
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Microsoft официјално ја претстави интеграцијата на вештачката интелигенција во нивните апликации од Microsoft 365 пакетот. Microsoft 365 Copilot е наречена оваа нова серија на функции која ќе стане дел од апликациите Word, Excel, PowerPoint, Outlook, Teams, Viva, Power Platform и други. Очекувано, Microsoft 365 Copilot се тестира на мал број на компании во моментот, а поширока достапност може да се очекува во месеците што следат, кога ќе биде ...
Spotify, се’ уште најпознатиот сервис за стриминг на музика, уште во 2021 година најавија дека планираат да пуштат можност за слушање во повисок квалитет, односно во „High Fidelity – Hi-Fi“ квалитет. Сепак, скоро две години од оваа најава, која требаше да биде остварена до крајот на 2021, нема никакви знаци до каде е работата и кога би можеле да очекуваме вакво нешто од Spotify, ако воопшто веќе и треба да го очекуваме. Во интервју за Decoder од ...
Research in Motion со години на пазарот го имаа еден од најпопуларните мобилни телефони. Тоа беше така во време пред појавата на паметните телефони, па Blackberry телефонот овозможуваше доста понапредни функции од обичните. Легендарна ќе остане тастатурата на Blackberry која овозможуваше лесно и брзо пишување преку овие мали уреди, а посебно што тие беа познати и како имејл уреди. Филмот „Blackberry“ треба да дојде во кината од мај, а во ...
Без разлика дали започнувате нова работа, се впуштате во нов креативен проект или правите драстична промена на стилот на живот, промената несомнено е возбудлива, но истовремено може да биде и стресна. За да ги надминете можните пречки и да се насочите кон сите големи можности што се пред вас потребно е да бидете подготвени за она што ве очекува. Еве неколку начини како да ги избегнете моментите на паника и да се подготвите за успех, користејќи ...
Пристапот до новиот Bing сега е пуштен за сите корисници, односно веќе не се чека по запишување на листа на чекање пред можноста да се користат новите функции. Ова е вака барем привремено, а од Microsoft имаат потврдено и ова е дел од тестирањата кои се прават од пуштањето на новиот Bing. Ова значи дека функциите на основа на вештачка интелигенција се’ уште се сметаат дека се во „preview“ фаза и нивното користење сепак бара приклучување од ...
Познатиот производител на автомобили, BMW, го претстави нивниот нов таканаречен „head-up“ екран кој ќе се користи кај автомобилите од 2025 година. Овој екран го носи името BMW Panoramic Vision и на возачот, но и другите, им ги прикажува потребните информации на целата ширина од шофершајбната. BWM Panoramic Vision екранот е поставен на долниот дел од шофершајбната, односно не е како што би очекувале од една „head-up“ екран, односно не ги ...
Microsoft официјално го најави нивниот најпознат годишен настан, Microsoft Build за оваа година. Ќе се одржи од 23 -25 мај, а ќе има и работилници кои ќе започнат еден ден порано. За разлика од претходните години, оваа година Build покрај онлајн, ќе може да се следи и со физичко присуство, што значи дека ќе се врати на начинот на организирање од пред „короната“. Како што е случајот со Google I/O, настан кој ќе се одржи на 10 мај и Apple WWDC, ...
Како што беше неофицијално најавено, Samsung денеска претстави два нови телефони од нивната средна класа, класа која донесува одлични уреди за цена која е доста пониска од најдобрите на пазарот. Galaxy A54 5G и Galaxy A34 5G се двата нови уреди од кои можевме да видиме слики, како и видео од нивното отпакување пред неколку денови. Сега се официјално достапни, па можеме да ги потврдиме карактеристиките. Како и ланските модели, овие телефони се ...
Microsoft ја користи уште од самото претставување на новиот Bing, OpenAI дури сега официјално ја претстави наредната верзија од нивната GPT алатка, GPT-4. За почеток новата верзија ќе може да ја користат ChatGPT Plus претплатниците, а подоцна ќе биде ажурирана и бесплатната верзија. Новата верзија од GPT може да реши потешки проблеми со поголема точност, а зголемена е и базата на информации, како и способноста за решавање на проблеми, ...
Неофицијални извори, кои најчесто се во право, носат една позитивна вест за фановите на паметните часовници од Samsung, а посебно за тие кои не беа баш среќни минатата година кога новите модели ја тргнаа популарната ротирачка рамка. Според извор од Јужна Кореа, Galaxy Watch6 Pro оваа година ќе ја врати оваа барана функција од страна на корисниците, па горниот дел од рамката повторно ќе може физички да се врти, односно да ротира. Ваквата функција ...
