Возачот на Мекларен Ландо Норис е победник на трката за Големата награда на Бразил. Тој на доминантен начин стигна до победата и имаше неверојатен викенд во Бразил со победа во спринтот, пол позиција во квалификациите и место на највисокото место на подиумот во трката. Второто место му припадна на Андреа Кими Антонели од Мерцедес, кој успеа да го издржи притисокот на актуелниот шампион Макс Верстапен. Возачот на Ред Бул, сепак на крајот мораше ...

Роберт Левандовски повторно блесна во дресот на Барселона — полскиот напаѓач постигна хет-трик и го предводеше својот тим до убедлива победа од 4:2 против Селта Виго во натпреварот од 13. коло во Ла Лига. Каталонците одлично го отворија мечот на „Балаидос“, а Левандовски уште во 10. минута го отвори резултатот од пенал. Во 37. минута го зголеми водството по убава акција на Барса, но Селта успеа да возврати со два гола и привремено да го израмни ...

Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели. Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана ...

Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик, беше видно бесен по поразот на неговиот тим од Атланта Хокс со 122-102. По натпреварот, стратегот на Лејкерси ја прекина прес-конференцијата по само една минута, јасно изразувајќи го своето разочарување. -Сфатив дека сме во проблем уште во првите две минути од натпреварот, изјави Редик, критикувајќи ја слабата енергија и недостигот на ангажман кај своите играчи. Лејкерси направија дури 19 загубени ...

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, јавно изјави дека Ливерпул повеќе не е конкурент за титулата во Премиер лигата. Говорејќи за „Sky Sports“ по убедливиот пораз на „црвените“ од 0:3 на гостувањето кај Манчестер Сити, Кин порача дека тимот на Арне Слот „едноставно нема квалитет и енергија за највисоките цели“. -Не можете сериозно да го сметате Ливерпул за претендент за титулата. Манчестер Сити повторно изгледа моќно, токму како ...

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо даде свое видување за настапот на тимот по два натпревара без голови. Реал вчера одигра 0:0 со Рајо Ваљекано во натпреварот на гости од 12. коло на шпанското фудбалско првенство. – Свесни сме за нашата ситуација. Треба да можеме да балансираме помеѓу добрите и тешките периоди. Сезоната е долга, очекувањата се огромни, но се справуваме со нив и се подготвуваме за нив. Второто полувреме од натпреварот можеше да ...

Предводени од српскиот кошаркар Никола Јокиќ екипата на Денвер стигна до нов триумф откако ноќеска пред своите навивачи ја совладаа Индијана со 117:100. Ова беше еден од осумте одиграни дуели сабота на недела навечер. Јокиќ дуелот го заврши со нов „трип-дабл“: 32 поена и по 14 скокови и асистенции. Тој имаше шут од игра 10/14, додека слободните фрлања ги шутираше 11/12, а имаше и осум изгубени топки. Ова е шести „трипл-дабл“ во оваа сезона. ...

Пол Симонис повеќе не е тренер на бундеслигашот Волфсбург. Заедно со 40-годишниот Холанѓанец, од стручниот штаб на германскиот фудбалски клуб си заминуваат и тренерите Петер ван дер Вен, Тристан Бергхуис и Мартин Дарневил. За привремен прв тренер е назначен Даниел Бауер кој е предводник и на младинскиот тим. Симонис беше во Волфсбург од 1 јули 2025 година. Под негово водство, тимот победи на три од 12 натпревари, одигра двапати нерешено и загуби ...

Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го ажурираше своето рангирање во поединечна конкуренција. Шпанецот Карлос Алкараз повторно стана играч број 1 во светот. Тој го престигна Италијанецот Јаник Синер, кој падна на второто место. Топ 10 на најновата АТП ранг-листа објавена на 10 ноември: 1 (2). Карлос Алкараз (Шпанија) – 11.050 бодови 2 (1). Јаник Синер (Италија) – 10.000 3 (3). Александар Зверев (Германија) – 4.960 4 (5). Новак ...

Рома го искористи вчерашниот кис на Милан и денешниот на Наполи и со победата над Удинезе (2:0) се искачи на челната позиција во Серија А. Тимот на Џан Пјеро Гасперини веќе беше на врвот на табелата во Серија А оваа сезона, во единаесеттото „волчицата“ беше на врвот, но веќе во следното ја препушти челната позиција. Рома се врати на врвот на табелата откако рутински го скршија отпорот на Удинезе со головите на Лоренцо Пелегрини од пенал и Зеки ...

Пет дена по поразот во дуелот од Лигата на шампионите со Ливерпул, лидерот во шпанската Ла Лига повторно беше запрен. Од „Ваљекас“ Реал се врати дома само со еден бод. Саможртвуваната, малку хаотична, но храбрата одбрана на Рајо Ваљекано издржа голем притисок од своите соседи и ѝ понуди на Барселона шанса да се доближи до лидерот. Имаше и Рајо свои шанси, но Куртоа и на овој меч потврди дека се наоѓа во врвна форма. Рајо е првиот тим што ...

