
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Една новина која стана достапна со Android 12, чудно е што требаше да се чека дури до Android 13 за да биде пуштена како што треба. Конкретно се однесува на можноста за избор на различни бои извадени од позадината која се користи во моментот, бои кои ќе се користат и кај иконите од апликациите, наместо нивните оригинални икони. Дури во Android 13 оваа можност беше овозможена за сите апликации, а не само кај тие од Google и производителот на ...
После повеќе неофицијални информации за што може да се очекува од iPhone 15 Pro, сега ги имаме и првите слики кои се генерирани врз основа на добиени CAD датотеки. Овие датотеки обично Apple им ги испраќа порано на производителите на заштитни маски и футроли, па наводно 9to5Mac ги имаат добиено овие датотеки и изработено заедно со дизајнерот Ian Zelbo. Од сликите може да се види тоа што досега го читавме од неофицијалните информации. Главната ...
Meta денеска претстави нова функција на Instagram за креаторите на содржина, која кратко кажано овозможува испраќање на еднонасочни пораки. Ова значи дека креаторите ќе може да испраќаат пораки на сите корисници кои се приклучиле на оваа функција, но никој нема да може да одговори на пораките. Оваа функција обично се нарекува „емитување“, а од Meta ја нарекуваат Broadcast Channels. Истата веднаш се споредува со Telegram, апликација која е и ...
Порталот Windows Central објави ексклузивна информација од нивни извори според која Microsoft веќе работи на воведувањето вештачка интелигенција во Windows 11. Ова е нешто што од компанијата го најавија, па сега го гледаме еден од првите примери како може да изгледа таа интеграција во иднина. Според информациите, помош од вештачката интелигенција треба да добие одличната „Snap Assist“ функција која се користи за поставување на прозорите во ...
Основачот и директор на Nothing, компанијата која тврди дека го менува монотониот и неиновативен пазар на смартфони, Карл Пеи, објави уште една видео рецензија, овој пат за смартфон од неговата прва компанија во која беше ко-основач. Првата рецензија која ја објави Пеи беше за iPhone 14 Pro, а сега за OnePlus 11. Овој телефон е од највисоката класа, оваа година нема да има повеќе варијанти и има почетна цена од 700 долари, нешто што ќе го ...
Microsoft го претстави новиот Bing минатата недела и со тоа слободно може да се каже дека започна една мала револуција во интернет пребарувањата, а можеби и конечно ќе може посериозно да му конкурираат на Google. Од оваа недела новиот Bing почна да им станува достапен на повеќе корисници, а од Microsoft истакнуваат дека го имаат тестирано на ограничен број корисници во 169 земји и со тоа веќе се собрани доволно информации за да може да се ...
Како што можевме да прочитаме пред неколку денови, Samsung сега и официјално го најави почетокот на надградбата на постарите Galaxy уреди на најновата верзија од нивниот One UI, која беше претставена со Galaxy S23 серијата. One UI 5.1 донесува неколку новини во споредба со One UI 5.0, а и двете верзии се направени на основа на најновата Android верзија, Android 13. Уредите кај кои започнува надградбата на One UI 5.1 се: Galaxy S22, Galaxy S21 и ...
По купувањето на Twitter за 44 милијарди долари во октомври минатата година, Елон Маск два месеци подоцна објави анкета дали да се тргне од директорската позиција која ја презема. Анкетата помина со повеќе гласови за, па Маск треба да избере нов директор, иако за истото кажа дека ќе го направи кога ќе најде некој кој е доволно „будалест“ да ја прифати позицијата. Сега имаме и поконкретна информација за какви се плановите на Маск, а нив ги ...
Apple се’ уште нема дадено никаква официјална информација поврзана со претставувањето на очила за изменета реалност, но сепак неофицијалните информации ги има веќе неколку години. Марк Гурман од Bloomberg, по најавата дека Apple ќе го претстави овој уред оваа пролет, поточно во април, сега најавува дека од компанијата повторно имаат донесено одлука за одложување, па претставувањето може да се очекува во јуни на WWDC 2023 конференцијата. Поради ...
Qualcomm ја претстави наредната генерација од нивниот модем за смартфоните и слични уреди, поточно ова е шестата генерација. Snapdragon X75 5G е наследник на ланскиот X70 5G и донесува доста добра листа на подобрувања. Од компанијата посебно ја истакнуваат подготвеноста на Snapdragon X75 5G за поддршка на 5G Advanced, наредната фаза во развојот на 5G мрежите. Овој модем доаѓа со нова архитектура, нов софтвер, кои резултираат со подобрување на ...
