 2024 година објави дека му бил дијагностициран рак на простата, кој почнал да се шири на неговиот ‘рбет и карлицата. „Со голема тага ја објавуваме смртта на Еди Џордан, поранешен сопственик на Формула 1 тим и телевизиски консултант. Тој почина мирно, опкружен со семејството во Кејп Таун во раните утрински часови на 20 ...
Македонската репрезентација до 21 година претрпе пораз во денешниот пријателски натпревар против Белорусија. Белорусија одигра подобро на натпреварот во Анталија и заслужено дојде до победата. По првите 45 минути резултатот беше 1:0, а потоа Белорусите постигнаа уште два гола за водство од 3:0. Единствениот гол за Македонија во финишот го постигна Кире Стојанов. Избраниците на Горан Станиќ на 25 март ги очекува уште еден натпревар и тоа против ...
Ник Кирјиос, австралискиот тенисер го победи Мекензи Мекдоналд во првото коло на Мастерсот во Мајами. Кирјиос успеа да победи за прв пат од октомври 2022 година, кога во Токио славеше над Камил Мајжак. Ник овојпат го совлада Мекензи Мекдоналд со 2:1, по сетови 3:6, 6:3, 6:4 и во второто коло ќе игра со Карен Хачанов. Кирјиос одигра само еден меч во 2023 година, една година подоцна одигра само два меча и ги загуби сите. Кирјиос конечно успеа да ...
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди верува во соиграчите и очекува уште еден зрел циклус на „рисовите“ на стартот од квалификациите за пласман на СП 2026 година. „Деновиве добро се спремивме и сакаме да го продолжиме победничкиот менталитет. Свесни сме што ни значат овие квалификации. Во модерниот фудбал нема фаворити и мора тоа да си го врежеме во глава. Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода и до ...