Познати се сите учесници во четвртфиналето во плејофот на американската МЛС-лига. Последен тим кој обезбеди пласман помеѓу осумте најдобри е Сан Диего кој ноќеска го совлада Портланд со 4:0 во третиот натпревар од серијата од осминафиналето. Четвртфинални двојки во плејофот на МЛС: Интер Мајами – Синсинати Филаделфија јунион – Њујорк Сити Сан Диего – Минесота јунајтед Ванкувер вајткепс – Лос Анџелес. Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани ...

Екипата на Манчестер Сити славеше убедлива победа од 3:0 во дербито од 11.коло од Премиер лигата против Ливерпул. Со новите три бода „граѓаните“ се вратија на втората позиција на табелата. Дуелот почна со промашениот пенал на Ерик Халанд во 13.минута, а неговиот удар го одбрани голманот на Ливерпул Гиорги Мамардашвили. Халанд неколку минути се запиша во листата на стрелците со голот во 29.минута. Во 38.минута Ливерпул постигна гол кој беше ...

По победата против Реал Мадрид во Лигата на шампионите од пред неколку дена за Ливерпул, стигнаа непријатни вести. Како што пренесуваат шпанските медиуми „кралскиот клуб“ веќе ги договорил сите поединости за трансфер на играчот од одбраната на „црвените“ и француски репрезентативец Ибрахим Конате. Французинот во Ливерпул дојде во 2021 година од Лајпциг. Преминот би можел да се реализира веќе во јануари. Ливерпул со Конате има договор до јуни ...

Во најава е интересна завршница на сезоната во Формула 1 по денешниот спринт за ГН на Бразил. Оскар Пјастри излета на стартот од денешната спринт трка и со тоа остана без бодови. Судиите донесоа одлука да има рестарт, а тоа го искористи неговиот клупски колега од Мекларен Ландо Норис. Тој беше најбрз на спринтот и освои важи осум поени и сега има девет поени предност во генералниот пласман. За конечниот исход во генералниот пласман секако може ...

Ракометарките на македонскиот првак Ѓорче Петров претрпеа пораз 19:25 од шпанската екипа Елче во реванш дуелот од 3.коло од Европскиот куп на ЕХФ. На вчерашниот прв натпревар одигран исто така во Скопје, Елче славеше победа со 19:16. На денешниот дуел на почеток македонскиот првак имаше минимална предност, но по 5:5 противничките направија серија од 10:4 и на полувреме имаа предност од шест голови – 16:10. Во вториот дел гостинските ракометарки ...

Во рамките на 11. коло од италијанската Серија А, Сасуоло постигна впечатлива победа над Аталанта со 0:3 на гостински терен во Бергамо. Првиот гол го реализираше Доминико Берарди од пенал во 29. минута, додека веднаш по почетокот на второто полувреме, Рикардо Пинамонти го зголеми водството на 0:2. Третиот гол го потврди повторно Берарди во 66. минута, за конечни 0:3. Оваа победа е голем удар за Аталанта, која оваа сезона настапува и во Лигата на ...

Елена Рибакина е победничка на Завршниот мастерс во Ријад. Во финалето беше подобра од Арина Сабаленка со 6:3, 7:6. Рибакина стигна до својата нова титула во кариерата, а особено сега добива на вредност, бидејќи во финалето ја победи тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка. Еден брејк го одлучи исходот од првиот сет. Додека во вториот сет, воопшто не немаше брејк, па конечниот исход дојде по тај-брејк, во кој Рибакина ги освои сите ...

Екипата на Вардар се врати на првото место на табелата по денешниот триумф во 13. коло против Тиквеш со 3:1. „Црвено-црните“ поведоа со голот првенец за Ворен Чимбембе во 19. минута, а во финишот на првиот дел (45. минута) гостите од Кавадарци изедначија од пенал стрелец беше Иван Ивановски. Победникот беше решен во завршницата на натпреварот. По неколку нереализирани шанси Едиз Спахиу ја затресе мрежата на гостите во 81. минута, а конечните 3:1 ...

Клупскиот колега на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, Скот Мек Томини се поврзува со трансфер со екипа од Премиер лигата. Шкотскиот репрезентативец минатата сезона го напушти Манчестер Јунајтед и направи трансфер во Наполи. На теренот во дресот на Наполи прикажува одлични игри и неговата форма ги задоволува сите пред сè бројните симпатизери на клубот. Но, таквиот начин на поддршка во Италија, му создава притисок. Тој живее заедно со ...

Парма успеа да остане непоразена на домашен терен во вечерашниот меч од 11-тото коло во Серија А против екипата на Милан, играјќи нерешено 2:2. „Росонерите“ имаа водство од 2:0 во првиот дел, но избраниците на тренерот Масимилијано Алегри значително попуштија во продолжението и им дозволија на разиграните „млекари“ да освојат бод по извонредните втори 45 минути. Головите за Милан ги постигнаа Салемакерс и Рафаел Леао, додека Парма преку Бернабе ...