Една од најпознатите, ако не и најпознатата апликација за тестирање на перформансите на уредите, Geekbench, пушти нова верзија која доаѓа три години по пуштањето на претходната. Geekbench 6 е прилично голема и важна надградба со која се ветува дека резултатите од тестирањата ќе бидат многу пореални, односно блиски до начинот на којшто ги користиме уредите, а исто така се најавува и подобра споредба помеѓу различни уреди. Од компанијата ...
Microsoft го претстави, како што сакаат да го нарекуваат, новиот Bing, пред една недела. Новиот Bing, кој може да се користи како и досега за пребарување на веб страни, доаѓа со интеграција со новата верзија од GPT технологијата на чија основа работи еден од најпопуларните јазични ботови, ChatGPT. Веднаш беше можно да се пристапи до новиот дел од Bing, од каде што може да се пријави на листата на чекање за да се добие пристап до Bing помогнат од ...
Дали многу почесто ви излегуваат Twitter објавите на Елон Маск, некогаш дури и една по друга ? Според информации од Platformer ова не е случајно. Маск наводно не бил задоволен од падот на популарноста на неговите објави, па побарал да се види која е причината за тоа. Уште поинтересно, според информациите, Маск почнал да реагира на оваа тема по многу поголемата популарност на објавата од претседателот Џо Бајден за натпревар во американски фудбал, ...
Соработката помеѓу големи ИТ компании како Microsoft, Apple, Google и други со FIDO Alliance и World Wide Web Consortium доведе до развојот на WebAuth протоколот кој овозможува најава на страните и сервисите без лозинка. Ова не треба да се помеша со најавувањето на сервисите кои имаат лозинка, но со користење на сензорот за отпечатоци, на пример, затоа што апликацијата е заклучена на овој начин. WebAuth протоколот или како што сега популарно се ...
Оваа година со iPhone 15 серијата е годината кога Apple конечно ќе го прифати USB-C приклучокот за нивните телефони, приклучок кој веќе одреден период го користи кај iPad и MacBook уредите. Причината за ова е позната, а таа е одлуката на Европската Унија со која Apple се приморани да го користат овој приклучок. Причината зошто одбиваат се гледа во желбата на компанијата да вади процент од продадените додатоци за овој нивни приклучок, а исто така ...
Најновата тест верзија од Google Chrome, поточно бета верзијата 111, донесува подобрување на одличната и корисна функција „слика во слика“. Оваа функција, која досега беше наменета само за видео содржините, Google сака да ја овозможи за било која друга содржина на веб страните. Слика во слика функцијата овозможува видео содржината која се гледа на YouTube, на пример, да се отвори во помал и посебен прозор кој нема рамка и копчиња, па ја ...
Apple вчера пушти помали надградби на сите нивни оперативни системи, меѓу кои и на iOS со што верзијата на овој систем е донесена до 16.3.1. Како што може и да се види по бројката, се работи за мала надградба која не донесува ништо ново за корисниците, па е тука само за исправка на неколку грешки. Сепак, оваа верзија на iOS направи проблем со Google Photos апликацијата. Истата воопшто не може да се вклучи, односно при вклучувањето се исклучува ...
Во морето на бескрајни можности и понуди, неретко се наоѓаме тотално конфузни кој телефон е вистинскиот избор за нас. Различни перформанси, дизајн, функции. Сепак, секогаш нешто недостасува. Создаден да ги задоволи потребите и на најпребирливите, најсјајната ѕвезда на Samsung галаксијата, несомнено се издвојува. Samsung Galaxy S23 Ultra е вистински генијален уред, кој откако ќе го пробате, нема да сакате да го замените за друг. Но, што е она што ...
Четири европски телекомуникациски компании стануваат конкуренција на главниот бизнис на Google и Meta, а тоа е дигиталниот маркетинг, односно онлајн огласувањето. Компаниите ги вклучуваат германската Deutsche Telekom, шпанската Telefonica, британската Vodafone и француската Orange. Компаниите ќе формираат посебна компанија во која имаат еднакво учество, која ќе биде водена од независни менаџери, а е со седиште во Белгија. За компанијата веќе е ...
Во тест верзиите од Windows 11 Microsoft тестира една доста интересна функција која е наменета во главно за „гејмерите“. Овие корисници често користат уреди кои доаѓаат со вградени RGB сијалички, како на пример глувчиња, тастатури и други уреди. За контрола на сијаличките обично се користи посебен софтвер од производителот, а меѓу најпознатите секако се Razer, Corsair, Logitech и други. Со новата функција во Windows 11, корисниците нема да има ...