По информациите дека во Google дошло до одредена „паника“ поради претставувањето на новиот Bing, па најавата на конкурентот од компанијата Bard, сега гледаме најава на дополнителна интеграција на вештачката интелигенција во сервисите. Овој пат Google се нешто побрзи од Microsoft, па тие први презентираат генеративна вештачка интелигенција во нивниот Workspace пакет, а се очекува наскоро истото да го направат и Microsoft во Microsoft 365, по ...
Првично најавена во 2021, а минатата година пуштена стандардно за сите корисници на Windows, macOS и Linux, функцијата Total Cookie Protection сега им станува достапна и на Android корисниците. Total Cookie Protection е функција која е тука да ја заштити приватноста на корисниците, поточно можноста за нивно следење низ различните страни кои ги отвораат. Тоа го постигнува преку ограничување на „колачињата“ кои ги има на една веб страна на таа веб ...
Нова можност, која Microsoft ја најави уште во 2021, станува дел од Microsoft Teams апликацијата. Корисниците ќе можат да креираат сопствен „аватар“, нешто што е доста популарно кај апликациите за разговори со години, па со тоа да учествуваат во конференциите без да мора да го покажат своето лице. Аватарот ќе биде анимиран, односно нема да биде само слика која ќе стои на местото на корисникот. Движењата ќе бидат направени да реагираат на гласот ...
Познатиот сервис за проверка на текстовите за печатни грешки, граматика, како и начин на изразување и слично, го презема наредниот чекор кој слободно може да се каже е очекуван во овој период на популарност на вештачката интелигенција и јазичните модели. GrammarlyGo е новата функцијата која станува дел од Grammarly апликацијата, а истата е направена на основа на генеративната вештачка интелигенција. Ова значи дека способноста за исправка на ...
Можеби Samsung имаше по некој проблем со нивниот Exynos чип, па оваа година нивната главна серија на смартфони работи само со Snapdragon 8 Gen 2, но сепак од компанијата се голем играч на пазарот, а тоа нема да се промени ни во иднина. Веќе можевме да прочитаме дека од компанијата прават одредени промени преку кои треба да дојде до развој на нов чип на кој во иднина ќе работат нивните уреди. Овој чип наводно треба да е развиен целосно од ...
Едни од најпознатите телефони на Samsung, а кои не се од највисоката класа, оваа недела се очекува дека ќе ги добијат своите нови верзии за годината. До крајот на неделата треба да ги видиме Galaxy A54 и Galaxy A34, но како и секогаш, некој го расипува изненадувањето со објава на видео каде целосно се прикажани уредите. Видеото доаѓа од виетнамскиот YouTube канал „TD REVIEW“ и на него може да се види прво отпакувањето на уредите, по што следи и ...
Почетокот на оваа година дефинитивно поминува во знакот на вештачката интелигенција. Развојот на оваа технологија е доволно напреднат и достапен, па можеме да ја видиме како се интегрира во се повеќе сервиси и производи. Aimi е апликација за слушање музика, но таа не е само уште една конкуренција на Spotify, YouTube Music, Apple Music и другите. Оваа апликација ја генерира музиката што ја пушта преку вештачка интелигенција, а корисниците можат ...
Нема потреба од паника или сензационализам, а се работи за стандардно следење на објектите кои потенцијално може да удрат во Земјата од страна на NASA, како и другите вселенски агенции. Во овој случај се работи за новооткриен астероид со големина од 50тина метри, што значи дека дури и да удри во Земјата, не би се работело за катаклизмичен настан. Астероидот е наречен 2023 DW и засега му се дава шанса од една во шестотини дека е можно да удри во ...
Развојот на вештачката интелигенција или поточно на јазичните модели кои се направи на основа на „регенеративната“ вештачка интелигенција, овозможуваат многу подобро корисничко искуство за повеќе работи, меѓу кои и личните дигитални асистенти. Познатиот американски производител на автомобили, GM, сака да го искористи овој напредок и да почне со вградување на асистенти во нивните автомобили. Според информациите, кои уште се до некаде ...
Скопје, 13 март 2023 – Samsung Electronics ја обликува историјата на телевизорите преку развојот на своите технолошки иновации, од FHD, преку 4K, до 8K, благодарение на далекувидната стратешка визија и неуморната страст за носење нови технологии на пазарот. Научивме малку повеќе за досегашните достигнувања на полето на технолошките иновации кај ТВ уредите, како и за иднината на технологиите на уредите со екран, од експертите за уреди на Samsung ...