Ракометарите на Охрид остварија висока победа во последниот денешен натпревар од 11.коло од Супер лигата. Тие пред своите навивачи го совладаа тимот на Пролет со 30:20. Очекувана висока победа постигна и првакот Еурофарм Пелистер против претпоследниот на табелата Куманово со 45:20, додека поголема неизвесност имаше на другите два дуела од денешната програма. Прилеп како гостин го совлада Радовиш со 29:24, а Еурофарм Пелистер 2 славеше на ...

Дербито на последното 11.коло од првиот дел од ракометната Супер лига се игра попладнево, а тоа е воедно пресметка на непоразените во лигата Вардар и Алкалоид. Избраниците на Иван Чупиќ на официјалните натпревари имаат 10 победи во домашната лига, 2 победи во Лига Европа на ЕХФ, а последниот пораз го претрпеа во Супер купот во Кавадарци од првакот Еурофарм Пелистер. Екипата на Кирил Лазаров пак по двата пораза од Хановер во квалификациите од ...

Лионел Меси повторно блескаше во дресот на Интер Мајами! Аргентинската ѕвезда одигра меч „за чиста десетка“ и со своите мајстории го однесе својот тим во полуфиналето на Источната конференција во МЛС. Интер Мајами славеше со 3-1 против Орландо Сити, а Меси беше клучната фигура – постигна два гола и асистираше при третиот. Публиката во Мајами уживаше во неговата игра, која потсети на најдобрите денови од неговата кариера во Европа. Со оваа ...

Во Првата фудбалска лига попладнево ќе се одиграат два натпревара. Вардар е домаќин на Тиквеш, додека во Битола кај Пелистер ќе гостува Брера. Почетокот на двата дуела е во 13 часот. Фудбалерите на Вардар ќе бидат пред нов предизвик бидејќи потребна им е победа за да се вратат на првата позиција на табелата, додека Пелистер ќе се обиде да ја прекине серијата без победа. На вчера одиграните дуели: Струга – Арсими 4:0 и Башкими – Работнички 2:1. ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија победа со 72:67 на гостувањето во Битола против Пелистер. За домашниот тим ова беше прв пораз по шесте одиграни кола. Во првиот дел со мал број поени Пелистер водеше со 32:29, но во пресрет на последната четвртина МЗТ Скопје А. дојде до предност откако ја доби третата четвртина со 22:17. Тоа како да беше најава за одличен старт во последната четвртина и предноста од 13 поени 65:52. Домашниот тим сепак ...

Нова победа и пробив на второто место направија фудбалерите на Челзи по синоќешниот триумф од 3:0 над последнопласираниот Вулверхемптон. Ова за „сините“ е втора победа во серија, додека Вулверхемптон и покрај промената на менаџерот остана на два бода и на последното место на табелата. Челзи во првиот дел се мачеше да го „скрши“ отпорот на ривалот, а во вториот дел тоа го стори за 20-тина минути. Првиот гол го постигна играчот од одбраната Густо ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ забележа победа во финалето на АТП 250 турнирот во Атина откако го совлада Лоренцо Мусети од Италија со 2:1 во сетови по три часа игра. Ова за Ѓоковиќ е 101-турнирска победа и сега е на чекор зад Рожер Федерер со 103 и Џими Конорс, кој има 109. Финалето на почна како што посакуваше Ѓоковиќ, откако ривалот го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Но, српскиот тенисер го освои вториот сет со 6:3. Во решавачкиот сет ...

Ракометарките на македонскиот првак Ѓорче Петров претрпеа пораз во првиот натпревар од 3.коло од Европскиот куп од шпанската екипа Елче. Натпреварот се играше во Скопје, но во записникот „домашен тим“ беа ракометарките од Шпанија кои победија со 19:16 (9:7). Двата натпревара ќе се играат во Скопје, а реваншот е утре во 12 часот во СЦ „Јане Сандански“. Натпреварот беше изедначен, а во поголемиот дел водеа ракометарките на шпанскиот тим. ...

Кошаркарите на Работнички ја остварија четвртата победа во шампионатот откако попладнево во неизвесен дуел од 6.коло М-Тел Супер лигата го совладаа Чаир со 87:84. По двата пораза на стартот новата победа покажува знаци дека тимот на тренерот Владимир Мирковски влегува во ритам. Неизвесен беше текот на последниот период, откако претходно Работнички имаше во вториот дел и двоцифрена предност. Сепак со упорна игра кошаркарите на Чаир на пет минути ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1022
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
94%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.54
68%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.64
95%
1024
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -2ᴼ
0.51
96%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
4.12
78%
1019
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1020
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
84%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.89
93%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
1021
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04

Бакар

11.07

Родиум

258813.51

Платина

64479.52

Алуминиум

2.95

Калај

43.93

Сребро

2159.01

Паладиум

54591.97

Кобалт

58.42

Злато

139515.92

Рутениум

29192.88