Bard е одговорот на Google на огромната популарност на ChatGPT алатката која Microsoft ја искористи и интегрира во нивниот Bing пребарувач. Овие алатки ќе овозможат промена на начинот на којшто пребаруваме на интернет со можност за поставување на целосни прашања во природен говор и добивање на одговор кој е сумиран од повеќе веб страни. Уште поважно и интересно, овие алатки поставуваат дополнителни прашања со цел да дадат што подобар одговор. ...
Internet Explorer веќе одамна не се користи од поголемиот број од корисниците, а Microsoft пушти и неколку надградби на Windows 10 со кои овој прелистувач беше тргнат. Сепак, ова не значеше и крај на Internet Explorer кој продолжи да биде достапен кај одредени корисници, но и на тоа му доаѓа крајот на 14 февруари, односно утре. Во текот на утрешниот ден, Microsoft ќе пушти надградба на Microsoft Edge на Windows 10 со која целосно ќе го тргне ...
Со пуштањето на Galaxy S23 серијата, како и обично, Samsung пушти и понова верзија од нивниот One UI оперативен систем направен на основа на Android. Најновата верзија сега е One UI 5.1 и истата е направена на основа на Android 13, како што беше случајот и со One UI 5.0. Овие надградби обично донесуваат по некоја новина, но секако не многу како што е случајот со годишните надградби. Дел од новините кај One UI 5.1 вклучуваат ефекти при сликање на ...
Новата Galaxy S23 серија изгледа крие една одлична функција која е наменета за „гејмерите“. Истата е откриена од страна на „јутјуберот“ NL Tech и како што истакнува, а можеме и ние да потврдиме со нашиот примерок од новите телефони, функцијата не е достапна за сите. Се работи за функцијата „Pause USB Power Delivery“ и истата се вклучува преку Game Booster прилагодувањата. Кога ќе се вклучи, полначот веќе не ја полни батеријата, па телефонот се ...
Microsoft оваа недела ја претстави новата верзија од нивниот Bing пребарувач која ја користи алатката GPT од OpenAI, истата алатка на која работи ChatGPT „чет ботот“ којшто доби огромна популарност при крајот на минатата година. Со ова, Bing станува многу повеќе од обичен пребарувач на веб страни преку клучни зборови. Пребарувањето се проширува со можноста за поставување на цели прашања во „природен говор“, односно исто како што тоа го правиме ...
Mozilla Thunderbird, како што се викаше апликацијата на почетокот, е една од најпознатите апликации за проверка и менаџирање на имејл комуникацијата. За жал, развојот на апликацијата од страна на Mozilla беше намален, па и скоро откажан, па сега апликацијата е развивана од страна на мала заедница на програмери и го носи името Thunderbird. Оваа апликација уште го има стариот изглед од пред 10тина години, па минатата година можевме да прочитаме ...
Тоа што започна како „Search“ копче си икона во првата верзија од Windows 11, потоа беше променето во поголемо копче во кое покрај иконата, додаден беше и текст. Функцијата на копчето остана иста, односно со притискање се отвора делот за пребарување кој во Windows 11 е посебно развиен и добива посебно внимание од Microsoft. Доколку сте како нас и не ви се допаѓа новото копче, добро е што Microsoft ќе овозможи избор, а на тој избор додадена е и ...
Twitter официјално го менува карактеристичниот стил на мрежата со доста големо покачување на ограничувањето на бројот на карактери што може да го содржи една објава. Од почетните 140 кои ја направија оваа мрежа доста поразлична од другите, ограничувањето беше зголемено на 280, што во основа не промени многу. Сега, корисниците ќе можат да објавуваат до 4000 карактери, а со тоа се трга и потребата од објава на повеќе „твитови“ кога се има да се ...
Дојде времето од годината кога Google започнува со тестирање на наредната генерација од Android оперативниот систем, во овој случај Android 14. Достапна е првата тест верзија за програмерите, односно Android 14 Developer Preview 1. Со оваа верзија програмерите ќе можат да почнат да ги тестираат промените кои стануваат дел од Android и навреме да ги прилагодат нивните апликации до пуштањето на бета, па финалната верзија од Android 14. Бета ...
Во знак на поддршка на населението погодено од катастрофалниот земјотрес, Македонски Телеком овозможи бесплатни интернационални разговори и СМС пораки кон Турција и Сирија за своите приватни и деловни корисници на фиксна и мобилна линија. Бесплатни се и повиците и СМС пораките во роаминг на нашите корисници за време на престој во овие две земји во периодот од 10 февруари 2023 година (00:00 часот) до 20 февруари 2023 година (24:00 часот). На овој ...