Новиот Bing функционира веќе нешто повеќе од еден месец, иако не е официјално пуштен за сите корисници. Вештачката интелигенција која сега е дел од овој пребарувач овозможува да корисниците го пронајдат тоа што им треба на дополнителен начин, преку поставување директни прашања како да се разговара со човек. Microsoft сега има неколку совети насочени кон „гејмерите“ за тоа како тие најдобро да ги добијат одговорите на прашањата кои обично ги ...
Иако има уште доста време до претставувањето на наредната генерација од најдобриот чип од Qualcomm, Snapdragon 8 Gen 3, неофицијалните информации веќе стана стандардно да излегуваат што порано. Според @Tech_Reve, Snapdragon 8 Gen 3 повторно ќе донесе промена на конфигурацијата на јадрата, овој пат со најмал број на јадра за заштеда на енергијата. Ова треба да донесе доста поголемо подобрување на перформансите на чипот, а зголемувањето на ...
Нема компанија која ќе остане „покуса“ и нема да се приклучи на трендот на интеграција на вештачката интелигенција во нивните сервиси и производи. Со оглед на тоа колку е позната ВИ, поточно „генеративната“ вештачка интелигенција кај интернет пребарувачите, новиот Bing веќе функционира, а се чека и на Google, алтернативниот пребарувач DuckDuckGo го претстави нивниот начин на влез во овој сектор. DuckAssist е новината која ја претставија од оваа ...
Алтернативите на Twitter не почнаа да се појавуваат по купувањето на мрежата од страна на Елон Маск, но тие дефинитивно станаа повеќе популарни. По најавата дека поранешниот ко-основач и директор на Twitter, Џек Дорси, ја пушта својата нова апликација Bluesky, сега излегоа информации дека со своја алтернатива ќе излезе и Meta. Информациите ги објавуваат Platformer и MoneyControl, а од Meta за нив ги потврдија информациите, но сепак останува ...
Лентата која обично е поставена на долната страна, наречена „таскбар“ и на која е поставено Старт копчето, часовникот, иконите од отворените апликации во позадина и повеќе, е главното место од каде функционира Windows оперативниот систем. Оваа лента ја доби својата најголема промена со Windows 11, со можноста да се постават иконите и Старт копчето во средината, но и изгуби една за многу корисници важна можност. Таскбарот веќе не може да се ...
Одличните iPad Pro таблет компјутери, кои изминатите неколку години се уште подобри поради тоа што доаѓаат со М чиповите од Apple, за идната година се очекува дека конечно ќе почнат да користат OLED екрани. Сегашните модели се поделени, па 13 инчниот модел доаѓа со miniLED екран, нешто што треба да овозможи нешто поблиско искуство до OLED, но 11 инчниот модел доаѓа со класичен LED екран, што за таков уред е скоро неприфатливо. Префрлувањето на ...
Apple официјално ја додаде својата долго очекувана апликација специјализирана за класична музика, Apple Music Classical, во App Store. Апликацијата е достапна, но уште не може да бидат инсталирана, а со притискање на копчето се добива автоматска инсталација кога ќе биде и официјално пуштена, до крајот на месецот. Оваа апликација е резултат на купувањето на компанијата Primephonic во 2021, а тогаш најавата беше дека истата ќе биде интегрирана во ...
Netflix апликацијата за телевизорите доби можност за измена на изгледот, односно стилот на преводите, нешто што досега можеше да се прави само преку веб страната од сервисот. Корисниците, кои според статистиките најмногу гледаат Netflix преку телевизорите и никогаш не ја ни отвораат веб страната, сега ќе може да го прилагодат своето корисничко искуство при гледањето на содржината. Достапни се три големини на буквите, мала, средна и голема, како ...
Нова патент апликација која е одобрена ни покажува дека Apple се немаат целосно откажано од развојот на Touch ID сензор за нивните уреди. Овој сензор сепак треба да се нагласи дека се’ уште се користи кај дел од iPad уредите, како и кај MacBook лаптоп компјутерите. Тоа што сепак се верува врз основа на неофицијалните информации е дека Apple можно е да го врати овој сензор кај iPhone за неколку години од сега, поточно во периодот по поставувањето ...
Јасно е веќе одамна колку е голема популарноста на форматот на кратки видеа кој го започна TikTok, а сега го има кај Instagram, Facebook, а и по уште некоја друга апликација. Spotify се приклучува на овој тренд, а слободно може да се каже дека тоа одлично го имаат изведено, без да се промени основниот изглед на апликацијата и без наметнување на форматот. Конкретно, апликацијата сега има нов начин за откривање на нова музика, односно музика која ...